Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Во текот на вчерашниот ден имаше вкупно 49 пожари на отворен простор, од кои во моментов 12 се активни, седум се под контрола, 30 се изгаснати, соопшти ЦУК. Активни пожари: 1. Општина Македонски Брод 1: Јасен – Белица (борова шума); 2. Општина Кочани и Општина Македонска Каменица: с.Пресека– с.Цера (борова шума и папрат); 3. Општина Ресен: Галичица, на исток во правец на селата Лескоец и Стење, општина Ресен, додека на Охридска територија на ...
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце за излез и влез се бележи зголемена фреквенција на возила. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања. АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, ...
Поранешниот министер за земјоделство, а сега пратеник Љупчо Николовски изјави дека со усвојувањето на ребалансот на буџетот се кратат пари за успешни мерки на минатата Влада: Во отсуство на аргументи и факти и со непродуктивни за граѓаните дебати и исти говори од мнозинството, беше усвоен ребалансот. Но кратко еве ги фактите за земјоделците во и со овој ребаланс: – за жал според ова нема да добијат авансна исплата на 30 % од субвенциите на крај ...
Српската компанија Енергогруп, како една од фирмите којашто учествува во изградбата на дистрибутивниот центар на една од најголемите компании со ланец маркети Лидл, своите работници вклучени во оваа зделка ги ангажирала преку мерката слободен пристап до пазарот на трудот во рамките на Отворен Балкан која за граѓаните на Република Северна Македонија, Србија и Албанија почна важи од 5 март 2024 година. Мерката произлегува од меѓународните ...
Министерството за образование и наука денеска објави Повик за остварување на правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2024/2025 година и ги повика студентите што ги исполнуваат условите да се пријават. Студентите што ќе аплицираат треба да се државјани на Република Северна Македонија, редовни студенти на додипломски студии на државните и приватните универзитети, да не се во редовен работен однос, да не се регистрирани како ...
Во гаснењето на пожарот, со големи размери, во Националниот парк „Преспа” општина Пустец, попладнево се вклучи еден од двата авиона од вооружените сили на Романија, кои денеска слетаа во воздухопловната база Кучово. -Првата интервенција на авионот што пристигна денеска, како поддршка од Европскиот механизам за цивилна заштита, започна во Сува планина, во Пустец. Интервенцијата со авион и хеликоптер ќе продолжи, според дефиницијата за цивилни ...
Египетската државна агенција за набавка на житни култури неодамна го заврши тендерот со неочекувани резултати. Наместо планираните 3,8 милиони тони пченица, GASC купи само 280.000 тони, од кои 180.000 тони украинска и 100.000 тони романска пченица. Најголем дел од понудите пристигнаа од регионот на Црното Море, од производители од Русија, Украина, Романија и Бугарија, само 4 од Франција. Интересно, цените на пченицата беа значително повисоки од ...
Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје, ќе се реализира в петок и сабота во раните утрински часови. Информацијата е објавена на веб-страницата на Град Скопје. – Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин, пишува на веб-страницата. Се советува пчеларите навреме да преземат мерки ...
Државните инспектори за труд вчера и завчера изрекле 16 решенија за забрана за работа за непочитување на препораките за заштита од топлотниот бран, откако затекнале активности на работници директно изложени на високи температури во период од 11 до 17 часот, информираа за МИА од Државниот инспекторат за труд (ДИТ). Во тек на инспекциските надзори спроведени на 12 и 13 август, деновите за кои Владата донесе препораки, изречени се и 19 решенија со ...
Од утре до 2 септември пратениците официјално ќе го користат годишниот одмор, кој годинава е со задоцнување поради ребалансот на Буџетот. Вообичаено пратениците секоја година се на одмор од 1 август до почетокот на септември. – Пратениците ќе бидат на одмор од 15 август до 2 септември, но бидејќи Собранието е во постојано заседание не се исклучува можноста да се свикаат седници на работните тела или пленарна седница доколку се работи за некој ...
Пожарот кој вчера претпладне се појави во на територијата на Националниот парк „Маврово“ во атарот на селото Врбен и натаму е активен. Неговото ширење од утрово има северо североисточен правец и засега нема опасноста по имотите и куќите, информираат од НП Маврово. Огнот покрај смреки и други грмушести растенија зафати и дел од еловата шума со што го се зголемува и неговиот интензитет. – Штотуку добивме информација дека во гаснењето ќе се ...
Одгледувачите на портокали во Сицилија, Италија ги повикаа регионалните и централните власти да помогнат во зачувувањето на производството по појавата на екстремно високите температури и сушата. Две здруженија на сицилијански одгледувачи на портокал во заедничко соопштение рекоа дека ова лето сериозно го загрози нивното производство од климатски аспект и повикаа на итна акција за ублажување на влијанието на сушата, како што е надградба на брани ...
Топлотниот бран со температури над 40 степени што ја зафати државава е неповолен за земјоделството. Потребите за вода се големи, посебно за пролетните и окопните култури, а највеќе за пченката и сончогледот кој е во фаза на исполнување на зрното. Според агрометеоролозите, приоритет на земјоделците во овој период треба да биде наводнувањето, но мора да продолжи и примената на агротехничките мерки. -Овие временски услови се непогодни за сите ...
Противпожарните единици од Кочани и регионот во текот на ноќта и од утрово продолжија со гасењето на шумскиот пожар што вчера го зафати атарот на кочанското село Пресека на Осоговските Планини, а се прошири и кон селото Цера во општина Македонска Каменица. Проблем во интервенцијата е стрмниот и непристапен терен, поради што пожарникарите утрово добија и поддршка од воздух. Огненените јазици, кои со помош на ветерот достигнуваат и над 20 метри, ...
Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, утрово ги испрати пилотите и останатиот воздухопловен персонал на двата ПП авиони „ер трактор“ од Кипар, информираа од ЦУК. Како што наведуваат во соопштението, според техничките можности на воздухопловите и персоналот, двата „ер трактор“ авиони го дадоа својот максимум во справувањето со пожарите во земјава. Ангелов искажа голема благодарност за помошта и до нив лично и до ...
Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска оствари проштална средба со шефот на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија, амбасадорот Дејвид Гир. Министерот му се заблагодари на евроамбaсадорот за неговиот професионален и личен ангажман за време на неговиот мандат и одличната соработка со Делегацијата на ЕУ во земјава, кои беа од исклучително значење за унапредување на соработката во различни области. ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека е воспоставен засилен 24 часовен надзор на сите гранични премини, со акцент на премините кон земјите каде е потврдено присуство на болеста чума кај малите преживари. Остварени се средби и координирани се активностите со Министерството за локална самоуправа, Центарот за управување со кризи и Министерство за одбрана, со цел навремено преземање превентивни мерки за спречување на појава и ...
Пожарникарот Ване Андрев од Кавадарци не можеше поинаку да го одбележи денешниот ден кога полни триесет години затоа што во моментов роденденот го минува во учество при гаснење на пожар во Пехчевско. МИА го контактираше кратко по телефон. Поразговаравме додека земаше здив и правеше мала пауза при работата. – Точно е, денес полнам триесет години. Наместо да славам со семејството и најблиските, веќе втор ден сум во Пехчевско, каде што ние ...
Владата денеска ја одржа редовна седница на која донесе повеќе одлуки. Владата ја продолжи кризната состојба на целата територија на државата заради состојбата со пожарите. Разгледувајќи ги извештаите од Центарот за управување со кризи, Владата обезбеди 52 милиони денари од државните резерви за 2024 година, за зголемување на буџетот на ДЗС за подмирување на трошоците за гаснење на пожарите. Од овие средства кои 41 милион денари за ДЗС, додека ...
Шумската полиција од Велес од денеска има нов командир, Борче Коцев од Лозово, инженер за заштита на животна средина со диплома од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип. Тој веќе 15 години работи во Шумската полиција Велес. Коцев денеска го потпиша и прими решението, кое деновиве за време на годишниот одмор му го испрати министерот за замјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски. По вчерашното завршување на годишниот одмор, Коцев ...
Управата за јавни приходи (УЈП) почна со доставување опомени за неплатен долг на даночните обврзници – физички лица кои должат по основ на утврдена обврска за плаќање во Годишната даночна пријава за утврдување на данокот на личен доход (ДЛД ГДП) за 2023 година. УЈП информира дека со состојба на денешен ден, по овој основ 3.042 физички лица должат 52.997.721 денар. Посочуваат дека во изминатиот период преку персонализирани пораки ги потсетиле ...
Трет ден се гасне пожарот на врвот Буковиќ, на планината Влаина, атар на село Негрево, општина Пехчево. За гаснење на пожарот како што информираа од Доброволното противпожарно друштво „Пехчево” денеска вклучени се повеќе помагатели за што изразија голема благодарност за нивната помош. -За гаснењето де заслужни нашите херои од ДПД ,,Пехчево”, ДПД Кочани, ДПД-Виница, ТППЕ Берово, ТППЕ-Кавадарци, заедно со Шумска полиција. Потоа вработени во ...
Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) информира дека е воспоставен засилен 24 часовен надзор на сите гранични премини, со акцент на премините кон земјите каде е потврдено присуство на болеста чума кај малите преживари. Остварени се средби и координирани се активностите со Министерството за локална самоуправа, Центарот за управување со кризи и Министерство за одбрана, со цел навремено преземање превентивни мерки за спречување на појава и ...
Брзото угинување на царскиот орел, што пред една недела го спасија кочанските пожарникари, потврдува дека на државно ниво недостасува центар за рехабилитација на дивите животни каде тие ќе бидат згрижени и ќе добијат соодветна ветеринарна нега, истакнуваат од Македонското еколошко друштво (МЕД). По препорака од МЕД, птицата беше однесена во Зоолошката градина во Скопје, но и покрај обидите на вработените да помогнат, таа почина по два дена. Во ...
Капиталните расходи со Ребалансот на Буџетот за 2024 година не се засегнати. Бројките покажуваат дека износот е ист, само е направена пренамена кон проекти коишто се очекува да имаат забрзана динамика. Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во гостување во „Тема на денот“ во Дневникот на Сител. „Кога ќе ги погледнете бројките може да видите дека износот е ист. Сега нема средства за корупција и криминал, туку има ...
Директорот на градското јавно претпријатие „Паркови и зеленила“, Мартин Ангеловски, поднел оставка од функцијата, дознава „Скопје1“. Според наши информации, оставката е депонирана до скопската градоначалничка Данела Арсовска, за која скопјани би рекле дека единствено што милува и прави е да менува директори. Ангеловски е првиот од триесетината директори, кој сам дава оставка, наместо да биде разрешен. Неофицијално, во оставката стои дека е од ...
Во Комисијата за транспорт денеска се иницираа измени на Законот за урбанистичко планирање. Со него се предвидува поедноставна постапка за градење на училишта, градинки, канализациска мрежа, катни гаражи во општините. Како што образложи министерот за транспорт Александар Николоски, освен во десетина урбани општини, повеќето се соочуваат со сериозни инфраструктурни проблеми. Затоа со измените предвидуваме да нема општина со проблеми со ...
Управата за јавни приходи соопшти дека во тек се интезивни подготовки за имплементација на проектот е-фактура. Вчера во просториите на УЈП се одржа состанок со претставници од неколку ИТ компании кои развиваат софтвери за поддршка на работењето на домашните фирми во делот на изготвување на фактури. На состанокот се дискутираше за нивните перцепции и прашања во врска со импликациите што ќе произлезат од прилагодувањето на софтверите кај ...
На 12.08.2024 во 21.00 часот во с.Канатларци, прилепско, полициски службеници од ОВР Прилеп го лишиле од слобода Х.М.(29) од с.Канатларци поради сомнение дека сторил кривично дело „предизвикување шумски пожар“ по член 227 од Кривичниот законик. Тој се сомничи дека околу 19.00 часот кај место викано „Корија“ во во атар на с.Канатларци предизвикал пожар во кој горела сува трева. Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна ...
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на својот фејсбук-профил објави видео од изградбата на експресниот пат Градско – Дреново и најави негово завршување до крајот на оваа година. -Со ова видео од патот Градско – Дреново воведуваме нова динамика во работењето. Со добра работа и организација до Нова година ќе може да се вози по овој експресен пат што ќе го скрати патувањето од Битола и Прилеп до Скопје, Гевгелија и Солун, ...