Ако одиш во кафеана да порачаш вино „Cabernet sauvignon“ ќе ти го наплатат 1.500 денари, а тоа се прави од два килограми грозје што нам ни го плаќаат по 25 денари за килограм или 50 денари, раскажува нашиот соговорник Иле Станоев кому неговото лозје му е хоби. Тој не живее од земјоделство, туку ова го работи како хоби и му е дополнителен приход, ако, како што вели, може да се рачуна како приход бидејќи има и многу трошоци. Станоев живее во ...

На домашниот пазар, во јули во однос на јуни годинава, прометот во индустријата е зголемен за 6.5 проценти, додека во периодот јануари-јули годинава во однос на периодот јануари-јули минатата година е намален за 0,6 проценти. Како што објави денеска Државниот завод за статистика, прометот во индустријата, вкупно, во јули годинава во однос на јули минатата година, бележи пад од 13,5 проценти. Според главните индустриски групи, вкупниот промет ...

Вкупно 259 лица пријавиле штети од врнежи од град во општина Кавадарци. Како што појасни Зоран Младеновски, советник за заштита на животната средина при кавадаречката локална самоуправа, во изјава за МИА, се работи за елементарна непогода од градобијни зрна, што направиле штети врз земјоделските култури од осумдесетина проценти во два наврата на кавадаречка територија. – Општина Кавадарци објави јавен повик за отштета од елементарна непогода ...

Кина планира да ја подигне старосната граница за пензионирање на работниците почнувајќи од следната година, одлука која ќе важи во следните 15 години. Мажите ќе можат да се пензионираат кога ќе наполнат 63 години, а жените на возраст од 55 до 58 години, во зависност од работното место. Оваа одлука ќе се применува од јануари следната година, се наведува во соопштението на кинескиот законодавен дом пренесено од државната телевизија CCTV. ...

Во текот на денешниот ден на целата територија на државата ќе има врнежи од дожд, што според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи, ќе бидат пообилни во крајните западни делови, каде што на места се очекува да паднат над 20 литри на метар квадратен дожд. Овие врнежи, како што соопштуваат од Центарот на управување со кризи, се очекува да предизвикаат зголемување на водостоите на реките низ земјава, но во речните корита се уште ...

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. На ГП Табановце времето на чекање за излез од државата е околу 40 минути. На останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата. АМСМ информира декасообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози. Се препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна ...

Додека летото си заминува, а зимата си чека ред, на Балканот веќе пристигна првиот снег. Иако, што се вели до пред неколку дена температурите беа многу високи, сепак наглото опаѓање го донесе првиот снег, па планинскиот премин Вршич во Словенија веќе е побелен. Превојот Вршич, познат по својата живописна убавина, сега е престорен во зимска идила навестувајќи го доаѓањето на постудените денови и драстична промена на временските услови. Вршич ...

До денеска, според најавите од Министерството за економија и труд, треба да биде готова есенската потрошувачка кошница со 100 производи. Работната група, во која членуваат претставници од министерствата за економија, финансии и земјоделство, врз основа на направена симулација треба да донесе предлог – одлука дали ќе има замрзнување на цените или ќе се ограничат маржите од 5,10 и 15 проценти. Предлогот, како што вчера најави министерот за ...

На Македонската берза денеска ќе се одржи 5. Инвеститорски ден. Ќе се вкучат Централниот депозитар за хартии од вредност (ЦДХВ), сите десет членки на Берзата, а иницијативата доби поддршка и од Комисијата за хартии од вредност. На Инвеститорскиот ден, сите домашни физички лица можат да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без трансакциски трошоци што ги наплатуваат овластените пазарни институции и учесници. Ќе можат да купат или ...

Попладнево го поминав одговарајќи на поканата на семејството Идрлези од Равен Гостивар во посета на нивната фарма, информира на ФБ, заменик министерот за земјоделство, Фљакрон Беџети. Она што го видов е вистински пример на модерна фарма по европски стандарди, а уште повеќе е за восхит затоа што е инвестицијата е целосно со сопствени средства. Ваквите фармери ја заслужуваат сета наша почит и поддршка од Владата. Има одлични мерки од МЗШВ кои ...

Управниот совет на Европската централна банка (ЕЦБ) на денешниот состанок донесе одлука за намалување на својата основна каматна стапка за 0,25 процентни поени на 3,5 отсто, како одговор на падот на инфлацијата и на показателите за слабеење на економијата во Еврозоната во текот на летните месеци. Банката во денешната одлука индиректно најави и дека е можно дополнително олабавување на монетарната политика до крајот на годината, потенцирајќи ...

Палеонтолошкит локалитет „Змијовец” во неготинско е прогласен за природна реткост, информираа попладнево од Министерството за животна средина и просторно планирање на нивната Фејсбук страница. Оттаму појаснија дека прогласувањето е со решение донесено од министерот за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и е објавено во Службен весник на РСМ. – Палеонтолошкиот локалитет ,,Змијовец” се наоѓа на подрачјето на општина Неготино, а ...

Во просториите на #ФИТР, во рамките на „Програмата за новата генерација на стартап екосистем лидери” која ја спроведува Бизнис Импакт Лаб, пред 14 учесници кои имаат своја бизнис идеја ги презентиравме инструментите и мерките за поддршка на сите оние кои имаат бизнис идеја и сакаат да ја реализираат. – Учесниците имаа можност да слушнат успешни биснис проекти на старт-ап компании кои се поддржани преку повикот „Стартапувај” на #ФИТР, кои ги ...

Во јули годинава во земјава имало вкупно 204.336 туристи од кои 41,8 проценти биле домашни, а 58,2 отсто странски туристи. При тоа оствариле 756.831 ноќевање, од кои 70,6 проценти се од домашните туристи, а 29,4 отсто од странските туристи. Според податоците на Државниот завод за статистика, во првите седум месеци од 2024 година бројот на туристи е зголемен за 8,7 отсто во споредба со истиот период лани при што кај домашните туристи има ...

Македонска берза утре ќе одржи Инвеститорски ден. Ќе се вкучат Централниот депозитар за хартии од вредност, сите десет членки на Берзата, а иницијативата доби поддршка и од Комисијата за хартии од вредност. Одржувањето на Инвеститорскиот ден, што се одржува петти пат, значи дека на тој ден на тргување на Берзата сите домашни физички лица можат да тргуваат со акции на сите пазарни сегменти без трансакциски трошоци што ги наплатуваат ...

Според динамиката на објавени повици од новата ИПАРД 3 програма, годинава се очекува уште еден повик за Мерка 1 и Мерка 7. Доколку имате идеја за подигање нов овошен или лозов насад, да изградите фарма, да набавите земјоделска механизација и друго, ова е можноста која ви се нуди да инвестирате со со 60% грант од државата. Мерка 1 – Инвестиции во материјални средства на земјоделските стопанства. Преку оваа мерка можете да инвестирате во ...

Во услови на намалување на обемот на производството и пад на потрошувачката на домаќинствата во Еврозоната во вториот квартал од 2024 година за 0,1 отсто, се очекува денеска Европската централна банка (ЕЦБ) да донесе одлука за намалување на основната каматна стапка од 3,75 на 3,5 отсто. Ваквата одлука би била образложена со ставот дека високите каматни стапки ќе ја задушат економијата, иако податоците укажуваат оти целта за намалување на ...

Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП) подготви нацрт Национална стратегија за управување со отпад (НСУО) за периодот 2024-2036 и за истата спроведува постапка за стратегиска оцена на животната средина, согласно законските обврски и стратешките определби за заштита на животната средина преку воспоставување долгорочен и одржлив систем за управување со отпад. Од МЖСПП денеска информираа дека НСУO 2024-2036 ја ...

Според податоците на Државниот завод за статистика, вредноста на трошоците за заштита на животната средина во 2023 година изнесува 8 875 771 илјада денари. Во вкупните трошоци за заштита на животната средина според еколошката намена, најголемо е учеството на трошоците за управување со отпадни води (35.01 %), потоа на трошоците за постапување со отпад (28.31 %) и на трошоците за циркулациски системи за снабдување со вода (20.93 %). Трошоците ...

Поддршката за започнување нов бизнис и развој на микро и малите претпријатија претставува важен инструмент за унапредување на конкурентноста и за создавање работни места во руралните средини. Токму една од целите на популарната Мерка 7 од ИПАРД III програмата е да се обезбеди поддршка за инвестиции во руралните средини насочени кон формирање и развој на алтернативни економски дејности во руралните средини и промовирање на претприемништвото и ...

Билјана Стефаноска ја презеде функцијата в.д. директор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од нејзината претходничка в.д. директорката Јасмина Лескаровска, и притоа се обврза на посветена работа, одговорност, отчетност и транспарентност, информираат од Агенцијата. -Досегашната в.д. директорка Јасмина Лескаровска ја запозна директорката Стефаноска со предизвиците, актуелните состојби и планираните активности во периодот што ...

Утре истекува рокот во којшто општините треба да го пополнат апликативниот формулар за јавниот повик за реализација на проекти во вкупна вредност од 250 милиони евра што го распиша Министерството за локална самоуправа. Премиерот Христијан Мицкоски очекува овој процес да заврши успешно. Како што денеска изјави само во текот на вчерашниот ден апликации поднеле 10 до12 општини. – Во текот на вчерашниот ден имаше некаде околу 10 до 12 општини ...

Паднато дрво на магистралата А3 го отежнува движењето на патот Делчево – Македонска Каменица. Паднато дрво се наоѓа на едната страна од коловозот кај месноста Баткова Чешма, каде се работи на негово отстранување од коловозот и целосно нормализирање на сообраќајот. Од „Македонија Пат” апелираат на внимателност при движењето на овој патен правец особено поради можните одрони кои по обилните врнежи се честа појава на овој патен правец. Поради ...

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата секоја година реализира кампања за безбедно возење на трактор и земјоделски машини заради нивното зголемено учество во сообраќајот во овој период од годината. Кампањата, како што соопшти РСБСП, се спроведува на територија на целата држава преку средби на претставници од РСБСП, МВР и Факултетот за безбедност Скопје со возачи на трактори и земјоделски машини, превентивно-едукативни ...

Врнежите од дожд изминатите 48 часа предизвикаа извесно зголемување на водостоите на реките низ земјава, посебно во западните делови каде врнежите беа најобилни. Поради претходниот сушен период и досегашните ниски водостои не постоеше опасност од излевање на водотеците и овие врнежи дожд беа добредојдени, во поглед на подобрување на општата хидролошка состојба во земјава, информира денеска Центарот за управување со кризи (ЦУК). Управата за ...

Богатите, демократски земји на глобалниот север користат остри, нејасни и казнени мерки за да ги задушат протестите за климата во исто време со критикување на слични драконски тактики на властите на глобалниот југ, се вели во извештај. Меѓународниот извештај за климатски права го разоткрива сè потешкиот третман на климатските активисти во Австралија, Германија, Франција, Холандија, Шведска, Велика Британија и САД. Утврдено е дека репресијата ...

Лешникарите со 5 годишни договори за откуп со одлични цени! Компанијата Нелкоски Органик Фуд продолжи со потпишување на долгорочни договори со земјоделците низ целата земја. Договорите се со рок од 5 години и водат кон долгорочна продажба на лешници, најчесто за извоз. Досега, Нелкоски Органик Фуд склучи договори со 31 земјоделец од различни региони, при што водечки се Охрид, Струга, Тетово и Гостивар. Компанијата исто така има земјоделци од ...

Општина Штип утре преку овластена фирма, на територијата на општината ќе ја спроведе петтата адултицидна (тереистичка) дезинсекција со цел уништување на комарците. Во писменото соопштение од Општина Штип се вели дека запрашувањето ќе се врши наутро во периодот од 1 до 7 часот. -Со дезинсекцијата ќе бидат опфатени зелените површини во општина Штип, подрачјата по течението на реките Брегалница и Отиња и подрачја околу каналниот систем на ...

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во август во однос на јули годинава изнесува 0.5 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС). Цените на мало во август во однос на јули годинава се зголемени за 0,5 проценти. Трошоците на животот во август годинава, во однос на август минатата година, бележат зголемување од 2.2 проценти, а цените на мало од 3 проценти. Зголемувањето на инфлацијата во август 2024 ...

Во јули годинава, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, на месечно ниво остануваат непроменети, а на годишно ниво се повисоки за два процента, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Во јули 2024, во споредба со јуни 2024 година, како што објави денеска ДЗС, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се повисоки во секторот Рударство и вадење на камен за процент, ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
1.54
31%
1004
weather icon

Белград

21ᴼ / 19ᴼ
2.57
37%
1004
weather icon

Загреб

17ᴼ / 17ᴼ
1.03
46%
1001
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
2.06
20%
1005
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
1.02
44%
1006
weather icon

Љубљана

9ᴼ / 9ᴼ
2.06
94%
1002
weather icon

Атина

25ᴼ / 21ᴼ
5.14
42%
1004
weather icon

Тирана

20ᴼ / 20ᴼ
5.66
56%
1006
weather icon

Подгорица

22ᴼ / 22ᴼ
5.14
38%
1006
weather icon

Букурешт

19ᴼ / 17ᴼ
2.06
38%
1006
weather icon

Будимпешта

22ᴼ / 20ᴼ
6.69
31%
1003
weather icon

Истанбул

18ᴼ / 16ᴼ
5.66
55%
1006
Currency

61.635

Currency

52.6135

Currency

71.1795

Currency

38.1626

Currency

38.3837

Currency

67.3039

Currency

7.74807

Currency

0.70936

Currency

0.33312

Currency

0.52509

Currency

1.15814

Currency

0.54978

Алуминиум

3.64

Паладиум

47550.95

Сребро

2812.48

Калај

55.99

Рутениум

51376.89

Бакар

13.22

Платина

68577.54

Злато

151413.64

Кобалт

45.39

Цинк

0.00

Иридиум

253540.09

Родиум

320703.70