Скопје
0ᴼ /
0ᴼ
„Нема слух кај власта за тоа да се работи заеднички за доброто на граѓаните. Тие секој ден тоа го потврдуваат. Еве, ја држат земјата во изолација, ја продолжуваат црната пропаганда, си ги тераат своите тендерски постапки. Тоа е нивниот фокус“, рече лидерот на СДСМ во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 Власта нема слух да се работи заеднички за доброто на граѓаните, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1 на ...
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ), Венко Филипче, одговараше на ова прашање во гостување во „360 степени“ на МРТ 1 Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, нема ниту волја ниту желба да присуствува на концертот на Дејвид Гета на 8 септември, настан кој е организиран од Владата по повод 35-годишнината од прогласувањето на независноста, бидејќи, како што вели, оваа влада нема ниту чесна ниту добра намера. ...
Студентите, покрај транспарентите со пораки за почитување на Законот за јазиците, во рацете држеа и албански знамиња. Сепак, можеше да се забележи дека се вее и американското знаме. На протестот се истакнати и повеќе транспаренти со политички пораки „Знаењето нема забранет јазик“, „Не ја допирајте нашата иднина“, „Закон на хартија, дискриминација во пракса“ се дел од пораките што беа испишани на транспарентите на студентите на протестот што ...
Гаши ѝ посака на Црна Гора успешно завршување на процесот за полноправно членство во Европска Унија, посочувајќи дека македонскиот евроинтеграциски пат е попречен од билатералниот спор со Бугарија. Цамај, пак, истакна дека Црна Гора е посветена на целта до 2028 година да стане полноправна членка на Европската Унија. Тој посочи дека досега се затворени 14 преговарачки поглавја, додека 19 сѐ уште се отворени, додавајќи дека очекуваат поддршка ...
Сличен додаток се исплаќаше и во изминатите години, но законските решенија што го регулираа имаа ограничен рок на важност и периодично се продолжуваа Собранието на денешната седница го донесе Законот за младински додаток, со кој се предвидува директна финансиска поддршка за дел од младите работници. Новото законско решение предвудува младите лица до 23 години, вработени во производствените дејности, да добиваат младински додаток во износ од 3 ...
Тој додаде дека согласно правилата на Европската Унија, таков тип на индивидуален исклучок, прво, не може да се направи, а второ, ако се погледнат условите на граничните премини, таква одлука не може да се имплементира Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вели дека се водат интензивни разговори со Брисел за изнаоѓање модел кој ќе ги спречи големите гужви на граничните премини, особено во летниот период, а кои ...
Според операторката на линијата, кај вакви случаи треба да интервенираат училиштата, родителите и луѓето кои се најчесто со децата и може да ги препознаат тие симптоми кога детето не се однесува исто. Тоа, рече таа, може да биде губење интерес за секојдневните активности, изолирање, страв, тага или да изразуваат безнадежност На СОС-линијата +389 70 390 632 за деца и млади „Ало, бушавко“ минатата година имало 284 дојави, кои биле примени преку ...
„Денес Северна Македонија е во ситуација поради една земја членка да не може да отвори ниту едно поглавје. Тоа едноставно не е коректно и не е фер кон држава која сака да стане дел од Европската Унија“, изјави денеска словенечката претседателка Наташа Пирц-Мусар која денеска ја пречека и имаше средба со македонската претседателка Гордана Сиљановска-Давкова Словенија е иницијатор и дел од групата од 15 земји членки на Европската Унија (ЕУ) кои ...
Интеграцијата на Западниот Балкан, рече таа, не е само политичко, туку и безбедносно прашање, и во тој контекст, наведе дека за да се биде отпорен на туѓи влијанија не е доволна само реториката бидејќи, според неа, на сите им е познато оти не постои политички вакуум што некој нема да се обиде да го пополни, или да влијае на него „Иднината на Северна Македонија е во Европската Унија. Ги поздравуваме досегашните реформски напори на државата и ...
Така, од полноќ, БС-95 ќе биде 87 денари за литар, БС-98 ќе се продава по цена од 89 денари за литар, а дизелот по цена од 92 денари за литар Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука за зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати. Според новиот ценовник, кој стапува во сила од полноќ, горивата поскапуваат за два и два и пол денари, со исклучок на екстра лесното масло за домаќинство кое поевтинува. Најголемо ...
Новото издание на емисијата „360 степени“, во кое гостува претседателот на СДСМ, Венко Филипче, се емитува вечерва (18 мај 2026 г.) од 20:15 часот на МРТ 1 Зошто СДСМ инсистира на темата за уставни измени за внесување на Бугарите и дали е тоа игра на теренот на ВМРО-ДПМНЕ, е една од темите на кои разговараме со лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче, кој гостува во новото издание на емисијата „360 степени“ на МРТ 1. Филипче го прашуваме ...
По гласањето, по кое претседателот на Собранието, Африм Гаши, мораше да констатира дека не е усвоен предлогот за носење на закон за измена и дополнување на Законот за Владата, по скратена постапка, преку соопштение жестоко реагираа социјалдемократите од „Бихаќка“, од каде што наведоа оти станува збор за уште едно признание на владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека е партија „полна со бугарски пасоши“ Пратеничката група на опозицискиот ...
Средбата доаѓа еден ден откако копретседателите на Влен, Меџити и Касами, на своите фејсбук-профили објавија дека испитот за правосудство наскоро ќе се полага на албански јазик Изнаоѓањето решение за употребата на јазиците при полагањето на правосудниот испит било тема на денешната средба на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, со копретседателите на коалицијата Влен, Биљал Касами и Изет Меџити. На средбата, како што се наведува во ...
Средбата доаѓа еден ден откако копретседателите на Влен, Меџити и Касами, на нивните фејсбук-профили објавија дека испитот за правосудство наскоро ќе се полага на албански јазик Изнаоѓањето решение за употребата на јазиците при полагањето на правосудниот испит било тема на денешната средба на претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, со копретседателите на коалицијата Влен, Биљал Касами и Изет Меџити. На средбата, како што се наведува во ...
Со цел да ги прикријат незаконските активности, тие воопшто не поднеле завршни сметки до Централниот регистар за 2022, 2023 и 2024 година Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Скопје против две лица, управители на фирма, како и против самото правно лице, под сомнение за сторено даночно затајување во вкупен износ од 7 426 323 денари. Пријавените лица, М. Ш. и Ж. Р., се товарат дека свесно и ...
Од Министерството за правда велат дека целта на ова законско решение е заштита на јавниот интерес и спречување на располагањето со незаконски стекнат имот Со учество на претставници од правосудството, академската заедница и меѓународни експерти, денеска се одржа стручна јавна расправа за новиот предлог-закон за конфискација на имот во граѓанска постапка. Целта на законот е создавање на поефикасен систем за одземање имот стекнат од незаконски ...
Од Форумот на жени на СДСМ бараат Миленко Неделковски да биде разрешен од извршен директор на Фудбалскиот клуб Вардар, а на Тасевски да му бидат блокирани видеата на социјалните мрежи, кои, како што кажа Каја Шукова, се полни со навреди и понижувања за жените Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) денеска најави дека ќе поднесе соодветни пријави против Миленко Неделковски и актерот Сашо Тасевски поради јавно ширење ...
Сиванјанам ќе ја преземе функцијата во август оваа година од досегашниот амбасадор Метју Лосон, кој беше на оваа должност од 2022 година Нова амбасадорка на Обединетото Кралство во Македонија ќе биде Маја Сиванјанам. Британската амбасада во Скопје преку соопштение на својата фејсбук-страница информира дека Сиванјанам ќе ја преземе функцијата во август оваа година од досегашниот амбасадор Метју Лосон, кој беше на оваа должност од 2022 година. ...
Од приведените возачи, девет завршиле во полициска станица за возење под дејство на алкохол, еден поради претходно изречена забрана за управување возило, додека најголем дел од нив, односно 24 биле лишени од слобода затоа што седнале зад волан без возачка дозвола Дополнително, санкционирани биле и 107 возачи на мотоцикли за неносење заштитна кацига, а прекршочни налози добиле и петмина пешаци За време на викендот полицијата регистрирала 1 026 ...
Според кинеската државна телевизија, во потресот, кој бил регистриран во раните утрински часови, 13 згради се урнале или имаат оштетувања Најмалку две лица загинале, а повеќе од 7 000 се евакуирани од градот Лиуџоу, откако земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди регионот Гуангси во југозападна Кина, јавуваат светските агенции. Според Ројтерс, операциите на надлежните служби за пребарување и спасување се во ...
Најмалку 279 компании ја навеле војната како причина за одбранбени мерки за ублажување на финансискиот удар, вклучително и зголемување на цените и намалување на производството, покажува анализата на Ројтерс Американско-израелската војна со Иран веќе ги чинеше компаниите ширум светот најмалку 25 милијарди долари, а сметката расте, пишува Ројтерс. Прегледот на корпоративните изјави од почетокот на конфликтот од страна на компании котирани во ...
Убиството се случило во саботата навечер кога 19-годишниот Лука М. дошол на адресата на Алексиќ за да достави пица што ја нарачал. Осомничениот испукал неколку истрели од огнено оружје кон младиот човек на терасата од неговата куќа Педесет годишниот Кристијан Алексиќ е уапсен како осомничен за убиство на 19-годишниот Лука М. што се случило во саботата во хрватскиот град Дрниш, пренесуваат тамошните медиуми. Алексиќ бил уапсен утринава во ...
Изјавите на кубанското Министерството за надворешни работи и на Амбасадата на земјата во Вашингтон, следуваат откако американскиот портал „Аксиос“ во саботата објави дека островската социјалистичка држава наводно се подготвува да употреби беспилотни летала против американски цели во случај на вонредна состојба Куба ќе го искористи своето право на самоодбрана во случај на напад од страна на Соединетите Американски Држави (САД), објави вчера ...
Според кинеската државна телевизија, во потресот, кој бил регистиран во раните утрински часови, 13 згради се урнале или имаат оштетувања Најмалку две лица загинале, а повеќе од 7 000 се евакуирани од градот Лиуџоу, откако земјотрес со јачина од 5,2 степени според Рихотеровата скала утрово го погоди регионот Гуангси во југозападна Кина, јавуваат светските агенции. Според Ројтерс, операциите на надлежнит служби за пребарување и спасување се во ...
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, цитиран од ТАСС, изјавил дека воздушната одбрана уништила 81 беспилотно летало што се упатило кон Москва, ноќта меѓу саботата и неделата, што укажува на размерот на украинскиот напад врз руската престолнина, пренесе Ројтерс Украинскиот претседател, Володимир Зеленски во петокот најави дека неговата земја ќе се одмазди по дводневните најжестоки руски напади со беспилотни летала и ракети врз Киев од ...
Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), променливото облачно време со сончеви периоди во текот на денот се очекува да задржи до крајот на оваа работна седмица и почетокот на викендот Денеска времето во земјава ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и услови за слаб локален дожд во пограничните места, се вели во прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. ...
Убиството се случило на 15 мај во шума во околина на скопски Сарај, а во полиција пријавил таткото на осомничениот откако неговиот син го признал убиството Со оглед дека прибирањето на доказите е во тек, а постојат околности што укажуваат на опасност од бегство на осомничениот, можност за негово влијание на сведоци и прикривање на трагите, како и ризик да изврши друго кривично дело, јавен обвинител до судија на претходна постапка побарал да ...
Овој отворен ултиматум до Иран доаѓа и само неколку часа откако Трамп објави фотографија генерирана од вештачка интелигенција, на која се гледа како стои на американски воен брод покрај адмирал на американската морнарица, опкружен со бурно море и молњи, а ирански бродови се видливи во позадина Тој вчера објави и видео во кое е прикажана симулирана сцена на воен напад врз ирански авион Американскиот претседател Доналд Трамп повторно ја заостри ...
Во обраќањето, таа рече дека во 2025 година вкупната трговска размена меѓу Македонија и Словенија изнесувала околу 279 милиони евра, оценувајќи дека постои простор за нејзино значително зголемување. Целта на достигнување во меѓусебната трговија, според неа, треба да биде 500 милиони евра, со оглед дека двете земји ги поврзуваат долгорочни економски врски, доверба и заедничка деловна култура Претседателката ги наведе и четирите стратешки ...
Нашите ракометари вечерва во реванш натпреварот од баражот го совладаа тимот на Словачка со 38:23 Македонската ракометна репрезентација обезбеди пласман на Светското првенство 2027 година кое ќе се одржи во Германија откако вечерва во реванш натпреварот од баражот ја совлада Словачка со 38:23. Натпреварот се одржа во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје. Најефикасен во нашиот тим беше капитенот Филип Кузмановски со 11 постигнати голови. Пред седум ...