Според деталите што ги сподели Обвинителството, осомничениот 76-годишник, не се приддржувал кон прописите додека го управувал товарното возило по обиколницата, со што го загрозил јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето Во сообраќајната несреќа животите ги загубија четири лица, меѓу кои и баритонот Ристе Велков и неговиот син Основно јавно обвинителство Скопје отвори истрага и бара притвор за косовскиот државјанин во врска ...

„Сите документи од доверлив или од строго доверлив карактер, јас и само јас ги добивам во печатена, односно во хартиена форма. Според протоколот, читам, пакувам и го давам на лице од архивата кое поседува највисок сертификат ‘државна тајна’. Најчесто се враќаат кај испраќачот или одат во архивата. Ако комуникацијата е на ваков начин, објаснете ми со кои податоци, дури и да влезе некој во вашиот компјутер може да посегне по шпионажа?“, изјави ...

Јанша планира да формира малцинска влада со својата Словенечка демократска партија (СДС) и други десничарски партии, а ќе биде поддржана и од ултрадесничарската, проруска група „Ресница“ (Вистина), која сепак нема да влезе во Владата, доколку биде потврдена во парламентот на земјата Словенечкиот парламент денеска со тајно гласање го избра лидерот на Словенечката демократска партија (СДС) Јанез Јанша за нов премиер на земјата, доделувајќи му ...

Оставката на Земон доаѓа откако беше жестоко критикуван поради неговата изјава во поткаст дека Гоце Делчев не бил толку заслужна историска личност, поради што мораше да се извинува, тврдејќи дека бил погрешно разбра, а дополнително реакции во јавноста предизвика и неговата средба со Виктор Стојанов, претседател на бугарската фондација „Македонија“, кој во 2023 година доби забрана за влез во државава на неодредено време Рубин Земон вечерва ...

Прашана дали постои конкретен план за задржување на младите во државата, бидејќи Словенија веќе со години ги зема најдобрите студенти од земјава, ресорната министерка оцени дека станува збор за комплексен процес што бара повеќе паралелни чекори, меѓу кои модернизација на студиските програми, подобрување на студентскиот стандард и поголема поврзаност на образованието со пазарот на труд Средствата што Европската комисија ѝ ги одобри на ...

На аудиенцијата, Гаши, кој ја предводи државно-црковната делегација по повод традиционалната манифестација „Во чест на Св. Кирил и Методиј“, на понтифот му врачил два подароци. Државниот подарок е мермерна скулптура „Перо“, дело на вајарот Андреј Митевски, додека како личен подарок тој на папата му врачил кавал изработен од Бобан Анакиев. Гаши го избрал кавалот како симбол на традицијата и инструмент што ги поврзува разлилните заедници и ...

Градоначалникот појасни дека динамиката на реализација зависи од капацитетите и претходно завршените обврски на Градот Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, идната недела ќе има завршен состанок со министерот за здравство Азир Алиу на кој заеднички ќе објават кога ќе биде спроведена тендерската постапка за монтажните гаражи во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Ѓорѓиевски вели дека по завршување на тендерската постапка веднаш ќе се почне ...

Од Транспорт велат дека согласно своите надлежности предметната јавна набавка повторно ќе биде објавена согласно законските прописи во најбрз можен рок Државната комисија по жалби за јавни набавки донесе решение за поништување на тендерот за електрични автобуси и полначи, а на кој за најповолна беше избрана заедничката понуда на унгарската компанија „Електробус – Икарус“ и на австриска ЕВН. Одлуката на Комисијата е донесена по службена ...

Погледнете го новото магазинско издание на емисијата „360 степени“ емитувано на 21 мај 2026 г. на МРТ 1 Во новото издание на емисијата донесуваме: – имавме увид во исказите кои пред ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција ги дале двајцата вработени во ЕСМ, чие сведочење е меѓу главните аргументи на предметната јавна обвинителка да ја затвори истрагата за случајот „Мазут“; од Електрани велат дека сведоците биле пратени за да објаснат ...

Во претходната информација од МВР беше споделено дека се загинати 51-годишниот Р.В. и двајца 20-годишници А.В. и П.М., но оти идентитетот на четвртото лице не беше познат Четвртата жртва во сообраќајната несреќа што синоќа се случи на скопската обиколница е 20-годишниот скопјанец М.Ѓ.. Ова е последното лице чии иницијали се познати откако претходно од Министерството за внатрешни работи (МВР) рекоа дека во сообраќајката се загинати четворица. ...

Демири информира дека наместо преку јавен оглас, како што налага Законот за трговски друштва во државна сопственост, функционерите останале на работа, а како оправдание им биле менаџерските договори врз основа на кои им било овозможено да изберат дали ќе останат во АД или ќе се вратат на старите работни места од каде дошле пред изборот Државната комисија за спречување корупција (ДКСК) на денешната седница донесе едногласна одлука да поднесе ...

Демири информираше дека наместо преку јавен оглас, како што налага законот за трговски друштва во државна сопственост, функционерите останале на работа, а како оправдание им биле менаџерските договори врз основа на кои им било овозможено да изберат дали ќе останат во АД или ќе се вратат на старите работни места од каде дошле пред изборот Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница донесе едногласна одлука да ...

Од Обвинителството велат дека е доставен предлог за определување мерка куќен притвор за осомничената поради фактот дека е мајка на малолетни деца, од кои едното е 5-месечно бебе Основното јавно обвинителство Скопје покрена истражна постапка против 25-годишна жена, откако пред два дена бил спречен несекојдневен обид за внесување дрога во КПУ „Идризово“. Осомничената се товари за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет ...

Според Шукова, премногу човечки животи се згаснати, премногу семејства се уништени, премногу трагедии се имаат случено и тоа, како што рече, е потврда дека МВР не функционира, ниту како превенција ниту како заштита Што уште треба да се случи за Панче Тошковски да понесе морална одговорност и да поднесе оставка, прашуваат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ). Оставката од Тошковски денеска ја побара претседателката на Форумот на ...

Тој додава оти неговата партија не преговара за фотелји и позиции, туку зборува за иднината на Македонија во Европската Унија „Каква широка влада? Кој зборувал за влада и коалиција?“ Вака денеска лидерот на СДСМ коментира откако на неговата вчерашна прес-конференција го повика премиерот Христијан Мицкоски на заедничко преземање на одговорноста за уставните измени заради иднината на младите и државата, што од одредени медиуми беше протолкувано ...

Во соопштението се наведува дека во почетокот на април оваа година, Рама и Зендели поднеле барање до Централниот регистар за промена на името на фирмата и бришење на нивната сопственост Демократската унија за интеграција (ДУИ) денеска излезе со нови тврдења за, како што велат, скриен имот и судир на интереси на Недим Рама, соработник на Изет Меџити. Според партијата, Рама не пријавил сопственост во фирма и остварувал приходи од институции ...

Главните пропусти што биле утврдени е дека има целосно непостоење на писмени договори за извршениот откуп, се користеле договори кои ги немаат задолжителните елементи пропишани со Законот и неусогласеност на договорните одредби со законските обврски Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) врши контроли на терен за да ја провери примената на новиот Закон за забрана на нефер трговски практики. При увид кај неколку откупни центри за овошје ...

Колегите на Велков веќе се простуваат од него и изразуваат сочувство до семејството за загубата Баритонот и првенец на Националната опера и балет (НОБ), Ристе Велков, е еден од четирите лица кои синоќа загинаа во сообраќајка на скопската обиколница. Во сообраќајката загинат е и неговиот 20-годишен син. На социјалните мрежи, колегите на Велков веќе се простуваат од него и изразуваат сочувство до семејството за загубата. На веб-страницата на ...

Нападот бил извршен преку милиони барања во подолг временски период, со цел да се преоптоварат и соборат системите. Според првичните анализи, нападите доаѓале од странство преку прокси сервери за да се прикријат трагите Веб-страниците на Владата, министерствата и националниот портал uslugi.gov.mk изминатиот викенд биле цел на сериозен и софистициран кибернапад, информира министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Тој вели дека ...

Засега, како што се додава во написот, не е јасно дали распоредувањето ќе биде ротационо или трајно, или дали има некаква врска со претходната одлука на Трамп да повлече 5 000 војници од Германија Доналд Трамп објави дека ќе распореди дополнителни 5 000 американски војници во Полска, само неколку дена откако Пентагон го запре долго планираното распоредување на сили во земјата – најголемото на источното крило на НАТО, пишува британски ...

На местото на несреќата, како што велат од МВР, животот го загубиле возачот на автомобилот, Р.В. и сопатниците А.В. (20) и П.М. (20) од Скопје, како и уште едно лице чиј идентитет сè уште не е утврден Четири лица го загубија животот во тешката сообраќајна несреќа што се случи синоќа на скопската обиколница, во која учествуваа камион и патничко возило, потврдуваат од Министерството за внатрешни работи. Според информациите од МВР, несреќата ...

На терен веднаш излегле екипи на Итната медицинска помош и полицијата. Дел од медиумите пренесуваат дека во несреќата има четворица загинати Сообраќајна несреќа во која учествувале патничко возило и камион предизвика повеќечасовен застој и пренасочување на сообраќајот на скопската обиколница во текот на изминатата ноќ. Сообраќајот е целосно нормализиран утрово во 5:30 часот. Според првичните информации, несреќата се случила доцна синоќа во ...

Од УХМР најавуваат дека во следните денови ќе се задржи променливо облачно време со умерен до засилен ветер од северен правец Времето денеска ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Во одредени делови од земјата ќе има невреме со пообилен пороен дожд, електрични прaзнења, силен ветер со брзина од над 60 километри на час и услови за појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 18, а максималната ќе ...

До вчера попладне од урнатата зграда, изградена во 1980-тите години на минатиот век, биле спасени шест лица, пренесе Ројтерс, повикувајќи се на мароканската државна телевизија Ал Ула Најмалку девет лица загинале, а уште неколку други се повредени откако вчера ноќта се урнала четирикатна зграда во градот Фез во Мароко, соопштила канцеларијата на тамошното обвинителство, пренесе Ројтерс. На жителите на соседните згради во густо населена населба ...

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, вечерва во интервју за РТС, изјави дека со 99,99 отсто сигурност може да се потврди дека станува збор за телото на убиениот Александар Нешовиќ, но, како што кажа, не може да каже оти тој бил ликвидиран во присуство на уапсениот шеф на белградската полиција, Веселин Милиќ, кој се наоѓа во притвор Вишото јавно обвинителство во Белград денеска соопшти дека во околината на општина Инџија во метално буре е ...

„Од страна на институциите бев известен дека се во тек со актуелната состојба“, вели градоначалникот на Битола, Тони Коњановски во објава на Фејсбук Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски вечерва на социјалните мрежи информира дека ги известил сите надлежни институции по пријава дека во околината на градскиот парк е забележана мечка. Објавата на градоначалникот на Фејсбук следува откако на социјалните мрежи беше споделено видео на кое се ...

Прашањето на кое го изнесе ваквиот свој став беше дали ќе има тензии во меѓуетничките односи, а во контекст на протестот на студентите Албанци кои бараат да го полагаат правосудниот испит на албански јазик, како и во врска со најавите дека в сабота (23 мај) во Куманово ќе се одржи народен собир за поддршка на српскиот претседател, Александар Вучиќ Претседателот на Собранието, во вечерашното гостување во емисијата „Вин-вин“ на Телевизија ...

Предлог-амандманот се толкува како обид да се спречи евентуално враќање на експремиерот Виктор Орбан на власт, бидејќи, како што се наведува, ограничувањето е од суштинско значење за враќање на владеењето на правото во земјата Новата унгарска влада, предводена од Петер Маѓар, предложи уставен амандман со кој мандатот на премиерите би се ограничил на максимум осум години, објави „Гардијан“, наведувајќи дека со ваквиот потег ќе оневозможи ...

„360 степени“ имаше увид во исказите кои пред ОЈО за гонење на организиран криминал ги дале двете лица вработени во ЕСМ, а чие сведочење е дел од главните аргументи на надлежната јавна обвинителка да ја затвори истрагата за случајот „Мазут“. На прашање на адвокати, во различен контекст, и двете лица одговараат дека ЕСМ не претрпела штета Од Електрани на Северна Македонија за „360 степени“ велат дека сведоците, инаку помошник-директор за ...

Осврнувајќи се на темата на панел дискусија во Атина, потпретседателот на ДУИ и поранешен министер за надворешни работи, условно кажано, го отвори прашањето околу авторството на идејата, за што, во шеговита смисла, кажа дека не се обидува да се расправа со германскиот канцелар. Имено, поранешниот шеф на македонската дипломатија потсети на нонпејперот што во 2023 година го објави Министерството за надворешни работи на С Македонија, а во кое се ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
93%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / 0ᴼ
1.54
86%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 3ᴼ
0.51
71%
1028
weather icon

Софија

-1ᴼ / -1ᴼ
0.0
100%
1028
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
1.85
94%
1030
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 5ᴼ
1.54
85%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.24
64%
1026
weather icon

Тирана

11ᴼ / 8ᴼ
1.54
75%
1024
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1025
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.13
64%
1031
weather icon

Будимпешта

3ᴼ / 1ᴼ
0.45
76%
1030
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.14
90%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Сребро

1670.34

Злато

130856.75

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Бакар

12.58

Цинк

3.76

Платина

49319.25

Родиум

295786.87

Кобалт

33.53

Иридиум

315077.32

Алуминиум

3.07

Рутениум

61086.42