Со сослушување сведоци, законски застапници на оштетените, во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Судијката пред почетокот на рочиштето ги предупреди родителите на загинатите кои се во судница да го почитуваат редот и да не дофрлаат, по јавните реакции меѓу нив и на Ивана Коцевска, адвокатката на газдата на „Пулс“. Адвокатката Ивана ...

Екипата на Наковски Волеј ја продолжи победничката серија во Првата македонска одбојкарска лига за жени. Во дербито од 10. коло кое викендот се одигра во СЦ „Форца“ во Скопје лидерот извојува максимална победа над Газели Волеј. Фит Фан Волеј пријатно изненади на почетокот на втората полусезона одземајќи му бод на Младост УГД (2:3), кој важеше за фаворит во дуелот. Скопскиот состав потврди дека промените на полусезоната може да одиграат улога ...

Одбојкарите на ГОК Борец имаа одлично отворање на плејоф разигрувањето за титулата во Првата машка лига и запишаа важна гостинска победа над Работнички кој им е директен ривал за подобра позиција на табелата. Велешкиот состав со победата во Скопје истовремено му се реваншираше на противникот за поразот од стартот на сезоната. Лидерот Штип УГД пред својата публика беше сигурен на средбата со Сушево, додека мечот меѓу шампионот Струмица и ...

Цената на златото денеска првпат во историјата се проби над нивото од 5.000 долари за унца, со што го продолжи својот тренд на раст, бидејќи инвеститорите бараат побезбедно засолниште за својот капитал поради геополитичките тензии. Растечката тензија меѓу САД и Европската Унија за Гренланд предизвика неизвесност на светските финансиски пазари минатата недела, па цената на златото силно порасна. Утрово, сепак, таа се зајакна за дополнителни ...

Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска изјави дека оваа година ќе има избори во Србија и дека е реално тие да се одржат помеѓу октомври и декември. „Одиме на избори оваа година, а еве тие победуваат со огромна предност, тоа е вистина. Мислам дека изборите ќе бидат наесен, тоа е поверојатна опција“, рече Вучиќ на телевизијата Блиц. Тој додаде дека не ја исклучува можноста да поднесе оставка од функцијата претседател на Србија и дека ...

Копетседателката на партијата Алтернатива за Германија (AfD), Алис Вајдел, предупреди дека нејзината партија, во случај да дојде на власт, ќе бара Украина да ја надомести штетата предизвикана од саботажата на гасоводот Северен тек. „Недостатокот на евтин природен гас е штетен не само за Германија, туку и за цела Европа, но најмногу влијае на Германија“, рече Вајдел на партиски состанок во сојузната покраина Баден-Виртемберг на југозападот од ...

Прекин на товарниот сообраќај на граничните премини во државата најавен е за денеска од 12 часот поради јавен протест организиран од асоцијацијата „Макам-транс“, информира Министерството за внатрешни работи. Протестот ќе се одвива на граничните премин Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блаце и Блато, при што ќе бидат затворени коловозните ленти и терминалите наменети за товарен сообраќај. Патничкиот ...

Зголемено ниво на водата денеска има реката Вардар, особено кај Јегуновце, Велес и Демир Капија. Исто така, реката Треска кај Македонски Брод, Пчиња кај Катлановска Бања, Црна Река кај Новаци и Црн Дрим кај Ложани покажуваат пораст на нивото на водата, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Сепак, не сите реки бележат позитивен тренд. Реката Сатеска кај Ботун, Брегалница кај Штип и Бабуна кај Богомила покажуваат минимално намалување на ...

Група републиканци денеска повикаа на подлабока истрага за федералните тактики за имиграцијата откако агент на американската гранична патрола застрела човек во Минеаполис. Тоа би можело да биде знак дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп би можела да се соочи со двопартиска контрола, републиканци и демократи. Претседателот на Комитетот за внатрешна безбедност на Претставничкиот дом, Ендру Гарбарино, побара сведочење ...

На Европското ракометно првенство 2026 во текот на денешниот ден ќе се играат натпревари од 4. коло во првата група во Главната фаза. Дербито е во последниот термин, а во него ќе се соочат кодомаќинот Данска и Германија. Данците на овој меч влегуваат со императив победа, бидејќи секој друг исход за нив најверојатно ќе значи збогување со полуфиналето. Двојки за денес: Португалија – Норвешка (почеток 15:30 часот) Шпанија – Франција (18:00 ч.) ...

Поради најавата на транспортните превозници за блокада денеска во нашата држава ќе се затворат за товарен сообраќај граничните премини: Деве Баир, Делчево, Ново Село, Дојран, Богородица, Меџитлија, Ќафасан, Блато и Блаце, а Табановце - Прешево ќе биде затворен од српска страна. Поради воведувањето на новиот систем за влез и излез (ЕЕС) на Европската Унија, македонските превозници, како и од Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина, најавија ...

Безживотните тела на три жени биле извлечени по гаснењето на пожарот што околу 4 часот утрово избувна во фабриката за производство на бисквити „Виоланда“ во грчкиот град Трикала, додека пак исчезнати се уште две вработени, а повредени се седум лица. Според локалните медиуми, пожарот избувнал за време на ноќната смена со 13 вработени во погонот за производство и печење бисквити, при што имало и експлозии, а причините засега се непознати. ...

Пред членовите на собраниската Комисија за евроинтеграции денеска во Собранието ќе се одржи презентација на Програмата и приоритетите за работата на кипарското претседателство со Советот на Европската Унија за периодот јануари – јуни 2026 година, која ќе биде претставена од амбасадорот на Република Кипар во Република Северна Македонија, Н.Е. Андреас Фотиу. Седницата ќе се одржи заедно со Националниот совет за евроинтеграции, а на неа се ...

Зимската бура што ги погоди САД усмрти седум луѓе, а стотици илјади домови се без електрична енергија. Поради лошите временски услови затворени се училишта, патишта, откажани се летови од Тексас до Нова Англија. Најмалку двајца починаа од хипертермија во Лујзијана, и по две лица во Тексас, Тенеси и Канзас. Градоначалникот на Њујорк, Зохран Мамдани пред два дена објави дека во градот починале пет лица. До вчера попладне повеќе од 800.000 ...

Шефот на турската дипломатија, Хакан Фидан, изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп има единствена способност да изврши притисок врз Израел и да го запре конфликтот во Појасот Газа. Фидан нагласи дека Трамп може да дејствува независно од влијанието на различните лобија, што му дава слобода да презема конкретни потези. Исто така, тој истакна дека Израел постојано ги крши договорите за прекин на огнот, но верува дека ситуацијата би ...

Група за човекови права соопшти дека најмалку 100 политички затвореници вчера биле ослободени од страна на венецуелската Влада, јави ДПА. Шефот на Форо Пенал (Казнен форум), Алфредо Ромеро, рече дека неговата група ги потврдила идентитетите на 104 од ослободените. „Би било идеално владата да објави списоци на ослободени“, напиша Ромеро на X. Форо Пенал проценува дека има околу 800 политички затвореници во јужноамериканската земја, од кои ...

Поранешниот американски претседател Барак Обама беше меѓу оние што го осудија второто фатално пукање врз цивил од страна на американските службеници за имиграција во рок од две недели, изјавувајќи вчера пред граѓаните дека имаат право да бидат огорчени, јави ДПА. „Убиството на Алекс Прети е тешка трагедија. Исто така, треба да биде повик за будење за секој Американец, без оглед на партијата, дека многу од нашите основни вредности како нација ...

Израел ќе го отвори преминот Рафа во Газа за пешаци откако ќе завршат напорите за пронаоѓање на останките на последниот израелски заложник, соопшти синоќа кабинетот на премиерот Бенјамин Нетанјаху, јави ДПА. Кабинетот соопшти дека Израелските одбранбени сили (ИДФ) моментално вршат потрага по останките на Ран Гвили. „По завршувањето на оваа операција, и во согласност со она што е договорено со САД, Израел ќе го отвори преминот Рафа“, соопшти ...

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска во Брисел ќе учествува на заедничка седница на комитетите за надворешни работи (АФЕТ) и за безбедност и одбрана (СЕДЕ) на Европскиот парламент. Како што најави Прес-службата на Европскиот парламент, предвидено е на седницата да стане збор за најновите случувања во трансатлантската безбедност и одбрана. Предвидено е Руте да се обрати пред европратениците, по што ќе дебатира со нив. Генералниот ...

Во Брисел попладнево ќе се одржи 25-та Меѓувладина пристапна конференција меѓу ЕУ и Црна Гора на која треба да бидат привремено затворени преговорите по Поглавјето 32 – Финансиска контрола. Со конференцијата ќе претседава кипарската заменичка-министерка за европски прашања Марилена Рауна, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ. Црна Гора ги има отворено сите 33 поглавја од пристапните преговори за членство во ЕУ, од кои досега привремено се ...

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска оцени дека неговата земја ќе биде подготвена за отворање на сите кластери во првата половина на 2026 година, а целосно технички подготвена за прием во Европската Унија во 2027 година, пренесува Укринформ. Зеленски, за време на заедничката прес-конференција со претседателите на Литванија и Полска во Вилнус, изјави дека е важно Украина да одреди конкретен датум за пристапување кон ЕУ во ...

Времето денеска ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во централните и источните делови каде ќе наврнат над 30 литри на квадратен метар проследени со ретки грмежи. На планините врнежите ќе бидат од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 10, а максималната ќе достигне од 7 до 12 степени Целзиусови. Во Скопје ќе биде претежно облачно со повремени ...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози, соопшти АМСМ и додаде дека сите државни патишта се проодни и безбедни за сообраќај. Сообраќајот се одвива непречено, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење. Екипите на ЈП Македонија пат се целосно екипирани, ставена е на располагање потребната механизација и работна сила и во континуитет на терен се врши расчистување на снегот. Во соработка со ЈП за ...

Корисниците од улиците „393“ и „Стојна Стевкова“ во општина Чаир денеска од 9:00 до 14:00 ќе останат без напојување со електрична енергија. Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од стана на екипи на ЕВН Македонија АД. Корисниците од улиците „393“ и „Стојна Стевкова“ во општина ...

Со сослушување на сведоци, законски застапници на оштетените, во судницата во Идризово денеска треба да продолжи судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Претходното рочиште беше одложено по барање на бранителката на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Аднан Џаферовски, адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска, која во меѓувреме беше избрана за член на ...

Новоизбраниот народен правобранител, Фатон Селами, денеска ќе даде свечена изјава пред претседателот на Собранието, Африм Гаши. Селами доаѓа на местото на поранешниот народен правобранител Насер Зибери, кој на 12 јули 2025 година го заврши мандатот поради исполнување услови за пензионирање. Новиот омбудсман е дипломиран правник и магистер по правни науки, со положени правосуден и нотарски испит. Мандатот на народниот правобранител трае осум ...

Австриецот Мануел Фелер славеше вчера пред своите навивачи на слаломската трка во Кицбил во рамки на Светскиот куп во алпско скијање. Фелер, кој беше четврти по првото возење, на крајот победи со 35 стотинки предност пред водечкиот по првата трка Швајцарецот Лоик Мејард. Третото место го освои Германецот Линус Штрасер, заостанувајќи 53 стотинки зад Фелер, кој прв пат во кариерата победи на слаломска трка во Кицбил. Во поредокот во слалом, ...

Во воведниот натпревар од Групата 2 во главната фаза на Европското првенство во ракомет, Словенија во Малме ја совлада Унгарија со 35-32 (15-17). По израмнетиот почеток во кој се играше гол за гол, Унгарија прва дојде до +2, поведувајќи со 8-6. Во 28.минута, Унгарците имаа предност од четири голови (16-12), но до полувремето, Словенија ја намали негативата на два гола (15-17). Словенија влезе во второто полувреме со серија од 3-0, и го ...

Во дербито на 23. коло од англиското фудбалско првенство, Манчестер Јунајтед го победи водечкиот Арсенал во Лондон со 3-2 како гостин и се искачи на четвртото место на табелата. Јунајтед ја забележа првата победа на гостувањето во северен Лондон од 2018 година, а Арсенал на врвот на табелата сега има четири повеќе од Манчестер Сити и Астон Вила. Лондонскиот состав поведе во 29. минута со автогол на Лисандро Мартинез, но осум минути подоцна, ...

Исланд ја совлада синоќа Шведска во Малме со 35-27 во рамки на второто коло од групата 2 во главната фаза, нанесувајќи му го првиот пораз на кодомаќинот на Европското ракометно првенство. Исланд со триумфот се израмни на врвот на табелата со Шведска и Словенија со по четири бодови и остана во игра за место во полуфиналето. Избраниците на Снори Гудјонсон одиграа брилијантен натпревар, особено во првото полувреме, кое го добија со шест голови ...

weather icon

Скопје

11ᴼ / 11ᴼ
2.06
62%
1012
weather icon

Белград

13ᴼ / 12ᴼ
4.12
51%
1016
weather icon

Загреб

13ᴼ / 12ᴼ
3.09
52%
1016
weather icon

Софија

7ᴼ / 5ᴼ
3.6
57%
1016
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
1.8
92%
1018
weather icon

Љубљана

12ᴼ / 10ᴼ
4.12
58%
1017
weather icon

Атина

14ᴼ / 12ᴼ
5.66
64%
1012
weather icon

Тирана

11ᴼ / 11ᴼ
2.57
71%
1013
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
5.66
47%
1014
weather icon

Букурешт

11ᴼ / 10ᴼ
2.68
68%
1016
weather icon

Будимпешта

15ᴼ / 12ᴼ
0.89
45%
1016
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
100%
1013
Currency

61.6317

Currency

53.2406

Currency

71.214

Currency

37.2056

Currency

38.7434

Currency

67.4118

Currency

7.73126

Currency

0.64691

Currency

0.3352

Currency

0.5235

Currency

1.20128

Currency

0.56975

Цинк

3.07

Бакар

10.68

Кобалт

66.14

Иридиум

258288.78

Алуминиум

3.18

Калај

43.90

Родиум

350443.14

Рутениум

56199.51

Платина

60154.05

Злато

166450.52

Паладиум

45911.27

Сребро

2840.84