Масовниот убиец Андерс Бејринг Брејвик, осуден за терористичките напади во Осло и на островот Утоја во 2011 година, повторно го променил своето име во националниот регистар. Норвешките медиуми објавуваат дека Брејвик во 2017 година го променил името во Фјотолф Хансен, а според официјалните записи минатата година повторно го сменил во Фар Скалдигримр Раускјолдр аф Нортрики. Брејвик во 2012 година беше осуден за терористичките напади во ...

По медиумскиот интерес за став од Уставниот суд, во однос на најавениот протест пред Судот денеска (28.04.2026) информираме дека во конкретниот предмет е поведена постапка врз основа на изразен сомнеж за уставноста и законитоста на Колективниот договор за култура и на член 76-љ од Законот за културата, се наведува во соопштението од Судот. Оттаму велат дека станува збор за втора фаза во која ќе се оценува уставност и законитост, конечна ...

Сонцето пече, тиркизно море, мек песок под нозете, а вие... во дебели зимски чизми. Звучи смешно, нели? Токму тоа му го правите на вашиот автомобил кога возите со зимски гуми среде лето. Еве зошто е време за промена: 1. Зимските гуми се „потат“ на асфалтот Исто како што вашите стапала би „зовреле“ во чизми на 30 степени, така и смесата на зимските гуми станува премногу мека на топол асфалт. Тоа значи побрзо трошење и губење на својствата кои ...

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, изјави дека американската администрација има индикации дека врховниот лидер на Иран, Моџтаба Хамнеи, е жив, но дека постојат многу отворени прашања во врска со неговата вистинска улога на власт во Иран. Во интервју за „Фокс њуз“, Рубио рече дека клучните прашања се поврзани со тоа дали Хамнеи навистина има политички авторитет и донесува одлуки во земјата, сенаведува во соопштенијата на ...

Најмалку 14 лица загинаа, а 84 се повредени во судир на два воза во близина на индонезискиот главен град Џакарта, соопшти денесka државната железничка компанија „PT Kereta Api Indonesia“ . Несреќата се случила доцна синоќа во Бекаси, густо населено место источно од Џакарта, што е дел од поширок метрополитански регион каде јавниот превоз го голема мера се потпира токму врз железничкиот сообраќај. Како што е наведено, до несреќата дошло кога ...

Нападот на гала вечерата на Здружението на дописници од Белата куќа не е изолиран случај во Соединетите Американски Држави, бројот на екстремистички и политички напади се зголемува, а повеќето од нив се извршени од „осамени волци“, покажуваат податоците од американските безбедносни служби и тамошни истражувања. Вооружениот напаѓач Кол Томас Ален беше уапсен по пукањето во хотелот Хилтон за време на традиционалната вечера на дописниците од ...

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје денеска ќе биде соопштен добитникот на наградата „Мостови на Струга“ што се доделува за најдобар дебитантски млад автор во рамки на „Струшките вечери на поезијата“. На прес-конференцијата закажана во 12 часот, ќе биде презентирана и програмата на годинашното 65. издание на меѓународниот поетски фестивал „Струшки вечери на поезијата“. Покрај оваа награда, се доделува и главната меѓународна ...

Манчестер јунајтед синоќа го победи Брентфорд со 2:1 на домашен терен во 34. коло од англиската Премиер лига. Хари Мегваер го отвори резултатот во 11. минута по асистенција од Касемиро. Бенџамин Шешко го зголеми водството на „Црвените ѓаволи“ во 43. минута, на асистенција на Бруно Фернандеш. Матијас Јенсен го постави конечниот резултат во 88. минута. Манчестер јунајтед има 61 бод и е трет на табелата во Премиер лигата и обезбеди учество во ...

ФИФА има намера да ги промени правилата за дисквалификација од жолти картони за финалниот турнир на Светското првенство во 2026 година, објави „Би-би-си“. Според британскиот сервис, планирана е втора рунда на амнестија, со која ќе се исчистат сите жолти картони на крајот од групната фаза и по четвртфиналето. Според сегашните правила, тимот мора да одигра пет натпревари за да стигне до четвртфиналето, а секои два жолти картони во овие ...

Кошаркарите на Пелистер во одлична игра стигнаа до победата во дуелот со првакот МЗТ Скопје Аеродром со 85:74. Ова беше последниот дуел од 4.коло од ТОП 6 фазата од Супер лигата. Со победата Пелистер остана на третата позиција на табелата, а МЗТ Скопје А. На втората што значи дека овие два тима најверојатно ќе играат и во полуфиналето од плеј офот. Лидер на табелата остана екипата на ТФТ со 48 бодови. Клучна за победата беше втората четвртина ...

Напаѓачот кој во неделата се обиде да влезе на вечерата на дописниците од Белата куќа е обвинет за обид за атентат врз американскиот претседател Доналд Трамп, соопшти Министерството за правда на Соединетите Американски Држави. Осомничениот, 31-годишниот Кол Томас Ален од Калифорнија, се соочува и со две федерални обвиненија – употреба на огнено оружје при извршување насилно кривично дело и транспорт на оружје и муниција преку државни граници ...

Меѓународната поморска организација изрази загриженост поради тешката состојба во која се наоѓаат околу 20 илјади морнари заглавени на бродови во регионот на Персискиот Залив. Генералниот секретар на Специјализирана агенција на Обединети нации задолжена за безбедноста на меѓународниот поморски сообраќај (ИМО), Арсенио Домингез, изјави дека бродскиот транспорт и морнарите не смеат да бидат користени како инструмент во геополитички конфликти. ...

Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, смета дека пристапувањето на неговата земја во Европската Унија е клучен дел од мировен договор за завршување на војната со Русија, јави ДПА. Во синоќешното видео-обраќање тој уште ја посочи „реконструкцијата на нашата земја по војната“ како предуслов за „вистински мир во Европа“. Зеленски, исто така, рече дека границите и суверенитетот на Украина мора да се почитуваат, а на неговата земја мора да ...

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има повремен локален дожд и услови за изолирана појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната ќе достигне од 20 до 25 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе ...

Поради технички зафати денеска без вода ќе бидат делови од општините Центар, Карпош и Бутел. Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ известува дека од 9 часот прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од улиците „Дебарца“, „Владимир Полежиновски“ и „Стефан Јакимов-Дедов“ во Центар, а во истиот временски период без вода ќе бидат и корисниците на дел од улиците „Париска“ „Варшавска“ и „Хелсинки“, вклучително и СУГС „Георги ...

Собраниската Комисија за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање денеска на седница ќе расправа за годишните извештаи на регулаторните тела за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, електронските комуникации и железничкиот и поштенскиот сектор. На дневен ред на Комисијата се минатогодишните извештаи за работа на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на Јавното радиодифузно претпријатие ...

Финален настан на ЕУ-финансираната програма „ЕУ за општините“ (EU4M) ќе се одржи денеска во Националната опера и балет во Скопје. Ќе бидат доделени признанијата за општинска извонредност на ЕУ програмата „ЕУ за општините“ (EU4M Municipal Excellence Label“ - EUMEL), наменети за општини и плански региони за нивните постигнувања во повеќе области, вклучително и управување со проекти финансирани од ЕУ, зголемување на сопствените приходи, ...

Советот за безбедност и здравје при работа денеска во Скопје организира настан по повод Светскиот ден за безбедност и здравје при работа, поддржан од проектот „Кон безбедна и здрава работна средина во Северна Македонија“. Целта на проектот е намалување на повредите и заболувањата на работните места преку зајакнување на законската и регулаторната рамка, модернизација на трудовата инспекција, воспоставување национален информациски систем за ...

Наставно-научниот кадар на секоја од единиците во состав на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, денеска од 12 до 14 часот со тајно гласање ќе избира помеѓу двајцата кандидати за нов ректор на УКИМ - Биљана Ангелова и Дарко Данев. Тие се кандидираа на огласот за ректор на Универзитетот, за мандатниот период 16 септември 2026 - 15 септември 2029. Проф. д-р Биљана Ангелова, која е во трка за втор мандат за ректор, е кадар од ...

Со изведување материјални докази предложени од Обвинителството денеска во судницата во „Идризово“ треба да продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Тимот обвинители кои го застапува обвинението, на брифинг со медиумите, вчера информираше дека остануваат уште неколку сведоци кои се предложени - тие што од психички причини не може да бидат сослушани и еден кој е во странство, ...

Судбината на работникот на метар квадратен наспроти профитот согласно закон. Планска градба со последици и смртен случај. Багерите и камионите неуморни во работата, додека едни мерат други затрупуваат таму каде што згаснат живот остави длабоки траги. Низа пршања – малку одговори во потрагата по тоа кој е надлежен. На терен, сликата како да не се случило ништо. Додека снимавме, забележавме дека јамата која е надлабоко влезена под земјата ...

Дизелот надолу, бензините нагоре. Регулаторна ги донесе новите цени на горивата. Од ноќеска дизелот поевтинува за два и пол, а бензините поскапуваат за два денари. Ова следи по најавите од Владата дека трендовите на светските пазари ќе донесат вакви корекции, при што, според премиерот Мицкоски, државата со навремени мерки успева да ја задржи ценовната стабилност и да избегне поголеми шокови и покрај увезената енергетска криза и зголемената ...

Тивок град со рударска историја.Крива Паланка низ децениите живеела од рудниците – но ги памети и последиците што ги оставиле. Денес, најавите за нов рудник за антимон повторно ја отвораат старата дилема –дали станува збор за економски спас - или нов товар за средината и здравјето на луѓето. Поделени, но и загрижени – граѓаните кои живеат околу локациите каде има најави за реотворање на рудниците кај Крстов Дол и Луке бараат одговори.Што ...

Предложените измени на Законот за минерални суровини и на Законот за концесии и јавно-приватно партнерство отворија нов судир околу тоа како државата ќе управува со природните ресурси, рударството и приватниот имот. Државата не е способна ниту мизерниот 1% од концесиите да го наплати, а ВМРО-ДПМНЕ нѐ втурнува во уште полесна експлоатација од профитери, обвинија денес од Левица на Комисијата за економски прашања, на која истите поднесоа 1.000 ...

А на рочиштето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе се презентираат материјалните докази меѓу кои и обдукциските наоди, посочија денеска на брифинг со новинарите обвинителите застапници на обвинението за пожарот. Обвинителката Наташа Сарамандова кажа дека ноадите ќе откријат клучни детали и одговори за причините и последиците од пожарот. Акцентот ќе се стави кај последицата односно интеракцијата на амбиентот, вградените материјали и ...

ФБИ ја продолжува истрагата за нападот во Вашингтон кој се случи за време на вечерата со новинарите во организација на претседателот Доналд Трамп. 31-годишниот осомничен маж пред нападот објавил анти-христијански манифест и планирал да ги нападне членовите на администрацијата на САД, давајќи им приоритет на највисоко рангираните. Политичкиот врв на САД беше безбедно евакуиран, осомничениот приведен, а службеникот на Тајната служба кој беше ...

Судбината на работникот на метар квадратен наспроти профитот согласно закон. Планска градба со последици и смртен случај. Багерите и камионите неуморни во работата, додека едни мерат други затрупуваат таму каде што згаснат живот остави длабоки траги. Низа пршања – малку одговори во потрагата по тоа кој е надлежен. На терен, сликата како да не се случило ништо. Додека снимавме, забележавме дека јамата која е надлабоко влезена под земјата ...

Девет години по упадот во Собранието на 27 април и дел од осудените и дел од жртвите во нападот бараат правдата да излезе од судските лавиринти. Дел од осудените за кои апелација не го прифати барањето за повторување на судењето, денеска со кривична пријава за поранешната јавна обвинителка Вилма Русковска. Јане Ченто кој беше правосилно осуден 13 години затвор, во кривичната ја обвинува Русковска за попречување на правдата и за злоупотреба на ...

И додека траат партиските препукувања дали реформите од државава стагнираат или не после изјавите на Вајц пратениците од Европскиот фронт почнуваат да собираат потписи за уставните измени.Велат- државава доволно изгубила и нема повеќе време за губење. За ВЛЕН пак иницијативата на ДУИ е несериозна и самосаботирачка која повеќе наликува на сатирична пародија отколку на нешто што вреди сериозно да се разгледа. „ДУИ сериозно ја навредува ЕУ и ...

Во последнава година во земјава има видлив застој во испораката на реформите кои ги бара Европската унија,ова го изјави Известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц во интервју за Евроњуз Бугарија. Тоа што најмногу треба да ја загрижи земјава од изјавите на Вајц е ризикот Македонија да ги загуби 47те милиони евра од Планот за раст на Европската Унија и парите да бидат поделени на соседните држави, токму поради доцнење со ...

weather icon

Скопје

28ᴼ / 28ᴼ
0.63
43%
1019
weather icon

Белград

30ᴼ / 30ᴼ
2.24
54%
1018
weather icon

Загреб

31ᴼ / 31ᴼ
1.45
54%
1018
weather icon

Софија

26ᴼ / 26ᴼ
0.59
32%
1020
weather icon

Сараево

30ᴼ / 30ᴼ
1.06
43%
1019
weather icon

Љубљана

26ᴼ / 25ᴼ
0.19
73%
1019
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
2.24
44%
1014
weather icon

Тирана

32ᴼ / 32ᴼ
0.98
35%
1017
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
0.22
33%
1017
weather icon

Букурешт

30ᴼ / 28ᴼ
2.24
52%
1018
weather icon

Будимпешта

34ᴼ / 31ᴼ
1.79
46%
1019
weather icon

Истанбул

27ᴼ / 25ᴼ
4.05
100%
1017
Currency

61.635

Currency

54.0919

Currency

71.4501

Currency

37.2538

Currency

38.1076

Currency

66.8529

Currency

7.95685

Currency

0.68548

Currency

0.33441

Currency

0.52555

Currency

1.16193

Currency

0.57325

Сребро

1902.84

Алуминиум

3.20

Иридиум

233896.68

Паладиум

38195.09

Злато

131072.82

Родиум

249168.29

Калај

50.56

Бакар

12.33

Платина

51923.46

Кобалт

56.29

Цинк

0.00

Рутениум

49029.89