Скопје
22ᴼ /
22ᴼ
Претставниците на парламентарните партии денеска повторно ќе седнат на иста маса во обид да ги приближат ставовите за измените на Изборниот законик, иако разликите околу неколку клучни прашања и натаму остануваат значителни. Најголеми несогласувања има околу начинот на гласање на македонските државјани во дијаспората, воведувањето една изборна единица и моделот за финансирање на помалите политички партии, објави 4news.mk Од СДСМ ...
Премиерот Христијан Мицкоски најави дека од утре се очекува ново зголемување на цените на горивата, како последица на растот на цената на суровата нафта на светските берзи. Според неговите проценки, дизел горивото би можело да поскапи за околу 2 до 2,5 денари по литар, додека бензините се очекува да имаат зголемување од приближно еден денар. Конечната одлука, како што посочи, ќе ја донесе Регулаторната комисија за енергетика. Мицкоски објасни ...
Руското Министерство за одбрана соопшти дека Украина го одбила предлогот за шестчасовен прекин на огнот во областа околу Костјантинивка, кој, според Москва, требало да овозможи безбедно предавање на посмртните останки на украински војници. Според руските власти, Украина имала рок до денес да се изјасни за предлогот, но, како што тврдат, не дала согласност за привремено запирање на борбените дејствија. Москва претходно објави дека нејзините ...
Министерството за надворешни работи и трговија соопштува дека министерот Тимчо Муцунски, за време на дводневната посета на Катар, остварил средби со највисоките претставници на оваа држава, на кои била потврдена подготвеноста за продлабочување на политичката и економската соработка меѓу двете земји. За време на посетата беа потпишани три документи: договор за укинување на визите за носители на дипломатски, службени и специјални пасоши, ...
Во најголемото изненадување на мундијалот, Норвешка славеше со 2:1 против петкратниот светски шампион Бразил. Херој на натпреварот беше Ерлинг Халанд, кој со головите во 80. и 90. минута ја запечати сензацијата. Нејмар во десеттата минута од судиското продолжение само го ублажи поразот од пенал. Натпреварот започна динамично. Норвежаните уште во третата минута ја затресоа мрежата преку Берг, но погодокот беше поништен поради офсајд. Бразил во ...
На почетокот на новата работна недела ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне се најавува изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Утринските температури ќе бидат во интервал од 9 до 19, а дневните од 26 до 34 степени. Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ...
"Моето учество во Разговорите за Македонија не е против СДСМ, туку за СДСМ. Затоа што јас сум социјалдемократ и по убедување и по дејствување", вака пратеничката Славјанка Петровска одговара на партиското соопштение во кое од СДСМ ја прозиваат со име и презиме заедно со Игор Ивановски и Андреј Петров како едни од одговорните за поразот на СДСМ во 2024 и дека се дел од како што велат од "циркусот на Мицкоски за уривање на СДСМ однатре". ...
СДСМ преку соопштение упати остри критики кон Игор Ивановски и членовите на таканаречената „Платформа за иднината“, оценувајќи дека станува збор за луѓе кои биле дел од поранешното партиско раководство и, според партијата, имаат одговорност за изборниот пораз на парламентарните избори во 2024 година. Од СДСМ посочуваат дека Ивановски бил генерален секретар и потпретседател на партијата, а на последните парламентарни избори го предводел тимот ...
Со интервенција на Противпожарната бригада на Град Скопје, за еден час ставен под контрола и локализиран пожарот во магацин или друг простор на Јужен булевар, во скопската Општина Кисела Вода. Пожарот e во близина на Пазарната инспекција, на еден километар од центарот на Скопје близу до Рампа. Нема жртви, но еден пожарникар е повреден при интервенцијата и веднаш е пренесен на клиника, соопшти скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски. „Од ...
Дебатата за изборниот законик не ја става на тест само владата и политичките партии туку и целото општество и реформската агенда велат аналитичарите откако вчера пропадна уште еден обид на партиите во собранието да се договорат. Во интервју за ТВ 24 пак политикологот Зорана нтовска вели дека во вакви ситуации праксата покажала дека свој удел за надминување на ситуацијата може да има и меѓународниот фактор откако пред некој ден и ...
Штета што опозициските партии не го искористија и вчерашниот обиод за постигнување договор за изборниот законик вели премиерот Мицкоски иако на маса им било понудено и прифатено се што бараа освен да се исклучи гласањето на дијаспората кое и натаму останува камен на сопнување иако како што додаде премиерот биле спремни да се најдат и различни модули за да се уважи и слушне гласот на дијаспората на следните претседателски избори 2029та. Сепак ...
Главен град, без функционален јавен превоз - Скопје и натаму чека нови автобуси, додека граѓаните секојдневно се мачат со нередовни, неточни и дел неклиматизирани автобуси. Не само што не може да си го испланираат времето, туку во изминатиов период сè почести се и техничките проблеми кај автобусите, оставајќи ги патниците да се снаоѓаат како да стигнат до својата дестинација. „Незадоволството е големо, ако тргнеш некаде чекаш со часови, освен ...
Статистички со најстара популација, а сè уште со само еден Дом за згрижување на постари лица во Берово. Источниот регион и понатаму чека на изградба на објекти во Штип, Кочани и Пробиштип. Единствениот што во март годинава беше најавуван дека за многу скоро ќе бидат поставени темелите е тој во Кочани. Во Штип е најзаплеткана работата. Изградбата на Домот за стари лица кај некогашниот воен ресторан заглави бидејќи почна да се гради без ...
Не стивнуваат протестите во Албанија. Нови демонстрации против политиките на Еди Рама. Незадоволството кое почна по контроверзниот проект за луксузен ресорт на албанското крајбежје прерасна во општо незадоволство од работата на владата и високата корупција во земјата. Албанските медиуми тврдат, демонстрациите се најмасовни досега, со учество на неколку стотици илјади лица, меѓу кои и голем број албанци од дијаспората, решени да го променат ...
Пожарите на дивите депонии не се случајност – тие се последица на човечка несовесност, апелираат од ТППЕ Струмица и притоа појаснуваат дека во изминативе денови пожарникарите интервенирале при гаснење на пожари на депониите во Добрашинци и Гечерлија. - Ваквите интервенции бараат голем ангажман, трошат вода, гориво, опрема и човечки ресурси, кои во секој момент може да бидат потребни за спасување човечки животи и имот. Горењето на отпадот ...
Левица преку соопштение соопшти дека не се точни тврдењата на премиерот Христијан Мицкоски дека нивните предлози во Работната група за измените на Изборниот законик биле целосно прифатени. Од партијата велат дека нивните клучни барања – воведување една изборна единица и укинување на платеното политичко рекламирање – биле одбиени. Според Левица, во текот на работата на групата тие настапувале конструктивно, со цел да се постигне консензус и да ...
Големиот шумски пожар што избувна во саботата навечер во близина на северните предградија на Солун, во областа Ореокастро, сè уште не е изгаснат, соопшти Грчката противпожарна служба. Пламените стигнаа многу блиску до куќите во областите од кои граѓаните беа евакуирани синоќа, додека покрај фабриката за рециклирање, пожарот се прошири и на текстилна фабрика, што, според раководителот на противпожарната служба, Костас Цигас, придонело за ...
Франција се пласираше во четвртфиналето на Светското првенство, откако синоќа во Филаделфија со доста мака го совлада Парагвај со 1-0. Килијан Мбапе го постигна единствениот гол на натпреварот, реализирајќи од пенал во 70. минута. За Мбапе ова беше седмиот гол на ова Светско првенство, со што се израмни со аргентинскиот капитен Лионел Меси на листата најдобри стрелци. Франција во четвртфиналето на 9 јули ќе игра против Мароко, кој претходно ...
Денеска во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена локална облачност, информира Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, кој на одделни места повремено ќе се засилува и ќе достигнува брзина до 50 километри на час. Утринските температури ќе се движат од 8 до 21 степен, додека максималната дневна температура ќе биде меѓу 23 и 33 Целзиусови степени. Во Скопје времето ќе биде ...
Голем шумски пожар избувна попладнево на хрватскиот остров Хвар, на подрачјето меѓу Јагодна и Иван Долац, по што на терен веднаш беа испратени бројни противпожарни екипи. Во гаснењето учествуваат пожарникари од доброволните противпожарни друштва Хвар, Јелса и Стари Град, а од воздух им помагаат четири канадери, кои се обидуваат да го стават огнот под контрола. Според првичните информации, пожарот зафатил делови од неколку вили, при што има и ...
Во текот на изминатото деноноќие на територијата на државата се регистрирани вкупно 17 пожари на отворен простор, од кои еден е ставен под контрола, а 16 се целосно изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК). Според информациите на ЦУК, под контрола е пожарот во Општина Македонски Брод, во атарот на селото Белица, каде што биле зафатени борова шума и ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во Општина Ѓорче Петров кај селото ...
Власта и опозицијата со дијаметрално различни ставови во однос на успешноста на Реформската агенда и средствата од планот за раст. „Заедно со Албанија и Црна Гора, Македонија е препознаена како лидер во регионот според постигнатите резултати. Оценка на Европската комисија е јасен доказ дека државата се движи во правилна насока и дека реформите се препознаени од институцијата која единствено ги оценува нивниот квалитет и напредок. ...
Опозициската СДСМ смета дека Владата ја довела државата во сериозна економска и политичка криза, а сите показатели покажуваат дека се подготвуваат предвремени избори. Од СДСМ велат дека економијата е во слободен пад, инфлацијата ги изела платите, цените на основните производи континуирано растат, минималната плата не е зголемена, а истовремено јавниот долг е зголемен за над 2,5 милијарди евра за две години, додека според опозицијата, буџетот ...
Најавена реконструкција на владата а опозицијата обвинува – лице осудено на условна казна ќе раководи со ресорот за добро владеење. Според СДСМ, димитар димовски – секретар за јавни политики во владата и лице осомничено во неколку случаи ќе биде дел од владиниот кабинет..Од опозицијата велат, реконструкцијата е само театар а во суштина ништо не се менува ... Јон Фрчковски - член на Извршниот одбор „Освен бизнис партнер на мицкоски и дел од ...
Пропадна уште еден обид на пратеничклите групи во законодавниот дом да ги пеглаат разликите околу изборниот законик кој го иницираше парламентарното мнозинство и премиерот Мицккоски. Вели владата е спремна на сите отстапки само да се најде соодветен модул дијаспората да може да го изразува своето право на глас а за се друго вели е спремен да го прифати на опозициските партии. Сепак опозициските партии во текот на денот и претходно излегоа со ...
Чистење на двор кај една од куќите во близина или спој на лабави жици помеѓу две бандери се првичните индиции за причините за пожарот што вчера попладне избувна на тврдината Исар во Штип. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов на денешната прес-конференција во Штип истакна дека сè уште се утврдува што точно го предизвикало пожарот, кој ги вознемири жителите од оваа населба. Освен на Исарот, вчера драматично и ...
Ребалансот на Буџетот ги судри власта и опозицијата – во Собранието втор ден расправа во комисијата за финансирање и буџет. Власта тврди - средствата се насочуваат кон развој, опозицијата обвинува дека е резултат на недомаќинско трошење и се сомнева дека парите не се за нови проекти туку за покривање на долговите. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска вели дека за тоа дали буџетските средства се правилно распределени најдобро ...
Со натпреварот меѓу Канада и Мароко вечерва започнува осминафиналната фаза на Светското фудбалско првенство, додека вториот четвртфиналист ќе биде познат по пресметката меѓу Франција и Парагвај. Канада, еден од трите домаќини на Светското првенство, беше првата што стигна до осминафиналето. Во Лос Анџелес, ја победи Јужна Африка со 1-0 во судиското продолжение. Голот го постигна Стефан Еустакио, со што Канада прв пат во својата историја се ...
Два одделни случаи на насилство меѓу малолетници со употреба на нож се случиле во текот на истиот ден во Скопје, при што повредени се 12-годишно и 15-годишно момче. Според информациите, првиот инцидент се случил во населбата Шуто Оризари, каде 12-годишно дете било нападнато со нож од друг малолетник и завршило во болница со повреди. Полицијата работи на целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности. Вториот случај е ...
Изгаснат е големиот пожар кој вчера беснееше во атарите на Пробиштипските села Неокази, Бучиште и Ратавица, вели за МИА командирот на Територијалната Противпожарна единица (ТППЕ) Милан Терзиќ. Тој истакна дека пожарот е изгаснат синоќа околу 20 часот, а денеска се прават контроли и екипите на ТППЕ-Пробиштип го догаснуваат она што од вчера е останато. Забележува дека првите проценки за штетите од вчерашната голема огнена стихија се големи. ...