Скопје
30ᴼ /
30ᴼ
Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска трет ден продолжува со амандманска расправа за ребалансот на Буџетот. Поднесени се вкупно 224 амандмани од кои 90 се од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и пет од ВРЕДИ. Вкупните приходи во ребалансот се проектирани на 379,2 милијарди денари, што е зголемување за речиси 4,2 милијарди денари или 1,1 отсто во однос на иницијалниот буџет за 2026 година. Вкупните расходи се проектирани на 425,2 ...
Серискиот убиец од Старо Нагоричане седнува на обвинителна клупа. 25-годишниот Т. Б. Од село Малотино е обвинет за 4 убиства и два обида за убиство на жени. Обвинителството наведува дека, имајќи во предвид дека со умисла лишил од живот повеќе лица, за делата е предвидена казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор. Истрагата утврдила дека делата биле извршувани од ниски побуди. Од јануари 2025-та до февруари годинава, обвинетиот ...
„На вчерашната седница Извршниот одбор на СДСМ дискутираше за повеќе актуелни теми“, велат од партијата. „ИО изрази сериозна загриженост за лошата економска состојба во земјата и влошениот животен стандард на граѓаните, во Буџетот нема пари, власта трупа нови долгови и со ребалансот состојбата со долговите се влошува. СДСМ ќе продолжи да се бори против погрешните економски и криминални политики на владата на Мицкоски, во интерес на граѓаните ...
ВМРО-ДПМНЕ тврди дека по преземањето на власта поставила стратешка цел Македонија да стане клучна сообраќајна крстосница на Балканот и дека во изминатите две години се работи со засилено темпо на реализација на инфраструктурните проекти. Во партиското соопштение се наведува дека во употреба се пуштени експресните патишта Градско–Фариш и Страцин–Крива Паланка, а интензивно продолжуваат градежните работи на автопатските делници Тетово–Гостивар, ...
Во Собранието денеска ќе заседаваат шест комисии – Комисијата за социјална политика, демографија и млади, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за прашања на изборите и именувањата, Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија. Пред членовите на Комисијата за социјална политика, демографија и млади е Годишниот извештај за работењето на Агенцијата за ...
Без вода денес од 8:30 часот до завршување на интервенцијата ќе останат корисниците од улиците „Гемиџиска“ и „Филип Филиповиќ“ во општина Гази Баба, а во периодот од 8:30 до 14:30 часот можен е намален притисок или прекин во водоснабдувањето во делови од Бардовци. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) на Град Скопје, прекинот на водоснабдувањето во Гази Баба е поради изведување водоводен приклучок со пречник од ...
Вечерва ќе се одржи осмото издание на винскиот салон „Вино на штикли“, настан кој веќе прерасна во препознатлива градска приказна за виното, стилот, музиката и софистицираното уживање. И оваа година, настанот ќе понуди богато винско доживување преку внимателно селектирани над 200 вина од домашни и странски винарии. Настанот останува верен на својата препознатлива енергија да ја слави женственоста, самодовербата, креативноста и љубовта кон ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) до Основниот кривичен суд – Скопје поднесе обвиненија против четири лица од поранешното раководство на пропаднатата „Еуростандард банка“ АД Скопје. Како што соопштија од ОЈО ГОКК, три лица се товарат за кривичното дело предизвикување стечај на банка, додека едно лице е опфатено со обвинителен предлог за несовесно работење во службата. Според обвинителниот ...
Централната команда на САД (CENTCOM) издаде соопштение на социјалните мрежи во кое се вели дека операцијата се спроведува по налог на претседателот Доналд Трамп. Во соопштението се додава дека целта на нападите е „понатамошно деградирање на способноста на Иран да ја загрози слободата на пловидба низ Ормутскиот теснец“. Нападите следеа по извештаите на иранските медиуми за експлозии на југот од земјата, во Бандар Абас и Сирик. Доналд Трамп ...
Во собраниската Комисија за финансирање и буџет попладнево заврши вториот ден од расправата по поднесените амандмани на предлог-ребалансот на буџетот. Беа разгледани и одбиени околу 20 амадмани поднесени од ДУИ, СДСМ и Левица. Поднесени се вкупно 224 амандмани од кои 90 се од ДУИ, 78 од СДСМ, 51 од Левица и пет од ВРЕДИ. Левица со поднесените амандмани бараа средства за изградба на центар за селекција на отпад кај депонијата Дрисла, за ...
НАТО самит во Анкара...32-те земји – членки на алијансата, ги договараат инвестициите во одбраната, развојот на одбранбената индустрија и помошта за Киев... Во турската престолнина присутна е и македонска делегација...Во услови на зголемени тензии на Блискиот Исток и тековната војна во Украина, претседателката гордана силјановска вели : со политичка мудрост можеме да креираме решенија во служба на мирот и безбедноста Гордана Сиљановска ...
Министерството за здравство информира дека лекот фостер кој поскапе од триста на илјада и осумдесет денари во најбрзо време ќе биде достапен без доплата за пациентите - компанијата која е носител на одобрението за ставање во промет на лекот фостер што се наоѓа на позитивнатa листа на лекови го известила Министерството дека повторно ќе биде достапен без доплата. Ова доаѓа откако цената на лекот кој го користат огромен број на пациенти со ...
Заврши тендерската постапка за набавката на 150 автобуси. Од Министерство за транспорт и врски информираат дека во тек е евалуацијата на пристигнатите понуди. Од ресорното министерство не споделуваат информации кои и колку компании се пријавиле само брифираа дека конечната информација ќе бид есподелена во наредниот период. Додека се чека информацијата за тоа дали конечно автобусите ќе стигнат во Скопје министерот за транспорт, Алексдандар ...
По двата случаи на западно-нилска треска на инфективната клиника потврден е и случај на маларија. Станува збор за пациент кој патувал во Занзибар. Откако пројавил симптоми на висока температура и треска веднаш се јавил на клиниката каде бил задржан на болничко лекување. Д-р Фадил Цана – Директор на УК за инфективни болести: „Поради тоа што престојувал на тоа место директно се јавил на инфективната клиника, по прегледот и иследувањата од ...
Бактеријата салмонела е причинител за масовното труење со храна кај вработените во прилепската компанија „Микросам“, според епидемиолошките анализа од Центарот за јавно здравје во Прилеп. Здравствените тегоби кај работниците се појавиле откако консумирале оброк доставен од кетеринг фирмата со која соработувале на 29 јуни, кога на вработените им биле понудени макарони со јајца и изварка. Од вкупно 58 работници кои го консумирале овој оброк, ...
Повисоки камати, помалку пари за развој и поголем товар за јавните финансии во иднина. Фискалниот совет предупредува дека новите задолжувања ќе го зголемат трошокот за сервисирање на јавниот долг и ќе остават помалку простор за инвестиции и за справување со идни економски шокови. Советот оценува дека ребалансот се носи во услови на зголемена глобална неизвесност поради геополитичките конфликти и ценовните шокови. Поради тоа, смета дека е ...
Несекојдневен инцидент се случил рано утринава во Штип. Багер неовластено урнал дел од куќа на улицата Димо Хаџи Димов, додека внатре спиеле двајца браќа. Пред камерата на 24, 44 годишниот штипјанец, Џенгис Сефери раскажува дека багерот со својата корпа двапати удрил во ѕидот од куќата, за која тврди дека објектот е легален и дека не станува збор за дивоградба, притоа предизвикувајќи оштетување на дел од објектот и вознемиреност кај сите ...
Поднесено обвинение против четири лица кои стојат зад пропаста на „Еуростандард банка“ и штета од над 27 милиони евра на сметка на доверителите. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ги гони Трифун Костовски, неговиот син Коста Костовски, Николчо Петковски и Зоран Николовски за предизвикување на стечај и за несовесно работење во службата. Петковски е првообвинет и тој како претседател на Управниот одбор и член на ...
Иако беа предвидени за вчера, завршните зборови за случајот „ДКСК“ се одложија за денеска. Во предметот „ДКСК“ е обвинета поранешната антикорупционерка Татјана Димитровска за оддавање службена тајна и за компјутерски фалсификат. Во случајот поврзан со „Адитив“, ТЕЦ Неготино, одбраната на првообвинетата Билјана Петровска Мантева во дополнение на доказната постапка изведе доказ документ кој на 18.9.2024г. преку „Вац ап“ комуникација од нејзина ...
МВР поднесе кривични пријави против четири деца и петмина родители по случајот со насилството врз 12-годишно девојче во скопската населба Аеродром. Две малолетнички се товарат за „насилство“,еден малолетник за „поттикнување“ и уште еден малолетник за кривичното дело „неовластено снимање“. Против родителите е поднесена кривична пријава за делото „запуштање и малтретирање на дете“. Законските одредби предвидуваат затворски казни. МВР поднесе ...
ЕУ е создадена со доверба, не со гаранции - уставните измени се неопходност за старт на преговорите. Ваква порака испрати Марта Кос еврокомесарката за проширување од Скопје. Изјави дека ја охрабрува владата да го почне процесот за вметнување на Бугарите во уставот и порача дека ЕУ ќе работи заеднички на патот кон полноправно членство. - Проширувањето на ЕУ не е изградено на гаранции кои што се даваат однапред, туку се гради врз доверба, ...
Иако се најде на дневен ред на седница пред уставните судии иницијативата на Левица за оценување на уставноста на делови од Изборниот законик поврзани со платеното политичко рекламирање сепак одлуката и гласањето ќе почека за некоја наредна седница поради тоа што судот немаше мнозинство за да одлучува . Сепак за време на дискусијата дел од уставните судии ги изнесоа своите гледишта откако претходно судијата известител предложи да биде ...
За опозицијата, прашање од клучно значење, а за премиерот – политичка естрада. Изборниот законик повторно ја бранува политичката јавност во државата, во пресрет на посетата на еврокомесарката за проширување, Марта Кос. Од политичката партија Левица и денеска останаа на ставот дека е потребно да се постигне консензус, со кој во иднина народните претставници во Собранието ќе се избираат во една изборна единица. Оттаму, ова го поставија како ...
Вечерва СДСМ е пред можеби најтешкиот внатрепартиски испит по изборниот дебакл. Во 19 часоooт Извршниот одбор ќе заседава во обид да одговори на кризата што ја отвори платформата „12:05 – Разговори за иднината“, а која ги извади на виделина длабоките поделби во партијата. По обвинувања меѓу раководството и иницијаторите на платформата, сите погледио вечерва се вперени кон лидерот Венко Филипче. Ќе се бара ли смирување на тензиите или ќе ...
Судски совет едногласно ја избра судијката Даниела Димовска за претседателка на скопскиот Кривичен суд. Противкандидат на Димовска беше судијата Ивица Стефановски. Членот на Советот, Ивица Николовски посочи дека за жал од 50 судии од судот кои ги исполнуваат условите за челната позиција, жално е што се пријавиле само двајца кандидати. Претседателот на Советот, Александар Камбовски посочи дека недозволиво е постапките да траат долго и треба да ...
Со сослушување на сведоци и изведување на видео докази продолжи судскиот процес против 13 полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“. Сведокот Сара Стојановска сведочеше дека на кобната вечер била на концертот заедно со седум другарки. Раскажуваше дека кога настанал пожарот и кога почнале да одат накај излезот настанало стампедо, се стркалала по скалите и ...
Фудбалската федерација на Португалија соопшти дека ја прекинува соработката со шпанскиот тренер Роберто Мартинез, кој ја предводеше Португалија на Светското првенство. Португалскиот тим беше единствениот од европските репрезентации што не успеа да го мине осминафинале по поразот од Шпанија (0:1). „ФПФ му се заблагодарува на Мартинез и на неговиот стручен штаб за професионализмот и посветеноста во изминатите 3,5 години. Во тој период ...
По завршувањето на Светското првенство репрезентацијата на Хрватска остана без селектор. По денешниот состанок со претседателот на ХНС Маријан Кустиќ договорено е Далиќ да ја напушти функцијата селектор на Хрватска. „Скромно доаѓање. Незаборавен пат. Достоинствено простување. По девет години селекторот Златко Далиќ донесе одлука да ја заврши неверојатната ера на чело на „ватрените“. Селекторе, благодарност за победите, успесите, пласманите, ...
Лидерите на НАТО денеска ја потврдија својата „железна посветеност“ на колективната одбрана и единството на алијансата, изјавувајќи дека „напад врз еден е напад врз сите“ во декларацијата на самитот усвоена во Анкара. Во Декларацијата од самитот во Анкара се вели дека сојузниците остануваат посветени на Член 5 од Вашингтонскиот договор, трансатлантската врска и пристапот од 360 степени кон одвраќањето и одбраната, опишувајќи го „единството, ...
Цените на нафтата скокнаа за речиси три проценти откако САД започнаа нови напади врз Иран по објавата дека Техеран нападна три брода во Ормуската Теснина. Цената на суровата нафта од типот Брент, која се смета за меѓународен стандард, рано утрово скокна за 2,6 проценти на 76,09 долари за барел, додека цената на американската референтна сурова нафта исто така се зголеми за 2,6 проценти на 72,25 долари за барел, објавија американските медиуми и ...