Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека Русија ќе преземе соодветни контрамерки доколку нуклеарно оружје биде распоредено во балтичките земји. „Спротивно на очекувањата на земјите што донесуваат такви одлуки, тоа нема да им донесе поголема безбедност“, рече Песков на прес-конференција, коментирајќи ја одлуката на Литванија да покрене постапка што би можела да овозможи распоредување нуклеарно оружје на нејзина територија, ...

Собраниската комисија за финансирање и буџет денеска ја продолжи расправата по поднесените амандмани на предлог-ребалансот на буџетот. Разгледани се седум амадмани поднесени од ДУИ, СДСМ и Левицата. Со амандманите се бараа средства за граничниот премин Блато, за реновирање објекти за припадниците на полицијата, како и средства за поддршка на инвестиции во индустријата и средства за поддршка за мали и средни претпријатија. Со еден амандман од ...

Повеќе од десетина амандмани на Предлог-ребалансот на Буџетот поднесени од Левица, ДУИ, СДСМ се разгледани попладнево на седницата на собраниската Комисија за финансирање и буџет и не се прифатени од заменик-министерот за финансии Николче Јанкуловски. Со амандманите се бара: одвојување буџет за реализација на проектот хидроелектрана Чебрен, средства за уредување на коритото на реките Радика и Црн Дрим и критичките порои во Дебарскиот регион, ...

Во Основниот кривичен суд во Скопје денеска продолжи судскиот процес против 13 полициски службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, поврзани со трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“. На денешното рочиште, јавната обвинителка Спасенка Андонова прво продолжи со изведување докази на Обвинителството. Во судницата беа пуштени видео - снимки, за кои беше кажано дека се од внатрешноста на дискотеката „Пулс“, каде ...

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека не сака да тргува со Шпанија, нарекувајќи ја „ужасен партнер“ во НАТО. „Не сакаме повеќе да правиме никаква трговска размена со Шпанија. Патем, би сакал да ја пресечете. Шпанија е ужасен партнер во НАТО. Тие не учествуваат, не плаќаат. Не сакам ништо да имам со Шпанија“, рече Трамп на маргините на самитот на НАТО во главниот град на Турција, Анкара. Трамп, исто така, му нареди на ...

Повеќе кантијанизам од макијевализам. Денеска би дакала да кажам дека мотото „Посилна Европа - посилно НАТО“ според мене значи дека проширена и обединета Европа е посилна Европа. Но, најсилната Европа е Европа што живее во мир и демократија базирана на принципи и вредности. Тоа е мојата порака - истакна претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во кусата изјава за медиумите пред состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на ...

Министерот за одбрана Владо Мисајловски вчера во Анкара, Република Турција учествуваше на повеќе активности и состаноци организирани во рамки на Самитот на Алијансата, меѓу кои и приемот за министри за одбрана, организиран од турскиот министер за национална одбрана, Јашар Ѓулер, Индустрискиот форум како и церемонијата за приклучување на Франција, Финска и Шведска кон Мултинационалната соработка за воспоставување на НАТО обука за летање во ...

Сега имаме можност, што се случува еднаш во генерацијата, да го оствариме проширувањето. Ова доаѓа со јасни избори. Оние што ги исполнуваат своите обврски напредуваат. Ова го гледаме најјасно во Црна Гора и Албанија. Оние што не ги исполнуваат своите обврски, заостануваат. Во моменти на забрзување, застојот значи фактичко назадување - вели во интервју за МИА еврокомесарката за преговори за проширување и соседска политика Марта Кос. Таа ...

Судијката Даниела Димовска е избрана за претседател на Основниот кривичен суд Скопје на денешната седница на Судскиот совет. Одлуката е донесена по спроведена постапка по јавен оглас, на кој апликации доставиле двајца кандидати - Даниела Димовска, судија и вршител на должност претседател на Основниот кривичен суд Скопје, и Ивица Стефановски, судија во истиот суд. Претседателот на Комисијата за избор, Ивица Николовски, информираше дека двете ...

Репрезентацијата на Швајцарија е последната која обезбеди пласман во четвртфиналето на Мундијалот откако синоќа по изведување на пенали ја победи Колумбија со 4:3, а дуелот заврши без голови. Нивни противник ќе им биде светскиот првак Аргентина, која со 3:2 го победи Египет. Во натпревар со многу тактизирање, двете репрезентации играа без премногу ризик и на крајот нерешениот резултат беше очекуван и пеналите го решија победникот. При ...

Лидерката на француската ултрадесничарска партија Национален собир, Марин Ле Пен најави дека ќе се канидидира на претседателските избори во Франција следната година и покрај тоа што е осудена за измама. Таа додаде и дека ќе ја обжали денешната одлука на Апелацискиот суд во Париз, со која е потврдена пресудата за проневера на пари од Европскиот парламент. Судот, претходно, ја ублажи воведената забрана за јавна функција, што не ја спречува Ле ...

На Факултетот за ликовни уметности - Сули ан вечер во рамки на годинашното „Скопско лето“ ќе се одржи мултимедијален перформанс под наслов „Тело од оган“ на Игор Јосифов. „Тело од оган“ го испитува прагот меѓу материјалната трансмутација и естетската појава. Уметникот зафаќа запечатена структура, изведувајќи го чинот на согорување како намерна уметничка методологија. Преку ова внатрешно согорување, уметничкото дело се материјализира на ...

„Држи се за мене“ на Мирсини Аристиду од Кипар ќе го отвори годинашното петто издание на Фестивалот на медитерански и балкански филм „Преку езерото“, што ќе се одржува од денеска до 15 јули во Дојран, Струмица и во Гевгелија. Во рамките на програмата на фестивалот ќе се одржат проекции на два филма во чест на Тони Наумовски, годинашниот лауреат на единствената награда за високо актерско достигнување во уметноста на филмот „Мето Јовановски“, ...

Собраниската Комисија за финансирање и буџет денеска втор ден продолжува со амандманска расправа за ребалансот на Буџетот. На првиот ден беа разгледани десетина амандмани со коишто се бараа повеќе средства за Министерството за односи со заедниците и за плати за вработените во одбраната и Армијата. Со дел од амандманите се бараше и зголемување на блок дотациите за општините наменети за противпожарните бригади и за изградба на објекти за ...

Американските вооружени сили извршија нови воздушни напади врз Иран, само неколку часа откако три трговски брода беа нападнати во Ормуската Теснина. Светските агенции јавуваат дека станува збор за нова ескалација во размената на удари меѓу двете земји, што дополнително го доведува во прашање привремениот договор за прекин на непријателствата. Според американски официјални претставници, нападите биле насочени кон повеќе воени цели и ...

Најмалку четири танкери за превоз на нафта и течен природен гас се откажале од пловидба низ Ормуската Теснинаи го промениле курсот, покажуваат податоците за следење на движењето на бродовите. Новите напади врз пловни објекти во тој стратешки важен поморски коридор дополнително ја зголемија загриженоста за безбедноста на пловидбата. До промената на рутите дошло откако во вторникот, во близина на теснината, беа оштетени катарски танкер за течен ...

Товарен авион со пет члена на екипажот синоќа исчезна во близина на пакистанското пристаниште Карачи, откако претходно почнал брзо да се спушта и изгубил контакт со контролата на летање на Обединетите Арапски Емирати. Пакистанската управа за цивилно воздухопловство објави на социјалните медиуми дека во тек се спасувачки операции во Арапското Море. Причината за исчезнувањето на авионот се уште не е позната. Авионот од типот „Боинг 737“ на „K2 ...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој попладне наместа долж Повардарието повремено ќе засилува. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 20, а максималната ќе достигне од 29 до 36 степени. Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. ...

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска на Самитот на НАТО ќе се обрати на состанокот на Северноатлантскиот совет на ниво на шефови на држави и влади, што се одржува во претседателскиот комплекс „Бештепе“ во Анкара. Во пресрет на самитот на НАТО, Сиљановска Давкова синоќа присуствуваше на приемот организиран од претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган. - Во духот на сојузништвото и меѓусебната почит, со шефовите на ...

Судскиот совет на Република Северна Македонија денеска треба да ја одржи 548-та седница на чиј дневен ред се повеќе точки, меѓу кои и усвојување на извештај со предлог листа на кандидати за претседател на Основен кривичен суд Скопје и донесување на одлука за избор на претседател на Основниот кривичен суд Скопје. На дневен ред, е и усвојување на измени и дополнувања на Годишната програма за работа на Судскиот совет за 2026 година, како и избор ...

Еврокомесарката за проширување Марта Кос денеска ќе пристигне во Скопје да разговара за патот на земјата кон ЕУ и напорите за реформи, со фокус на спроведувањето на агендата за реформи во рамките на планот за раст за Западен Балкан. До денес земјата доби 142,1 милиони евра во рамките на Инструментот за реформи и раст по напредокот во спроведувањето на клучните реформи. За време на посетата комесарката Кос ќе се сретне со премиерот Христијан ...

Министерката за образование и наука Весна Јаневска и првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали, заедно со комесарката за проширување на Европската Унија, Марта Кос ќе го посетат Државниот студентски дом „Стив Наумов“, каде се одвиваат активности за темелна реконструкција. На крајот на мај министерката Јаневска направи увид во работите на реконструкцијата на овој студентски дом. Јаневска тогаш изјави дека ...

Од партијата оценуваат дека темата за дијаспората претставува, како што велат, одвлекување на вниманието од суштинската потреба за воведување на една изборна единица, која според нив е неопходна за обезбедување поправеден и порелевантен изборен процес. „Единствената точка за изборниот законик е една изборна единица и ништо друго. Спинот со дијаспората е само одвлекување внимание од јавноста од воведувањето една изборна единица, која овојпат е ...

Венко Филипче планира од утре да расчисти и да им ја затвори вратата на екс функционерите на СДСМ од иницијативата 12:05, и да не ги повикува повеќе сопартијците од иницијативата на во СДСМ, но отттаму не прецизирата како тоа ќе се однесува и на актуелната пратеничка Славјанка Петровска и на градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски, доколку првиот опозионер остане на ставот дека не планира да ги исклучува од СДСМ ., брифира з атв 24 ...

Пратеничкиот мандат не е привилегија туку доверба дадена од граѓаните а усвојувањето на пратеничкиот кодекс не треба да биде архивиран само на хартија туку да функционира и во пракса . Вака собранискиот спикер Гаши го отвори денешниот настан промовирајќи ги вредностите и правилата содржани за пратениците пред дипломатскиот кор во земјата . Сепак Гаши додаде дека јавниот интерес мора да биде над личниот врз основа на аргументи а не навреди во ...

Втор ден по ред јавните институции низ цела Бугарија добиваат известувања за закани со поставени бомби, а властите добија повеќекратни предупредувања за наводно поставени експлозивни направи, објави денеска бугарското Министерство за внатрешни работи. Пријави за поставени бомби се упатени во институциите во Бургас, Јамбол, Разград, Стара Загора, Смолјан, Трговиште, Варна, Добрич, Силистра, Велико Трново, Благоевград, Ловеч, Пазарџик, Видин, ...

Најмалку 18 лица, вклучувајќи четворица полицајци, беа повредени денеска во двете детонации на импровизирани експлозивни направи во Дамаск, соопшти Министерството за внатрешни работи, јавува ДПА. Сирискиот Центар за мониторинг на човековите права, група со седиште во Велика Британија, соопшти дека по почетната експлозија за неколку секунди следела уште една посилна експлозија, во близина на хотелот каде што престојува францускиот претседател ...

Венко Филипче планира од утре да им ја затвори вратата на екс функционерите на СДСМ од иницијативата 12:05, но отттаму не прецизирата како тоа ќе се однесува и на актуелната пратеничка Славјанка Петровска и на градоначалникот на Крива Паланка Сашко Митовски, доколку првиот опозионер остане на ставот дека не планира да ги исклучуа од СДСМ . Според информациите на ТВ 24 на утрешниот состнок ќе се дебатира за Платформата, но и за како што велат ...

Износот на дневниците, кои достигнуваат нешто над 10 евра, и нерешените барања од страна на Министерството за правда и Судскиот совет се причина за мирниот протест на судиите-поротници во Основниот кривичен суд Скопје, поради што ќе бидат одложени дел од судските расправи. Од кривичен со поддршка за колегите поротници.... Основен кривичен суд Скопје „Судиите-поротници при Основниот кривичен суд Скопје, почнувајќи од 7 јули 2026 година, ќе ...

Нема земја кандидат која добила гаранции од ЕУ дека во преговорите нема да се појави друг спор — тоа е реалноста која мора да се прифати. Ваква порака испрати еврокомесарката за проширување Марта Кос во интервју за МИА, на еден ден пред посетата на Скопје. Во пресрет на утрешната тет а тет средба со Мицкоски, Кос денеска порача дека напредокот во преговорите бара клучен елемент – доверба меѓу членките и кандидатките и дека тоа е начинот на ...

weather icon

Скопје

30ᴼ / 30ᴼ
2.06
23%
1013
weather icon

Белград

29ᴼ / 28ᴼ
6.5
34%
1015
weather icon

Загреб

32ᴼ / 31ᴼ
1.54
28%
1013
weather icon

Софија

25ᴼ / 24ᴼ
4.63
31%
1017
weather icon

Сараево

27ᴼ / 27ᴼ
3.56
26%
1016
weather icon

Љубљана

32ᴼ / 25ᴼ
2.06
58%
1014
weather icon

Атина

27ᴼ / 25ᴼ
5.14
50%
1014
weather icon

Тирана

30ᴼ / 28ᴼ
3.6
39%
1013
weather icon

Подгорица

32ᴼ / 32ᴼ
4.63
27%
1012
weather icon

Букурешт

27ᴼ / 26ᴼ
3.13
33%
1017
weather icon

Будимпешта

32ᴼ / 30ᴼ
2.57
23%
1014
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 23ᴼ
10.29
85%
1014
Currency

61.4762

Currency

53.2218

Currency

71.9634

Currency

37.6704

Currency

38.3539

Currency

65.3905

Currency

7.89266

Currency

0.63222

Currency

0.33409

Currency

0.52502

Currency

1.11186

Currency

0.55759

Кобалт

45.39

Родиум

282926.57

Паладиум

41731.67

Иридиум

252383.36

Бакар

13.28

Сребро

2080.30

Цинк

0.00

Платина

56103.05

Алуминиум

3.25

Злато

140678.81

Рутениум

53852.50

Калај

56.34