Високите температури и топлотниот бран но и можните намерни потплаувања на сува трева и годинава предизвикуваат пожари на територијата на цела Македонија. Општините се мобилизираат и координирано со Дирекцијата за заштита и спасување и ЦУК ја следата состојбата. Критичниот пожар во струмичко Ново Село кој беше закана за куќитее локализиран и ставен под контрола. На терен и денска е тим од 20 тина луѓе од доброволните противпожарни здруженија ...

Премиерот Христијан Мицкоски не е оптимист дека ќе постигнат договор со опозицијата за донесувањето на Изборниот законик за што рокот истекува денеска, но сепак ги повика претставниците на опозицијата на одговорност. Нека се договорат, рече, за неговата содржина, во која ќе биде вклучено и гласањето на дијаспората, и тој веднаш ќе биде усвоен. Мицкоски потенцира дека не се вистинити тврдењата на опозицијата оти Изборниот законик не е дел од ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, синоќа присуствуваше на свечениот прием по повод Националниот празник на Франција – 14 Јули, организиран од Француската амбасада и амбасадорот Кристоф Ле Риголер. - Ми беше чест вечерва да присуствувам на приемот по повод Националниот празник на Франција, организиран од Амбасадата на Франција во Скопје и Н.Е. амбасадорот Кристоф Ле Риголер. Македонија и Франција ги поврзуваат силно пријателство, блиска ...

Најдоброто од Скопје ќе одекне во Њујорк, напиша утрово скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски на Фејсбук. Тој појасни дека денеска бил посетен од страна на оркестарот при СУГС Гимназија „Орце Николов“. Градоначалникот истакна дека станува збор за млади талентирани музичари кои, иако оркестарот е формиран во 2024 година, за исклучително кратко време бележат сериозни успеси и освојуваат значајни домашни и меѓународни признанија. - Тие се ...

Собранието денеска ќе ја одржи 111. седница, на чиј дневен ред се вкупно 22 точки, меѓу кои и Законот за изменување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во трето читање. На денешната собраниска седница, на дневен ред се и опозициските пратенички прашања. Пред пратениците се и Законот за изменување на Законот за Царинската тарифа, во трето читање, Предлог на законот за соодветна и правична застапеност во второ читање, Предлог ...

Од Управата за хидрометеоролошки работи информираат дека времето денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 21, а максималната ќе достигне од 32 до 39 Целзиусови степени. Во Скопје, исто така, сончево време со мала до умерена ...

Духот на „Илинден“ – симбол на слободата, единството и непокорниот дух на македонскиот народ, длабоко кореспондира со кинеската почит кон културното наследство и зачувувањето на националниот идентитет. Затоа, вечерашниот концерт е многу повеќе од културен настан, тој е прослава на пријателството меѓу народите на НР Кина и Македонија, истакна вечерва амбасадорката Џианг Сјаојaн, на отворањето на интернационалниот фестивал „Илинденски денови“ ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп денеска во Белата куќа се сретна со ирачкиот премиер Али ал Заиди, при што е потврден претходно објавениот распоред за повлекување на американската армија од Ирак. - Американската војска целосно ќе се повлече од Ирак до 30 септември, наведе ал Заиди, додека Трамп изрази уверување дека повеќе нема потреба силите да бидат на ирачка територија. Тој додаде дека САД се подготвени да помогнат доколку на Ирак му е ...

Иранската новинска агенција Фарс јави дека попладнево регистрирани се неколку експлозии на островот Кешм, во близина на Ормуска Теснина. Фарс наведе дека областа Масан на островот Кешм изминатите денови беше неколку пати нападната од американскиот непријател. Претходно, државната Иранска новинска агенција (ИРНА) јави дека проектили погодиле четири локации во градот Бушер, со што „продолжува кршењето на примирјето од страна на американскиот ...

Европска унија и Велика Британија денеска во Брисел потпишаа договор со кој се укинуваат граничните контроли и се овозможува слободно движење на луѓе и стоки помеѓу Шпанија и територијата Гибралтар, кој е под британска контрола. Договорот беше потпишан од европскиот комесар за трговија Марош Шефчович и британскиот министер за Европа, Стивен Доути, а присуствуваше и премиерот на Гибралтар, Фабијан Пикардо. Договорот ги отстранува сите физички ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп се откажа од предлогот за воведување такса од 20 проценти за бродовите што пловат низ Ормуска Теснина и објави трговски и инвестициски договори со земјите од Персиски Залив. Тој вчера изјави дека САД треба да бидат финансиски компензирани за нивната улога во заштитата на слободната пловидба и безбедноста на меѓународната трговија во Персиски Залив, особено ако Иран наметне свои такси за премин низ Ормуска ...

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Убиство според член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик. Осомничениот 30-годишник, на 12 јули, со умисла го лишил од живот својот татко. Откако во домот дошло до расправија и физички напад меѓу таткото и мајката на осомничениот, синот зел нож и во дворот го нападнал таткото, ...

Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против една 18-годишна девојка, а за две малолетнички на возраст од 15 и 14 години е поднесено барање за поведување подготвителна постапка до судијата за деца при Основниот суд во Куманово, бидејќи заедно учествувале во дејствија на кривично дело – Насилство согласно член 386 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот законик. Ккао што информира Јавното обвинителство на РСМ, на 13 март ...

Судир на гигантите, вака се најави натпреварот Шпанија и Франција кои се соочија во битка за финалето во Арлингтон, Далас. Црвената фурија и триколорите влегоа со една цел, место во финалето. Франција стигна до оваа фаза откако ги совлада Шведска во осминафиналето, Парагвај во осминафиналето и Мароко во четвртфиналето. Шпанија ја започна нокаут-фазата со триумф над Австрија, потоа ја елиминираше Португалија, а во четвртфиналето ја победи ...

Поради зголемена опасност од ширење на пожарот и опасност по црквата Св. Петар и Павле, во гаснењето ќе бидат вклучени два „ер трактори“ на ДЗС кои ќе помогнат на струмичките пожарникари и на доброволците од ДПД Рис и граѓани кои помагаат во заштита на црквата. Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, соопшти дека поради опасноста од натамошно ширење на огнот треба да бидат вклучени и два ер-трактори на ДЗС. Пожарот ...

Зад радарот на јавноста, се бара решение за деблокада на патот на Македонија кон ЕУ. Без да открие детали, евроамбасадорот Михалис Рокас денеска изјави дека се прави многу работа, која не е видлива, но има една цел – деблокада на евроинтеграциите. Рокас кратко порача дека се надева на решение кое наскоро ќе ја отвори вратата за Македонија кон Европската Унија. Јас навистина се надевам дека работите ќе можат да се придвижат напред. Мислам дека ...

Во мала, трошна и стара куќа во срцето на градот под Исарот живее Вида Стојанова. Годините не и тежат толку колку условите во кои секојдневно се буди. Таа пред камерата на 24 објаснува дека третата доба ја поминува сосема сама, но, како што вели, стравот дека ќе и падне таванот врз глава или пак болеста ќе ја надвладее и ќе нема да може да се движи ја натерал помош да побара од институциите. Оставена сама на себе, сега старата и болна баба ...

Според вештото лице од МВР, нема контаминација во трагите на ДНК на сега обвинетиот апелационен судија Ѓоко Ристов-пронајдени на алуминиумските фолии во кои биле завиткани 350.000 евра и соѕидани во куќа на неговите родители во Неготино. Ана Лалевска-вештак „Во конкретното вештачење, во трагите има ДНК профил на лицето Ѓоко Ристов.“ За обвинителката Искра Хаџи Василева, тоа што одбраната го спори овој доказ е обид за манипулација, а според ...

Државната ревизија ја прочешла документацијата за 2024 година на Јавното претпријатие Комунална Хигиена Скопје. Според наодите на ревизорите компанијата има проблем со наплататата на нивната услуга, потоа забележано е нерационално управување со залихите, но констатирана е и намалена ликвидност. Тоа што сериозно загрижува е нефункционалноста на возниот парк кој е со просечна старост од 15 години. Податоците велат дека од вкупно 189 специјални ...

14 јули 1789 година – падот на Бастилја, симболот на апсолутистичката монархија, еден од клучните моменти на Француската револуција и почеток на крајот на стариот политички поредок во Франција. Два века подоцна, Франција го одбележува Денот на Бастилја со традиционалната воена парада во Париз, во присуство на претседателот Емануел Макрон, европски лидери и претставници на сојузничките држави. Делегацијата од земјава ја предводеше ...

Кривични пријави против три девојки кои физички малтретираа малолетничка во Куманово, прво ја понижувале потоа физички ја нападнале. Основното јавно обвинителство Куманово поведе постапка против една 18-годишна девојка, а за две малолетнички на возраст од 15 и 14 години е поднесено барање за поведување подготвителна постапка до судијата за деца при Основниот суд во Куманово, бидејќи заедно учествувале во дејствија на кривично дело – ...

Охридските плажи и ресторани го живеат екот на летната сезона исполнети со туристи, но и годинава цените на услугите се главна тема за разговор на сите јазици. И додека дел од домашните гости велат дека охридското лето одамна станало луксуз со сериозни математики, изненадување има и кај странците. Оние кои допатуваа со очекување за евтина балканска авантура, се соочуваат со реалноста дека Охрид повеќе не е дестинација „за без пари“.Сепак, ...

Ослободителна пресуда за Никола Груевски во случајот Талир 2. Повтореното судење кое се однесуваше на изградбата на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, го ослободи од вина екс премиерот. Од кривичен велат – одлуката се должи на контроверзните измени на Кривичниот законик ...Иако тие интервенции на прв поглед делувале незначително, како што велат од судот, на крајот суштински ги промениле елементите на кривичното дело .. Судот смета и дека обвинителите ...

Партиите да ги искористат овие два дена и да ги испеглаат разликите околу изборниот законик, бидејќи утре истекува и дополнителниот грејс период за овој реформски закон кој доколку се донесе државата ќе добие нови 4,2 милиони евра од ЕУ за нејзините граѓани. Ова е пораката на евроамбасадорот Рокас кој и денеска одговарајќи на новинарско прашање на оваа тема порача дека се уште е оптимист дека партиите ќе се договорат. Иако имаше првично ...

Извинување во празна сала, кога ниту еден пратеник од опозицијата не беше присутен. Вака лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, кој пак не беше присутен на седницата, реагираше на извинувањето од премиерот Христијан Мицкоски за инциденот кој се случи во Собрание меѓу новоизбраниот министер за локална самоуправа Иван Стоилковиќ и пратениците од СДСМ Митко Трајчулески и Фатмир Битиќи, но и навредите кои Мицкоски ги упати до Битиќи. По што ...

Зад радарот на јавноста, се бара решение за деблокада на патот на Македонија кон ЕУ. Без да открие детали, евроамбасадорот Михалис Рокас денеска изјави дека се прави многу работа, која не е видлива, но има една цел – деблокада на евроинтеграциите. Рокас кратко порача дека се надева на решение кое наскоро ќе ја отвори вратата за Македонија кон Европската Унија. Јас навистина се надевам дека работите ќе можат да се придвижат напред. Мислам дека ...

Основниот кривичен суд Скопје денеска ја осуди поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) Татјана Димитровска на единствена условна казна затвор од една година за кривичните дела оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат. Судот ја прогласи Димитровска за виновна за оддавање службена тајна, за што ѝ утврди казна затвор од осум месеци, како и за компјутерски фалсификат, за што ѝ е утврдена казна ...

Францускиот селектор Дидие Дешан изјави пред денешното полуфинале на Светското првенство против Шпанија дека најдобриот стрелец на неговиот тим, Килијан Мбапе, е „100 проценти подготвен“ за натпреварот. Мбапе во четвртфиналето против Мароко пред пет дена го напушти теренот во 76. минута поради повреда на десниот глужд, а подоцна на клупата за резерви беше виден како става облога со мраз на повреденото место. „Килијан се чувствува добро, тој е ...

Поранешниот претседател на Судскиот совет, Сашко Георгиев, денеска беше избран за судија на Апелациониот суд Штип во рамки на одлуките што ги донесе Судскиот совет на 549-та седница. Покрај Георгиев, Советот избра уште петмина судии во Апелациониот суд Штип и една судијка во Вишиот управен суд. За судија на Вишиот управен суд е избрана Едита Насковска, досегашен судија во Управниот суд. Советот донесе одлука и за избор на шест судии во ...

Управата за финансиска полиција до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против три физички лица, управители и сопственици на едно правно лице, како и против самото правно лице, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „Даночно затајување“ од член 279 од Кривичниот законик. Како што се наведува во соопштението на Финаниска полиција првопријавениот Д.П. во својство на управител, заедно со ...

weather icon

Скопје

2ᴼ / 2ᴼ
1.54
81%
1027
weather icon

Белград

3ᴼ / 2ᴼ
2.06
81%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
1.03
72%
1028
weather icon

Софија

7ᴼ / 0ᴼ
2.06
56%
1028
weather icon

Сараево

4ᴼ / 4ᴼ
1.26
92%
1029
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
1.54
83%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
3.13
63%
1026
weather icon

Тирана

13ᴼ / 9ᴼ
1.54
75%
1023
weather icon

Подгорица

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
76%
1024
weather icon

Букурешт

6ᴼ / 5ᴼ
5.14
59%
1031
weather icon

Будимпешта

5ᴼ / 3ᴼ
1.34
72%
1029
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 7ᴼ
4.63
87%
1028
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Кобалт

33.53

Калај

46.54

Паладиум

32279.35

Родиум

295786.87

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Иридиум

315077.32

Рутениум

61086.42

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07