Скопје
3ᴼ /
3ᴼ
Ребалансот на Буџетот за 2026 година не е последица на проблеми со јавните финансии, туку претставува развоен документ со кој се обезбедуваат дополнителни средства за капитални инвестиции, поддршка на граѓаните и натамошен економски раст во услови на зголемена неизвесност на светските пазари, геополитички ризици и ценовни притисоци, посочува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Владата преку ребалансот на Буџетот за 2026 ...
Изградбата на пречистителната станица за отпадни води во Скопје, еден од најзначајните инфраструктурни и еколошки проекти во државата, се одвива со забрзана динамика, а досега се реализирани речиси 40 проценти од градежните работи. Станува збор за најголемиот и најсовремен еколошки проект во Македонија, кој опфаќа изградба на околу 60 објекти и има за цел трајно да го намали загадувањето на реката Вардар преку третман на отпадните води. Од ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска со највисоки државни и воени почести ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на земјава. По свеченета церемонија, Сиљановска-Давкова и Мурму заминаа на тет-а-тет средба, по што ќе биде одржан пленарен состанок на македонската и индиската делегација и заедничка прес-конференција на двете претседателки. Претседателката ...
Донесената забрана за користење на водата од гостиварскиот водовод, за пиење и за подготвување храна, останува во сила се додека со лабораториски анализи не се потврди нејзината безбедност. Продолжуваме будно да ја следиме состојбата и да преземаме соодветни законски мерки за целосно расчистување на случајот и за отстранување на причините кои довеле до оваа состојба и го загрозиле здравјето на граѓаните. Ја уверуваме јавноста дека нема да ...
Случајот со загадувањето на водоводната мрежа во Гостивар е сериозен инцидент кој директно го загрози здравјето на илјадници граѓани. Сакам јасно да кажам дека очекувам целосно да се утврдат сите факти и околности, како и да се утврди и кривична и морална одговорност за сите кои со своето постапување или непостапување придонеле за оваа состојба. Кога е загрозено здравјето на граѓаните, не смее да има компромиси, ниту прикривање на ...
Експлозии се регистрирани утринава во повеќе делови на Иран, додека американската војска соопшти дека завршила нов бран воздушни напади врз цели низ земјата. Ирански медиуми објавуваат дека експлозии се слушнале во Конарек, во југоисточната покраина Систан и Белуџистан, како и во пристанишниот град Чабахар на Оманскиот Залив. Иранската државна телевизија информира и за американски напади во близина на градот Шираз во јужниот дел на земјата, ...
Литванија на почетокот на јули покрена постапка за укинување на уставната забрана за распоредување нуклеарно оружје на својата територија, приклучувајќи се кон регионалниот безбедносен пресврт што во јуни го започна Финска меѓу членките на НАТО што граничат со Русија. Литванскиот претседател, Гитанас Науседа, соопшти дека парламентарните партии постигнале согласност од Уставот да се избрише членот 137, кој изречно забранува распоредување ...
Од Управата за хидрометеоролошки работи за денеска најавија сончево и многу топло време со мала до умерена локална облачност. Во попладневните и вечерните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за изолирано невреме со појава на град. Ќе дува слаб до умерен, а наместа повремено засилен ветер од северозападен правец. Температурата се очекува да се движи од 12 до 37 Целзиусови степени. Во Скопје, исто ...
Во Собранието денеска ќе заседаваат шест комисии - Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика, Комисијата за транспорт, дигитална трансформација, животна средина и просторно планирање, Комисијата за одбрана и безбедност, Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија, која во текот на денот ќе одржи две седници. На дневен ред на дел од комисиите се повеќе ...
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска со највисоки државни и воени почести ќе ја пречека претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, која престојува во дводневна официјална посета на земјава. По церемонија во Кабинетот на претседателката, ќе следи тет-а-тет средба, пленарен состанок на македонската и индиската делегација и заедничка прес-конференција на претседателките. Индиската претседателка пристигна во Скопје синоќа, ...
Обвинителството ги објави резултатите од анализата на примероците на вода во Гостивар од кои се констатира дека таа е многу загадена и не може да се употребува за ниту една намена. Отворена е истрага против директорката и уште двајца раководители на гостиварски „Комуналец“, кои се приведени. Основното јавно обвинителство Гостивар започна истражна постапка за тројцата приведени за „Тешки дела против животната средина и природата предизвикани ...
Основното јавно обвинителство Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка против три лица осомничени за тешки дела против животната средина и природата, откако, според истрагата, со нивни постапки била загадена водата за пиење што ја користат жителите на Гостивар и дел од околните села. Како што соопшти Обвинителството, осомничени се в.д. директорката на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, техничкиот раководител на Секторот за технички ...
Владата денеска донесе одлука за намалување на акцизите за нафтените деривати, но и покрај тоа, цената на дизелот и на бензинот од полноќ значајно ќе поскапат – дизелот за дури шест денари за литар, а бензините за три денари за литар. Попладнеднево Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека зголемувањето на малопродажните цени на нафтените деривати е во просек за 5,88 проценти во однос на претходната одлука од 13 јули 2026 година. ...
Вода од донации и пунктови, готови но се уште не објавени резултати од примероци земени од водата во Гостивар, уапсени тројца вработени меѓу кои и директорката на ЈП Комуналец Арта Асани, од Гостивар и револтирани граѓани на протест. Ова е билансот од четиридневната голгота низ која минуваат гостиварци од загадената вода поради која беше прогласена и епидемија. Според неофицијалните информации апсењата следуваат откако стигнал извештајот од ...
Собранието ја продолжи кризната состојба, а со тоа отвори пат владата да интервенира во акцизата која ја добива од продажбата на нафтени деривати. Со 88 гласа за и без ниеден глас воздржан или против одлуката за продолжување на кризната состојба беше усвоена од пратениците. Одлуката ќе важи до 20ти октомври. Антонио Милошевски – потпретседател на собранието 33.45 „Собранието ја донесе одлуката за изменување на одлуката за одобрување на ...
Синдикалната кошница за месец јули изнесува 68 498 денари, според Сојуз на синдикати на Македонија. Споредбено со минатиот месец, синдикалната кошница е намалена за 156 денари. Според пресметките најголем дел од семејниот буџет се трошат за храна и пијалаци, односно се излеваат 25 012 денари. Потоа следат трошоците за образование, облека и обувки, како и за станарина, вода, електрична енергија и греење-ставка која изнесува 6 379 денари. За ...
Бројката на гостиварци со симптоми на труење надмина три илјади, а и неколку дена по масовното труење во градот, Владата не ги кажува резултатите од анализите направени на водата од градскиот водовод. Иако сомнежите се дека токму водата е причина за труењето, министерот за здравство вели дека резултатите се уште не може да ги соопштат бидејќи биле направени по барање на обвинителството и се дел од истрага. Сашо Клековкси – Министер за ...
Преку системот „Безбеден град“ и со полициски дрон синоќа пронајдени се починати тројцата странски државјани кои за исчезнати беа пријавени вчера од косовски државјанин. Странците двајца државјани на Косово и еден од Турција загинале во сообраќајка. Возило со кое патувале излетало и се превртело на дел од автопатот Скопје - Блаце кој сè уште е во изградба и е затворен за сообраќај. Семејството со нив не успело да стапи во контакт уште во ...
Во пресрет на одлуката на УНЕСКО, дали Охрид ќе биде преместен на листата на светски наследства во опасност – власта и опозицијата во отворен клинч за тоа кој ја влошил состојбата. Опозициската СДСМ обвинува дека локалната власт нема реализирано ниту една препорака од мисиите на УНЕСКО, туку дополнително ја влошила состојбата со инфраструктурата, урбанизмот и дивоградбите. За локалната самоуправа пак обвинувањата на СДСМ се лицемерие, ...
Ќе има ли нов обиди да се одмрзнат преговорите на парламентарните групи за изборниот законик откако денеска Левица излегоа со соопштение дека ќе ги искористат сите правни, политички и демократски механизми за една изборна единица и покрај пробиените рокови. Од партијата додаваат дека пробиениот рок не го поништува барањето на граѓаните кое е нужно неопходно за изборен и фер демократски процес. Левица - Левица ќе ги користи сите политички , ...
Постапувањето на Јавното обвинителство во следниот период треба да биде брзо и експидитивно. Колку што е важно навременото постапување од страна на надлежните институции, толку е важно и утврдувањето одговорност со цел никогаш повеќе да не се случуваат вакви состојби - изјави денеска владината портпаролка Марија Митева во однос на случувањата во Гостивар, каде што е прогласена епидемија по зголемениот број пациенти со стомачни тегоби. Митева ...
Во 15 часот попладнево ќе почне средбата со производителите, трговците и дистрибутерите во Министерство за економија. Како што изјави заменик-министерот за економија Марјан Ристески, на средбата уште еднаш ќе биде испратена пораката дека не смее да се профитира на грбот на граѓаните. Нема да се толерира некоректност. Ако се констатира непазарно однесување и енормно зголемување на цените, не е исклучено да се преземат соодветни мерки. - На ...
Шпанската репрезентација го освои Светското првенство 2026 година во САД, Канада и Мексико. Во финалето, Шпанија ноќва ја победи Аргентина со 1:0 по продолженија. Феран Торес го постигна единствениот гол во 106. минута, по асистенција на Нико Вилијамс. Двајцата играчи влегоа како резерва за време на натпреварот. По основните 90 минути резултатот беше нерешен 0:0. Шпанија доминираше во текот на сите 120 минути и сосема заслужено го освои ...
Соединетите Американски Држави рано утринава извршиле нов бран воздушни напади врз Иран, на што Техеран возврати со ракетни и напади со дронови врз Јордан, Бахреин и Кувајт што дополнително ги зголеми стравувањата од проширување на конфликтот на Блискиот Исток. САД и Иран се повеќе се приближуваат кон отворена војна, откако привременото примирје постигнато минатиот месец пропадна, а пловидбата низ Ормуската Теснина е сериозно нарушена. Во ...
За денеска е закажан состанок со производителите и со дистрибутерите, на којшто ќе се разговара за продажните и набавните цени на основните производи. Како што кажа во четвртокот министерот за економија и труд Бесар Дурмиши, по седницата на Економско-социјалниот совет, контролите што ги спроведе Државниот пазарен инспекторат на над 700 производи покажале дека во периодот од мај 2025 година до мај 2026 година, просечните набавни цени кај ...
Кувајт соопшти дека неговата противвоздушна одбрана пресретнала непријателски дронови кои долетале од територијата на Иран, додека Техеран ги продолжува нападите врз земји во кои се распоредени американски воени бази, во услови на ескалација на конфликтот со САД. Кувајтските вооружени сили рано во моментов преку платформата „Икс“ информираат за пресретнати дронови што доаѓаат од насока на Иран, без да објават дополнителни детали. Воздушна ...
Времето денеска ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од западен и северозападен правец. Попладне ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и наместа услови за невреме со појава на град. Минималната температура ќе биде во интервал од 14 до 22, а максималната ќе достигне од 34 до 40 степени. Во Скопје, сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Попладне во ...
Собранието денеска ќе ја одржи 115.седница, на чиј дневен ред е и Предлог одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на територијата на Република Северна Македонија Владата на седницата одржана на 17 јули ја донесе одлуката за изменување на одлуката за одобрување продолжување на рокот за ...
Во Собранието денеска ќе заседаваат Комисијата за образование, наука и спорт, Комисијата за одбрана, Законодавно-правната комисија, Комисијата за надворешна поитика и надворешна трговија и Комисијата за еднакви можности на жените и мажите. Предлог на одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради можност за настанување на пореметување на снабдување со нафта и нафтени деривати на ...
Вo Собранието денеска Комисијата за еднакви можности на жените и мажите ќе го одржи второто продолжение на надзорна расправа на тема: „Спроведување на законите, политиките и институционалните мерки за превенција и заштита од семејно насилство, од аспект на еднаквите можности, институционалната координација, предизвиците и можностите за унапредување на ефикасноста на постапувањето на органите на извршната власт“. Како што информираат од ...