Скопје
24ᴼ /
24ᴼ
Американската кошаркарска ѕвезда Леброн Џејмс го информираше раководството на Лос Анџелес Лејкерс дека ќе ја продолжи својата НБА кариера во друг тим, изјави вечерва извршниот директор на менаџерската агенција „Клач Спортс“, Рич Пол, за телевизијата ЕСПН. Џејмс ги мина последните осум сезони во дресот на Лејкерс, со кој во 2020 година ја освои шампионската титула во НБА лигата. Во дел од американските медиуми вчера се појавија извештаи дека ...
Без политички договор, почна собранискиот маратон за Изборниот законик. Опозицијата поднесе 13 500 амандмани. Премиерот Мицкоски тврди дека претходно бил постигнат консензус но опозиционерите се премислиле. Претседателот на СДСМ Филипче вели дека блокада ќе има, електронското гласање на дијаспората е ризик... Без политички договор, почна собранискиот маратон за Изборниот законик. Опозицијата поднесе 13 500 амандмани. Премиерот Мицкоски тврди ...
Брутално насилство врз девојче во скопски Аеродром повторно ја вознемири јавноста. На тепањето сведочат поголема група деца кои го снимаат насилничкиот чин. Полицијата почна со повикување на распит на сите лица кои се поврзуваат со случајот на бруталното меѓуврсничко насилство врз девојче во скопската населба Аеродром. Според информации од Министерството за внатрешни работи, покрај девојките кои директно учествувале во нападот, на разговор се ...
Невреме со ветер, дожд, грмежи и град попладнево го зафати Скопје. Силното невреме проследено со обилни врнежи од дожд што го зафати подрачјето на Скопје предизвика штети, поплави и целосен сообраќаен колапс во неколку делови од главниот град. До Центарот за управување со кризи пристигнале голем број пријави од граѓани за поплавени подруми, дворови, магацини, како и за заглавени возила на неколку точки низ градот. Според информациите од ЦУК, ...
Повеќе пријави за поплавени подруми, дворови, магацински простории, подвозници и кружни текови, како и за заглавени возила, се евидентирани попладнево по невремето што го зафати подрачјето на Скопје. Како што информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК), преку Единствениот повикувачки број за итни случаи 112 биле примени повеќе пријави од граѓани за последиците од обилните врнежи. Според досега пристигнатите пријави, најпогодени се ...
Македонија денеска се збогува со музичката легенда Владо Јаневски кој со своите песни остави белези во срцата на многу генерации. Последен поздрав од семејството, пријателите, колегите и фановите на човекот чија музика засекогаш ќе остане во македонската колективна меморија. „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“ и „Еден бакнеж“ се дел ...
Русија денеска го запре сообраќајот преку последните железнички гранични премини со Европската Унија. Одлуката за суспензија на целиот железнички превоз на луѓе, возила, артикли и товар со Финска, Естонија и Летонија е донесена синоќа, а стапи во сила денеска. Руското Министерство за надворешни работи официјално ги информираше балтичките држави за одлуката, без да прецизира дали затворањето е привремено или не. Многу фински железнички премини ...
Американскиот дипломат Луи Кришок денеска официјално ја презеде функцијата привремен висок претставник на меѓународната заедница за Босна и Херцеговина. Тој вчера беше именуван од Управниот одбор на Советот за имплементација на мирот (ПИЦ). Предавањето на должностите помеѓу Кришок и висок претставник, Кристијан Шмит, се одржа во седиштето на Канцеларијата на високиот претставник (ОХР) во Сараево. Кришок претходно беше заменик висок ...
Владините коалициски партнери ги исцртаа контурите на реконструираниот владин состав . Реконструкцијата носи промени во неколку клучни ресори. За министер за здравство е предложен Сашо Клековски, досегашен директор на Фондот за здравствено осигурување , а Азир Алиу го напушта владиниот кабинет . Прв човек на ФЗО сега ќе биде досегашниот министер за локална самоуправа Златко Перински а неговиот ресор ќе го превземе Иван Стоилковиќ кој беше во ...
Едни си заминуваат, други добиваат нови позиции. По финализирањето на реконструкцијата на владиниот кабинет на Мицкоски, дел од министрите се простија од функциите, дел добија нови ресори, а дел засега молчат. Здравството добива нов министер – трет од почетокот на мандатот на оваа Влада. Досегашниот министер, Азир Алиу не откри каде ќе ја продолжи својата политичка кариера, но порача дека будно ќе ја следи работата на неговиот наследник. Азир ...
Маратонската расправа за изборниот законик статртува комисиски – со илајдници амандмани ...Откако работни групи од власта и опозицијата не успеаа да го откочат процесот, а не помогнаа ниту деншните координации во паралментот, собраниската комисија за политички систем ја почна расправата ..Но само што почна – седницата заврши... Љупчо Пренџов: „Во рокот утврден со деловникот за поднесување амандмани, имаме поднесено многу амандмани од страна ...
Неефикасна власт и виртуелна опозиџија , која власта сама си ја избрала – вака учесниците на трибината „Разговори за иднината во 12 05“, заклучиле дека е состојбата во Македонија. Со временеска симболика во 12:05 дека е доцна за земјава, но не смее да биде предоцна. Зад затворени врати, без изјави, по правилата „chatham house rules“ за кои тврдат обезбедиле отворена дебата, преку соопштение порачаа дека на Македонија и е потребна идеолошка ...
Во Македонија умираат повеќе луѓе отколку што се раѓаат - катастрофална статистика и демографска тревога. Земјава станува држава на пензионери, а негативниот природен прираст продолжува во континуитет, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Бројот на починати лица во текот на минатата 2025 година е за дури 4.437 поголем од бројот на живородени деца. Негативен природен прираст е регистриран и во градовите и во селата. ...
Судењето за најголемата трагедија во поновата македонска историја, за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ продолжи со изведување на материјални докази од страна на Обвинителството. Се читаа насловите, наведени во листата на докази, записници од претрес, известувања, записници од СВР Штип, известувања од Државен пазарен инспекторат, предмети од ДПИ за Класик ДМ и ММММ Кафе ДООЕЛ Кочани, налози за инспекциски надзор. Од Обвинителството ...
Пациенти на дијализа во Струга алармираат дека соочуваат со опасен недостиг на терапија која е клучна за нивниот биолошки опстанок. Околу стотина граѓани со хронични бубрежни заболувања со месеци не ја добиваат навреме еритропоетинската терапија — лек кој е директно одговорен за спречување на тешка анемија и одржување на нивниот живот. Па така наместо сигурност околу стотина од нив живеат во страв и неизвесност, бидејќи сведочат и дека ...
Девојче од седмо одделение било брутално претепано, влечено за коса, навредувано и понижувано од свои врснички, додека десетина малолетници го снимале насилството со мобилни телефони и навивале. На едно од видеата се гледа и како девојчето е принудено да клекне на колена и да се извини на една од девојчињата. Вознемирувачките снимки кои попладнево ги објави „Слободен печат“, масовно се проширија на социјалните мрежи, предизвикувајќи бројни ...
Силно невреме проследено со пороен дожд, силен ветер и локален град попладнево го погоди Скопје, предизвикувајќи поплавени улици и сериозни проблеми во сообраќајот низ повеќе делови од градот. За многу кратко време наврна голема количина дожд, поради што на повеќе критични сообраќајници се создадоа големи количини вода. Возачите се соочуваат со отежнато движење, а на одредени локации сообраќајот е целосно во прекин. Речиси сите делови од ...
Шефот на иранската дипломатија Абас Арагчи денеска реагираше на изјавата на израелскиот министер за одбрана Израел Ка - Иран моментално и силно ќе одговори за секоја закана насочена кон народот или лидерите. Американскиот претседателот ги обврза САД да ги зауздат своите миленици во Тел Авив. Ако не го послушаат својот господар, Иран ќе им одржи лекција, објави Арагчи на платформата Икс. Кац претходно изјави дека иранскиот врховен лидер, ...
Довербата на Унгарците во Европската Унија како фактор на стабилност во неизвесен свет се зголеми на 80 проценти, што е далеку над просекот на Европската Унија од 75 проценти, покажува најновото истражување на Евробарометар објавено денеска, објави унгарската агенција MTI. Во споредба со претходното истражување спроведено во октомври и ноември 2025 година, довербата во ЕУ кај граѓаните на земјите-членки се зголеми за осум процентни поени, ...
Неколку лица загинаа во пожар што утрово избувна во станбена зграда во белгискиот град Антверпен, соопшти локалната полиција. Во пожарот има и повредени, а зградата е целосно евакуирана, пишуваат британските медиуми. Според полициското соопштение, пожарникарите добиле пријава за пожар во населбата Линкероевер во 9:53 часот утрово. Пожарот избувнал на осмиот кат од десеткатната зграда во која живеат повеќе од 200 станари. На местото на ...
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт до Основниот кривичен суд Скопје против директорот на Државниот инспекторат за земјоделство, кој се товари за кривично дело „примање поткуп“. Како што соопшти Јавното обвинителство, по спроведената истражна постапка е утврдено дека обвинетиот, во својство на службено лице – директор на Државниот инспекторат за земјоделство, во март годинава ...
Од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ синоќа околу 21:35 часот во Секторот за внатрешни работи - Скопје било пријавено дека кај нив, со тешки телесни повреди бил донесен 48-годишниот А.К., соопштија попладнево од Министерството за внатрешни работи. Според пријавеното, тој со повредите се здобил додека извршувал работни задачи во фирма на подрачјето на Чаир. - Излезено е на местото на настанот од полициски службеници од Секторот за внатрешни ...
Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците денеска по усвојување на дневниот ред со единствена точка измени и дополнувања на Изборниот законик, по скратена постапка, ја прекина седницата бидејќи за него се поднесени многу амандамни што треба да се архивираат, а потоа и да се преведат на албански јазик. - Поднесени се многу амандмани, коишто се архивираат па ќе бидат преведувани и затоа за продолжението на седницата ќе бидете ...
Познатиот дух, традиција и природни убавини на Вевчани и годинава се главна инспирација за бројни домашни и странски уметници. Започна новото издание на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“, настан кој веќе традиционално 16 години го позиционира ова место како важен културен центар.Годинава, креативна енергија во автентичниот вевчански амбиент ќе споделат уметници кои доаѓаат од пет различни земји Македонија, Србија, Романија, ...
Универзитетски професори,адвокати, граѓански активисти, актуелни пратеници,актуелен градоначалник, адвокати, лекари ,поранешни функционери во СДСМ се дел од првата дебата "Разговори за иднината во 12 05" која ја модерира Игор Ивановски, универзитетски професор и екс пратеник и функционер на СДСМ. ТВ 24 дојде до листата на поканети кои се појавиле на трибината. Освен Андреј Петров, Гордан Георгиев,Емилијан Станковиќ,Александар Бајдевски,кои ...
Нема договор за електронското гласање на дијаспората и околу приговорите за евентуално прогласување во ДИК, што значи СДСМ останува на над 10 000 амандмани. СДСМ тврди дека со електронското гласање власта ќе прави изборна кражба. ВМРО ДПМНЕ пак тврди дека предвидени се сериозни заштити и дека со тоа ќе се одземе и време и пари,а дијаспората ќе има еднакво уставно загарантирано право на глас. Според ВМРО ДПМНЕ власта ги прифатила другите ...
Министерството за финансии постигна значителен напредок во имплементацијата на реформската агенда 2024 - 2027, со силен фокус на транспарентност, отчетност и подобрено управување со јавните финансии. Реформите што ги спроведе се клучни за зајакнување на капацитетот на државата ефикасно да апсорбира, односно да обезбедува и управува со средствата од ЕУ. Министерството за финансии, како што соопштуваат од таму, има исполнето осум чекори од ...
Граѓаните сè повеќе ги користат дигиталните канали за плаќање, покажуваат податоците за првиот квартал од 2026 година. Плаќањата со платни налози бележат раст од 10,3 проценти кај бројот на трансакциите и 14,6 проценти кај нивната вредност во споредба со истиот период лани, информираат од Народна банка. Особено е изразен растот на електронските плаќања, кои се зголемени за 21,9 проценти кај трансакциите и за 23 отсто кај вредноста, во ...
Индустриското производство во мај годинава е намалено за 2 процента во однос на мај минатата година, а за 0,3 проценти во периодот јануари – мај годинава споредено со истиот период лани. Државниот завод за статистика објави дека индустриското производство во мај годинава во однос на мај лани бележи пораст од 6,1 проценти во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст, а опаѓање во Рударство и вадење камен од ...
Во мај годинава во однос на мај претходната година, реалната стапка на прометот во групата Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 9.1 проценти, објави Државниот завод за статистика. Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е намалена за 3.6 проценти, а реално е зголемена за 1.6 проценти, Трговија на мало, освен трговија со горива, номинално е зголемена за 6 проценти, а реално за 6.2 проценти и ...