Скопје
25ᴼ /
25ᴼ
Global Engineer Girls North Macedonia беше дел од средбата на Global Engineer Girls (GEG) во Истанбул, каде идните жени-инженери од Турција, Косово, Саудиска Арабија, Шпанија, Брегот на Слоновата Коска, Мозамбик и Обединетото Кралство се собраа на настан посветен на важноста на глобалната солидарност, женското лидерство, меѓукултурната размена и заедничката визија за создавање инклузивна иднина во инженерството и технологијата. Домаќин на ...
На 13.05.2026 полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Е.Х. (22) и М.И. (22) од с.Сарај, скопско, постапувајќи по пријава од А.С. на 12.05.2026 дека пред теретана во Скопје му бил одземен велосипед. Веднаш по добиената пријава, преземени се соодветни мерки и активности од страна на полициските службеници, сторителите се идентификувани и приведени во полициска станица, а велосипедот е вратен на сопственикот. По документирање ...
Екипите на „Чистота и зеленило“ Куманово со механизација се обидуваат да го изгасат пожарот на депонијата „Краста“ кој избувна вчера, соопштија денеска надлежните од претпријатието. – Пожарот избувна в доцните попладневни часови. Екипите веднаш реагираа и денеска се на локацијата. Имаме два булдожери кои затрупуваат со земја, се надеваме дека наскоро целосно ќе го изгасиме пожарот – изјави директорот претпријатието, Сашо Томиќ. Депонијата ...
Општина Аеродром од 18 мај (понеделник) започнува голема пролетна акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината, која ќе трае до средината на јули. Акцијата претставува продолжение на успешната есенска акција. Во соработка со ЈП за Комунални дејности на Општина Аеродром на повеќе локации ќе бидат поставени специјални садови во кои граѓаните ќе можат бесплатно да го оставаат својот стар и дотраен мебел. ...
Кинескиот претседател Шји Џјинпинг го предупреди Доналд Трамп против лошото справување со прашањето за Тајван за време на посетата на американскиот претседател на Пекинг, велејќи дека тоа може да доведе до тензии или дури и конфликт меѓу двете земји, според кинеските државни медиуми. Ако прашањето за Тајван се решава лошо, тоа би можело да ги доведе односите меѓу САД и Кина во „многу опасна ситуација“, рече Шји за време на разговорите во ...
Овен Денот ви носи силна енергија, динамика и чувство дека конечно работите почнуваат да се движат во насоката што ја посакувате. Уште од утринските часови ќе бидете активни и подготвени да преземете иницијатива, особено на работното место. Можно е да добиете нова задача или предлог кој на прв поглед ќе ви изгледа напорен, но подоцна ќе сфатите дека токму тоа е можност за напредок. Внимавајте на комуникацијата со авторитети и надредени ...
Соопштение на Левица: Левица укажува дека ограничувањето на казината на само 500 метри од училиштата е минимален и “шминкерски” чекор, кој не го решава суштинскиот проблем со експанзијата на индустријата за коцкање во Македонија. Според јавно објавени податоци, само во текот на 2025 година во казината, автомат клубовите и обложувалниците во Македонија биле уплатени околу 2,83 милијарди евра. Овие бројки се доказ дека коцкарската ...
Поранешниот претседател на Венецуела, Николас Мадуро, кој се наоѓа во затвор во САД, затворската ќелија ја дели со уште 18 затвореници. Николас Мадуро Гера, единствениот син на поранешниот венецуелски лидер, во интервју за германскиот магазин „Шпигел“ изјавил дека во истата заедничка ќелија накратко бил сместен и американскиот рапер Текаши 6ix9ine, приведен поради прекршување на условното помилување. Мадуро и неговата сопруга Силија ...
На 79-годишна возраст почина Живко Георгиевски, поранашен директор на МИА, долгогодишен новинар и дописник од странство. Георгиевски беше директор на МИА од 1998 до 2002 година. Бил директор и на Радио Охрид во средината на седумдесеттите од минатиот век, па дописник на Танјуг и на ред други тогашни југословенски медиуми. Кариерата во новинарството ја започнал како средношколец во весникот „Вечер“, а продолжил во младинската редакција на ...
Поранешниот претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, учествуваше на 29-тиот Евроазиски економски самит организиран од Фондацијата Мармара, кој се одржа од 11 до 13 мај 2026 година во Истанбул, Република Турција. Претседателот Иванов се обрати на сесијата „Глобален дијалог на лидери”, на тема „Европската Унија во светлина на променливите глобални и економски вредности: Поствоен свет со војни, терор, конфликти и присилни ...
Соопштение на Левица: „И по повеќе од три месеци инсистирање договорите помеѓу ЈСП и „Маратон” не ми се доставени. Не барам приватни преписки, воени тајни или шифри од трезор. Буквално зборуваме за договори кои се стотици милиони денари пропуштен јавен приход за претпријатието”, истакна советничката од Левица, Дарја Мустафаоглу, на последната седница на Советот на Град Скопје. Мустафаоглу истакна дека со тоа што повеќе од три месеци не и ...
Најмалку 31 лице е повредено во руските напади на Киев во текот на ноќта, вклучувајќи и едно дете, додека едно лице загина, соопштија украинските власти. Шефот на Киевската воена администрација Тимур Ткаченко првично на Телеграм објави дека во нападот се повредени најмалку 16 луѓе и дека е потврден еден смртен случај, пренесе Укринформ. Подоцна Државната служба за вонредни состојби на Украина соопшти дека бројот на повредени пораснал на ...
Соопштение за јавност на ВЛЕН: ВЛЕН уште од првиот ден вети дека промените ќе се почувствуваат во секојдневниот живот, кај вработените, нивните семејства и во квалитетот на услугите што ги добиваат граѓаните. Општина Тетово, во соработка со Синдикатот на вработените, потпиша договор за зголемување на платите во општинската администрација, со што основната плата ќе се зголеми за 7 проценти. Овој раст на платите ќе продолжи и во наредните ...
Со официјален настан одржан вечерва, SPAR го отвори својот прв INTERSPAR маркет во Македонија, лоциран во комплексот Retail Fresh Store на бул. Македонско-косовска бригада 11/1, со што официјално го означи влезот на македонскиот малопродажен пазар. На настанот присуствуваа претставници на институциите, амбасадори, членови на бизнис заедницата, партнери, медиуми и гости, како и претставници на SPAR International и менаџментот на SPAR ...
Пентагон го запре распоредувањето на повеќе од четири илјади американски војници во Европа, потег што изненади дел од воените претставници, пренесе ДПА. Весникот „Вол стрит журнал“ објави дека таквата одлука била соопштена на состанок на претставници на американската армија со претставници на Европската команда на американската војска (EUCOM). Станува збор за војници што требаше да бидат распоредени во Полска во рамки на планирана ...
Докторот од Тетово, Ваљтон Дервиши, кој пред три години беше уапсен откако незаконски снимаше пациентки и колешки на Гинекологија и дел од снимките ги емитуваше во живо на „ТикТок“, се враќа на работа во Клиничката болница во Тетово, објави Истражувачката репортерска лабораторија – ИРЛ. Според ИРЛ, со последната судска одлука, казната за Дервиши е петкратно намалена – од првично изречените 15 месеци затвор на три месеци. Со тоа, ...
Поради дефект на затворач ф-300 мм на улицата Женевска бб (последна 24-ка), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците: Женевска, Партизанска крак 1, дел од Софиска, Бриселска, Петар Драганов, Његошева, Стокхломска, Гаврил Лесновски и дел од булеварот Партизански Одреди (потегот од мост ОН до Московска). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со санација на дефектот. Поради дефект на затворач ...
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без електрична енергија ќе останат: – од 08.30 до 12.00 часот, дел од корисниците на улицата Благоја Стефковски и дел од булеварот Александар Македонски, Гази Баба; – од 09.00 до 14.00 часот, дел од корисниците на улицата 95 Волково, Ѓорче Петров. Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска без ...
Метео анализа на Славчо Попоски: Територијата на Македонија останува под влијание на посвежа воздушна маса која се спушта од северозапад. Денес и утре (Четврток и Петок 14/15 Мај 2026) времето во Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди и со повремен локален дожд. Во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. И во делови од ...
Соединетите Американски Држави сметаат на поддршка од Кина за решавање на ќор-сокакот околу Ормуската теснина, изјави државниот секретар Марко Рубио. – Се надеваме дека ќе ги убедиме да одиграат поактивна улога во поттикнувањето на Иран да се откаже од она што го прави сега и што се обидува да го направи во Персискиот Залив – изјави Рубио за Фокс Њуз во претседателскиот авион „Air Force One“ на пат кон Кина. Рубио го придружува ...
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има услови за локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 10, а максималната ќе достигне од 19 до 24 степени. Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на ретки грмежи. Ќе ...
Деветтоодделенецот кој вчера беше прободен со нож во основното училиште „22 Ноември“ во Скопје се наоѓа во стабилна состојба, но и понатаму останува под постојан лекарски надзор. Од Ургентниот центар информираат дека во неговото лекување се вклучени хирурзи од повеќе оддели и дека се преземаат сите неопходни мерки за негово закрепнување. Инцидентот, кој ја вознемири јавноста и повторно го отвори прашањето за безбедноста во училиштата, е ...
Некои хороскопски знаци потешко одолеваат на убави предмети, трендови и импулсивни купувања, особено кога нешто им изгледа естетски, забавно или како мала награда. Некои хороскопски знаци потешко одолеваат на убави предмети, трендови и импулсивни купувања, особено кога нешто им изгледа естетски, забавно или како мала награда. Сите понекогаш купуваме нешто што реално не ни е потребно. Маичка што ќе ја облечеме еднаш, украс за дома што ...
Република Српска го очекува доаѓањето на рускиот претседател Владимир Путин за осветувањето на руско-српскиот храм во Бања Лука, изјави претседателот на СНСД, Милорад Додик. Додик вели дека храмот е практично завршен и дека сè уште има останато сликарство. „Тоа ќе биде место каде што рускиот и српскиот свет ќе се сретнат и ќе го промовираат нашето братство и заедничката историја и вера“, рече Додик, кој неодамна беше во Москва каде што ...
Крузер со околу 1.700 патници и членови на екипажот е закотвен во францускиот град Bordeaux, откако на бродот бил регистриран бран на гастроинтестинални заболувања. Француските здравствени власти и локалната префектура донеле одлука со која на сите лица на крузерот им се забранува симнување на копно додека траат проверките. Според информациите од капетанот на бродот „Амбишн“, околу 50 патници пријавиле симптоми на болеста, по што веднаш ...
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски при своето гостување во емисија на Алфа телевизија изјави дека постојат сериозни индиции и докази за злоупотреби во доделувањето на грантови, при што бил заобиколен системот на Платежната агенција. Тој нагласи дека како функционер по промената на власта има обврска да постапи по доставените информации од свиркачи и да иницира проверка на сите сомнителни случаи. ...
Сообраќајна несреќа меѓу патничко возило „Мерцедес“ и автобус на ЈСП попладнево предизвика голем метеж и колапс во сообраќајот во близина на Чаирчанка во Скопје. Според првичните информации, автомобилот со голема силина удрил во автобусот на ЈСП, по што сообраќајот во овој дел од градот се одвивал отежнато и со долги колони возила. На местото на несреќата пристигнала и полиција која врши увид и ги утврдува причините за судирот. Засега ...
Одлуката за стопирање на истрагата за набавката на мазут е уште еден удар врз довербата на граѓаните во правосудниот систем. Во време кога јавноста очекува расчистување на сомнежите за милионски криминал и злоупотреби, добиваме порака дека предмети од висок јавен интерес се затвораат без целосна разрешница. Како министер за правда, сметам дека оваа одлука мора итно да биде преиспитана. Очекувам целосна транспарентност од Обвинителството ...
Зоолошката градина во Скопје соопшти дека по извршените детални проверки, проценки и консултации со домашни и странски експерти, потврдено е дека животното кое вчера беше заловено во населбата Козле е вистински волк, а не куче или мешанец. Како што информираат од ЗОО Скопје, во текот на денот во градината пристигнале и сопствениците на кучето Сириус од расата чехословачки волчјак, по кое трагале веќе два месеци. Тие на лице место се ...
На 13.05.2026 во 00:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од ул.„Васил Ѓорѓов” и ул.„Народен Фронт” во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „дачиа” со италијански национални ознаки, управувано од Џ.Ч.(27) од Италија, со привремен престој во Скопје и мотоцикл „кавасаки” со скопски регистарски ознаки, управуван од Х.А.(23) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, ...