Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска, на покана на министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ Радман, учествуваше на панел-дискусијата „The EU and the Western Balkans: Resolving Unfinished Business Together”, во рамки на Дубровник форумот, посветена на европската перспектива на Западен Балкан и иднината на политиката на проширување. Во обраќањето, министерот ...

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.С.(42) од струшко село, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „запуштање и малтретирање дете” по чл.201, став 1 од Кривичниот законик. Пријавената, во вечерните часови на 08/09.06.2026 година, ги оставала своите две малолетни деца да спијат во нејзиното возило додека била на работа. Во координација со јавен обвинител, полициски службеници презеле мерки и во паркираното ...

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: Филипче со месеци се обидува да ја изгради својата јавна слика врз европски вредноси, но само кога тие принципи можат да се употребат за да ја критикува сопствената држава. Тоа најдобро се гледа во неговиот однос кон бугарски провокации и постапки што директно ги засегаат македонските национални интереси. Филипче доследно молчи на секоја бугарска провокација која ги засега македонскиот идентитет, јазик ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Додека ЗНАМ се распаѓа и последните двајца преостанати во партијата се тепат за министерски фотелји, раководството организира караван низ Македонија под слоганот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија”. Ова е очајнички потег во момент кога Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на ЗНАМ 2.0, нов сателит кој ќе му послужи за следните избори за разбивање на гласовите на опозицијата, бидејќи ...

Вистински сообраќаен пекол и повеќечасовно чекање ги дочека македонските и странските туристи кои денеска се враќаат од Грција. Според информациите од терен од репортерот на 4NEWS.mk и сведоштвата на револтираните возачи, за влез во Македонија на граничниот премин „Богородица“, односно на грчката страна кај „Евзони“, во моментов се чека најмалку четири часа Колоните од автомобили, автобуси и мотори се протегаат со километри во ...

До 18:00 часот денеска се регистрирани вкупно 10 пожари на отворен простор, од кои 2 се активни, а 8 се изгаснати, информираат од ЦУК. Активни пожари има во: Општина Ѓорче Петров, кај с. Ново Село, каде гори нива со жито. Општина Сарај, кај с. Копаница, каде гори ниска вегетација. Во текот на денот изгаснати се осум пожари, и тоа во: Општина Велес, на ул. „Димко Најдов“ (ниска вегетација); Општина Липково, с. Слупчане (ниска вегетација и ...

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 11 возачи за безобѕирно управување возило. Од нив, осуммина (четворица во Скопје и по еден во Прилеп, Гостивар, Велес и кавадаречко) управувале возило без возачка дозвола. Поради возење под дејство на алкохол лишени до слобода се двајца возачи (Куманово и Кавадарци), а еден возач во Скопје возел и покрај тоа што за него имало ...

Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, учествуваше на Регионалната конференција „Младинската дипломатија како инструмент на меѓуалбанската соработка и европската интеграција”, организирана од Албанскиот младински форум, каде што говореше за значењето на зајакнувањето на меѓуалбанската соработка и улогата на младите во процесот на европска интеграција. Во своето обраќање, Меџити истакна дека образованието, културата, економијата и ...

На 26.06.2026 околу 23:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Карпош бил пронајден починат Т.Ф.(65) од Скопје. Од страна на лекар од Итна медицинска помош констатирана била смрт без видливи траги на насилство. Извршен е увид, а по насоки од јавен обвинител телото на починатиот било предадено во судска медицина за обдукција. На 26.06.2026 околу 23:30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на ...

Денеска (27.06.2026) министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за внатрешни работи на Република Албанија Бесфорт Љамалари во Пешкопеја, Албанија потпишаа Договор за воспоставување заеднички гранични премини и спроведување заеднички гранични контроли меѓу двете држави. Со овој договор се воспоставува современа и функционална рамка за поефикасно управување со заедничката граница, со цел олеснување на движењето на луѓе и ...

На 26.06.2026 во 10:20 часот во СВР Тетово, 67-годишен маж од Тетово пријави дека бил измамен од женско лице од с. Неготино, полошко, која лажно се претставувала како универзитетска професорка. Пријавителот во неколку наврати во изминатите три месеци ѝ позајмил 3400 евра, затоа што наводно нејзината ќерка доживеала сообраќајна несреќа во Франција, па и биле потребни за лекување. Но, во меѓувреме дознал дека таа го измамила, по што ...

На 26.06.2026 во 10:20 часот во ПС Гостивар, 43- годишен маж од Гостивар пријави кривично дело „измама”. Според пријавеното, пред околу четири месеци, преку негов пријател, тој стапил во контакт со И.Ј. од Скопје. На средба во Скопје, пријавениот му ветил дека ќе му обезбеди возачка дозвола без да полага, барајќи за услугата 1.300 евра и копија од лична карта. Пријавителот во неколку наврати му исплатил вкупна сума од 1.200 евра, но ...

На 26.06.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на бул.„Партизански Одреди” пред крстосница со ул.„Ангел Динев” во Скопје, додека се превезувала во автобус, внатре во автобусот паднала патничката С.З.(52) од Скопје и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза”. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје. На 26.06.2026 околу 16:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ...

Во загрепската населба Гајниче денес, според првичните информации од местото на настанот, товарен воз излетал од шините во близина на стара фабрика за цемент, пренесува Тпортал. Возот удрил во билборд на само 15 метри од подвозник кој бил отворен минатата година. Според очевидци, возот се движел со голема брзина во моментот на несреќата и можел да заврши во подвозникот што го користат секојдневно пешаците и автомобилите. Со ова, веруваат ...

До 14:00 часот денеска се регистрирани вкупно 3 пожари на отворен простор, од кои два се активни, а еден е изгаснат, информираат од Центарот за управување со кризи Активни пожари има во Општина Гази Баба, кај с. Трубарево, каде гори ниска вегетација и ниска шума и Општина Липково, кај с. Опаје, каде се зафатени ниска вегетација и жито. Изгаснат е пожарот во Општина Велес, на ул. „Димко Најдов“, каде горела ниска вегетација. За заштита од ...

На 27.06.2026 во 02:45 часот во СВР Скопје 43-годишна жена пријави дека на 26.06.2026 околу 14:00 часот на подрачјето на Карпош нејзиниот поранешен сопруг И.Н. физички ја нападнал нивната малолетна ќерка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. На 27.06.2026 во 07:40 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода М.Ц.(56) од Куманово, постапувајќи по претходна пријава дека во домот во Куманово, физички ја ...

Соопштение за јавност на Левица: Владата сака јавноста да поверува дека со новиот Закон за игрите на среќа конечно ѝ застанала на патот на коцкарската индустрија. Но, ако навистина целта беше да се ограничат казината и обложувалниците, немаше да ги одбијат СИТЕ 13 амандмани на Левица, со кои законот ќе добиеше вистинска тежина и конечно ќе ги погодуваше токму механизмите преку кои коцкарската индустрија креира нови зависници и остварува ...

Прес конференција на Богданка Кузеска од СДСМ: Две години Влада на Мицкоски се две години уништување на македонското земјоделство. Нема гранка во земјоделството, нема земјоделец што не нема проблем – сите, и градинарите, и овоштарите, и лозарите, и сточарите, и поледелците. За две години ВМРО покажа тотална негрижа за земјоделците, за луѓето кои што се заслужни што имаме храна, за секторот кој може да даде сериозен инпут во извозот и во ...

Иран денес соопшти дека извршил напади врз цели поврзани со американските сили како одговор на американските воздушни напади на неговиот јужен брег, додека двете страни продолжуваат да се обвинуваат меѓусебно за кршење на претходниот договор за деескалација на конфликтот. Иранското Министерство за надворешни работи не ги прецизираше локациите на нападите, но рече дека тие се одговор на, како што рече, „варварските воздушни напади“ од ...

Американскиот претседател Доналд Трамп претстави ограничено издание на нов американски пасош со негов портрет, издаден по повод 250-годишнината од Декларацијата за независност на САД. „Новиот пасош на Соединетите Американски Држави, кој порачува: „Добредојдовте, но однесувајте се пристојно!“, напиша Трамп на својата социјална мрежа „Трут соушал“. На објавената фотографија претседателот е прикажан со сериозен израз, потпрен на работната ...

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска го презентираше отчетот за работата на Министерството за внатрешни работи во изминатите две години, истакнувајќи дека од самиот почеток на мандатот била поставена јасна определба – законот да важи подеднакво за сите и да се изгради поефикасно, попрофесионално и помодерно Министерство. Презентирајќи ги резултатите од работењето, министерот Тошковски нагласи дека Македонија денес го ...

120.000 сообраќајни прекршоци регистрирал системот „Безбеден град“ во првите пет месеци од воспоставувањето, рече денеска Панче Тошковски на отчетот за неговото двегодишно раководење со Министерството за внатрешни работи. „Од 1 февруари, кога стартуваше примената на ‘Безбеден град‘, регистрирано е намалување на сообраќајните несреќи за околу 40 проценти, односно загинале 34 лица, наспроти 55 за истиот период лани. До 22 јуни 2026, преку ...

Прес конференција на Социјалдемократската младина на Македонија – Трајче Сточјевски, претседател на СДММ Криминалната организацијата на власт сака да ме замолчи мене, да ги замолчи младите, да ги замолчи сите што гласно зборуваат. Под казна ме префрлија на 100 километри подалеку од моето работно место. Само затоа што гласно зборувам за ова најнеспособна Влада предводена од Христијан Мицкоски. Класичен партиски реваншизам што секојдневно ...

Министерот за здравство, Азир Алиу, на јавната панел-дискусија посветена на органодарителството, која вчера се одржа во Гостивар, ги презентираше системските мерки и политики што се спроведуваат за унапредување на органодарителството во државата. „Особено ми значи што денес за органодарителството зборуваме токму во Гостивар, во мојот роден град. Постојат теми кои не бараат само политика, туку и човечност, доверба и морална зрелост на ...

На денешен ден во 1991 година, сојузните држави на СФРЈ, Словенија и Хрватска, прогласија отцепување од Федерацијата. Собранијата на Словенија и Хрватска прогласија еднострана независност на 25 јуни 1991 година. Истиот ден тогашната сојузна влада, тогаш официјално Федералниот совет на Собранието, ги прогласи одлуките за отцепување за нелегални. Словенија денес го слави Денот на државноста и 35-годишнината од прогласувањето на ...

Во двата големи земјотреси во Венецуела, загинаа 920 лица, а 3.360 беа повредени, додека околу 172 се уште се заробени во урнатините, објави Владата во нов извештај. Повеќе од 50.000 луѓе се водат како исчезнати, а потрагата по нив влегува во третиот ден, пренесува Ројтерс. Вчера во Каракас и Маракај беше почувствуван уште еден земјотрес со интензитет од 4,9 степени. Во извештајот на Обединетите нации (ОН) се проценува дека директната ...

„Поетски портрет“ на добитничката на „Златен венец“, холандската поетеса Анеке Брасинга, кој традиционално ќе се одржи во црквата „Света Софија“ во Охрид, денеска (27 јуни) е во фокусот на програмата на Струшките вечери на поезијата. Публиката ќе има можност одблиску да се запознае со творечкиот опус на лауреатката, чие поетско дело зазема значајно место во современата светска книжевност. Љубителите на пишаниот збор ќе имаат можност да ...

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ и од опозиција не придонесуваат никако за реформските процеси и со своите постапки продолжуваат да ги блокираат законските решенија кои се дел од Реформската агенда. На СДС и ДУИ треба да им биде јасно дека станува збор за реформи кои се во интерес на граѓаните и на државата, а не за партиски прашања. Затоа е јасно дека со ваквото однесување СДС и ДУИ не и мислат добро на Македонија, а ...

Едно лице го загубило животот во тешка сообраќајна несреќа што синоќа се случи на превојот Плетвар, кога се превртел камион со битолски регистарски таблички. Според првичните информации, несреќата се случила околу 18 часот на патниот правец Прилеп–Градско, кај селото Ореовец, а потврда за смртниот случај пристигнала од Итната медицинска помош од Битола. Поради сообраќајката сообраќајот на тој патен правец беше во прекин неколку часа. ...

Соопштение за јавност на СДСМ: Откако ЗНАМ се распадна и повеќе не постои како функционална структура, Христијан Мицкоски веќе работи на создавање на нов сателит. Последните двајца преостанати во ЗНАМ – Горан Минчев и Максим Димитриевски сега се борат за фотелји. Кога и таа последна битка ќе заврши, бидејќи можеби и нема да останат во Владата, Мицкоски ќе остане без инструментот што го користеше за да го ослабне опозицискиот блок. Затоа ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
1.03
86%
1029
weather icon

Белград

0ᴼ / -1ᴼ
0.51
93%
1028
weather icon

Загреб

7ᴼ / 2ᴼ
0.51
65%
1028
weather icon

Софија

-2ᴼ / -2ᴼ
1.03
100%
1030
weather icon

Сараево

3ᴼ / 3ᴼ
3.06
93%
1031
weather icon

Љубљана

6ᴼ / 4ᴼ
1.03
87%
1028
weather icon

Атина

12ᴼ / 10ᴼ
2.68
65%
1028
weather icon

Тирана

12ᴼ / 8ᴼ
1.54
69%
1025
weather icon

Подгорица

6ᴼ / 6ᴼ
1.54
81%
1026
weather icon

Букурешт

5ᴼ / 3ᴼ
3.09
62%
1032
weather icon

Будимпешта

1ᴼ / -1ᴼ
0.51
86%
1030
weather icon

Истанбул

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
90%
1029
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Платина

49319.25

Паладиум

32279.35

Калај

46.54

Родиум

295786.87

Сребро

1670.34

Алуминиум

3.07

Иридиум

315077.32

Цинк

3.76

Бакар

12.58

Злато

130856.75

Кобалт

33.53

Рутениум

61086.42