Македонскиот пејач Боби Андонов ја претстави својата најнова песна „Момент“, со која по подолг временски период повторно им се обраќа на домашната публика на македонски јазик. Новиот сингл има посебно емотивно значење за Андонов, кој откри дека долго време посакувал повторно да сними песна на својот мајчин јазик. „‘Момент’ е мојата прва песна на македонски по долго време – нешто што отсекогаш сакав повторно да го направам“, напиша пејачот на ...

По години поминати во Лос Анџелес, каде што пишува, создава и соработува со врвни музички професионалци, Боби Андонов отвора ново поглавје во својата кариера со песната „Moment“, односно ново музичко издание на македонски јазик. Светски, а сепак наш – Боби е еден од оние артисти што со својот специфичен вокал, препознатлива боја на гласот, имиџ и музички сензибилитет одамна ги надмина локалните рамки. Неговиот музички пат го однесе до Лос ...