Скопје
4ᴼ /
4ᴼ
Претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски во одговор на новинарско прашање како ги коментира обвинувањата од опозициската СДСМ дека Владата го фингира јавниот долг рече: „Го прочитав и тоа соопштение од опозициската СДСМ. Затоа е добро да јавното обвинителство се занимава со ова кривично дело саботажа, бидејќи ова што го зборуваат не е само дневна политика. Ова е многу подлабоко од тоа и навлегува во темелите на ...
Сепак, она што со години се случуваше зад сцената на нивните славни кариери наликува на вистинска серија на расправии и ривалства. Познатиот Рамбо сега реши да си ја отвори душата и да признае дека двете најголеми акциони ѕвезди со децении биле во кавга. Во една епизода од подкастот The Rest Is Entertainment, Силвестер Сталоне (80) искрено зборуваше за тоа како била неговата врска со Арнолд Шварценегер (79) од самиот почеток. Ривалството се ...
Сабота 7 ноември, носи различни предизвици и можности за сите хороскопски знаци. Некои ќе се соочат со финансиски ризици и тензии на работното место, други ќе треба да посветат повеќе внимание на љубовните односи, а за дел од знаците денот носи нови познанства, деловни договори и позитивни промени. Еве што предвидува дневниот хороскоп за сите 12 хороскопски знаци. ОВЕН Внимателно испланирајте ги деловните потези бидејќи постои финансиски ...
Безбедносните служби затаиле во превенцијата во случајот со измамата со инвестициски фондови, смета професорот Владимир Пивоваров и поранешен шеф на воено разузнавање. Во меѓународна истрага на Европол и Евроџаст во која беа запленети 100 серври и уапсени седум лица се осомничени и кол-центри во Македонија. Истрагата се однсеува на мрежа која преку лажни платформи за тргување со криптовалути, девизи и акции измамила луѓе за над 4 милиони ...
Сонетот во светската и македонската книжевност е насловот на научната монографија од Елена Пренџова, поетеса, лингвистка и книжевничка, која претставува прво научно дело во земјава посветено на истражувањето на оваа класична поетска форма. Во изјава за Телевизија 24, авторката посочи дека монографијата го обработува сонетот како книжевен феномен – од неговото настанување и историски развој, до неговото присуство во македонската книжевност и ...
Центарот за македонски јазик во Грција, организација што го чува и негува македонскиот јазик како автохтон јазик во Грција, беше распуштен од Апелациониот суд во Кожани на 13 август 2024 година. Организацијата веднаш поднесе жалби до Врховниот суд на Грција за поништување на одлуката за распуштање, а рочиштето беше закажано за 21 септември 2026 година. Наместо тоа, Врховниот суд ги одложи рочиштата за 20 септември 2027 година, со што го ...
Заклучно со 5 ноември, на второто издание на натпреварот за најдобра бизнис-идеја се пријавени 413 средношколски тимови, кои со своите креативни и иновативни идеи влегуваат во трката за инвестиција од еден милион денари. Рокот за пријавување истекува на 11 ноември, а повикот е отворен за сите средношколци во Македонија. За учество не е потребен готов производ, разработен бизнис или претходно претприемачко искуство, туку добра бизнис-идеја, ...
CUPRA Raval официјално е номиниран за финалната рунда од гласањето за наградата Автомобил на годината 2027 (COTY). Жири од 64 новинари од 25 земји оценува вкупно 38 возила пред да ги избере седумте финалисти, а CUPRA Raval е меѓу нив. Номинацијата означува уште една важна пресвртница за CUPRA Raval. Електричното урбано возило на брендот претставува кулминација на трансформацијата на компанијата и годините на инвестиции во електрификација на ...
До крајот на 2026 година, овој пад би можел да достигне дури 27 отсто. Според податоците собрани од истражувачката фирма „Counterpoint“, глобалните испораки на компјутери во третиот квартал се намалиле за 21 отсто во споредба со истиот период претходната година. Во тој период минатата година, индустријата испорачала над 70 милиони уреди, но таа бројка сега е падната на 57 милиони. Всушност, забележан е пад од 13,8 отсто во однос на ...
Данската писателка и илустраторка Ане Бјорн гостуваше во Скопје на 20 и 21 октомври со програма од четири креативни работилници за деца, инспирирани од нејзината сликовница „Магичен поглед“. Посетата беше дел од проектот „ЕУрека: Читањето – семе на иднината!“ на издавачката куќа „Антолог“, а во средиштето на работилниците беа цртањето, раскажувањето, емоциите и начинот на кој детето преку сликата и зборот создава сопствен поглед кон светот. ...
Економските аналитичари очекуваат забавување на ценовниот притисок, но со проценка дека до 2029 та домашната економија ќе се соочи со инфлација не пониска од 3%, пишува Порталб.мк. И Владата со нови пооптимистички прогнози за годинава. За разлика од економистите, од Владата сметаат дека главните причини за ценовните притисоци доаѓаат само од надвор. Проценка на економистите, и во следните години инфлација над 3%, на светските берзи храната ...
Спортскиот директор на Шахтјор од Доњецк, Дарио Срна, ги критикуваше ФИФА и Џани Инфантино, но исто така истакна дека верува оти нема место за Русите во натпреварувањата на УЕФА додека трае војната. Дарио Срна го покани Џани Инфантино да ја посети Украина и самиот да се увери во условите во кои работат клубовите во оваа земја, но особено нагласи дека ФИФА не направила ништо за да им помогне на клубовите откако започна војната меѓу Русија и ...
Истражувањето на ДНК на кучињата од Чернобил откри силни докази за забрзана природна селекција. Кучињата во близина на нуклеарната централа во Чернобил се генетски различни од кучињата од град оддалечен 10 милји, открива нова студија. Научниците веруваат дека радиоактивното зрачење можеби не е главната причина, туку дека преживеаните кучиња носеле ретки гени што им помогнале да преживеат. Кучињата што живеат во непосредна близина на ...
text size Потенцијалните инвеститори во иницијалната јавна понуда (ИПО) на „Антропик“ (Anthropic PBC) се соочуваат со викенд на неизвесност пред почетокот на официјалната промоција на понудата, откако острата распродажба на акциите на компаниите за вештачка интелигенција по изборите поттикна преиспитување на очекуваната вредност на компанијата. text size Потенцијалните инвеститори во иницијалната јавна понуда (ИПО) на „Антропик“ ...
Побрза обработка на примероците крв и побрзо издавање на резултати на пациентите, е овозможено со новите лабораториски анализи воведени во Институтот за јавно здравје кои претходно не беа целосно достапни во државното здравство. Новата лабораториска опрема – имуноанализаторите се користат за прецизно откривање и квантифицирање на специфични протеини, хормони, антитела, туморски маркери и други биомаркери во биолошки примероци. Исто така, со ...
Криптовалутата Zcash (ZEC) се најде меѓу највпечатливите дигитални средства на криптопазарот во 2026 година, по силниот раст на нејзината вредност и обновениот интерес кај инвеститорите. Цената на ZEC се движи над 1.200 американски долари, а дополнително внимание привлекува претстојното мрежно ажурирање NU7, кое треба значително да ја зголеми брзината на обработка на трансакциите. Според пазарниот преглед на ZECstats, цената на Zcash ...
Сценарието за продажба, како едно од најможните за решение на проблемот со Алта банка АД Битола, за кое деновиве пишуваше еМагазин, станува се пореално. Денеска премиерот Христијан Мицкоски изјави дека следниве денови заедно со гувернерот на Народната банка, Трајко Славески и министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска, ќе имаат состаноци со неколку заинтересирани купавачи. Дека заинтересирани за купувачи за Банката има, неодамна ...
Во судот во Виена започна потресно судење за случај на семејно насилство што ја шокираше австриската јавност. На обвинителната клупа се наоѓа 42-годишен државјанин од Сирија, татко на три момчиња (на возраст од 12 до 17 години), кој со години на најбрутален начин ги мачел и тепал сопствените деца поради ситници, како што се школски проблеми, детски инат или возење велосипед без дозвола. Според зборовите на државната обвинителка, станува збор ...
Лековите „оземпик“ и „вегови“ претставуваат револуција во третманот на дијабетесот и на дебелината, но во ниту еден случај не смее да се земаат без консултација со доктор, вели професорката д-р Искра Битоска, интернист-ендокринолог на Клиниката за ендокринологија, дијабетес и метаболички заболувања во подкастот „За секого по нешто“ на САКАМДАКАЖАМ.МК. Овие лекови кои се достапни и кај нас, станаа едни од најспоменуваните кога станува збор за ...
На годинешното 41 издание на „Макфест 2026“ во текот на две вечери, на 30 и 31 октомври, публиката слушна 27 нови композиции. Првата вечер им припадна на помалку познатите изведувачи и 15 песни, а шестмина од учесниците добија можност да настапат и на втората вечер. Во чест на еден од најпознатите кантавтори Владо Јаневски беа пуштени неколку негови песни, а публиката ракоплескаше и ги пееше неговите големи хитови „Еден бакнеж“ и „Чаирска ...
Здужението на пензионери Битола,Новаци и Могила им соопштува на своите членови старосни,семејни и војни пензионери дека уписот за свински половинки ќе започне на 09.11.2026 год.секој работен ден(еден месец)од 08.30 до 12.30час.во просториите на ЗП Битола. • Цената на месото изнесува 210 ден/кг. • Плаќањето ќе биде на три рати. • Првата рата ќе се плаќа со запишувањето и изнесува 3.000,00ден.а другите две во наредните два месеци по подигање на ...
Република Македонија денес го празнува 23 Oктомври, Денот на македонската револуционерна борба. Празникот се празнува по повод основањето на Македонската револуционерна организација на 23 октомври 1893 година во Солун. Организацијата се борела за ослободување на Македонија со сопствени сили, без помош од надвор. Основањето на МРО значело почеток на организираното македонско револуционерно движење што преку Илинден 1903 и Крушевската ...
52-годишен Британец ќе се соочи со судење во Сингапур под обвинение за криење камера во тоалетот на авионот за време на лет од Јапонија. Полицијата соопшти дека човекот далечински го активирал снимањето користејќи го својот мобилен телефон. Инцидентот се случил на 7 октомври, а сингапурската полиција ги објави деталите во средата, пренесе „Индипендент“. Откритие за време на летот Според првичната истрага, човекот, чиј идентитет не е објавен, ...
Пишува: Проф.Д-р Иван Анастасовски Постојат политички лидери кои ја градат својата моќ врз институциите, лидери кои ја градат врз идеологијата и лидери кои ја градат врз сопствената личност. Александар Вучиќ со години припаѓа на третата категорија. Тој не е само претседател на Србија, туку и центар на политичкиот систем што го создава, контролира и одржува. Но, секој политички танц, колку и да трае, има свој ритам, своја публика и свој ...
Вонредните парламентарни избори во Србија треба да се одржат в недела, на 25 октомври 2026 година, според информациите што се појавија во јавноста во Белград денеска од дел од српски медиуми, а за кои се уште нема потврда од властите во државата. Во наредните денови се очекува да се покрене постапка за распуштање на Народното собрание, врз основа на образложениот предлог на Владата на Србија. Со тоа би се исполниле формалните услови за ...
Тоа не го оправдува брзото или опасно возење меѓу автомобилите, но објаснува зошто барањето излез не е секогаш само прашање на нетрпение. Во Италија, сега се подготвуваат правила кои би им овозможиле на мотоциклистите да поминуваат низ гужвите под појасно дефинирани услови. Според италијанскиот портал Инмото, предлогот за новото сообраќајно законодавство предвидува возачите на градските улици со физички одвоени коловози и повеќе сообраќајни ...
Габор МАТЕ, психијатар (Д-р Габор Мате, роден на 6 јануари 1944 година во Будимпешта, е унгарско канадски псхијатар, познат автор и меѓународен експерт специјализиран за подрачјата на детскиот развој, траумата, зависностите и менталното здравје. Неговиот терапевтски пристап радикално го менува начинот на кој модерната психологија и медицина гледаат на хроничните болести и деструктивното однесување, ставајќи го акцентот на нераскинливата врска ...
Мариус Борг Хејби, најстариот син на норвешката принцеза Мете-Марит, ќе остане во притвор, пресуди денеска апелацискиот суд, објави новинската агенција НТБ. Хејби беше осуден на четири години затвор претходно оваа година за разни кривични дела, вклучувајќи две точки за силување. Тој поднесе жалба на пресудата, а процесот по жалбата треба да започне во февруари со цел повторно испитување на обвиненијата за силување и семејно насилство против ...
Нишката општина Медијана денеска соопшти дека поднела кривична пријава против градоначалникот на Ниш и други одговорни лица. Пријавата се однесува на наводни злоупотреби при подготовката и одржувањето на предизборниот митинг на СНС на 21 октомври. Според општината, централниот плоштад бил зафатен од 20 до 22 октомври без потребните одобренија. Со пријавата се опфатени и одговорни лица во градската администрација, комуналните служби и ...
Европската комисија предупреди дека начинот на кој TikTok им препорачува видеа на корисниците може негативно да влијае врз нивното психичко здравје, особено кај децата и младите. По новата истрага, Брисел бара промени во алгоритмот што одлучува кои содржини се појавуваат на екранот. Доколку се потврдат прекршувањата, платформата би можела да се соочи со казна до шест проценти од глобалниот годишен промет. На 6 ноември 2026 година, Европската ...