Првото издание на „Центар најт ран“ (Centar night run) ќе се одржи вечер во Скопје. Како што наведуваат организаторите, ова претставува нов урбан спортски настан кој за првпат ги поврзува најпрепознатливите улици и простори на Општина Центар во едно уникатно тркачко доживување. Со две дистанци – 5 километри и полумаратон од 21 километар, трката ќе ги собере тркачите и љубителите на спортот во Дебар Маало и низ улиците на Центар. Пријавени се ...

Министерството за односи меѓу заедниците го продолжува процесот на консултации за изработка на Стратегијата за мултикултурализам и општествена кохезија за периодот 2027–2032 година. Од ресорното Министерство информираат дека денеска се одржал вториот ден од консултативната средба, на која учествувале универзитетски професори, експерти од соодветните области, претставници на граѓанските организации и претставници на надлежните институции. – ...

Владата денеска на седница го усвои Дополнетиот Предлог-ребаланс на Буџетот за 2026 година во кој се вградени одредени реалокации. Дополнетиот предлог се усвојува по завршување на расправата во матичната собраниска Комисија за финансирање и буџет и повторно ќе се достави во Собранието за усвојување на пленарна седница. Со Дополнетиот ребаланс се направени реалокации помеѓу буџетските корисници со цел усогласување на реализацијата со ...

Европскиот суд за човекови права пред 20 години донесол пресуда дека Бугарија ја прекршила слободата на здружување со одбивањето да ја регистрира ОМО „Илинден“. Оваа пресуда деновиве ќе биде тема на расправа пред Комитетот на министри на Советот на Европа. Комитетот на министри на Советот на Европа од 15 до 17 септември ја одржува својата квартална седница за надзор над извршувањето на пресудите и одлуките на Европскиот суд за човекови права ...

Вечер исполнета со музика, енергија и одлична атмосфера го одбележа првото издание на BIZBendovi, одржано во Скопје. Станува збор за уникатен натпревар на корпоративни бендови, кој веќе со години се одржува во Белград и од година во година докажува дека зад корпоративните титули се кријат луѓе со талент, страст и голема љубов кон музиката. По вечерта исполнета со познати музички хитови, победничката титула на BIZBendovi 2026 ја освои The ...

На 12. Хуманитарен пикник на „Алкалоид“ беа собрани речиси 2,2 милиони денари наменети за набавка на современа медицинска опрема за Универзитетската клиника за респираторни заболувања кај децата „Козле“. Хуманоста и солидарноста отсекогаш биле дел од традицијата на „Алкалоид“. Во септември 2011 година, по повод 75-годишниот јубилеј на компанијата, овие вредности добија уште еден израз со започнувањето на корпоративната хуманитарна ...

Осум лица загинаа, а едно лице е тешко повредено во вооружен напад што се случил во три села во западниот дел на централна Турција. Напаѓачот сè уште не е пронајден, а турската полиција трага по осомничен кој, според сведоштва, избегал од местото на настанот со црвен автомобил. Од канцеларијата на гувернерот на областа Афјонкарахисар информирале дека нападот се случил во раните вечерни часови во рурално подрачје во близина на истоимениот ...

Победата на демократите на изборите за двата дома на американскиот Конгрес се одрази денес на светските финансиски пазари, ослабувајќи го доларот и охрабрувајќи го растот на цените на американските државни обврзници, додека европските акции зајакнаа. Приносот на десетгодишните американски државни обврзници падна за пет базични поени, на 4,92 проценти, додека приносот на соодветните германски обврзници се намали за два базични поени, на 3,31 ...

Министерот за здравство, Сашо Клековски, денеска се обрати на отворањето на панел дискусијата „Паркинсонова и Алцхајмерова болест: подобар третман за подобар живот“, што се одржа во Деканатот на Медицинскиот факултет во Скопје. Невролози и неврохирурзи од Универзитетскиот клинички центар Љубљана и од универзитетските клиники во Скопје разговараа за длабоката мозочна стимулација (DBS) кај Паркинсоновата болест и за антиамилоидните терапии со ...

Во време кога дигитализацијата забрзано го менува начинот на кој брендовите комуницираат со публиката, маркетингот станува сè поважен дел од деловната стратегија. Но, поголемата брзина, бројот на канали и достапноста на новите технологии носат и нови предизвици, од одржување на квалитетот на комуникацијата до градење и зачувување на довербата. За современите трендови во маркетингот, влијанието на дигитализацијата, значењето на практичното ...

Тој вчера поднесе оставка од функцијата претседател на Србија. При таа прилика, тој ѝ ги предаде и сите важни документи, како и печатот. – Со каква леснотија ја прифати должноста, а денес е и роденден на Ана – рече Вучиќ. Брнабиќ потоа истакна дека е среќна бидејќи знае дека Вучиќ сега оди меѓу народот. Потоа му се заблагодари на Вучиќ за неговата борба за Србија. – Никогаш претходно сме немале таков претседател, ниту пак ќе имаме – човек кој ...

Студентите победија во Србија, Лула победи во Бразил. Сите се борат за подобра иднина, само ние се бориме за подобро минато. Во нешто сме уникатни, нема дилеми. Додека во сите држави (некаде порано, некаде подоцна) мнозинството стиснува заби и почнува борба за подобар живот, кај нас мнозинството се бори против тие што сакаат да стиснат заби и да се борат за подобар живот. Колку сме јадни и бедни, не сме свесни. Немаме ние народ за борба… ...

По завршувањето на меѓуизборите во САД и победата на Демократската партија, прашањето за објавувањето на документите поврзани со Џефри Епштајн повторно се враќа во фокусот на Конгресот. Спорноста околу досиејата беше една од централните теми во изборната кампања и останува силен политички притисок врз администрацијата на претседателот Доналд Трамп, пренесува влијателниот портал AXIOS. Конгресмените Томас Маси (републиканец) и Ро Кана ...

Водач на култ во Кенија е осуден на 200 години затвор затоа што ги терал следбениците да ги изгладнуваат децата до смрт за да го сретнат Исус, објави „Би-би-си“. Пол Макензи, самопрогласен проповедник и водач на култот, е прогласен за виновен за смртта на 191 човек, од кои речиси сите биле деца. Макензи доби две затворски казни од по 100 години – една за убиство, а другата за кривични дела поврзани со изгладнувањето на жртвите. Казните ќе се ...

Повеќе од 15.000 посетители уживаа во првите три фестивалски вечери на AERO Street Food Festival, кој од 4 септември се одржува во паркот „Авионче”. Одличната посетеност, богатата понуда на храна и атрактивната музичка програма уште еднаш го потврдија Аеродром како препознатлива дестинација за модерни урбани настани и забава за сите генерации. Фестивалот беше отворен со настапот на DJ Milan Serafimov, по што на сцената се појавија The ...

BioWare, студиото кое стои зад неколку исклучително популарни франшизи на игри, целосно се затвора. Промените беа неизбежни за Electronic Arts по преминот на компанијата во приватна сопственост – потег со кој новите сопственици се соочија со долг од 20 милијарди долари. EA најави оперативни промени, вклучително и отпуштања, како и затворање на BioWare – студиото одговорно за серијалите Mass Effect, Baldur’s Gate и Dragon Age. Во последните ...

Иницијаторот на акцијата, поетот и книжевен критичар Раде Силјан, основач на „Матица македонска“, е роден во Жван. Неговата замисла е учениците од родниот крај да го имаат она што им недостигало на многу претходни генерации, меѓу кои и неговата: книги со кои ќе растат и ќе ги создаваат своите лични библиотеки. Таа замисла се остварува со секоја нова годишна донација, преточувајќи ја приврзаноста кон родниот крај во конкретна грижа за неговите ...

Македонското движење за промоција на мајчиниот јазик „Крсте Мисирков“ објави дека во последните денови Македонци добиваат повици од полицијата за да дадат исказ во рамките на истрага за наводно кривично дело. Во објавата се наведува дека предметот опфаќа 15 лица и две организации. Од македонското движење „Крсте Мисирков“ ги повикуваат сите кои добиле полициски повик да ја информираат организацијата. „Организирано ќе реагираме против ...

Помалку чекори при плаќањето, поголема удобност при секоја нарачка – новите опции за плаќање преку Google Pay и Apple Pay го прават купувањето преку Korpa уште поедноставно. Korpa, домашната онлајн палтформа за нарачка и достава на храна и намирници, е првиот е-трговец во Македонија што воведе плаќање преку Apple Pay и Google Pay. Оваа новина е особено значајна во време кога мобилниот телефон станува главен канал за секојдневно купување – од ...

НБА лигата го објави првиот пресек во трката за најдобар играч во сезоната – МВП наградата. Како водечко трио се: Лука Дончиќ, Виктор Вембањама и Шеј Гилџес-Александер. Но, во игра барем засега не е трикратниот освојувач на оваа награда Никола Јокиќ; играчот на Денвер Нагетс се наоѓа во ТОП 10. Тој по серијата на слаби натпревари се наоѓа на деветтото место. Дончиќ е лидер на „езерџиите“ и по девет натпревари неговиот тим има седум победи, со ...

Банкарската стабилност не се мери само преку профитот, капиталот и ликвидноста. Подеднакво важна е способноста на институциите да реагираат кога некоја банка ќе се соочи со сериозни проблеми. Новите активности на европските регулатори и централните банки во регионот отвораат важни прашања за заштитата на штедачите, управувањето со кризите и отпорноста на финансискиот систем. Банкарската стабилност се проверува пред да започне кризата ...

Кога плаќаат со банкарска картичка надвор од Македонија, граѓаните понекогаш добиваат можност трансакцијата да биде пресметана во локалната валута или во валутата на нивната домашна сметка. Изборот може да влијае врз девизниот курс и конечниот износ што ќе биде наплатен. Оваа услуга е позната како динамичка конверзија на валута, а пред нејзино прифаќање треба внимателно да се провери понудениот курс. Плаќањето со картичка во странство е ...

„Филмот ‘Кумство, вера и духовна визија во срцето на народот’, обработува длабока, автентична и жива тема, народен обред што од година во година станува сè поприфатен и кај помладата популација. Со гордост ја примив наградата, бидејќи меѓу пристигнатите 94 филма од целиот свет, мојот филм беше прогласен за еден од најдобрите“, изјави етнологот Надица Петковиќ. Етнолошките филмови претставуваат мост меѓу минатото, сегашноста и иднината, ...

Италијанската влада предлага нова даночна мерка со која би се оданочувале богатите инвеститори што го менуваат даночното живеалиште и ја напуштаат земјата. Според предлогот за буџетот за 2027 година, лицата кои ќе ја напуштат италијанската даночна јурисдикција би можеле да платат данок од 26 проценти на добивката остварена од зголемувањето на вредноста на нивниот имот, дури и ако средствата сè уште не се продадени. Мерката, позната како ...

Навиката да се останува буден до доцна и да се надоместува сонот во сабота и недела носи сериозни ризици за кардиоваскуларното здравје. Нова опсежна научна студија спроведена од истражувачи од Универзитетот Харвард и Детската болница во Бостон покажува дека нарушувањето на вообичаениот ритам на спиење за време на викендот директно ја зголемува веројатноста за срцев удар, мозочен удар и срцева слабост. Редовноста во распоредот се покажа како ...

„Иако е можно одредено приближување кон Европската Унија, во предизборната кампања Студентската листа најави невоведување на санкции кон Русија што го дефинираа како „обѕир кон историското искуство“. Тие исто така нагласија дека Косово го сметаат за интегрален дел од Србија, а Русија е стратешки партнер по тоа прашање. Ниту самиот Вучиќ не ја спроведуваше надворешната политика на склоност кон Руската Федерација само поради сопствено ...

Продолжува традиционалното присуство на „Алкалоид“ на една од водечките глобални платформи во фармацевтската индустрија, со фокус на продлабочување на меѓународните партнерства, следење на најновите индустриски трендови и отворање нови можности за развој. „Алкалоид“ годинава го бележи своето 23. учество на CPhI (Convention on Pharmaceutical Ingredients), водечки глобален настан кој ги поврзува чинителите од целиот фармацевтски синџир. ...

Apple објави енергетска етикета на ЕУ за својот уред на преклопување, iPhone Duo, пред неговото лансирање на пазарот, откривајќи важни детали за батеријата. Објавениот документ го открива капацитетот на батеријата, проценетото траење на батеријата и нејзината издржливост низ циклусите на полнење. Според официјалната енергетска етикета, iPhone Duo поседува литиум-јонска батерија со капацитет од 4.883 mAh, поделена на два дела. Наведеното ...

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска преку објава на својот Фејсбук-профил најостро ги демантираше и ги отфрли како невистинити денешните наводи изнесени во соопштението на СДС. Таа категорично ги отфрли обвинувањата за какво било незаконско или противправно постапување, нагласувајќи дека податоците за јавниот долг се официјални и се засноваат на релевантни информации од сите надлежни институции, согласно нивните законски ...

Многу луѓе го започнуваат денот со шолја кафе пред појадок, но често се поставува прашањето дали таквата навика може да влијае на здравјето на желудникот и цревата. Гастроентеролозите објаснуваат што навистина се случува во телото кога пиеме кафе на празен стомак и дали треба да ја промениме нашата утринска рутина. „Се чини дека кафето не предизвикува големи проблеми кога се консумира на празен стомак. Студиите не потврдија дека предизвикува ...

weather icon

Скопје

4ᴼ / 4ᴼ
1.03
75%
1026
weather icon

Белград

4ᴼ / 3ᴼ
1.54
77%
1027
weather icon

Загреб

8ᴼ / 4ᴼ
1.54
64%
1027
weather icon

Софија

2ᴼ / 1ᴼ
1.54
85%
1026
weather icon

Сараево

6ᴼ / 6ᴼ
0.47
84%
1028
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 5ᴼ
0.51
87%
1027
weather icon

Атина

13ᴼ / 11ᴼ
3.13
63%
1025
weather icon

Тирана

14ᴼ / 13ᴼ
1.54
71%
1022
weather icon

Подгорица

9ᴼ / 9ᴼ
1.03
71%
1023
weather icon

Букурешт

7ᴼ / 6ᴼ
5.14
61%
1030
weather icon

Будимпешта

6ᴼ / 3ᴼ
0.89
62%
1029
weather icon

Истанбул

9ᴼ / 8ᴼ
5.66
87%
1027
Currency

61.647

Currency

54.969

Currency

73.854

Currency

38.116

Currency

39.254

Currency

67.275

Currency

8.2491

Currency

0.67205

Currency

0.34751

Currency

0.52379

Currency

1.0973

Currency

0.58397

Бакар

12.58

Родиум

295786.87

Паладиум

32279.35

Платина

49319.25

Алуминиум

3.07

Злато

130856.75

Рутениум

61086.42

Иридиум

315077.32

Калај

46.54

Кобалт

33.53

Сребро

1670.34

Цинк

3.76