Погребот на починатите во пожарот во Кочани ќе се одржи утре. Погребните церемонии ќе бидат во 11 часот во Штип, во 12 часот во Кочани и во 13 часот во Облешево. Останатите погреби ќе се одржат исто така во текот на утрешниот ден во различни временски периоди. – Свештениците од локалните цркви ќе ги контактираат сите ужалени семејства со детали околу погребот, информираат од Центарот за управување со кризи. Оттаму ги замолуваат сите граѓани на ...
Деканот на Медицинскиот факултет во Скопје, Светозар Антовиќ, и раководителот на Институтот за судска медицина, Александар Станков, денеска соопштија дека, по трагичниот инцидент во Кочани, во многу краток рок биле завршени 59 обдукции и идентификации на починатите. Како што истакнаа на прес-конференцијата, формирани биле шест тимови, составени од експерти од Судска медицина, патолози и тимови од МВР. Кај сите настрадани е утврдена насилна смрт ...
Амбасадата на Кралството Шпанија во земјава објави дека седум повредени во пожарот во дискотеката во Кочани денеска, попладне, се транспортирани за Шпанија со медицински авион од Норвешка. – По трагедијата во Кочани, медицински авион обезбеден од Норвешка полета од Скопје за Мадрид, превезувајќи седум повредени кои ќе добијат медицинска помош во болниците во Ла Паз и Хетафе. Шпанија секогаш блиску до Северна Македонија и се солидаризира со ...
Во Кочани денеска се погребани триесет и едно лице од 59, колку што загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ во неделата рано наутро. Останатите жртви беа погребани во Скопје, Штип и Облешево. Погребната церемонија во Кочани започна напладне, а со неа чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна Црква -Охридска архиепископија г.г. Стефан. Церемонијата на давање последна почит се одржа по посебни протоколи. Со починатите, од кои ...
Во Кочани денеска се погребани триесет и едно лице од 59 загинати во пожарот во дискотеката „Пулс“ што се случи во неделата рано наутро. Останатите жртви беа погребани во Скопје, Штип и во Облешево. Погребната церемонија во Кочани започна напладне, а со неа чиноначалствуваше поглаварот на Македонската православна црква -Охридска архиепископија г.г. Стефан. Церемонијата на давање последна почит се одржа по посебни протоколи. Со починатите, од кои ...