Репрезентацијата на Грузија славеше победа на Евробаскетот, совладувајќи ја Шпанија со убедливи 83-69. Тимот на Грузија одигра сигурен натпревар, во кој доминираше речиси во сите четвртини, додека Шпанците имаа само едно кратко водство во текот на мечот. Препорачано Грузијците рано стигнаа до двоцифрена предност (19-9), но Шпанија успеа до крајот на првиот период да се врати на само три поени негатива (20-17). Најизедначен дел од натпреварот ...
Грчката кошаркарска репрезентација продолжува со убедливи игри на Евробаскетот. Избраниците на Василис Спанулис денеска убедливо победија против Грузија со резултат 94:53. Препорачано Грците имаа сигурна предност против Грузија на полувремето (46:29), благодарение на ефикасната игра на клучните играчи и солидната одбрана. Нашиот јужен сосед продолжи во ист ритам и во второто полувреме, но овој пат уште поубедливо. По третата четвртина, таа ...
Словенија ја оправда улогата на фаворит и конечно дојде до првата победа на Евробаскетот, убедливо совладувајќи ја Белгија со 86-69 во третото коло од групната фаза. Препорачано Главниот диригент на словенечката победа беше Лука Дончиќ, кој испиша историја со својот прв трипл-дабл во националниот дрес. Суперѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс мечот го заврши со 26 поени, 10 скокови, 11 асистенции и три украдени топки, станувајќи само четвртиот ...
Втор натпревар и втора победа за литванската кошаркарска репрезентација на Евробаскетот, кој се одржува во четири земји на стариот континент. Поранешниот шампион на стариот континент, бодрен од многу свои навивачи во Рига, ја надигра Црна Гора со 94-67. Резултатот говори дека разликата во квалитет беше евидентна, па по тешкиот натпревар против светскиот првак Германија, вчера попладне, Црногорците немаа сили за рамноправен дуел. Благодарение на ...
Кошаркарите на Турција дојдоа до вториот триумф на Евробаскетот, откако ја совладаа селекцијата на Чешка со 92-78. И покрај тоа што губеа после првата четвртина, во втората Турците не само што направија пресврт, туку дојдоа до добра предност, за во вториот дел да ја комплетираат победата. По првата четвртина Чесите имаа предност од 27-21, но во втората целосно потфрлија. Тоа го искористи Турција која ја доби со 24-10, па на полувреме замина со ...