Од 1 јануари 2026 година, цената на електричната енергија ќе забележи пораст. Зголемувањето ќе изнесува 2,45% за првиот тарифен блок, 2,87% за вториот, 3,32% за третиот и 3,84% за четвртиот блок. Покрај тоа, евтината тарифа ќе поскапи за 2,5%. “Наместо предложеното зголемување од 7,66 отсто што ЕВН ХОМЕ го достави во одлуката, РКЕ по спроведени анализи и повторни пресметки, одлучи во прв блок да има корекција од 2,45 проценти.” За вториот ...
Струјата поскапува од јануари, од 2,45 проценти во првиот тарифен блок до 3,84 проценти во четвртиот. Есапот на Регулаторот покажува – за оние кои најмалку трошат, сметките во просек ќе се зголемат за 57 денари месечно. Во првиот блок се 85% од граѓаните. За оние кои трошат најмногу и се во четвртиот блок, сметките ќе пораснат и до 900 денари. Но, поскапува и евтината струја за 2,5 проценти. Поскапувањето на струјата ќе биде нов удар врз џебот ...

