Слободан Трендафилов рече дека законски им се потребни најмалку по 21 човек за блокирање на булеварите „Даме Груев“ и „11 Октомври“ кај влезовите на Собранието. Тој смета дека пратениците не треба да се грижат за тоа колку луѓе ќе излезат на улица. Блокадата треба да биде порака до народните избраници дека тие го блокираат Законот за минималец повеќе од една година, вели тој. -Пратениците се прават глуви и слепи за последната иницијатива на ...
Со блокада на зградата на Собранието од двете страни, работниците предводени од Сојузот на Синдикатите ќе се обидат да ги натераат пратениците да се соочат со нив очи в очи и директно да им ги соопштат своите барања. Блокадите се најавени да почнат во 9 часот утре наутро на улиците „11 Октомври“ и „Даме Груев“, обзнани денеска на социјалните мрежи претседателот на ССМ Слободан Трендафилов, според кого, блокадата е дел од притисокот за ...
Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, изјави дека секој месец без законска интервенција ги чини работничките семејства околу 9.500 денари, колку што, според синдикалните пресметки, пораснала минималната потрошувачка кошница. Од ССМ повторно побараа намалување на пратеничките плати за 80 проценти и укинување на нивното автоматско усогласување со просечната плата. Од Собранието порачаа дека протестите се легитимни, но дека не смее да се ...
На денешната блокада на Собранието, претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов им посака добро утро на сите, освен на пратениците кои, како што вели, две години го блокираат предлогот за зголемување на сите плати. Вели дека блокадата е за да не можат пратениците да дојдат со сопствените возила во зградата на Парламентот. -Моите информации се дека голем дел на пратеници станале рано утринава за да дојдат пред 9 часот на работа, за да не се ...

