Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Владко Грозданов, е нов градоначалник на Општина Кочани, откако победи во вториот круг од изборите. По обработени 100 отсто од гласовите, Грозданов освои 7.368 гласови, додека неговиот противкандидат Венко Крстевски, кој беше в.д. градоначалник и на изборите настапи како независен, доби поддршка од 5.914 гласачи. Излезноста во вториот круг во Кочани изнесуваше 43,01 отсто, а регистрирани се и 697 неважечки ливчиња. ...

Тони Тоневски кандидатот за градоначалник за Општина Пробиштип од ВМРО-ДПМНЕ вечерва прогласи победа. Тоневски во своето обраќање пред членовите, симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ се заблагодари на граѓаните и вети дека во наредните четири години ќе ја оправда довербата која му ја дадоа. Ќе бидам прв од вас што ќе се бори за сите убави работи што треба да му се случуваат на Пробиштип во наредните четири години – вели Тоневски. Инаку, според ВМРО ДПМНЕ ...