Меморандум за соработка е потпишан денеска, од страна на градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска и директорот на „Кинотека“, Бошко Грујоски. Како што попладнево информираа од Општина Кисела Вода, меморандумот има за цел унапредување и збогатување на културниот живот во општината, преку реализација на заеднички проекти, што ќе овозможат поголема достапност на културни простори, промоција на филмската уметност и ...
Општина Кисела Вода упатува јавен повик до сите свои жители, граѓански организации, здруженија, деловни субјекти од овој дел на градот, активно да се вклучат во процесот на креирање на буџетот за 2026 година. Со оваа иницијатива, општината уште еднаш ја потврдува заложбата за транспарентно и отчетно управување, каде реалните потреби на граѓаните се основа за планирање на идниот развој, се наведува во денешното соопштение на локалната самоуправа. ...

