Јаник Синер ја оправда улогата на фаворит и го победи Данил Медведев во финалето на Мастерсот во Индијан Велс. Италијанецот славеше по скоро два часа тенис со 2-0 во сетови (7-6/5, 7-6/4). Со овој освоен турнир Синер ги има во својата колекција сите Мастерс или Грен следм турнири на тврда подлога, со што е најмладиот со вакво постигнување во историјата (24 години). Ова беше финале во кој не видовме ниту еден брејк во речиси два часа игра. ...
Јаник Синер беше навистина добро тестиран во големото финале на Индијан Велс, но Италијанецот успеа да пронајде добри решение и извонредни удари во клучните моменти, па така преку два тајбрејка стигна до прва титула во калифорниската пустина. Данил Медведев одигра навидум сличен меч како во полуфиналето со Карлос Алкарас и го принуди Синер да биде непогрешлив на свој сервис, но за разлика од вчерашниот дуел со светскиот рекет број еден, сега ...

