Денес е ден на македонските железничари 1553.- Франсоа Рабле, француски писател, најпозната личност во француската ренесанса умре во Париз. Неговиот најзначајно дело е фантастично-хумористичен роман “Гаргантуата и Пантагруел”. Роден бил во 1490 година. 1588.- Убиениот италијански сликар Паоло Веронезе, еден од најзначајните претставници на венецијанското сликарство. Тој бил мајстор на колоритот, динамичните композиции, сликар на вечери, ...
1367.- Роден е англискиот крал Хенри Четврти, основач на Ланкастерската династија. На престолот дошол во 1399 година, исфрлајќи го Ричард Втори, кој во 1400 година под мистериозни околности умрел во заложништво во замокот Понтефракт. Во текот на владеењето до смртта во 1413 година, Хенри Четврти ги задуши силните бунтови на Велшаните и приврзаниците на Ричард Втори. 1512.- Турскиот султан Бајазит Втори абдицирал во корист на синот Селим Први. ...
188.- Роден е римскиот цар Марко Аурелиј Север Антонин Август Каракала, еден од најпознатите тирани во римската историја. Со татко му Септимиј Север владеел од 198 до 211 година, а потоа сам, крајно сурово, го погубил дури и својот брат, додека и самиот не бил убиен во 217 година. За да го ублажи незадоволството, главно во провинциите, во 212 година им дал граѓанско право на сите граѓани на Римското Царство кои се родени како слободни. 1617.- ...
1588.- Роден е Томас Хобс, англиски филозоф, продолжувач и систематизатор на класичниот англиски емпиризам. Познат е по максимата „Човек на човека му е волк“. Напишал многу дела меѓу кои се „Левијатан“, „За политичкото тело“. Умрел на 4 декември 1679 година. 1654.- Со мирот во Вестминстер (централен дел на Лондон) завршила првата Англо-холандска војна. Со победата врз Холандија, Англија ја скршила холандската надмоќност на море. 1794.- ...
885.- Умрел словенскиот просветител Методиј, постариот брат на Кирил, со кого ја составил првата словенска азбука, глаголицата. 1199.- Умрел англискиот крал Ричард Први Плантагент, наречен „Лавовско срце“, еден од водачите во Третата крстоносна војна. 1490.- Умрел унгарскиот крал Марија Хунјади, познат како Матија Први Корвин, кој во текот на владеењето од 1458 година војувал против Турците и хабзбуршките владетели. Ја зазел Виена во 1486 година ...
– Денеска е Светски ден на здравјето. Во 1948 година стапил во сила Уставот на Светската здравствена организација. 1348.- Во Прага бил основан Универзитет, прв во централниот дел на Европа. 1614.- Умрел шпанскиот сликар и вајар од грчко потекло Ел Греко. Од родниот Крит преку Венеција, каде што учел да слика кај Јакоп Тинторето, и Рим пристигнал во шпанскиот град Толедо во кој живеел 37 години и останал до смртта. Тој најмногу сликал портрети и ...