Екипата на Реал Мадрид со тешка мака победи на отворањето во Лигата на шампионите. Кралскиот клуб кој важи за еден од фаворитите за тронот дома славеше над Олимпик Марсеј (2-1) со два гола од пенал со кои се испиша и рекорд во елитата. Се играше 22. минута од натпреварот на „Сантијаго Бернабеу“, кога Гринвуд и Веа школски ја изиграа одбраната на „кралевите“ и синот на легендарниот напаѓач на Милан, го совлада Куртоа за 0-1 и молк на трибините. ...
Реал Мадрид ја оправда фаворитската улога и освои три бода на стартот на новата сезона во Лигата на шампиони, но јасно е дека по натпреварот најмногу ќе се говори за контроверзниот пенал кој беше досуден во 81-та минута. Марсеј беше играчки инфериорен на „Сантијаго Беранбеу“ и беше принуден да се брани, но дури и во таква ситуација одолеваше до самиот крај, па јасно е дека Французите ќе бидат бесни за вториот пенал кој беше досуден за Реал. ...