Две лица се убиени а тројца повредени во очигледен анти-семитски напад во северна Англија. Напаѓач со автомобил влетал во група луѓе пред синагога во близина на Манчестер на дента кога верниците го слават Јом Кипур, најсветиот ден во еврејскиот календар. Напаѓачот потоа со нож започнал да ги боде луѓето во близина на верскиот објект по што во интервенција на полицијата бил смртно застрелан. Идентитетот на убиецот засега не е потврден, бидејќи ...

Одбивни сцени на прослава на улиците на британските градови по нападот врз синагогата Двајца мажи беа убиени во терористички напад пред синагогата на Хебрејската конгрегација Хитон Парк во Манчестер во четврток, на еврејскиот празник Јом Кипур. Лидерот на Британската реформска партија, Најџел Фараж, денес изјави дека палестинските демонстранти во британските градови го „прославиле“ терористичкиот напад врз синагогата во Манчестер, во кој беа ...

Двајца членови на еврејската заедница во Манчестер – Едријан Долби (53) и Мелвин Кравиц (66) – беа убиени, а уште тројца верници се тешко повредени во напад кај синагогата „Хитон Парк“ на Јом Кипур. Напаѓачот, Џихад ал Шами (35), беше застрелан неколку минути по нападот. Според описот на полицијата, напаѓачот во 9:31 часот прво со црн „Kia Picanto“ удрил во група верници, а потоа излегол од возилото и започнал да „прободува секого што можел да ...

Мажите се идентификувани како Адриан Долби (53) и Мелвин Кравиц (66), објави денес Скај њуз. Формалната идентификација сè уште не е завршена, но семејствата се информирани, а специјално обучени службеници за врска се во контакт со нив. После обдукцијата ќе се изврши подоцна денес, соопшти полицијата. Полицијата најави зголемени патроли низ регионот, вклучувајќи го Северен Манчестер, Бери и Салфорд, како и зголемено присуство околу религиозните ...

Британскиот премиер Кир Стармер го осуди терористичкиот напад врз синагога во Манчестер, при што загинаа две лица, а четворица беа тешко повредени на најсветиот еврејски празник — Јом Кипур. Напаѓачот удрил со автомобил во верници пред синагогата, по што започнал да ги напаѓа со нож. Нападот е прогласен за терористички акт од страна на британските власти. Напаѓачот, 35-годишен британски државјанин со сириско потекло, бил убиен од полицијата ...

Три лица загинаа, вклучувајќи го и напаѓачот, кој беше застрелан од полицијата, во напад во близина на синагога во Манчестер денес, соопшти градската полиција. Во соопштението се вели дека нема ризик за јавноста и дека може да се очекуваат тековни активности во врска со инцидентот додека истрагата продолжува, објави Гардијан. Се забележува дека полицајците се распоредени на клучни локации во градот. Полицијата ги повика жителите да ја ...