Денеска во 14 часот беа затворени гласачките места на парламентарните избори во Чешка, на кои од вчера попладне над осум милиони регистрирани гласачи имаа можност да гласаат за 200 нови членови на Долниот дом на парламентот. Изборите поминаа мирно и без инциденти, само со откажување на системот за дигитални лични карти, па граѓаните мораа да се вратат дома од гласачкото место за да соберат документи, а на многу од 14.800 гласачки места, особено ...
Лидерот на политичкото движење АНО, Андреј Бабиш прогласи победа на парламентарните избори во Чешка и изрази надеж дека ќе успее да формира влада. За резултатот на неговата партија рече дека е „најдобар во историјата на парламентарните избори во Чешка и оти е плод на тимска работа. Според чешкиот завод за статистика, партијата АНО добила најмногу гласови на парламентарните избори по пребројани ливчиња од 90 отсто гласачки места, односно 36 отсто ...