Сојузот на синдикатите на Македонија не се откажува од барањето за раст на минимална плата од 500 евра. Првиот човек на ССМ подава рака за преговори кон сите засегнати страни, со апел да не се гледа низ призма на политика. Ако нема договор, не ја исклучуваат можноста да излезат на протести. Работодавачите велат дека сега работниците ќе го добијат законското зголемување од 1.800 денари, а за повеќе, мора да се преговара. Владата порача дека ќе ...
Синдикатите бараат плата од минимум 500 евра, со оглед дека синдикалната кошничка доживеа раст од над 1.000 евра. Со вакво барање излегоа и од опозициската СДСМ, која предложи разликата во придонесите меѓу 24.600 и 30.000 денари да ја покрие државата, со што минималната плата би достигнала 500 евра. Власта го одби предлогот за субвенционирање на придонесите, но вели дека доколку синдикатите и работодавачите се договорат за минимална плата од 500 ...