Градоначалникот на Охрид, Кирил Пецаков и градоначалникот на Веспрем, Унгарија, Ѓула Порга, денеска во ресторанот „Тино“ на кејот „Македонија“ во Охрид, потпишаа писмо на намери за пријателска соработка помеѓудвете општини. Документот е чекор кон збратимување на двете општини, што е крајна цел која треба да се реализира преку соодветни процедури во двете општини. Но, несомнено, простор за соработка има, потенцираа двајцата градоначалници. ...
Градоначалниците на Охрид и на унгарскиот град Веспрем, Кирил Пецаков и Ѓула Порга, денеска во Охрид го парафираа Писмото на намери за пријателска соработка меѓу двете општини. Како што информира градоначалникот Пецаков, потпишаниот документ е продолжение на веќе воспоставените контакти на Охрид со градот Веспрем, како првичен чекор од постапката кон натамошно унапредување на соработката што треба да биде финализирана со потпишување и на договор ...

