1522.- Шпанскиот морепловец Хуан Себастијан дел Кано прв ја обиколи Земјата враќајќи се во Шпанија со бродот “Викторија” со само 18 морнари. Со тоа тој ја зврши експедицијата започната во 1519 година. Експедицијата беше составена од пет брода и 270 морнари. 1569.- Умре Питер (Стариот) Бројгел (Брухел), фламански сликар, реалист и колорист, еден од првите пејзажисти во светот според вредноста и според времето во кое живееше. Претежно сликаше ...

12.- Роден е римскиот цар Гај Јулиј Цезар Германик Калигула. Владеел свирепо, непресметливо, самоволно и со невидено расипништво од 37 до 41 година. Во 41 година бил убиен, а на негово место Сенатот за цар го прогласил неговиот чичко Клавдиј Тибериј Друз. 1688.- Умре англискиот писател и баптистички проповедник Џон Бањан. Поради држењето проповеди без дозвола на верските власти одлежал 12 години затвор. 1876.- Од власт е симнат турскиот султан ...

31. п.н.е.- За време на битката во Јонското Море во северозападниот дел на Грција, Римјаните ја победиле здружената флота на римскиот војсководец Марк Антониј и неговата сопруга, египетската кралица Клеопатра VII. 1666.- Во Лондон избил катастрофален пожар. Oгнената стихија за пет дена речиси го уништила градот, вклучувајќи и 97 цркви меѓу кои и катедралата „Свети Павле“. 1838.- Родена е последната хавајска кралица Лилиуокалани. Пацифистичките ...

1347.- Англискиот крал Едвард Трети го зазеде францускиот град Кале. 1832.- Во Риека е роден Иван Зајц, хрватски композитор, диригент, пијанист и музички педагог, втемелувач на хрватската опера. Умре во Загреб, на 26 декември 1914 година. 1858.- Англискиот истражувач Џон Спик го откри езерото Викторија. 1882.- Во Меѓана, кај Горица, е роден Алојз Градник, словенечки поет и преведувач, поет на националниот отпор против угнетувањето. Негови ...

1669.-Венеција им го отстапила грчкиот остров Крит на Турците, не успевајќи да се одбрани од опсадата започната во 1648. 1768.- Роден е францускиот писател и дипломат Франсоа Рене Шатобријан, прекрасен стилист кој силно влијаел на француската книжевност. По ранувањето во една од битките со приврзаниците на Француската револуција, во 1792 година емигрирал во Англија, каде останал до 1800 година. По враќањето на власт на династијата Бурбон во 1814 ...

1568.- Роден е Томазо Кампанела, италијански филозоф, доминиканец. Во делото “Сончева држава”, напишано по примерот на Платон и на Томас Мор го изложи своето сфаќање за идеално општествено уредување како еден вид социјалистичка република. Умре во Париз, во 1639 година. 1585.- Роден е Арман Жан ди Плеси Ришелје, француски државник, кардинал, прв министер на Луј Тринаесетти. Ги сузбиваше заговорите на племството и го зацврствуваше кралскиот ...