Бројот на загинати од разорниот земјотрес во Мјанмар се искачи на над 1.700, а стотици се водат за исчезнати. Стравувањата на експертите се дека бројот на загинати би можел да надмине и 10.000. Во земјата постојано пристигнуваат странски експертски тимови за спасување во обид да се пронајдат што е можно повеќе преживеани под урнатините. Економските и инфраструктурните загуби се огромни и би можеле да го надминат годишното економско производство ...

Најмалку 8 лица се повредени во напад на руски дрон врз украинскиот град Харков. Според локалните медиуми биле извршени 15 напади, а пожари избувнале на околу 1500 метри квадратни. На терен се противпожарните екипи, како и спасувачките екипи кои им помагаат на населението. Оштетени беа неколку стамбени згради, а на други имаше искршени прозорци. Населението од тој регион беше евакуирано. Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека во ...

Бројот на загинати во разорниот земјотрес што во петокот го погоди Мјанмар достигна 2719 и се очекува да се искачи на повеке од 3000 објави воената влада на Мјанмар. Од таму додаваат дека , 4521 лице се повредени, а 441 се водат како исчезнат . Спасувачите сè уште трагаат по преживеани, иако надежите исчезнуваат бидејќи критичниот период – првите 72 часа по земјотресот – измина. - Ни се доделени пет локации. веќе извршивме увид во четири од нив, ...

Силниот и обилен дожд и невремето што вчера попладне ги зафати островите Парос и Миконос предизвика многу проблеми. Во најпогодените места улиците се претворија во реки, а од бројот 112 за итни случаи беше испратена порака до жителите и посетителите дека е забранет сообраќајот на сите возила, со исклучок на оние за итни случаи. На Парос водата на поплавените улици повлече паркирани автомобили. Има оштетувања и на патната мрежа со одрони, поплави ...

Вртоглаво расте бројот на жртви по разорниот земјотрес во Мјанмар. Денеска се потврдени над 2.050 мртви, а речиси 4.000 повредени. Според официјалните државни податоци, 270 луѓе се водат за исчезнати. Државата се наоѓа пред монсунска сезона што дополнително може да донесе нови разурнувања. Покрај штетите од земјотресот, спасувачките тимови имаат комплицирана задача поради крвавата граѓанска војна во поголемиот дел од земјата, вклучително и ...

Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала се случи рано наутро во близина на островската држава Тонга во Тихиот Океан, што ја натера владата да издаде кратко предупредување за цунами и да ги советува жителите да се евакуираат. Тонга е составена од 173 острови со население од нешто повеќе од 100.000 луѓе, од кои повеќето живеат на главниот остров Тонгатапу, кој е оддалечен околу 100 километри од епицентарот. Кинески спасувачки тим ...