Попладнево имало пукање со огнено оружје во близина на Бит Пазар, јавува репортерот на ТВ21. Неофицијално, има една жртва. Пукањето се случило во близина на полициската станица Бит Пазар. На терен се присутни засилени полициски сили, како и Брза помош. Според првичните информации од репортерот на терен, повредена е и една жена, случаен минувач. „Двајца пукаа еден кон друг! Полно деца имаше долу, си играа“, изјавиле жители на маалото за ТВ21. ...

31-годишен маж со иницијали А.С. од Скопје почина од повредите здобиени при пукање попладнево во близина на Полициската станица во Бит Пазар. Според информациите тој им подлегнал на повредите во операционата сала на Клиничкиот центар во Скопје, каде што бил итно пренесен со прострелни рани на главата, градите и други делови од телото. Засега не е познато кој е напаѓачот, ниту пак мотивите за пукањето врз младиот човек. Во полициското соопштение ...

Алајдин Сулејмани (30) од Арачиново им подлегнал на тешките повреди кои ги здоби денеска од истрели во близина на Полициската станица – Бит Пазар. Тој почина во операциона сала на Државната клиника во Скопје, пишува весникот „Коха“. Засега непознати лица испукале неколку куршуми кон Сулејмани, бил погоден во глава, во граден кош и во други делови од телото. Полицијата истражува дали денешното пукање има поврзаност со физичка пресметка меѓу ...

Од МВР потврдија дека денеска околу 14 часот во СВР Скопје било пријавено дека на улицата Војдан Чернодрински на подрачјето на Бит-пазар имало пукање од огнено оружје. Полициски службеници констатирале дека се работи за престрелка помеѓу две групи од по пет до шест лица, при што едно лице е повредено и е пренесено во Ургентен центар при Комплексот клиники „Мајка Тереза“. На местото се најдени повеќе чаури, а оштетени се неколку изложни стакла од ...

Попладнево имаше пукање со огнено оружје пред полициската станица Бит Пазар. Жителите кои се најдоа како сведоци на улицата за ТВ21 велат дека лицата дошле од друго место, и тука почнале да се пукаат. Како што велат, малку подоле имало и деца кои си играле. „Двајца пукаа еден кон друг! Полно деца имаше долу, си играа“, сведочи жител. „Двајца меѓу себе пукаа“, рече друг жител, додека пак трет вели „од друго место дојдоа, и пукаа пред куќите“. ...