Нов ценовен скок за возачите – од полноќ поскапи бензини за три денари и дизел за 4,5 денари. Регулаторната комисија за енергетика согласно новата одлука ги зголемува цените на нафтените деривати во просек за 4,55 проценти. Тоа значи дека малопродажната цена на Еуросупер БС-95 од полноќ ќе биде 93 денари за литар, а Еуросупер БС-98 ќе с епродава по цена од 95 денари за литар. Цената на дизелот со најновото поскапување се доближува речиси до ...

Министерот за правда, Јетон Шасивари, денес оствари работна средба со претседателката на Нотарската комора, Цеца Малева Стоев. На средбата беа разгледани актуелните прашања поврзани со функционирањето на нотаријатот, со акцент на потребата од измени на Законот за нотаријат, унапредување на дигитализацијата на нотарските услуги и надминување на предизвиците во примената на постојните законски решенија. Министерството за правда останува ...

Во охридската црква „Св. Софија“ вечерва во 21 часот концерт ќе одржи ансамблот „Алтус“ од Македонија. Диригент е Ана Спасовска, а во составот членуваат: Гонца Богоромова-Краповски, сопран, Елена Стојческа, флејта, Игор Иванов, кларинет, Роман Петиот, гитара, Маријана Николовска, пијано, Мартин Димитров, виолина, Александар Лаовски, виола и Паскал Краповски, виолончело. На програмата се дела од: Панде Шахов, Ангел Спировски, Томислав ...

Регулаторна комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата кои на сила стапуваат од полноќ. Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 4,50 ден/лит. Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемува за 5,00 ден/лит. Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 2,726 ден/кг. „Од ...

Кошаркарскиот клуб Пелистер го претстави своето второ засилување за сезоната 2026/27. По потписот на Благој Димитриев, нов член на битолскиот клуб е Алонзо Едвард Денинг. Се работи за кошаркар кој доаѓа од Соединетите Американски Држави, но неговото потекло е од Македонија и поседува македонско државјанство, што значи во нашето првенство ќе настапи како домашен играч. Алонзо игра на позицијата крилен центар и пред да дојде во Македонија ...

Иран упати ново предупредување до Бугарија поради одлуката да им овозможи на САД користење на нејзините воени бази, со што дополнително се зголемија дипломатските тензии меѓу Техеран и Софија. Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, преку социјалните мрежи порача дека бугарските власти ќе треба да сносат одговорност за, како што наведе, „опасната одлука“ американски авиони за воздушно дополнување со гориво ...

Додека во Собранието се расправа за ребалансот на Буџетот, Владата потврди дека се задолжува кај М-НАВ, МЕПСО, Државна лотарија и ЈП за државни патишта. Како причина за ова задолжување се наведува враќањето на долговите кон кинеската банка за автопатите, што претставува уште еден показател за сериозните проблеми со ликвидноста на државниот буџет, реагираат од Левица. Владите во последните дваесет години, предводени од ДПМНЕ и СДСМ, не ...

Иран не побара продолжување на разговорите со САД, изјави портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаи, цитиран од британските медиуми. Според него, Техеран не побарал продолжување на разговорите со Вашингтон за завршување на војната, додавајќи дека ситуацијата во Ормуската Теснина останува непроменета. Багаи, исто така, нагласи дека не е во духот на иранската политика Техеран да иницира продолжување на ...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 4,55% во однос на одлуката од 20.7.2026 година. Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 6,229%, кај ...

Општина Битола и Интернационалниот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“, кој се реализира во рамки на манифестацијата „Бит Фест“, ги покануваат битолчани и сите посетители на еден од највпечатливите и најпрепознатливи настани на фестивалот – традиционалното Фолклорно дефиле „Со песна и игра низ битолските улици“. Стотици учесници од земјата и од светот, облечени во автентични народни носии, ќе продефилираат низ најпознатата ...

Бројот на заразени луѓе со западнонилска треска во Македонија се искачи на осум, од кои седум се потврдени случаи, а еден е веројатен, денеска потврдија од Институтот за јавно здравје за „Слободен печат“. Според директорката д-р Марија Андоновска, во јули биле потврдени пет нови случаи, а најновиот случај бил регистриран во четвртокот. Од осумте регистрирани случаи, седум се потврдени, а еден се води како веројатен. Шест пациенти се од ...

Килијан Мбапе првпат јавно се огласи откако Франција го заврши настапот на Светското првенство без медал, на четвртото место. Ѕвездата на Реал Мадрид испрати порака до навивачите во која истакна дека гордоста поради прикажаните игри е посилна од разочарувањето што тимот не успеал да ја освои титулата. Капитенот на француската репрезентација им се заблагодари на сите кои ја поддржувале селекцијата во текот на целиот турнир. „Ви благодарам. ...

Авион на „Американ ерлајнс“, кој летал од Рим кон Филаделфија, принудно слетал во Даблин откако неколку членови на екипажот почувствувале мачнина и вртоглавица. Од авиокомпанијата соопштиле дека во кабината бил забележан необичен мирис, но засега не е утврдено од што потекнувал. Според неофицијални информации, здравствени тегоби почувствувале шест од деветте членови на кабинскиот екипаж. Авионот безбедно слетал во ирската престолнина, каде ...

Анџелина Џоли и Роберт де Ниро се меѓу холивудските ѕвезди чии контакт-податоци наводно биле изложени по безбедносен пропуст, тврди експерт за сајбер-безбедност за The Sun. Според неговите наводи, личните телефонски броеви и приватните адреси за електронска пошта на актерите станале јавно достапни откако неколку бази на податоци поврзани со филмскиот фестивал Трајбека биле поставени на интернет. Меѓу познатите личности чии податоци наводно ...

Со дополнетиот Предлог-ребаланс на Буџетот за 2026 година се обезбедуваат дополнителни средства за забрзување на капиталните инвестиции, поддршка на земјоделството, општините и реализација на развојните приоритети на Владата, како и за непречено исполнување на законските обврски. Предложените измени се насочени кон продолжување на политиките за економска стабилност, развој и одговорно управување со јавните финансии, истакна министерката за ...

Седум локални манифестации посветени на домашната храна, земјоделското производство, руралната жена, задругарството, лозарството и локалните традиции ќе се реализираат со финансиска поддршка од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Договорите за техничка поддршка за организирање локални манифестации и саеми од областа на земјоделството и руралниот развој денес ги потпиша министерот Борче Серафимовски, а нивната вкупна ...

Драма на летот од Осло кон Дубровник. Патнички авион на компанијата „Norwegian Air Shuttle“ бил принуден вонредно да слета во Виена, откако за време на летот напукнал еден од прозорците. Авионот безбедно слетал, а за патниците е обезбеден заменски авион за продолжување на патувањето. Авионот на летот DY1922 на авиокомпанијата Norwegian Air Shuttle полетал од Осло во 6:45 часот, а на аеродромот „Руѓер Бошковиќ“ во Дубровник требало да слета ...

Меѓународниот секретар и член на СДСМ, Андреј Жерновски се огласи со реакцијата по последните изјави од шефот на дипломатијата, Тимчо Муцунски за протоколите со Бугарија и Преговарачката рамка со ЕУ. „Како во животот, така и во политиката секој има право да го промени својот став. Но кога ќе сфатиш дека си грешел, постои нешто што се вика политичка доблест- а тоа е да излезеш пред граѓаните и да кажеш: „Погрешив. Ве доведов во заблуда. ...

Случајот со Крушево не треба воопшто да се споредува со тоа што се случи со водоводниот систем во Гостивар, бидејќи таму имаше прекин во електричната енергија на еден час, по што состојбата се стабилизирала и во тој град нема граѓани, кои се жалат за здравствени проблеми, изјави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, кој е и раководител на Главниот штаб за управување со кризи. Тој на прес-конференцијата во ...

Водата во Гостивар повторно доби статус на технички исправна по серијата лабораториски анализи, што значи дека граѓаните повторно можат да ја користат за капење, миење садови, перење и други домашни потреби. Сепак, таа и понатаму не е безбедна за пиење и подготовка на храна. Информацијата ја соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, кој истакна дека анализите покажале значително подобрување на состојбата, но дека мерките на ...

Добивај вести на Viber Министерот за локална самоуправа, Иван Стоилковиќ, објави видеои на социјалните мрежи со тврдење дека културно -уметничкото друштво „Српски вез“ било осквернавено со натписи УЧК во Куманово. Според министерот, ваквото однесување е резултат на тоа што неговата партија е две години дел од власта. „Ксенофобијата со примеси на шовинизам константно присутна во јавноста, посебно изразена последниве две години од учеството на ...

Менаџерот на Челзи, Чаби Алонсо, изјави дека веќе има идеја како да го вклопи рекордното засилување Морган Роџерс со Кол Палмер, еден од најдобрите играчи на лондонскиот клуб. Роџерс стана најскапиот британски фудбалер во историјата минатата недела откако се пресели од Астон Вила на Стемфорд Бриџ за 117 милиони фунти. 24-годишниот играч од средниот ред моментално е на одмор откако играше за Англија на Светското првенство, додека Челзи веќе ...

Претседателката на најголемата исландска опозициска партија им порача на европските политичари да не се мешаат во исходот од референдумот за продолжување на преговорите за членство во ЕУ, кој се одржува следниот месец. Истовремено, високи претставници од Унијата ја поздравуваат можноста за обновување на преговарачкиот процес, пишува „Политико“. „Клучно е одлуката во август да ја донесе исландскиот народ“, рече Гудрун Хафштајнсдотир, ...

Водоводните системи не треба да ги обезбедува, ниту Армијата, ниту Полицијата, секоја институцијата што е надлежна за овие системи во рамки на општините е должна да ги извршува задачите и надлежностите, што и се пропишани согласно регулативата, изјави денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на прес-конференцијата во Центарот за управување со кризи во Скопје, каде ги презентира најновите информации за состојбата на водата од ...

Со денови сведочиме како СДС на Венко Филипче и неговите другари, шират лаги за скандалот со водата во Гостивар.И, не само што шират лаги, покажуваат и непознавање на тоа како функционира системот и кој за што е надлежен, барајќи одговорност на погрешна адреса, обвини ВМРО-ДПМНЕ. Да ги информираме, ако не знаат или да ги потсетиме ако заборавиле, контролата на квалитетот на водата ја прават надлежните локални институции. А, локалната власт во ...

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Гевгелија против управител и сопственик на правно лице и против самото правно лице поради сомнение за даночно затајување. Според наводите, во периодот 2024-2025 година не бил пријавен и платен законскиот надоместок за отпад од увезен текстил во износ од 3.852.067 денари, со што бил оштетен Буџетот на државата. Како што соопштуваа од Управата, ...

Дваесет и едногодишен жител на Штип се здобил со тешки телесни повреди откако паднал од отворен прозорец на автомобил во движење, информира Министерството за внатрешни работи. Несреќата се случила на 27 јули околу 1:35 часот на крстосницата меѓу улиците Сремски Фронт и Солидарност во Штип. Според МВР, од отворен прозорец на патничко возило „ауди“ со штипски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот Б.С. од Штип, паднал сопатникот Н.А. ...

На Македонија ѝ е потребен стабилен, транспарентен и фер систем за управување со отпадот, бидејќи само така се штитат инвестициите, животната средина и јавниот интерес. Асоцијацијата за управување со посебни текови на отпад при Стопанската комора на Северна Македонија апелира до институциите да обезбедат доследна примена на законите, еднакви услови за сите учесници на пазарот и заштита на интегритетот на системот за управување со отпадот од ...

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Бисерка Златеска, истакна дека Владата продолжува со реализација на капитални инвестиции насочени кон подобрување на комуналната инфраструктура, заштита на животната средина и повисок квалитет на живот за граѓаните. Таа посочи дека преку инвестиции во регулирање на речни корита, изградба и реконструкција на водоводни и канализациски системи и пречистителни станици, се создаваат услови за одржлив развој на локалните ...

Уште едно големо признание за македонскиот спорт и потврда дека Македонија има свое место во светските спортски структури. Претседателката на Федерацијата на училишен спорт на Македонија, Елена Мицковска, е избрана за член на Управниот Одбор на Светската федерација на училишен спорт (ISF), највисокото управувачко тело на оваа организација. На првиот состанок на новиот Извршен одбор на ISF, кој се одржа во Белград, беше формирана управувачката ...

Мвр билтен

2 часа - МИА - +1
weather icon

Скопје

19ᴼ / 19ᴼ
1.5
51%
1023
weather icon

Белград

18ᴼ / 18ᴼ
2.68
71%
1023
weather icon

Загреб

19ᴼ / 19ᴼ
0.47
71%
1022
weather icon

Софија

18ᴼ / 18ᴼ
0.32
54%
1025
weather icon

Сараево

19ᴼ / 19ᴼ
1.61
57%
1023
weather icon

Љубљана

18ᴼ / 15ᴼ
0.44
90%
1022
weather icon

Атина

29ᴼ / 27ᴼ
3.58
51%
1018
weather icon

Тирана

23ᴼ / 23ᴼ
1.79
49%
1018
weather icon

Подгорица

20ᴼ / 20ᴼ
3.78
55%
1021
weather icon

Букурешт

20ᴼ / 17ᴼ
0.89
66%
1023
weather icon

Будимпешта

21ᴼ / 18ᴼ
1.34
54%
1023
weather icon

Истанбул

24ᴼ / 22ᴼ
4.52
100%
1021
Currency

61.52

Currency

54.098

Currency

71.8984

Currency

37.7285

Currency

38.3871

Currency

66.1501

Currency

8.00245

Currency

0.68755

Currency

0.33057

Currency

0.52524

Currency

1.14294

Currency

0.56632

Паладиум

40349.19

Бакар

12.79

Сребро

1842.30

Рутениум

53852.50

Цинк

0.00

Родиум

265243.66

Калај

54.35

Иридиум

252383.36

Злато

130004.76

Кобалт

56.29

Алуминиум

3.17

Платина

51505.50