Граѓаните го блокираа магистралниот пат, барајќи институциите да го решат долгогодишниот проблем До турканица меѓу неколку граѓани и полициски службеници дојде денеска на протестот во Крива Паланка поради кравите што неконтролирано се движат низ градот и околината. Учесниците го блокираа магистралниот пат. Причината за турканицата засега не е разјаснета. Жителите бараат заштита на безбедноста и имотите, жалејќи се на уништени посеви и штети ...
Денеска во Крива Паланка се одржа протест поради проблемот со кравите кои неконтролирано се движат низ градот и околината, предизвикувајќи револт кај дел од жителите. Протестот бил проследен со турканица меѓу неколку граѓани и полициските службеници кои го обезбедувале просторот. Засега не е познато што ја предизвикало турканицата. Протестот го најави градоначалникот Митовски, кој вчера на социјалните мрежи објави фотографија од подготовките ...

