Премиерот Христијан Мицкоски денеска на прес-конференција во Владата рече дека не сака да ја коментира кривичната пријава од опозициската СДСМ и оти остава надлежните органи да одлучат по неа, нагласувајќи дека тој е фокусиран кон развојот на државата и подобрување на условите за живот на граѓаните. Политичките партии, додаде тој, коишто живеат во сопствениот свет на лаги се повеќе се маргинализираат и ги разочаруваат граѓаните. -Јас не би ...

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција порача дека СДСМ бара итни и конкретни мерки за заштита на животниот стандард на граѓаните, со посебен фокус на најранливите категории. „Ние продолжуваме да бараме да се замрзнат цените на основните прехранбени производи, да се интервенира во ДДВ-то и да се донесат посебни мерки за помош на одредени загрозени категории на граѓани – социјални случаи, студенти, пензионери, работници со ...

Вчера околу 16 часот, во ОВР Радовиш било пријавено дека дошло до судир помеѓу два мотоцикли, управувани од 12-годишник и 13-годишник, двајцата од селото. Во несреќата, 13-годишникот се здобил со тешки телесни повреди, додека 12-годишникот поминал со телесни повреди. Повредите биле констатирани во Клиничката болница во Штип и во ЈЗУ Здравствен дом Радовиш. Извршен е увид. Вчера околу 16 часот, во ОВР Радовиш било пријавено дека дошло до ...

Сува трева, смрека и мешовита дабова шума изгореа вечра кај село Арбанашко во општина Старо Нагоричане, информираа денеска од Територијалната противпожарна единица Старо Нагоричане и од Регионалниот центар за управување со кризи. -Гореше мешана шума во село Арбаншко, станува збор за плаинско село. Успеавме да го изгасиме по неколку часовна интервенција – изјави команирот на ТППЕ, Далибор Трајковски. Според информацијата вчера во 16:50 часот ...

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Македонија, според анализи на ММФ, е меѓу првите три држави во Европа по бројот на применети мерки за справување со ценовните шокови. Тој посочи дека Владата во овој период најголем дел од активностите ги насочува кон надминување на ценовната криза на горивата, која има влијание врз цените на производите. „Се наоѓаме во период на изразена глобална неизвесност. Ценовните шокови на енергенсите не се ...

Премиерот Христијан Мицкоски го коментираше барањето на опозициската СДСМ за распишување локален референдум за отворање на рудникот за антимон во Крива Паланка, потенцирајќи дека иако правото на референдум е уставно загарантирано, самиот проект има големо стратешко значење за државата и локалниот регион. Мицкоски изрази изненадување од ставот на раководството на СДСМ, посочувајќи дека тој е во целосна спротивност со мислењето на нивниот ...

Премиерот Христијан Мицкоски е „благо разочаран“ од одзивот на македонските граѓани кои се декларираат како Бугари, да гласаат на денешните парламентарни избори кои што се одржуваат во оваа соседна земја. Истовремено, тој очекува бугарските гласачи да изберат проевропски премиер кој ќе биде „добрососедски ориентиран“, посветен на исполнувањето на Копенхашките критериуми а не на билатерални спорови кои што „треба да дадат одговори сега на ...

Денеска (19.04.2026) на електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговските центри „East gate“ и „Diamond“ во Скопје се поставени експлозивни направи. Полициски службеници преземаат мерки и вршат проверки во трговските центри. Екипа на Телма која е на терен забележа полициско комбе пред трговскиот центар „East gate“, а граѓаните велат дека немало евакуација. Денеска (19.04.2026) на ...

Ново намалување на цените на горивата за од утре, најави премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес конференција. Тој објасни дека според владините пресметки се очекува Регулаторната комисија за енергетика да донесе одлука со која бензините и дизелот ќе поевтинат за околу денар и половина. Мицкоски нагласи и дека на сила останува и договорениот попуст со компанијата ОКТА, според кој дизелот е поевтин за два денара по литар, а бензините за ...

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, на маргините на Анталија Дипломатскиот Форум оствари повеќе билатерални средби. Во рамки на активностите, министерот Муцунски се сретна со министерот за надворешни работи на Португалија, Пауло Рангел, министерот за надворешни работи на Косово, Глаук Коњуфца, директорот за Континентална Европа во Министерството за надворешни работи на Франција, Брис Рокфеј, како и со ...

Најдобриот македонски маратонец Дарио Ивановски, го освои одличното второ место на маратонот во Белград. Ивановски денеска ја истрча патеката долга 42 километри за 2 часа, 9 минути и 35 секунди, или за 24 секунди послабо од прволасираниот Гемсиса Гудета Гада од Етиопија. Третото место го освои Кениецот Ерот Јохана со време од 2:09.55. Ивановски освои награда од 3000 евра за второто место. Првопласираниот Гада освои 5000 евра, и дополнителни ...

Еден век постоење на Зоолошката градина во Скопје На 19 април 2026 година, Зоолошката градина Скопје го одбележува својот голем јубилеј – 100 години од основањето. Основана во 1926 година по иницијатива на еминентниот биолог Станко Караман, оваа институција е една од најстарите на Балканот. Низ изминатиот век, таа преживеала војни, радикални општествени промени и катастрофалниот земјотрес, останувајќи нераскинлив дел од идентитетот на градот. ...

Државниот секретар во Министерството за култура и туризам Марија С. Ѓоргова деновиве престојува во Тирана, Албанија каде се обрати на отворањето на еден од најголемите културни настани во регионот – „Мјуз-Екс Експо фестивал” (“Muse-X Expo Festival”). Во своето обраќање, Ѓоргова ја потенцираше важноста на културната соработка и поврзувањето меѓу земјите, обединувајќи уметници, продуценти и културни организации од Европа, регионот и пошироко. ...

Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, заедно со министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, остварија средба со заменик-генералниот директор на Меѓународниот монетарен фонд, Бо Ли, во рамките на Пролетните средби на ММФ и Светската банка коишто се одржуваат во Вашингтон. Разговорите се одвиваа во контекст на засилена глобална неизвесност, предизвикана од геополитичките тензии на Блискиот Исток и значаен фокус на самата ...

Дојави за поставени експлозивни направи во трговските центри „Ист гејт“ и „Дајмонд“ во Скопје пристигнале денеска на електронската адреса на Министерството за внатрешни работи (МВР). Полицијата веднаш презела безбедносни мерки и почнала проверки на терен. – На електронска адреса на Министерството за внатрешни работи е добиена порака со закана дека во трговските центри „East gate“ и „Diamond“ во Скопје се поставени експлозивни направи. ...

Белградскиот маратон денеска донесе трка со брзо темпо и очекувана доминација на африканските тркачи на долги патеки, но и одличен настап на најдобриот македонски маратонец Дарио Ивановски, кој го освои второто место и уште еднаш го потврди својот статус на еден од најдобрите тркачи на Балканот. View this post on Instagram A post shared by Telegraf Sport (@telegrafsport) Победник на 39-то издание на маратонот беше Етиопјанецот Гудет Гад ...

Џастин Теру и неговата сопруга Никол Брајдон Блум ја објавија среќната вест во саботата дека станале родители на машко бебе. Ѕвездата од серијата „The Leftovers“ (54) и актерката од серијата „The Gilded Age“ (32) се венчаа во тајност минатиот март на плажа во Тулум, а сега го добија своето прво дете. Двојката ја сподели веста на Инстаграм споделувајќи црно-бела фотографија од новороденчето како спие на градите на Теру. „Пристигна“, напиша ...

Работнички во 28.коло од Првата македонска фудбалска лига на Националната арена „Тодор Проески“ го пречекува тимот на Арсими. По двата порази во низа, од Шкендија и од Вардар, тимот од Дебар Маало сака да се врати во победнички ритам. Победите се апсолутно неопходни во последните шест кола, во кои Работнички ќе се бори за обезбедување опстанок во елитата. Претходната серија од четири првенствени победи започна токму против Арсими на 10 март, ...

Украинската служба за безбедност го класифицира вчерашното масовно убиство на цивили во Киев како „терористички напад“, објави Укринформ. Маж вчера убил шест лица во украинскиот главен град пред да биде убиен од полицијата. Според најновите податоци, најмалку 14 лица се повредени. Покрената е прелиминарна истрага. Според достапните информации, злосторството го извршил маж роден во 1968 година во руската престолнина Москва со легално ...

Во најтешкиот момент, едно семејство донесе одлука што значи живот. Со нивната хуманост и несебичност, спасен е човечки живот преку трансплантиран црн дроб на 67 годишен пациент, а на уште една пациентка на 51 годишна возраст и е подарена нова шанса за поквалитетен живот со трансплантација на бубрег. Пациентите се во добра општа состојба и се пуштени на домашно лекување. – Овие медицински интервенции се воедно и приказни за надеж, за ...

На последните парламентарни избори во 2024 година, СДС освои 18 пратеници што е најнизок резултат во историјата на партијата. На локалните избори минатата година, партијата се сведе на 130 илјади гласови. Ако трендот продолжи со ист интензитет, следните избори може да ја донесат бројката под 100 илјади. Катастрофата веќе се случува кај СДС. А Филипче слави, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ. Лидерот на СДС одлучи да прослави победа на ...

За најавата на Мицкоски за отворање рудник со антимон во кривопаланечко Луке мора да има поширока јавна дебата и секако да се прашаат граѓаните, тие да одлучат. Ова е сериозно прашање, станува збор за тоа оваа држава како одлучува за своите ресурси, за здравјето на граѓаните и за иднината на локалните заедници. Особено што на пример, старото еколошко жариште Лојане со децении стои нерешено, а во исто време се најавува нов рудник за антимон. ...

Северна Кореја истрела балистички ракети кон исток, објави утринава јужнокорејска новинска агенција, пренесуваат агенциите. Јапонски извори, исто така, го потврдија инцидентот, додавајќи дека тоа е последното во серијата лансирања од страна на Пјонгјанг насочени кон зајакнување на неговите воени капацитети. – Се верува дека балистичките ракети паднале во близина на источниот брег на Корејскиот полуостров. Повторните лансирања и низата акции ...

Баерн Минхен доби многу лоши вести, а тоа е дека до крајот на сезоната сигурно нема да може да сметаат на Серж Гнабри. Еден од најдобрите фудбалери на баварскиот гигант заработи повреда во дуелот против Реал Мадрид во Лига на шампиони, а по направените лекарски контроли констатирано е дека претрпел руптура на адукторскиот мускул и ќе го пропушти полуфиналето на Лигата на шампионите против ПСЖ. Баварскиот клуб не прецизираше колку долго ќе ...

Австриските власти велат дека непознати сторители наводно се обиделе да го уценуваат производителот на храна за бебиња „Хип“, тврдејќи дека во некои од неговите производи бил ставен отров за стаорци. Супермаркет во Австрија е нападнат, соопшти Австриската агенција за здравје и безбедност на храната (AGES) во саботата навечер. Агенцијата соопшти дека кривичната истрага пронашла „сомневања“ дека некои тегли со моркови и компири биле ...

Граѓаните на Бугарија денеска излегуваат на клучни парламентарни избори кои треба да одлучат дали земјата конечно ќе добие стабилна власт или ќе потоне во уште подлабока криза. Гласањето за 52. состав на Народното собрание се одвива во тензична атмосфера, по падот на претходната влада на Росен Желјазков и масовните граѓански протести кои ја одбележаа 2025 година. Избирачките места се отворени од 7 часот наутро за повеќе од 6,6 милиони ...

Бугарија денеска гласа за избор на 52. состав на Народното собрание, во уште еден важен изборен ден што го привлекува вниманието на јавноста поради политичката динамика во земјата во последните години. Гласачките места се отворија во 7:00 часот и ќе останат отворени до 20:00 часот, а доколку има редици од граѓани кои чекаат да го остварат своето право на глас, гласањето може да биде продолжено најдоцна до 21 часот. Во изборната трка ...

Пoранешната потпретседателка на САД, Камала Харис, изјави дека претседателот Доналд Трамп бил „вовлечен“ во војна со Иран од одлуките на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. „Тој влезе во војна во која Нетанјаху го вовлече, да бидеме јасни за тоа, тој влезе во војна што американскиот народ не ја сака и со тоа ги стави американските војници во опасност“, рече таа за време на говорот во Детроит. Таа го обвини Трамп дека ја користи воената ...

Времето денеска ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 24 степени. Во Скопје времето ќе биде претежно сончево и релативно топло со слаб ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 23 степени. Во текот на новата седмица ...

Град Скопје и Зоо Скопје, организираат настан со кој започнува раскажувањето на приказната за 100 години ЗОО Скопје. Ќе бидат промовирани активностите и проектите по повод големиот јубилеј, а свое обраќање ќе има и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓеорѓиевски. За најмалите посетители е подготвена едукативна и музичка програма исполнета со забава, учење и дружење. Зоолошка градина Скопје ги поканува граѓаните на 19-ти април во 11:00 часот ...

weather icon

Скопје

23ᴼ / 23ᴼ
2.06
29%
1014
weather icon

Белград

21ᴼ / 20ᴼ
2.57
32%
1015
weather icon

Загреб

25ᴼ / 23ᴼ
3.6
33%
1012
weather icon

Софија

20ᴼ / 19ᴼ
2.06
37%
1014
weather icon

Сараево

20ᴼ / 20ᴼ
2.26
43%
1015
weather icon

Љубљана

20ᴼ / 18ᴼ
7.2
46%
1014
weather icon

Атина

22ᴼ / 19ᴼ
4.12
48%
1015
weather icon

Тирана

21ᴼ / 21ᴼ
5.66
37%
1016
weather icon

Подгорица

23ᴼ / 23ᴼ
5.14
22%
1015
weather icon

Букурешт

21ᴼ / 18ᴼ
2.68
42%
1014
weather icon

Будимпешта

24ᴼ / 22ᴼ
4.63
30%
1013
weather icon

Истанбул

17ᴼ / 16ᴼ
6.17
42%
1016
Currency

61.64

Currency

52.3504

Currency

70.6646

Currency

37.5614

Currency

37.9943

Currency

66.7825

Currency

7.67855

Currency

0.68673

Currency

0.32998

Currency

0.52532

Currency

1.16782

Currency

0.56532

Злато

166450.52

Калај

49.91

Платина

67516.57

Иридиум

253540.09

Цинк

3.44

Бакар

12.22

Родиум

324722.54

Рутениум

55395.74

Алуминиум

3.60

Сребро

2840.84

Паладиум

49815.70

Кобалт

45.39