Филмот „17“ на режисерката Косара Митиќ освои две награди на 37. Љубљански меѓународен филмски фестивал (LIFFe 2026). Македонскиот филм ја освои наградата Kingfisher („Рибарче“) за најдобар филм во натпреварувачката програма „Перспективи“ и наградата ФИПРЕСЦИ, која ја доделува меѓународно жири на филмски критичари. Со двете награди на овој значаен фестивал „17“ продолжува со својата меѓународна афирмација и фестивалски успеси. „17“ е ...

Филмот „17“ на Косара Митиќ победи на 37. Филмски фестивал во Љубљана, Словенија, што заврши вчера. Дебито на Митиќ ја освои главната награда на жирито „Кингфишер“ за најдобар филм, а ја доби наградата на жирито на Меѓународната федерација на филмски критичари-ФИПРЕСЦИ. Ова е четврти македонски филм што ја добива оваа значајна награда на ФИПРЕСЦИ за 35 години самостојна Македонија – првиот беше „Пред дождот“ на Милчо Манчевски на фестивалот ...