iPhone 20 наводно носи екран без отвор за предната камера, четири благо закривени рабови на екранот и целосно стаклено куќиште Познат дигитален блогер објави рендер-илустрации од моделот iPhone 20, кој би требало да биде јубилеен телефон на Apple по повод 20 години од iPhone серијата. Според првичните информации, уредот се очекува во 2027 година, а Apple би можел да го прескокне iPhone 19 и да ја повтори стратегијата на голем дизајнерски ...

Сите сме го доживеале тоа: тукушто завршивте со расчистување, а потоа децата поминуваат со бисквити кои се ронат, кучето внесува кал и лисја од надвор во домот, или пак забележувате дека прашината магично повторно се појавила на ТВ комодата пред да стигнете да го испиете кафето докрај. Животот се случува и тоа е сосема во ред. Тајната не е во „големото саботно чистење“. Станува збор за мали, паметни навики кои одземаат само неколку минути. ...

Многу фанови на серијата GTA очекуваа да добијат нови информации за играта деновиве, особено околу времето на објавување на финансискиот извештај на Take-Two Interactive. Сепак, тоа не се случи. Се појавија шпекулации дека покрај финансискиот извештај би можел да биде претставен нов трејлер, отворање на „пред-нарачки“ или дополнителни детали за играта. Сепак, по објавувањето на резултатите од работењето, немаше нови информации поврзани со GTA ...

– Самсунг (“Samsung”) објави дека нивното безбедносно решение, Samsung Knox, се стекна со сертификатот “Common Criteria“ (CC) за монитори, проширувајќи ја верификуваната безбедност што ја одржува на паметните телевизори една деценија. “CC“ сертификацијата е глобален стандард што се користи за проценка на безбедносниот интегритет на производи кои бараат заштита на податоците, обезбедувајќи меѓународен рамковен систем кој ги консолидира ...

Huawei произведува SSD дискови од 122TB користејќи ја сопствената технологија за да ги заобиколи ограничувањата на американските полупроводници. Huawei произведе SSD диск од 122TB користејќи ја сопствената технологија за пакување на чипови на плочката (DoB), без пристап до најновата 3D NAND со повеќе од 100 слоеви од водечките глобални добавувачи. Санкциите на САД го принудија Huawei значително повеќе да се потпира на домашните добавувачи за ...

Џеф Безос сака целосно укинување на даноците за сиромашните! Предлага нула данок за долната половина од платите. Дали тоа ќе поттикне нови претприемачи или е само одвлекување внимание од сопствените даночни контроверзии? Основачот на „Amazon“, Џеф Безос, еден од најбогатите луѓе во светот, изнесе предлог за целосно укинување на федералниот данок на доход за долната половина од вработените во САД. Тој тврди дека таков потег би го поттикнал ...

На денешен ден, 26 мај 2000 година, Скопскиот саем беше домаќин на првото издание на фестивалот „Скопје Гори“ организиран од Авалон Продукција. Овој настан од самиот почеток донесе свежа концертна енергија и го преобрази Скопје во центар на рок и алтернативна музика во нашата регија. На сцената настапија некои од најзначајните артисти од домашната и регионалната музичка сцена, како што се Архангел, Partibrejkers, Psihomodo Pop, Obojeni ...

Институтот за историја на уметноста и археологија е од 1919 година, што го прави најстара образовна институција во Македонија. Ако некој дозволи тој да згасне поради недостаток на професорски кадар, тоа ќе биде најголемиот срам не само за ресорните министерства и за државата во која е формиран, туку крајна непочит кон професорите кои ги вложиле своите животи во продукцијата на квалитетни кадри, вели проф. д-р Елизабета Димитрова Македонија ...

Денес, роденденот го слави Јелена Лужина, една од најзначајните фигури во современата македонска театрологија. Таа е професорка, писателка, есеистка и долгогодишен педагог на Факултетот за драмски уметности. Лужина е родена на 26 мај 1950 година во Дубровник, а дипломирала на Филозофскиот факултет во Загреб, на отсекот за југословенска и компаративна книжевност. Во Хрватска работела како драматург, учител и раководител во различни културни ...

Колку пати ви се случило телефонот да ви се исклучи во најлошиот можен момент? Можеби токму во тој момент кога треба да повикате превоз по излегување, или пак додека се обидувате да го доловиш совршеното зајдисонце за вашето стори и одеднаш екранот едноставно поцрнува. Сите сме биле во таква ситуација, кога панично бараме полнач во некој кафе бар или пак со себе носиме екстерна батерија која ни ја зафаќа цела чанта. Со серијата Galaxy A, ...

Кога станува збор за вештачка интелигенција, многу луѓе сè уште имаат слики во главата на четбот што одговара на основни прашања. Но, реалноста е дека AI одамна прерасна во многу повеќе од тоа. Денес постојат алатки кои значително помагаат во учењето, организацијата на работата, резимирането на големи обеми информации, подготовката на презентации, обработката на фотографии, создавањето видеа, па дури и претворањето текст во аудио што можете ...

Кинескиот стартап за вештачка интелигенција DeepSeek сè повеќе агресивно се позиционира како најисплатлива опција за развој на агенти за вештачка интелигенција и напредни генеративни алатки. Компанијата трајно ја намали цената на својот најнов водечки модел, DeepSeek V4 Pro, за дури 75 проценти, со што претходната промотивна кампања, која требаше да трае до 31 мај 2026 година, стана трајна, објави Engadget. Според податоците од официјалната ...

iOS 27 ќе биде претставен на 8 јуни на WWDC, а гласините сугерираат дека ажурирањето на софтверот би можело да ја прекине поддршката за четири модели на iPhone. Еве ги деталите. Се приближуваме до големото откривање на iOS 27 од страна на Apple на WWDC, а меѓу шпекулираните карактеристики се целосна реконструкција на Siri, промени во дизајнот на Liquid Glass и друго. Но, дали вашиот iPhone ќе ја поддржи оваа нова надградба? Познато е дека ...

Samsung ја менува стратегијата за именување на преклопните телефони – дознаваме што носат стандардниот Galaxy Z Fold8 и напредниот Galaxy Z Fold8 Ultra Samsung изгледа донел конечна одлука за имињата на своите два претстојни премиум преклопни модели. Како што ексклузивно дознава порталот SamMobile, јужнокорејската компанија планира официјално да ги именува како Fold8 и Galaxy Z Fold8 Ultra. Најинтересниот дел од оваа стратегија е ...

Vision AI Companion носи попаметно и поимерзивно гледање AI Upscaling Pro Color Booster Pro AI Soccer Mode AI Sound Controller Pro Micro RGB: Дефинирање на иднината на премиум квалитетот на сликата Glare Free Micro RGB Gemini функции Micro RGB AI Engine Pro Micro RGB Precision Color 100 Micro RGB Color Booster Pro Micro RGB HDR Pro сертификатите “Безбеден за очите“ и “Дисплеј со циркадијален ритам“ OLED: Проширување на линијата за повеќе ...

На 27 мај во Скопје, EMKICE KIC и ACRID Network организираат настан посветен на развојот на стартап екосистемот, иновациите, пристапот до финансии и европските можности за поддршка на претприемништвото во Северна Македонија и Западен Балкан. Настанот ќе се одржи во Startup Club Skopje – Среќа Бар, до UACS, со почеток од 13:30 часот. Овој настан е дел од пошироката регионална иницијатива на EMKICE KIC и ACRID Network за поврзување на ...

Со векови, златото важи за симбол на богатство, моќ и вечност. Неговата најфасцинантна особина е што речиси никогаш не потемнува и не ‘рѓосува, дури и по илјадници години поминати во гробници или под вода. Сега, научниците конечно открија што точно стои зад „вечниот сјај“ на овој благороден метал — и одговорот се крие на атомско ниво. Новото истражување, објавено во списанието Physical Review Letters, покажува дека златото поседува природен ...

Ново научно откритие во Јужна Кореја отвора нови прашања за тоа како настанал животот на Земјата. Геолози пронашле древни микробни траги под кратер создаден од удар на астероид пред околу 42.000 години, што сугерира дека ваквите катастрофални настани можеби не биле само разрушувачки — туку и клучни за развојот на првите форми на живот. Според истражувањето, објавено во списанието Communications Earth & Environment, ударите од астероиди ...

Традиционалните методи за дигитална видливост веќе не се доволни за опстанок на пазарот во ерата на вештачката интелигенција (AI). Ова е главниот заклучок од бизнис настанот „Will AI Find Your Brand?“, кој се одржа во просториите на АНК Северна Македонија, во организација на АНК и Represent Communications Скопје. Настанот ги собра водечките комуникациски експерти од регионот и претставници на бизнис заедницата, со цел да се демистифицира ...

Mozilla го претстави Project Nova – нов дизајн за Firefox кој носи почист изглед, враќање на компактниот режим и копче што ги исклучува сите AI функции. Натпреварот меѓу веб-прелистувачите доби сосема неочекуван пресврт. Наместо на сила да им наметнува сè повеќе функции базирани на вештачка интелигенција, Firefox воведува едноставен прекинувач со кој сето тоа може да се исклучи. Mozilla на 21 мај официјално го претстави Project Nova. Станува ...

Во соопштението се наведува дека ракетата полетала без никакви проблеми од космодромот Бајконур во Казахстан, пренесе британската агенција Ројтерс на својот сајт. Според соопштението на Роскосмос, ракетата „Сојуз-5“, која агенцијата ја опишува како лансирно возило опремено со најмоќниот мотор со течно гориво во светот, ја напуштила лансирната рампа на 30 април во 21:00 часот по московско време (20:00 часот по средноевропско време). Новото ...

Бесплатната Apple Sports апликација пристигна во уште повеќе земји со ексклузивни функции за Светското првенство во фудбал 2026 година. Apple Sports, апликација за iPhone, овозможува брз пристап до резултати во живо, детална статистика и други податоци. Осмислена е со идеја да биде брза и едноставна, а нуди персонализација на прегледот, ставајќи ги омилените тимови и лиги на корисниците во прв план. Додадени се и посебни нови опции за ...

Новата Honor Magic 9 серија ќе се одликува со значително подобрување на автономијата, а ќе донесе и камерите од 200 MP и 1.5K OLED екрани. Веќе имавме можност да слушнеме бројни гласини за претстојната Honor Magic 9 серија, во која ќе има и Max модел. Најновите информации сугерираат дека сите три телефони од оваа линија ќе донесат сериозно подобрување на автономијата во споредба со нивните претходници. Пресвртот на пазарот на батерии што го ...

Компанијата за роботика Humanoid се здружи со Bosch за да започне масовно производство на своите индустриски роботи под името HMND 01. Плановите за масовна примена во Европа следуваат по успешно тестирање, за време на кое антропоморфните роботи на Humanoid „ја демонстрираа целосната способност во сложени индустриски работни процеси“. Според договорот, улогата на Bosch оди подалеку од обичен изведувач. Компанијата ќе обезбеди и стратешко ...

Microsoft воведува надградби за Word, Excel и PowerPoint кои им овозможуваат на корисниците поголема контрола врз приказот и позиционирањето на динамичкото акциско копче за пристап до AI алатката Copilot. Microsoft најави воведување нови ажурирања во своите канцелариски апликации Word, Excel и PowerPoint. Промените се директен одговор на негативните реакции од корисниците, пристигнати по неодамнешната имплементација на новата икона. Копчето ...

Според информациите објавени од познатиот инсајдер на „Weibo“, „Digital Chat Station“, „Apple“ моментално развива прототип на уред чиј екран се протега низ сите страни на телефонот. Се вели дека уредот користи дупка за предната камера, додека системот за „Face ID“ е целосно скриен под екранот. „Digital Chat Station“ претходно точно го предвиде дизајнот на моделите „iPhone Air“ и „iPhone 17 Pro“ пред нивното претставување. Информацијата доаѓа ...

Онлајн купувањето често е студено и безлично: фотографии, опции, коментари… и голема неизвесност. Колку пати сте се прашале дали оној фустан ќе ви стои, или дали серумот навистина ќе ви помогне? Во физичка продавница, решението е едноставно — продавачот ќе ве насочи. Во дигиталниот свет, тоа чувство често недостасува. Токму оваа празнина ја забележа Игор Илиевски и ја претвори во идеја што денес веќе функционира во САД и Панама. Неговото ...

Технологијата ја достигна новата пресвртница во војната во Украина. За прв пат во историјата, целосно автономен копнен робот успеа да зароби непријателски војници, без директно да го загрози животот на украинските сили. Во близина на Лајман се случила операција која може да го промени начинот на кој се води модерното војување. Украински борбен робот, опремен со вештачка интелигенција, лоцирал и заробил тројца руски војници, што потврди ...

Иако се на пазарот повеќе од една деценија, најавата за прекин на производството на Model S и Model X дојде како изненадување за многумина. Уште поголемо изненадување е тоа што Tesla се одлучи на овој чекор пред воопшто да ги претстави нивните наследници. Производството на двата најдолготрајни модели ќе биде прекинато веќе во следниот квартал, со цел да се ослободи простор за нов приоритет – масовно производство на хуманоидните роботи ...

Американската вселенска агенција НАСА повторно го одложи лансирањето на мисијата Artemis II, првиот пилотиран лет околу Месечината по повеќе од 50 години. Новиот термин е март 2026 година, откако за време на финалниот тест на горивото биле откриени истекување на течен водород и многу ниски температури предизвикани од ретка арктичка студена брановидна маса во Флорида, придружена со polar vortex и последици од историски nor’easter на источната ...

weather icon

Скопје

0ᴼ / 0ᴼ
4.12
60%
1027
weather icon

Белград

0ᴼ / -2ᴼ
4.12
74%
1027
weather icon

Загреб

0ᴼ / -4ᴼ
0.51
81%
1026
weather icon

Софија

0ᴼ / -1ᴼ
5.14
62%
1026
weather icon

Сараево

1ᴼ / 1ᴼ
5.67
82%
1024
weather icon

Љубљана

0ᴼ / 0ᴼ
2.06
96%
1027
weather icon

Атина

14ᴼ / 13ᴼ
2.57
73%
1020
weather icon

Тирана

7ᴼ / 1ᴼ
1.03
83%
1023
weather icon

Подгорица

4ᴼ / 4ᴼ
6.69
45%
1025
weather icon

Букурешт

0ᴼ / 0ᴼ
3.6
92%
1021
weather icon

Будимпешта

0ᴼ / -1ᴼ
5.14
72%
1025
weather icon

Истанбул

7ᴼ / 6ᴼ
4.63
95%
1021
Currency

61.685

Currency

56.202

Currency

73.596

Currency

37.328

Currency

39.226

Currency

66.872

Currency

8.4304

Currency

0.68602

Currency

0.35327

Currency

0.52403

Currency

1.1113

Currency

0.60623

Алуминиум

2.84

Родиум

287749.18

Злато

116266.74

Цинк

3.67

Сребро

1355.97

Иридиум

326330.08

Рутениум

59478.88

Калај

41.34

Платина

42213.93

Кобалт

33.53

Бакар

11.01

Паладиум

28164.05