Парфемот може да влијае на здравјето на тироидната жлезда ако се нанесе неправилно, особено кога се прска директно на вратот. Експертот д-р Матео Басети предупредува дека овој тип на апликација може да го наруши функционирањето на тироидната жлезда, потенцијално влијаејќи на метаболизмот и хормоналната рамнотежа. Вратот , област блиску до тироидната жлезда, има потенка кожа и помала заштита, што го зголемува ризикот од негативни ефекти. ...

Дел од војниците на САД предупредуваат дека копнена операција во Иран би била „апсолутна катастрофа”. Според американскиот портал „HafPost”, интервјуата со активни војници, резервисти и групи за заштита на правата на војниците откриваат сериозна криза на моралот. Војниците пријавуваат чувство на ранливост, огромен стрес, фрустрација и разочарување. Воен службеник кој ги лекува евакуираните војници во Регионалниот медицински центар Ландштул во ...

Танкерот „Пајн Гас“ ( Pine Gas) помина низ мореузот, а кратко време потоа и танкерот „Џаг Васант“ (Jag Vasant), што беше во близина, се наведува во податоци од платформата за следење на бродови „МаринеТрафик“. Танкерот „Пајн Гас“ ја емитуваше пораката „Индиски брод и екипаж“, според одделните податоци за следење на бродови од платформата LSEG. Стотици бродови се уште се заглавени во Персискиот Залив, а илјадници морнари се принудени да ...

На 24 март, истекува рокот во кој бугарските граѓани можат да поднесат електронска пријава за гласање надвор од државата, преку веб-страницата на Централната изборна комисија, јавува БНР. Досега се поднесени близу 44.000 пријави на Бугари во странство, што е значително повеќе во споредба со околу 35.000 на претходните избори, информира советничката на службениот премиер за избори, Вања Нушева. „Министерството за надворешни работи ја ...

Американскиот претседател Доналд Трамп го продолжи рокот кој им го даде на иранските власти да го одблокираат Ормускиот теснец, кој важеше до вечерва на полноќ. Обраќајќи се преку социјалните мрежи, како што често прави кога го менува правецот на своите политики, Трамп соопшти дека по одржувањето на конструктивни преговори, одлучил да ги суспендира на пет денови нападите врз иранската енергетска инфраструктура. Техеран досега негира дека ...

Шокантна последица од геополитиката врз личниот живот. Француски судија од Меѓународниот кривичен суд тврди кој ја издаде потерницата за израелскиот премиер тврди дека практично е отсечен од модерниот финансиски систем поради санкции од САД. Станува збор за Николас Гују, кој беше дел од панелот што издаде налог за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во 2024 година, одлука што очигледно носи последици и надвор од судницата. ...

Ирнаските новински агенции денес објавија, повикувајќи се на извори, дека нема директна или индиректна комуникација меѓу Иран и САД и дека Ормутскиот теснец нема да се врати во својата предвоена состојба, негирајќи ја најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД и Иран воделе „продуктивни“ разговори. „Фарс“, повикувајќи се на извор во иранското раководство, објави дека немало директна или индиректна комуникација меѓу Техеран и ...

Претседателот на Индонезија, кој се соочи со критики дома поради приклучувањето кон Одборот за мир заедно со неговиот американски колега Доналд Трамп, инсистираше дека неговата земја нема да го плати придонесот од една милијарда долари за трајно членство во новата организација, објави АФП. Џакарта се обврза само на мировните сили за иницијативата, изјави претседателот Прабово Субианто во изјава објавена во неделата на претседателскиот Јутјуб ...

Кратко откако Доналд Трамп објави прекин на нападите врз иранската енергетска инфраструктура, цените на нафтата паднаа. Според официјалните податоци од берзата, цените на нафтата паднаа за повеќе од 13 проценти. Суровата нафта Брент падна за околу 17 долари, или 15 проценти, на неделниот минимум од 96 долари за барел. Американската сурова нафта West Texas Intermediate падна за 13 долари, или околу 13,5 проценти, на неделниот минимум од 85,28 ...

Новинарот на CNBC, Џо Кернер, изјави дека разговарал со американскиот претседател Доналд Трамп, кој наводно му потврдил дека се во тек „многу интензивни разговори“ меѓу САД и Иран. Кога Кернер прашал со кого конкретно разговарал, Трамп рекол: „Па, тие имаат претставници“. „Верувам дека режимот е променет (во Иран), бидејќи ова се нови луѓе со кои разговарам“, му рекол Трамп на Кернер. Трамп изјави дека во последните два дена се водат ...

HRANA, медиумскиот огранок на американската невладина хуманитарна организација HRAI, која ги следи кршењата на човековите права во Иран, денес соопшти дека најмалку 1.407 ирански цивили се убиени од почетокот на американско-израелската војна со Иран, вклучувајќи 214 деца. HRANA соопшти дека регистрирала 206 напади во последните 24 часа, што резултирало со најмалку четири жртви, објави Sky News. Се проценува дека најмалку 15 проценти од ...

Иран ги негира тврдењата на американскиот претседател Доналд Трамп дека имало преговори за примирје со Техеран, додека затворањето на Ормускиот Теснец продолжува да создава глобална енергетска криза, објавуваaт туските медиуми. Иранските власти ги отфрлија тврдењата на Доналд Трамп дека се во тек преговори за примирје со САД, инсистирајќи дека не се воделе никакви директни или индиректни разговори. -Нема никаков директен ниту индиректен ...

Новинската агенција Фарс, повикувајќи се на извор во иранското раководство, објави дека немало директна или индиректна комуникација меѓу Техеран и Вашингтон. Како што наведува „Фарс“, Трамп ги откажал нападите врз иранските електрани откако Иран предупреди дека ќе возврати со напади врз електраните во регионот Иранските новински агенции, повикувајќи се на извори, објавија дека нема директна или индиректна комуникација меѓу Иран и САД и дека ...

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, издаде серија воени директиви со кои ги дефинира целите и задачите на иранските вооружени сили во конфликтот со САД и Израел. Иако деталите за работата на иранскиот воен штаб и специфичните наредби на ајатолахот, како врховен командант, сè уште не се целосно познати на јавноста, неговите најнови јавни настапи и показатели од бојното поле овозможуваат да се препознаат клучните стратешки ...

Состојбите во Ормутскиот теснец не можат да се вратат на оние пред почетокот на војната меѓу САД и Израел против Иран, сè додека продолжува „психолошката војна“, објави иранската новинска агенција Тасним, повикувајќи се на неименуван извор во Иран. Изворот додаде дека Иран ќе продолжи да одговара на нападите и да ја брани својата територија. Претходно, американскиот претседател Доналд Трамп напиша на својата социјална мрежа Truth Social дека ...

Активностите на израелските доселеници на окупираниот Западен Брег значително се проширени, соопшти канцеларијата за човекови права на ОН во извештај, изразувајќи загриженост за масовно раселување на Палестинците, јави ДПА. Во извештајот се наведува на активностите на доселениците кои укажуваат на координирани акции и на израелската политика што би можела да доведе до масовно раселување, „кревајќи загриженост за етничко чистење“. Во ...

УСС Џералд Р. Форд, најголемиот носач на авиони во светот, се врати во својата поморска база на Крит денеска откако учествуваше во воени операции на Блискиот Исток. Бродот се закотви во заливот Суда, каде што се снабдуваше со храна, гориво и муниција во февруари. Носачот на авиони беше дел од големото засилување на американската војска на Блискиот Исток, кое го вклучуваше и УСС Абрахам Линколн. Кон крајот на февруари, САД и Израел започнаа ...

Американската воена акција против Иран не може да се третира како класичен вооружен конфликт, туку претставува нелегална инвазија и бомбардирање на суверена држава, изјави белгискиот член на Европскиот парламент Руди Квенс. Во својата изјава за медиумите, тој нагласи дека во сегашната ситуација не постои вообичаен модел на конфликт меѓу две рамноправни страни, туку еднострано дејствување. „Нема конфликт меѓу САД, Израел и Иран. Конфликтот ...

Лавот со право се смета за крал на животните и симбол на сила и доминација во дивината . Сепак, една необична глетка покажа дека дури и тој, односно неговото чопор, не е секогаш непобедлив на врвот на синџирот на исхрана. Видео кое кружи на социјалните мрежи прикажува драматична борба помеѓу дури седум лавици и еден бивол. Лавиците се обидувале да го соборат силното животно и да си обезбедат оброк, но тоа не им било лесно. Во нападот, три ...

Оваа славна ревнителка на Христовата вера се роди во Рим во дом богат и сенаторски, од татко паганин и мајка христијанка. Уште како млада се приврза со љубов кон Господ Исус, а во Христовата наука ја раководеше благочестивиот учител Хрисогон. Принудена од татко ѝ стапи во брак со некој незнабожечки велепоседник Публиј. Под изговор на женски болести никако не сакаше да влезе со него во телесна врска. За ова мажот и’ горчливо ја мачеше со ...

Иран влегува во нова зона на неизвесност откако во американски и израелски безбедносни кругови се појавија информации дека новиот врховен лидер Моџтаба Хамнеи е ранет, изолиран и дека не одговара на пораките што му се пренесуваат. Во атмосфера на војна, ваквата слика не отвора само прашање за неговата здравствена состојба, туку и за тоа кој навистина ги носи одлуките во Техеран во момент кога државата е под силен воен и политички притисок. ...

Американскиот претседател Донал Трамп соопшти дека со ирански претставници имале „многу добри и продуктивни разговори“ за целосно запирање на непријателствата на Блискиот Исток. Во објава на Трут социјал, тој напиша дека разговорите биле детални и конструктивни и дека ќе продолжат во текот на неделата. Трамп додаде дека, врз основа на досегашниот тек на преговорите, и наложил на администрацијата да ги одложи сите воени удари врз иранската ...

Светот е згрозен од новообјавените снимки од застрашувачката несреќа во Бразил, кои ја прикажуваат целата суровост на падот на мостот „Жуселино Кубичек“. На видеото од автомобилска камера се гледа како вообичаениот сообраќај во секунда се претвора во пекол – мостот буквално исчезнува под тркалата, повлекувајќи со себе 14 животи во речната бездна. Снимката е објавена од адвокатите на семејствата на жртвите, како последен обид да се избори ...

Полскиот претседател Карол Навроцки денеска изјави дека Русија и нејзиниот претседател се егзистенцијална закана за Полска, но оти добрите односи на Унгарија со Владимир Путин не смее да го загрози вековното пријателство помеѓу Полјаците и Унгарците. – Има работи за кои се согласуваме дека не се согласуваме. За Полска, Путин и Руската Федерација се иста егзистенцијална закана, како што беа болшевиците во 1920 година. Полјаците ги сакаат ...

Економистите тврдат дека ги проучуваат пазарите во сите нивни форми. Но, едно нешто се чини дека ги става во непријатна ситуација. Во новата книга „Сексуалната работа според бројки“ , Стеф Адриенсенс од Универзитетот КУ Лувен во Белгија проценува дека помалку од пет проценти од вкупно 18.232 академски публикации за секс индустријата (2000-2024) имаат економски или бизнис пристап кон ова прашање. За споредба, 40 проценти од трудовите се ...

Претседателот на САД, Доналд Трамп изјави дека САД имале добри и продуктивни разговори со Иран и дека ќе нареди војската да ги одложи сите воени напади врз иранските електрани и енергетската инфраструктура. „Задоволство ми е да известам дека Соединетите Американски Држави и државата Иран, во текот на изминатите два дена, имаа многу добри и продуктивни разговори во врска со целосно и конечно решавање на нашите непријателства на Блискиот ...

Полскиот премиер Доналд Туск денес беше во Лоѓ и им рече на Москва и Будимпешта дека нема судир на интереси меѓу земјите од НАТО и дека и Вашингтон и Европа веќе знаат дека Варшава е лојален и сигурен сојузник, но барател, и дека многу добро разликува кој е вистински сојузник, а кој непријател. „Нека стигне до Вашингтон, Москва, европските престолнини, нема судир на интереси меѓу членките на НАТО. Полска, Европа и САД се едно семејство. Нека ...

Рано утрово, израелската војска започна „широк“ воздушен напад врз цели низ иранскиот главен град, Техеран. Иранските државни медиуми, вклучувајќи ја и новинската агенција Фарс блиска до Револуционерната гарда, објавија експлозии низ градот. Израелските одбранбени сили (ИДФ) објавија дека целат кон „терористичка инфраструктура“ во Техеран. Рано утрово, израелската војска започна „широк“ воздушен напад врз цели низ иранскиот главен град, ...

Социјалистите и нивните сојузници ја задржаа власта во најголемите француски градови Париз, Марсеј, Лион и Лил по вчерашните локални избори, што им даде надеж на главните партии за претседателските избори следната година. Крајнодесничарската партија Национален собир не победи во ниеден од големите градови, но нејзиниот конзервативен сојузник Ерик Клоти славеше во петтиот по големина град Ница, додека сојузот на левичарските партии доживеа ...

Во време на криза, граѓаните мора да бидат подготвени 72 часа за да се справат додека не пристигне владина помош, рече Мартен Вергаувен, експерт за политики во Генералниот директорат на Европската комисија за европска цивилна заштита и операции за хуманитарна помош. Тој учествува во Европскиот граѓански панел на тема подготвеност за кризи. Зборувајќи пред 150 случајно избрани граѓани кои беа дел од Граѓанскиот панел, тој рече дека ...

weather icon

Скопје

10ᴼ / 10ᴼ
5.66
58%
1002
weather icon

Белград

6ᴼ / 5ᴼ
4.63
91%
1005
weather icon

Загреб

9ᴼ / 7ᴼ
8.23
43%
1012
weather icon

Софија

7ᴼ / 4ᴼ
0.0
57%
1004
weather icon

Сараево

8ᴼ / 8ᴼ
2.83
84%
1003
weather icon

Љубљана

14ᴼ / 12ᴼ
3.6
41%
1012
weather icon

Атина

17ᴼ / 14ᴼ
2.68
49%
1001
weather icon

Тирана

14ᴼ / 14ᴼ
2.57
55%
1003
weather icon

Подгорица

13ᴼ / 13ᴼ
6.69
35%
1003
weather icon

Букурешт

8ᴼ / 8ᴼ
8.75
100%
1003
weather icon

Будимпешта

11ᴼ / 8ᴼ
8.23
64%
1008
weather icon

Истанбул

10ᴼ / 9ᴼ
2.06
93%
1005
Currency

61.6417

Currency

53.459

Currency

71.1667

Currency

36.8264

Currency

38.5322

Currency

67.1101

Currency

7.73598

Currency

0.65464

Currency

0.33389

Currency

0.5246

Currency

1.20258

Currency

0.56318

Алуминиум

3.23

Кобалт

56.29

Злато

141680.08

Сребро

2192.47

Паладиум

43467.81

Бакар

10.99

Родиум

347228.06

Рутениум

56199.51

Иридиум

256711.96

Платина

58835.87

Цинк

0.00

Калај

44.59