На 24 март, истекува рокот во кој бугарските граѓани можат да поднесат електронска пријава за гласање надвор од државата, преку веб-страницата на Централната изборна комисија, јавува БНР. Досега се поднесени близу 44.000 пријави на Бугари во странство, што е значително повеќе во споредба со околу 35.000 на претходните избори, информира советничката на службениот премиер за избори, Вања Нушева. „Министерството за надворешни работи ја ...

Над 50.300 бугарски државјани поднеле електронска пријава за гласање во избирачки места во странство соопшти Централната изборна комисија на Бугарија, во последниот ден од пријавувањето. Најголем број пријави има од Турција – 11.700, потоа од Обединетото Кралство – 8.800, и од Соединетите Американски Држави – 3.700. Рокот за поднесување пријави истекува вечерва во 24:00 часот по бугарско време. Од Комисијата потсетуваат дека станува збор за ...