Скопје
17ᴼ /
17ᴼ
Претседателите Доналд Трамп и Владимир Путин, кои ќе се сретнат лице в лице за прв пат по шест години, во придружба само на нивните преведувачи, ќе се обидат да видат дали постои начин да се запре војната во Украина. Трамп рече дека за неколку минути ќе знае дали има простор за договор. На состанокот нема да се дискутира за конечен мировен договор за Украина – кој, според претходните изјави на Трамп, би можел да вклучува поделба на територијата ...
Јужна Кореја ќе се обиде да ја обнови меѓукорејската соработка и има намера да го обнови договорот за прекин на воените активности по должината на границата со Северна Кореја, изјави денеска претседателот Ли Џе Мјунг. Зборувајќи на церемонијата по повод 80-годишнината од ослободувањето на Корејскиот Полуостров од јапонската колонијална власт, Ли рече дека Сеул нема да бара обединување со Северна Кореја преку апсорпција, нагласувајќи го ...
Добивај вести на Viber Најдобрите четботови базирани на вештачка интелигенција веќе се истакнуваат во вештина на која многу политичари и бизнис лидери би ѝ завидувале: убедување. Според ново истражување, објавено од Financial Times и објавено од Index.hr, моделите на вештачка интелигенција од компании како OpenAI, Meta, xAI и Alibaba можат да ги убедат луѓето да ги променат своите политички ставови по помалку од 10 минути разговор. „Она што ги ...
Почетокот на самитот, кој многумина го сметаат за историски, е најавен за 11:30 часот по локално време, односно 21:30 часот по централноевропско време, а како што најави помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков, тој ќе биде целосно координиран и ќе започне со тет-а-тет разговор, по што ќе следи проширен состанок со учество на делегации Американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин, денеска ќе се сретнат во Алјаска, ...
Американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин, денеска ќе се сретнат во Алјаска, најголемата и најоддалечена американска федерална држава, за да разговараат за прекин на војната во Украина. Средбата е закажана во воздухопловната база Елмендорф-Ричардсон, на околу 10 километри од Енкориџ, за која Си-Ен-Ен наведува дека е единствената во Алјаска што ги исполнува безбедносните барања. Почетокот на самитот, кој многумина го ...
Американскиот и рускиот претседател, Доналд Трамп и Владимир Путин, денеска ќе се сретнат во Алјаска, најголемата и најоддалечена американска федерална држава, за да разговараат за прекин на војната во Украина. Средбата е закажана во воздухопловната база Елмендорф-Ричардсон, на околу 10 километри од Енкориџ, за која Си-Ен-Ен наведува дека е единствената во Алјаска што ги исполнува безбедносните барања. Почетокот на самитот, кој многумина го ...
На синоќешните протести низ Србија се повредени 42 полицајци, од кои 26 во Белград, седум во Ваљево, девет во Панчево, додека 37 луѓе се приведени. Тоа го изјави српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ околу полноќ откако полицијата воспостави јавен ред и мир во Белград и во дел од другите градови низ државата каде имаше антивладини протести втор ден по ред. „Вечерва имаше масовно и сериозно нарушување на јавниот ред и мир низ цела ...
Утрово се регистрирани три земјотреси со јачина поголема од пет степени според Рихтеровата скала. Најновиот, трет земјотрес, се случи во 10:12 часот по локално време, односно во 2:12 часот по московско време, објави Интерфакс. Земјотресот со јачина од 5,1 степени имаше епицентар на 127 километри источно од градот Северо-Курилск, на островот Парамушир, на длабочина од 10 километри под морското дно. Земјотресот беше почувствуван на Парамушир со ...
Претставници на групата „Ние сме Црквата“ ќе учествуваат на Јубилејот на тимовите на Синодот во Ватикан кон крајот на октомври, се наведува во соопштението, пренесува АНСА. Овој настан претставува преседан, бидејќи ова меѓународно движење има несогласувања со Ватикан по многу прашања – од ЛГБТ темата, преку поставување на жени, до браковите на свештениците и економските реформи. Движењето било покането во Ватикан од кардинал Марио Грек, ...
Добивај вести на Viber Доналд Трамп синоќа и се обрати на јавноста пред денешниот клучен состанок со рускиот претседател Владимир Путин. Кога беше прашан дали Владимир Путин има „цврста рака“ пред состанокот, американскиот претседател одговори: „Па, тој дојде во нашата земја“, објави Скај њуз. Тој им рече на новинарите дека верува оти Путин сака договор. „Мислам дека ако не бев претседател, тој ќе ја земеше цела Украина, тоа е војна што никогаш ...
Организацијата на Обединетите нации за образование, наука и култура, УНЕСКО, вчера апелираше до глобалната заедница да изврши поголем притисок врз талибанските власти да го овозможат повторното вклучување на жените во образовниот процес во Авганистан, четири години по преземањето на власта од страна на групата. “Во време кога некои се обидуваат да ги нормализираат односите со Талибанците, ја повикувам меѓународната заедница да остане ...
Претседателот на руската државна дума, Вјачеслав Володин, се сретна со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун за време на официјалната посета на Пјонгјанг, соопшти рускиот парламент во четврток. Володин, близок сојузник на претседателот Владимир Путин, му ги пренесе поздравите на рускиот лидер и му се заблагодари на Ким за поддршката на Северна Кореја за воената кампања на Русија во Украина. Путин разговараше со Ким по телефон во вторникот и го ...
Три земјотреси со јачина поголема од пет степени според Рихтеровата скала се регистрирани утрово во Тихиот Океан, во близина на Северните Курилски Острови, соопшти огранокот Сахалин на Единствената геофизичка служба на Руската академија на науките. Најновиот, трет земјотрес, се случи во 10:12 часот по локално време, односно во 2:12 часот по московско време, објави Интерфакс. Земјотресот со јачина од 5,1 степени имаше епицентар на 127 километри ...
Бразилија, 14 август 2025 (МИА) - Адвокатите на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро, во нивното последно излагање пред Врховниот суд, ги негираа обвиненијата за обид за државен удар поврзани со неговите наводни обиди да остане на власт по поразот на изборите во 2022 година од сегашниот претседател Луиз Инасио Лула да Силва. Одбраната тврдеше дека не се презентирани цврсти докази дека Болсонаро дејствувал против демократските ...
Техеран, 14 август 2025 (МИА) - Поранешниот ирански претседател Хасан Рохани денеска ја критикуваше стратегијата на неговата влада за Блискиот Исток во коментар објавен од веб-страница Ентехаб, јави ДПА. „Доколку симпатиите кон муслиманите и регионот завршат со катастрофа за иранскиот народ, тогаш тоа е погрешно и не е правилно“, беше цитиран тој. Овој 76-годишен свештеник и политичар, кој ја водеше земјата од 2013 до 2021 година, се осврна на ...
Преведувачот и просветен работник А. Џ. Џенкинс во 1940-тата година спровел истражување за читателските навики на децата од работничката класа. Студијата главно опфатила ученици кои го напуштале училиштето на 14-годишна возраст за да се вработат, а се бележело што читале во изминатиот месец надвор од училишната програма. Џенкинс заклучил дека испитаниците читаат премалку, особено момчињата, и тоа само детективски и авантуристички романи. Но, од ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека идните мировни разговори за војната во Украина веројатно ќе мора да се фокусираат на судбината на украинските територии кои моментално се под руска контрола, јави ДПА. „Во овој момент мора да признаеме дека Русија контролира дел од територијата на Украина“, изјави Руте вчера за американската телевизиска станица Еј-Би-Си Њуз. Генералниот секретар нагласи дека откако ќе се договори прекин на ...
Повеќе од 11 отсто од депортираните од Германија лани биле деца или тинејџери, според владини бројки објавени како одговор на пратеничко прашање од Левичарската партија, јави ДПА. Во 2024 година, властите депортирале 20.084 лица, вклучувајќи 2.316 на возраст меѓу 6 и 18 години. Во првата половина од оваа година, меѓу 11.807 депортирани лица имало 1.345 деца и тинејџери, или 11,4%, покажуваат бројките. Бројот на депортации веќе се зголемил за ...
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека е можно да се види дека „прекрасните деца“ се само луѓе кои сакаат да уништат имот и истакна дека утре ќе има многу повеќе апсења отколку што имаше во изминатите два дена. „Она што мислам дека е многу важно е што луѓето можеа да видат се и да разберат се“, рече Вучиќ во интервју белградски медиуми. Како што додаде, досега некој можеше да каже дека поддржувачите на СНС нападнале ...
Летот траел три часа и жената повеќе не можела да издржи, а откако авионот слетал, таткото, мајката и сестрата на момчето продолжиле да ја напаѓаат несреќната жена, објави Дејли Меил. Објавено е видео кое го прикажува моментот кога семејството ја нападнало жената бидејќи се пожалила дека нивното мало момче постојано го клоцало нејзиното седиште за време на летот од 3 часа и 47 минути. Кога слетал авионот CZ6164 на „Чајна Саутерн Ерлајнс“, ...
Рим, 14 август 2025 (МИА) – Италијанските спасувачки служби и денеска продолжија со потрагата кај островот Лампедуза по најмалку 10 лица кои се водат како исчезнати, откако два нали брода, со околу 100 мигранти се превртија во Средоземното Море. Според италијанската новинска агенција АНСА, потврдена е смртта на 27 лица, меѓу кои три деца и едно бебе, јавуваат полициски извори. „Бројот на деца кои ги губат животите обидувајќи се да стигнат до ...
Исламската мисија Ахлулбејт (AIM) требало да го одржи кампот Вилаја за деца на возраст од девет години и повеќе во руралниот Хартфордшир, северно од Лондон, на крајот на август. „Сериозни закани за безбедноста на децата“ AIM соопшти дека ги откажала плановите за кампот, кој чинел 225 фунти по дете, „во светлината на сериозните закани за безбедноста на децата“, тврдејќи дека крајно десничарската партија Реформа на Велика Британија се заканила ...
Вечерва на улица Кнез Милош во центарот на Белград избила тепачка меѓу демонстранти и група лица за кои, според првичните неофицијални информации, се тврди дека се поврзани со Српската напредна странка (СНС). Партијата за слобода и правда (ССП) соопшти на социјалната мрежа X дека нивниот пратеник Пеѓа Митровиќ бил претепан од групата напаѓачи. -Пратеникот Пеѓа Митровиќ беше претепан од тепачите на Српската напредна партија. Удрен е во главата ...
Анкета спроведена за јавниот сервис ZDF покажа дека 83 проценти од Германците сметаат дека е исправно да се запре снабдувањето со оружје на Израел што потенцијално би можело да се користи во Појасот Газа. Анкетата, исто така, покажа дека мнозинството Германци сакаат нивната влада да изврши поголем политички притисок врз Израел за да ја заврши својата воена кампања во Газа. Поточно, 62 проценти од испитаниците побарале поголем притисок, додека ...
Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, истакна дека САД се подготвени со дипломатски и економски средства да помогнат за мирот во Украина Портпаролката на Белата куќа, Каролин Левит, изјави дека САД имаат алатки за поддршка на мирот во Украина. „Претседателот Доналд Трамп сака да ги исцрпи сите опции за постигнување мирен крај на конфликтот кога ќе се сретне со рускиот претседател Владимир Путин во американската држава Алјаска“, рече ...
Две предвремено родени бебиња починале во рок од неколку часа во болница во италијанскиот град Болцано, јавуваат локалните медиуми. Едно од бебињата починало во вторникот, а другото во текот на ноќта меѓу вторникот и средата. Двете биле во инкубатори, на интензивна нега за новороденчиња во болницата во главниот град на областа Јужен Тирол. Препорачано Причината за смртните случаи, според првичните сомневања на лекарите, е инфекција, веројатно ...
Како што додаде тој, досега некој можел да каже дека поддржувачите на СНС нападнале некого и затоа имало реакција од граѓаните, но вечерва се видело дека „тие прекрасни деца“ се само луѓе кои уништуваат туѓ имот Претседателот на Србија Александар Вучиќ, вечерва изјави дека е можно да се види дека „прекрасните деца“ се само луѓе кои сакаат да уништат имот и истакна дека утре ќе има многу повеќе апсења отколку што имаше во изминатите два дена. ...
Во улицата „Кнез Милош“ во центарот на Белград вечерва избила тепачка, при што, според првичните неофицијални информации на тамошните медиуми, група напаѓачи поврзани со Српската напредна странка (СНС) нападнале демонстранти. Меѓу нападнатите е и Пеѓа Митровиќ, пратеник на опозициската партија Слобода и правда. Партијата на платформата „X“ објави снимка на која се гледа дека Митровиќ е облеан во крв, тврдејќи дека му е скршена главата со ...
Пожарникарите во Грција, Шпанија и Португалија се тркаат со времето за да се справат со големите пожари, искористувајќи ги ослабените ветрови кои ги намалија пламените јазици, иако поголемиот дел од јужна Европа останува под висок ризик во топли и суви услови. Падот на брзината на ветерот им овозможи на противпожарните авиони во трите тешко погодени земји да го зголемат бројот на летови и испуштања вода, концентрирајќи се на постојните зони на ...
Вечерва во Нови Сад демонстранти ги демолираа просториите на Српската напредна странка (СНС), откако претходно одржаа собир пред канцеларијата на Безбедносната и информативна агенција (БИА) во градот. View this post on Instagram A post shared by Mašina (@masina.rs) Протестот прерасна во инциденти откако учесниците почнаа да извикуваат слогани против српскиот претседател Александар Вучиќ и владејачката партија, фрлајќи камења кон партиските ...