Изминативе 15 месеци работевме напорно. Знам дека има такви кои ќе речат дека можело повеќе, но и такви кои ќе кажат дека резултатите треба да дојдат побрзо и да не се чека многу. Но сите вие треба да знаете дека затекнавме катастрофално лоши состојби, од кои може слободно да се каже дека почнавме од темелите на државата. И работам секој ден и секој час за да ја извадиме државата на вистинскиот пат. И не сум човек што избрзува, ниту пак брзо ...

Добивај вести на Viber Според извештај на Европската комисија, цените на становите во Португалија се преценети за дури 35 oтсто, што е највисоко во Европската УнијаЕУ). Главните причини се растот на краткорочните изнајмувања, прекумерното влијание на туризмот и хроничниот недостаток на јавни станови, додека бирократијата дополнително ја забавува изградбата на нови недвижности. Во извештајот „Домување во Европската унија: Развој на пазарот, ...

Министерот Бесент не даде детали за купувањето на аргентинска валута ниту оваа недела. Во објавата од минатата недела на социјалната мрежа Икс тој напиша дека „Аргентина во моментов има акутен проблем со неликвидност“. „Меѓународната заедница – вклучувајќи го и ММФ – е обединета во поддршката на Аргентина и нејзината стратегија за фискално штедење, но само САД можат да дејствуваат брзо и ние ќе дејствуваме. Затоа директно купивме аргентински ...

Лондонските улици ќе станат дом на такси без возачи, а американската компанија Waymo објави дека нивната автономна услуга ќе биде достапна за изнајмување во британскиот главен град уште од следната година. Со тоа, Лондон ќе стане првиот европски град што ќе ја користи технологијата на Waymo, слична на услугите што веќе работат во Сан Франциско и четири други американски градови. Препорачано Waymo, кој е создаден како спин-оф од групата ...

Честопати ги сметаме магарињата за најглупави и најтврдоглави домашни животни. Сепак, спротивно на ваквите предрасуди, нивните сопственици тврдат дека се прекрасни и интелигентни животни, попаметни дури и од многу видови кучиња. Сепак, фактот е дека магарињата се среќни да помогнат и да извршуваат тешки и неблагодарни задачи. Препорачано А следното видео, снимено на фарма во Шпанија, кое досега го гледале повеќе од два милиони луѓе, зборува ...

Добивај вести на Viber Според податоците на Обединетите нации(OН), повеќе од 700 милиони луѓе во светот живеат со помалку од 2,15 долари дневно, што е под границата на екстремна сиромаштија. Војните, климатските промени, зголемувањето на цените на храната и енергијата, како и глобалната економска криза, ја влошуваат состојбата на најранливите категории – децата, жените, старите лица и лицата со попреченост. Според Евростат, повеќе од 95 милиони ...

Добивај вести на Viber Рускиот вицепремиер Александар Новак денес изјави дека Русија ги укинала царините за увоз на горива, но дека засега не гледа потреба да купува нафтени производи од странство, објави руската телевизија „Росија 1“. Како што објави Ројтерс, во некои руски региони има недостиг на бензин, а властите се принудени да ја ограничат продажбата на гориво по серијата напади од украински беспилотни летала врз рафинериите за нафта. ...

На компанијата Стелантис ѝ е наредено да повлече од продажба патнички возила ФИАТ 600 произведени во периодот од 2024 до 2025 година, откако е идентификуван ризик од истекување на гориво што може да доведе до пожар. Како што објави NEPRO, кај засегнатите возила може да се случи истекување на гориво на цевката под висок притисок помеѓу пумпата и шинскиот систем, поради олабавување на навртките. Овој дефект може да предизвика зголемена ...

Владата останува посветена на одржување на макроекономската стабилност и унапредување на економските перформанси со цел постигнување повисоки и одржливи стапки на економски раст. Во фокусот се и реформите во управувањето со јавните финансии и зачувување на фискалната дисциплина, со цел континуирана фискална консолидација. Ова беше истакнато на средбата на министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, со извршниот директор на ММФ, Бо Ли, ...

Европската комисија, покрај надоместокот на втората рата за Северна Македонија во вредност од 16 милиони евра, одлучи, во рамките на Планот за раст на Западен Балкан, да додели финансиски средства и на Албанија и на Црна Гора. Според објавата на ЕК, со оваа одлука е предвидена реализација на првата рата за Албанија во износ од 99,3 милиони евра и втората рата за Црна Гора од 8,1 милиони евра. За Албанија, 46,2 милиони евра ќе бидат префрлени ...

Министрите за финансии и централните банкари кои се собираат во Вашингтон за годишните состаноци на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) се соочуваат со меѓународен трговски систем во хаос, неизвесност околу доларот и каматните стапки, како и финансиски пазари кои (засега) се вознемирувачки самодоволни, објави Блумберг во уреднички текст. И среде сите овие предизвици, креаторите на политиките треба да бидат претпазливи за нешто друго: По години ...

Економија Преработувачката индустрија со најголемо учество во бруто додадената вредност 17.10.2025 Преработувачката индустрија има најголемо учество од 25,9 % во бруто-додадената вредност во 2024 година, објави денеска Државниот завод за статистика. Во 2024 година, 68 889 пазарноориентирани деловни субјекти) реализирале промет од 2 152 867 милиони денари и генерирале бруто-додадена вредност од 486 170 милиони денари. Најголем промет од 40,2 % ...

Државниот инспекторат на Република Хрватска извести за повлекувањето на месниот производ Шмек Шулц класик, со рок до 24 октомври 2025 година, произведен од хрватскиот производител Боѓирковиќ, поради алергенот од соја кој не е наведен на декларацијата, објави во четврток Хрватската агенција за земјоделство и храна (ХАПИХ). Препорачано Со оглед на тоа што алергенот од соја не е означен на производот, производот може да претставува ризик по ...

Американската технолошка компанија Apple потпиша договори за купување 650 мегавати обновлива енергија во Европа, вклучувајќи соларни и ветерни фарми кои веќе се во функција или наскоро ќе станат оперативни. Поголемиот дел од електричната енергија произведена од овие проекти ќе се користи за неутрализирање на јаглеродниот отпечаток на корисниците на уредите на Apple, објавува TechCrunch. Препорачано Меѓу другото, Apple купува по 110 мегавати ...

Социо-економската сигурност е предуслов луѓето да останат на село, особено жените – изјави министерот за рурална грижа на Србија Милан Кркобабиќ по повод Меѓународниот ден на жените во руралните средини и додаде „Од потребната инфраструктура до јасли, педијатри, училишта, спортски сали и културни центри, но и реални можности за заработка и пристоен живот од тоа. Сè друго е празен муабет.“ Препорачано На вчерашниот собир во селото Мол, општина ...

Додека младите по секоја цена се обидуваат да најдат работа во ИТ-секторот, Македонија останува без електричари, водоинсталатери и мајстори кои знаат да го поправат она што секојдневно се расипува. Пазарот на труд влегува во сериозен дефицит на занаетчиски кадар, а платите за овие професии веќе го надминуваат националниот просек. Според официјалните податоци, просечната месечна исплатена нето-плата во Македонија во мај 2025 година изнесувала ...

Цените на пивото и безалкохолните пијалоци во Германија се во пораст, а трендот на зголемување ги погодува и големите и малите производители. Според анализата на специјализираното списание Инсајд, шест од десетте најпродавани брендови на пиво во Германија веќе ја зголемиле цената или ќе ја зголемат во наредните месеци. Големите пиварници ги зголемија своите цени, а истото го сторија и многу помали локални пиварници. Иако цените за трговците на ...

Добивај вести на Viber Со почетокот на есента, многумина прават пресек на изминатата година и поставуваат нови цели. Октомври е месец кога вреди да се размислува за финансиска стабилност и сигурност, време кога паметните одлуки носат долгорочна корист. Халкбанк, како банка што нуди доверливи и практични решенија, овој октомври го претставува Промо депозитот со нови услови, создаден за сите кои сакаат нивните заштеди да растат сигурно и ...

Албанија, Црна Гора, Северна Македонија и Молдавија официјално се приклучија на европскиот платен систем SEPA, единствена област за плаќања во евра, објави денес Европската комисија. Вкупно 40 банки од овие четири земји кандидати за членство во Европската Унија се примени во овој систем, што, според Euronews, ќе им даде на овие земји и на Европската Унија пристап до побрзи и поевтини финансиски трансакции, што може да донесе заштеди до 500 ...

Ирската нискобуџетна авиокомпанија „Рајанер“ објави значително намалување на зимскиот распоред на летови во Германија, наведувајќи ја неможноста на германските власти да ги намалат високите аеродромски такси, објавува британскиот „Индипендент“. Одлуката ќе резултира со губење на 800.000 седишта и откажување на 24 рути до и од девет аеродроми, вклучувајќи ги Берлин, Хамбург и Меминген. Препорачано Така, капацитетот на авиокомпанијата ќе биде ...

Зголемувањето на даноците е политички неприфатливо – тие веќе се превисоки во Европа, а во Америка гарантираат изборен пораз. Јавните финансии во повеќето богати земји се во многу лоша состојба. Франција, Јапонија, Велика Британија и Соединетите Американски Држави се примери за земји кои трошат многу повеќе отколку што можат да си дозволат, додека на нивните лидери им недостасува политичка храброст да спроведат сериозни мерки за штедење, пишува ...

Светот вложува трилиони долари во вештачка интелигенција, но растат стравувањата дека овој експлозивен инвестициски тренд може да прерасне во „AI меур“, слично на познатата дотком криза од почетокот на 2000-тите. Поделени ставови меѓу економистите и инвеститорите Според истражување на BofA Global Research, 54% од инвеститорите веруваат дека пазарот на AI акции веќе е во меур, додека 38% сметаат дека инвестициите се оправдани и долгорочно ...

На Светскиот ден на храната – 16 октомври, Националниот институт за статистика објави интересни податоци за навиките во исхраната на Бугарите. Во 2024 година, едно лице во Бугарија консумирало просечно 166 јајца, 10 литри масло, 12 кг сирење и 58 кг месо и месни производи. Потрошувачката на леб и тестенини била во просек 69 кг по лице, на свежо млеко – 20 литри и на јогурт – 28 кг. Препорачано Годишното мени на еден Бугарин вклучува и 76 кг ...

Речиси секое четврто лице над 65 години во Србија било во опасност од сиромаштија во 2024 година. Според податоците објавени од Републичкиот завод за статистика за 2024 година, дури 19,7 проценти од жителите на Србија се во опасност од сиромаштија, додека стапката на ризик од сиромаштија или социјална исклученост била 24,3 проценти. Препорачано Стапката на ризик од сиромаштија по возрасни групи за 2024 година е 21,1 процент за лица под 17 ...

Согласно податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија за 17 октомври просечната часовна цена на еден мегават час електрична енергија (baseload) изнесува 125,11 евра/mwh, додека на Македонската берза за електрична енергија цената е 129,59 евра/mwh Цената на електричната енергија во текот на дневните часови (9:00 – 15:00) (Power solar peak) на HUPX постигна ниво од 110,79 евра за мегават час, а на MEMO 120,86 евра. Цена на ...

Големите германски производители на пиво и безалкохолни пијалоци најавуваат нови зголемувања на цените кои, најверојатно, наскоро ќе ги почувствуваат потрошувачите. По пауза од неколку години, неколку водечки пиварници веќе ги зголемија цените на своите производи, додека нов бран на зголемување на цените се очекува на почетокот на 2026 година, објавува Wirschaftswohe. Компаниите Krombacher и Veltins веќе ги зголемија цените за продажба во ...

На состанокот на министрите за економија на Берлинскиот процес во Лондон е поддржан нов пакет на мерки подготвен од Регионалниот совет за соработка (РЦЦ), насочен кон посилна интеграција, конкурентност и одржливост на регионот. Документите се изработени во рамки на Акцискиот план за Заеднички регионален пазар. Пакетот опфаќа единаесет иницијативи: координација на системите на социјално осигурување и преносливост на права; „зелени обврзници“ за ...

Екипите на Електродистрибуција, во првите 6 месеци од 2025 година, успешно реализираа повеќе инфраструктурни проекти насочени кон модернизација и подобрување на нисконапонската мрежа. Главниот фокус на овие активности е зголемување на стабилноста на системот, намалување на загубите и воведување современи решенија во управувањето со дистрибутивната мрежа. Во рамки на проектите беа поставени 135 километри нова нисконапонска мрежа, заменети старите ...

Земјите од Западен Балкан со заеднички сили ќе ја подобруваат економската интеграција, конкурентноста и одржливоста на регионот. Државите усвоија мерки кои се развиени во рамките на Акцискиот план за Заедничкиот регионален пазар и ги опфаќаат областите на одржливо финансирање, инвестиции, зелена индустрија, туризам и социјална политика, покажувајќи како регионалната соработка резултира со конкретни придобивки за граѓаните и бизнисите низ Западен ...

Речиси секое десетто лице во Европската Унија тврди дека нема доволно пари за греење. Овој проблем е најизразен во Бугарија и Грција, а најмалку во Финска. Повеќе од пет милиони луѓе во Германија, како најголема европска економија, минатата година изјавија дека немаат доволно пари за соодветно греење на своите домови. Сепак, тие 5,3 милиони, или 6,3 проценти од населението, се помалку отколку во 2023 година, кога 8,3 проценти од населението ...

weather icon

Скопје

8ᴼ / 8ᴼ
2.06
100%
1017
weather icon

Белград

8ᴼ / 8ᴼ
3.09
91%
1016
weather icon

Загреб

8ᴼ / 5ᴼ
0.0
89%
1016
weather icon

Софија

10ᴼ / 7ᴼ
1.03
64%
1017
weather icon

Сараево

11ᴼ / 11ᴼ
1.59
98%
1017
weather icon

Љубљана

7ᴼ / 6ᴼ
0.51
92%
1016
weather icon

Атина

20ᴼ / 17ᴼ
2.24
88%
1017
weather icon

Тирана

13ᴼ / 13ᴼ
1.54
88%
1016
weather icon

Подгорица

12ᴼ / 12ᴼ
2.06
94%
1016
weather icon

Букурешт

13ᴼ / 12ᴼ
2.57
93%
1016
weather icon

Будимпешта

10ᴼ / 8ᴼ
2.06
93%
1016
weather icon

Истанбул

16ᴼ / 16ᴼ
3.09
94%
1019
Currency

61.5038

Currency

53.1929

Currency

69.846

Currency

34.5366

Currency

37.8684

Currency

66.0499

Currency

7.47357

Currency

0.65794

Currency

0.34652

Currency

0.52488

Currency

0.60009

Currency

1.26056