Скопје
5ᴼ /
5ᴼ
Во текот на овој месец, НЛБ Банка беше дел од повеќе кариерни иницијативи и настани, насочени кон поврзување со младите и нивните професионални амбиции. Преку директна комуникација со студентите, банката имаше можност да ги слушне нивните идеи, визии и очекувања за иднината. Активностите се реализираа на неколку високообразовни институции, меѓу кои Интернационалниот Балкански Универзитет, Универзитетот Американ Колеџ Скопје, York Europe ...
Со свечен настан вчера беше одбележан јубилејот од 65 години постоење на РК Вардар, еден од најтрофејните ракометни клубови во земјава. На настанот беа евоцирани спомени за богатата историја на клубот, исполнета со бројни успеси и трофеи, но воедно беше истакната и силната мотивација за нови победи во иднина. АЛТА Банка, како еден од поддржувачите на клубот, ја нагласи својата гордост што е дел од приказната на Вардар, клуб кој, како што беше ...
Не е познато кој прв го нарече Марк Мобиус, легендарниот американски берзански експерт, кој почина на 89 години, „Индијана Џонс на инвестициите на пазарите во развој“. Но, тој сигурно уживаше во прекарот. „Местата каде што сакам да бидам се местата каде што никој друг не сака да биде“ беше типична изјава, пишува Телеграф. „Сакам да бидам таму кога има крв на улиците“, рече тој. „Проблеми, несреќи, луѓе што скокаат од прозорци… Фантастично“. ...
Во првиот квартал од 2026 година, регистрациите на нови автомобили во ЕУ се зголемија за 4%, главно поради силните резултати во март. Пазарот беше поддржан од силната потрошувачка активност, поттикната од новите и ревидирани даночни олеснувања и шеми за стимулации во главните европски земји. Хибридните возила продолжуваат да бидат најпопуларниот избор на погонски склоп кај купувачите, додека пазарниот удел на електричните возила достигна ...
Денеска во Блед,Претседателката на Комисијата за хартии од вредност, м-р Бујаре Абази заедно со регулаторите на пазарите на капитал од Унгарија, Полска, Романија, Словачка, Хрватска, Словенија и од Бугарија, потпиша Меморандум за соработка на пазарите на капитал. Комисијата за хартии на Република Северна Македонија е единствен регулатор на земја која не е членка на ЕУ а се приклучи кон оваа регулаторна иницијатива заедно со седум ...
„Порше“ и „Група Римац“ во 2021 година го основаа „Бугати Римац“ како заедничка компанија (joint venture) со цел да служи како дом на култниот бренд Бугати. Во таа заедничка компанија, „Порше“ поседува малцински удел од 45 проценти, додека „Група Римац“ е сопственик на 55 проценти. „Порше“ исто така држи 20,6 проценти удел во „Група Римац“. Како дел од денес најавената трансакција, „Порше“ ќе ги продаде своите удели во „Бугати Римац“ и „Група ...
Тие почнуваат со ентузијазам, со план во глава и со чувство дека конечно нешто ќе биде нивно. Мал бизнис, мала фирма, мал ризик – барем така изгледа на почетокот. А потоа, три години подоцна, светлата се гасат. Таблата се симнува. И уште една идеја завршува тивко, без многу врева. Статистиката е сурова и не остава простор за романтика: повеќето мали фирми не ја преживуваат третата година од постоењето. Не затоа што луѓето немаат идеи. ...
Наместо да скокаат од еден предизвик на друг, европските лидери мора јасно да ги дефинираат своите приоритети. Постигнувањето посилен економски раст е клучно, бидејќи силната индустриска и технолошка база е предуслов за самоодбрана и стратешка автономија во еден сè поопасен свет. Судејќи според она што доаѓа од сите состаноци на Европската Унија – во Европскиот совет, канцелариите на Европската комисија и на други места – очигледно е дека ...
Во февруари годинава во однос на февруари лани потрошувачката на нафтени продукти е намалена за 10.3 проценти, информира Државниот завод за статистика. Во тој период намалена е потрошувачката на природен гас, за 16,5 проценти, како резултат на намалената активност на когенеративните постојки. Во февруари годинава во земјава вкупно се потрошени 700 715 мегават часови електрична енергија, 32.945 милиони нормални кубни метри природен гас, ...
Иако на прв поглед станува збор за мало ажурирање, експертите препорачуваат да се инсталира што е можно поскоро, токму поради безбедносната ранливост што ја решава. Според официјалните информации од компанијата „Епл“, поправена е грешка поради која известувањата означени за бришење можеле да останат зачувани на уредот. Оваа информација се совпадна со неодамнешни извештаи дека ФБИ успеал да пристапи до пораки од апликацијата „Сигнал“ дури и ...
Комерцијална банка во соработка со Visa Inc. организира наградна игра во која корисниците на Visa картички имаат можност да освојат премиум патување во Disneyland Paris. Наградната игра е во тек и ќе трае до 31 мај 2026 година. Секое плаќање со Visa картичка во овој период автоматски учествува во извлекувањето, при што поголем број трансакции значи и поголеми шанси за добивка. Главната награда вклучува премиум патување за четири лица во ...
Снабдувањето со течен природен гас (LNG) веројатно ќе остане ограничено до крајот на 2027 година поради прекини и штети на инфраструктурата предизвикани од војната меѓу САД и Израел против Иран, соопшти Меѓународната агенција за енергетика. „Комбинираниот ефект од краткорочните загуби на снабдувањето и побавниот раст на капацитетите би можел да резултира со кумулативна загуба од околу 120 милијарди кубни метри LNG помеѓу 2026 и 2030 година“, ...
По повод 34 години од монетарното осамостојување, Народната банка го истакнува значењето на независниот монетарен систем како еден од носечките столбови на економската стабилност и развојот на државата. На 26 април 1992 година беше воведена националната валута – денарот, со што беа поставени темелите на монетарната независност на државата. Во изминатите три и пол децении, монетарната политика се соочи со бројни предизвици, вклучувајќи ...
Паста за заби во еден маркет 400 денари, истата во друг 280. Омекнувач за алишта во една продавница 390 денари, во друга на акција 250. Чоколади од позната марка со цени кои се разликуваат за над 20 отсто од маркет до маркет. Ако ги прашате трговските синџири во земјава, ќе ви речат дека во моментов работат со просечна профитна бруто-маржа од околу 15 проценти. Но судејќи според цените, апетитите на газдите се различни, па маржите одат и над ...
Концептот е едноставен: корисникот ја отвора апликацијата, снима фотографија или кратко видео и веднаш го испраќа. Содржината може да се погледне само еднаш или исчезнува по 24 часа ако примачот не ја отвори. „Instants“ во голема мера потсетува на моделот што го популаризираше „Снепчет“ – содржина што исчезнува, еднократни прегледи и комуникација во реално време. Но, ова не е ништо ново за „Мета“. Компанијата со години ги презема успешните ...
Со проширување на својата бесплатна понуда, ЧетГПТ наскоро ќе стане најбрзорастечката технолошка платформа во историјата. Меѓутоа, популарноста не е синоним за профит. Токму поради огромната популарност на бесплатната верзија, „ОпенАИ“ е далеку од прагот на рентабилност. Решението што се наметнува е рекламирањето. Првите тестови во САД биле успешни, а сега „ОпенАИ“ очекува забрзување на приходите од реклами. Според извештајот на порталот ...
Добивај вести на Viber Податоците што ги обезбеди Фактор, а се преземени од Централниот регистар, покажуваат дека 2025 година донела прв голем финансиски пробив во секторот за медицински канабис во Македонија. По години во кои овој бизнис главно се поврзуваше со високи вложувања, големи очекувања, скапи капацитети и слаби резултати, една компанија првпат се издвојува со добивка од над 5 милиони евра. Станува збор за Синцеритас АД Скопје, ...
Кого ќе навреди Трамп јавно до 30 април? Дали Украина ќе се приклучи на НАТО до 2027 година? Дали Александар Вучиќ ќе ја напушти претседателската функција до полноќ на 30 јуни? Ова се само некои од 10.800 исходи што моментално ги нуди Полимаркет, најголемиот светски пазар за предвидување, каде што богатството се стекнува преку ноќ веќе неколку години, но и тргување со инсајдери, пишува хрватскиот портал Индекс. Полимаркет функционира како ...
Германскиот канцелар Фридрих Мерц се изјасни против зголемувањето на долгот, додека лидерите на Европската унија дискутираат за долгорочниот буџет на блокот за годините 2028 до 2034 година на самитот во Кипар. „Од германска перспектива, зголемениот долг не доаѓа предвид, а европските обврзници на пазарот на капитал исто така не доаѓаат предвид“, рече Мерц денеска во Никозија. Главната пречка за следниот долгорочен буџет е како амбициите на ...
Добивај вести на Viber Просечната годишна бруто плата за вработен со полно работно време во Швајцарија е приближно 78.000 швајцарски франци, или приближно 83.000 евра, а тие бараат работници Швајцарија во последните години привлекува сè повеќе работници од странство, првенствено поради високите плати и стабилниот пазар на трудот. Многумина размислуваат да се преселат во оваа алпска земја во потрага по подобар животен стандард, а интересот е ...
Според проценките на повеќето економисти, Европската централна банка ќе ја задржи каматната стапка на депозитите непроменета на крајот на април, но би можела да ја зголеми во јуни за да спречи зголемувањето на цените на енергијата предизвикано од војната на Блискиот Исток дополнително да ја дестабилизира економијата на еврозоната. Економистите анкетирани од Ројтерс сè уште не се согласуваат околу тоа што ќе следи по евентуалното зголемување ...
Добивај вести на Viber Војната на Блискиот Исток веќе има сериозни последици за глобалната економија, но нејзиното влијание сè повеќе се прелева во авиоиндустријата, каде што, покрај зголемувањето на цените на горивата, веќе се евидентираат откажувања на летови, намалени фреквенции и предупредувања дека претстојната летна сезона може да биде една од најпредизвикувачките во последните години. Токму за ова зборуваа за „Јутро на Блиц“ ...
„Во услови на светски економски предизвици, зголемувањето на учеството на жените на пазарот на труд носи значителни економски и општествени придобивки. Намалувањето на родовите разлики придонесува за поголема иновативност, поефикасно искористување на човечкиот капитал и за намалување на јазот во приходите. Сепак, жените и натаму се соочуваат со предизвици, како што се пониска застапеност на раководните позиции и ограничен пристап до ...
Австрискиот финансиски сектор продолжува да бележи силни резултати во период кога голем дел од економијата се соочува со сериозни предизвици. Трговијата, индустријата и градежништвото веќе подолг период се под притисок, но банките и осигурителните компании остваруваат високи добивки. Во ваков контекст, прашањето за оданочување на овој сектор повторно станува актуелно, особено во рамки на тековните буџетски преговори и обидите за стабилизација ...
Теоретски, борбата против корупцијата оди напред. Практично, граѓаните сè почесто посегнуваат по пликот. Државните извештаи покажуваат пад на перцепцијата на корупцијата, подобрени механизми, нови стратегии, засилени контроли. И сето тоа звучи добро. Уредно. Дури и охрабрувачки. Но, истовремено, анкети меѓу граѓаните откриваат нешто сосема друго – дека митото не исчезнува, туку се нормализира. Се преселува од „исклучок“ во „начин на решавање ...
Европската Унија ги предупреди земјите-членки дека напорите за зајакнување на заштитните мерки во трговскиот договор на блокот со САД може да предизвикаат распад на договорот. Европската комисија, извршното тело на ЕУ која се занимава со трговски прашања, им кажа на амбасадорите на блокот оваа недела дека некои промени што ги предложија пратениците во трговскиот договор меѓу ЕУ и САД ќе го поништат договорот, според луѓе запознаени со ...
Огласите за работа стојат со недели, понекогаш и со месеци. Понудата не е мала: 900, 1.000, па и над 1.000 евра месечно. Сепак, кандидатите ретко се јавуваат. А кога ќе се јават, често си заминуваат уште по првиот ден. Не затоа што платата не е доволна, туку затоа што работата – не се трпи. Најголемиот апсурд денес не е што нема работа. Туку што има работа што никој не ја сака. Градежништвото е прво на листата. Мајстори, армирачи, фасадери, ...
Во 2026 година, најмногу работни дозволи во Хрватска им биле издадени на граѓани на Босна и Херцеговина, по што следуваат граѓани на Филипините, Непал, Србија и Северна Македонија, изјави државниот секретар во Министерството за внатрешни работи на Хрватска, Ирена Петриевчанин. „Во моментов, 105.231 лица се регистрирани како странски работници со важечка дозвола за престој и работа, и регистрирано живеалиште на адреса во Хрватска“, рече ...
Аеродромот Схипхол во Амстердам објави дека ќе им понуди на авиокомпаниите попуст на аеродромските такси за да помогне во ублажувањето на товарот од повисоките трошоци за гориво поради војната на Блискиот Исток. Попустот од 10 проценти ќе важи само за дневни летови, помеѓу 27 април оваа година и 31 март следната година, се вели во соопштението. – Аеродромот ја презема оваа мерка бидејќи трошоците на авиокомпаниите одеднаш и нагло се зголемија ...
§ Емотивен дизајн со покривна линија од 911 § Три модели кои произведуваат до 850 kW (1.156 КС) overboost моќност § Подобрена аеродинамика со CD вредност од 0.23 и поголем досег § Опционален Lightweight Sport пакет за особено спортски изглед Инспирирани од иконскиот облик на 911 и неговиот карактеристичен flyline, новите Cayenne Coupé Electric модели комбинираат моќни пропорции со исклучителни е-перформанси. Визуелно и технички, тие се меѓу ...