Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Мотивацијата за посета на Охрид значително се разликува кај домашните и странските туристи. Странските гости најчесто доаѓаат за да го доживеат Охрид од аспект на културата, традицијата и историските знаменитости. Домашните пак, често го избираат градот за „фотогенски“ одмор – да се сликаат во ресторани со скапа охридска пастрмка покрај езерото, со автомобилот паркиран веднаш до објектот. – Не станува збор само за цените, туку за менталитетот ...
Австриската влада предлага нов закон со кој ќе воведе данок за пакетите што се продаваат преку големите онлајн платформи, а мерката веќе предизвика силни реакции кај трговците, економистите и потрошувачите. Според предлогот на Министерството за финансии, секоја испорака на пакет до краен потрошувач ќе биде оданочена со две евра, доколку продажбата се врши преку големи интернет-компании или платформи што имаат значителен промет. Владата ...
Вашингтон и Пекинг ретко се на иста страна, но овојпат имаат заедничка порака: меѓународните водни патишта не смеат да станат наплатни рампи. САД и Кина се согласиле дека ниту една држава или организација не смее да наплаќа такси за минување низ меѓународни водни патишта како Ормускиот Теснец, соопшти американскиот Стејт департмент. Договорената позиција била постигната во телефонски разговор во април меѓу американскиот државен секретар Марко ...
Цената на златото забележа пад во средата, под притисок на посилните од очекуваните инфлациски податоци од САД, кои дополнително ги намалија очекувањата за намалување на каматните стапки од страна на ФЕД. Спот цената на златото се намали за 0,3% и изнесуваше 4.702 долари за унца, повлекувајќи се од највисокото ниво во последните три недели. Аналитичарите оценуваат дека растот на инфлацијата ги менува очекувањата на инвеститорите, при што сè ...
Добивај вести на Viber Големите градови во Германија нудат многу работни места и бројни содржини за слободно време, но екстремно високите кирии го отежнуваат животот. Цените на закупнините ги одвраќаат вработените и им создаваат сериозни проблеми на компаниите кои се во потрага по стручна работна сила. Многу луѓе ги сметаат скапите станови за главен недостаток на животот во урбаните средини, покажа истражувањето на консултантската куќа ...
Добивај вести на Viber Шведската мултинационална компанија „Електролукс“ го претстави планот за реструктурирање со кој се предвидува укинување на околу 1.700 работни места во Италија и затворање на фабриката во местото Черето д’Еси во регионот Марке, каде се вработени приближно 170 лица. По ваквата најава, водечките италијански синдикати на индустриските работници прогласија осумчасовен национален штрајк, кој ќе се одржи во секоја од ...
Добивај вести на Viber Поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР), Пеце Мирчески, кој лани беше уапсен наводно поради тоа што добил на лично користење автомобили од операторот кој ја опслужува Владата со службени возила, по една година стана бизнисмен и основа фирма за производство на преработена храна. Фирмата „Формела“ на Мирчески е основана минатата недела со седиште во Илинден, а како основачи фигурират Пеце ...
Добивај вести на Viber Луѓето кои планираат летен одмор со авион треба да се подготват за повисоки цени на билетите, предупреди во понеделникот германската министерка за економија, Катерина Рајхе, пренесува Германската новинска агенција (dpa). Главната последица од војната во Иран е зголемувањето на цената на горивата на пазарот, вклучувајќи го и керозинот. За да се зголеми достапноста на гориво за време на големата побарувачка, ...
Добивај вести на Viber Соло патник доколку се смести во двокреветна соба во хотел, ќе треба да доплати одреден процент повеќе. Во хостелите се наплаќа по кревет, додека приватни соби може да се најдат за поволни цени и зависно од периодот, газдите можат да бидат флексибилни. „Цените може да се сметаат по соба или по патник, при што јасно е опишано, ако е сам патникот, ќе доплати 30 отсто плус. Генерално е така. Хотелите претежно имаат ...
Фондот за здравствено осигурување на Македонија во 2025 година за двете приватни здравствени установи „Аџибадем Систина“ и „Жан Митрев“ обезбедил договорни надоместоци во вкупен износ од 1,2 милијарди денари (19,5 милиони евра) за кардиоваскуларни интервенции, покажуваат податоците од годишниот извештај на ФЗОМ за 2025. Според извештајот, лани во „Аџибадем Систина“ имало 1.450 случаи на товар на ФЗОМ, а во „Жан Митрев“ 1.216 случаи. Освен ...
Во 2025 година на товар на Фондот за здравствено осигурување во аптеките биле реализирани вкупно 27.334.693 рецепти во износ од 3,59 милијарди денари (58,4 милиони евра), покажуваат податоците од годишниот извештај на ФЗОМ за 2025 година. Во него се констатира дека потрошувачката на лекови на рецепт на товар на Фондот преку аптеките бележи континуиран раст во изминатите години. Просечната потрошувачка на лекови според бројот на реализирани ...
Инфлацијата во САД повторно се забрзува, а последиците од конфликтот на Блискиот Исток сè посилно се чувствуваат врз американската економија и секојдневниот живот на граѓаните. Според најновите податоци од Бирото за статистика на трудот на САД, потрошувачките цени во април се зголемиле за 3,8 отсто на годишно ниво, што е најголем раст од мај 2023 година. Најголемиот притисок доаѓа од енергијата и храната. Цените на горивата нагло пораснале ...
Ценовниот притисок во САД повторно се засилува, а зад тоа стојат фактори кои се далеку од домашната економија. Најновите податоци покажуваат дека инфлацијата повторно расте, што ја комплицира ситуацијата и за институциите и за граѓаните. Во април, потрошувачките цени забележале поголем раст отколку во претходниот месец, што е најизразено зголемување во речиси една година. Главниот двигател на овој тренд се енергијата и храната, категории кои ...
Лондон, 11 мај 2026 (МИА) - Британската економија би можела да изгуби речиси 63.000 работни места оваа година поради економските последици од војната на Блискиот Исток - се наведува во прогнозата објавена денес од економскиот институт „ИТЕМ клуб“ (ITEM club). Институтот предупредува дека британските региони со пониски приходи, како што се Јужен Велс и Хамберсајд, ќе бидат меѓу најтешко погодените поради зголемувањето на цените на енергентите ...
Скопје, 12 мај 2026, (МИА) - За македонски штедач, кој поседува одредена заштеда, валутниот ризик е релативно низок бидејќи денарот е врзан за еврото, што ги ограничува грижите за краткорочна девалвација. А кога станува збор за инвестирање, може да се инвестира и во краткорочни обврзници или во инвестицски фондови. Ако се мислите меѓу биткоини или акции од технолошки компании, тогаш подобра опција се акциите, советува економскиот експерт Нику ...
Добивај вести на Viber Хрватскиот пазар на труд е сè повеќе зависен од странски работници, а српските граѓани во моментов се меѓу најбројните. Според податоците од Хрватскиот институт за пензиско осигурување (HZMO) од почетокот на 2026 година, во Хрватска се вработени околу 25.000 работници од Србија, а во текот на летната туристичка сезона овој број дополнително се зголемува. Работниците од Србија во моментов се третата најголема група ...
Трошоците за американската воена операција против Иран продолжуваат да растат со забрзано темпо, а најновите бројки откриваат значително отстапување од првичните проценки. Наместо претходно најавените 25 милијарди долари, сумата веќе достигнала околу 29 милијарди – и тоа не е конечната бројка. Овие информации беа презентирани пред американските законодавци, каде беше нагласено дека финансиските пресметки постојано се менуваат. Главната ...
Растот на потрошувачките цени во САД се забрза во април втор месец по ред, со најсилен годишен скок на инфлацијата во последните речиси три години, што дополнително ги зајакна очекувањата дека американската централна банка нема да ги менува клучните каматни стапки подолго време. Потрошувачките цени во САД скокнаа за 3,8 проценти на годишна основа во април, што е најсилно од мај 2023 година, покажаа податоците од Бирото за статистика на ...
Добивај вести на Viber Индија го отфрли рускиот предлог за купување течен природен гас (LPG), кој е под санкции на САД, и покрај растечките проблеми со снабдувањето со енергија поради ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток. Како што пишува Ројтерс, ова го изјавиле извори запознаени со разговорите меѓу двете страни. Според овие информации, индиските власти ја соопштиле својата одлука на рускиот заменик-министер за енергетика Павло ...
Цените на нафтата на светските берзи бележат нов раст по намалените надежи за брз дипломатски договор меѓу САД и Иран. Оваа ситуација директно влијае врз стабилизацијата на сообраќајот низ Ормуски Теснец, што дополнително ја подгрева неизвесноста кај трговците со енергенси. Нафтата од типот Brent Crude се искачи за околу два проценти и ја надмина психолошката граница од 100 долари. Пазарите реагираат на стравот дека кризата може да продолжи и ...
Европската комисија објави дека има намера да издаде повеќе бесплатни дозволи за емисии на стакленички гасови за компаниите отколку порано, посочувајќи дека ова би можело да им заштеди на компаниите околу 4 милијарди евра трошоци за емисии на јаглерод. Според новиот предлог на Комисијата, компаниите ќе продолжат да добиваат бесплатни сертификати за околу 75 проценти од нивните емисии на стакленички гасови. Сепак, новиот метод на пресметка ќе ...
Домот одамна не е само место за живеење. Начинот на кој е уреден просторот често зборува повеќе за човекот отколку облеката, автомобилот или профилот на социјалните мрежи. Боите, светлината, мебелот, деталите, па дури и нередот, сето тоа несвесно открива делови од карактерот, навиките и емоциите на личноста што живее таму. Некои домови веднаш изгледаат топло и смирувачки, додека други оставаат впечаток на строгост, луксуз или креативен хаос. ...
Воведувањето на системот ЕЕС за влез и излез од државата ги зголеми турканиците на границите кон соседните земји, но истовремено отвори можност за летување во домашните туристички центри како Охрид, Струга и Дојран. Иако Охрид нуди плажи, спортски активности, културни содржини и гастрономски доживувања, домашните туристи во изминатите години ретко го бираа како дестинација за летен одмор поради високите трошоци. Градот важи за достапна ...
ЈП за Државни патишта ја проширува мрежата за продажба на М-таговите. Според директорот на ЈПДП, Коце Трајановски, отсега М-таг уредот може да се набави во продажни салони на двата телекомуникациски опеаратори низ целата држава, наместо досегашната практика за набавка на уредите на наплатните станици низ дражава или во просториите на ЈПДП во Центар. – Ја прошируваме мрежата за продажба на М-таг уреди преку соработка со А1 Македонија и ...
Најскапиот метар квадратен во првиот квартал од оваа година е продаден за 2888 евра. Се работи за стан од 45 метри квадратни во скопската општина Кисела Вода за кој биле платени 130.000 евра, стои во кварталниот извештај на Агенцијата за катастар. Извештајот нотира дека бројот на реализирани трансакции на пазарот на недвижности е значително намален. Во споредба со последното тримесечје од минатата година, бројот на продадени станови во ...
ЕВН Македонија го пушти во функција првиот батериски систем за складирање на електрична енергија (Battery Energy Storage System – BESS), поставен во рамки на фотоволтаичната централа „Пробиштип“. Со инсталирана моќност од 10 MW и капацитет од 20 MWh, системот претставува најголем батериски капацитет во рамки на целата ЕВН Групација, а воедно ја прави компанијата сопственик и оператор на најголемиот лиценциран батериски систем во државата. Со ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, учествува на 29. Евроазиски економски самит во Истанбул, Турција. Годинешниот Евроазиски економски самит се одржа под мотото „Global Responsibility – The Post-War World with War, Terrorism, Conflict, and Involuntary Migration“, а во фокусот на дискусиите беа глобалната енергетска безбедност, новите геополитички односи, климатските предизвици, недостигот на вода и ...
Оптимизмот кај германските инвеститори неочекувано се подобри со надеж дека борбите на Блискиот Исток наскоро ќе завршат, намалувајќи ја заканата за најголемата економија во Европа. Индексот на очекувања на институтот ЗЕВ (ZEW) се искачи на -10,2 во мај од -17,2 во април. Тоа е подобро од медијаната од -19,5 што ја предвидоа економистите во анкетата на „Блумберг“. Мерката за тековните услови се влоши на -77,8. „Експертите за финансиски ...
Постојат домови што ги избираме поради квадратура. Постојат домови што ги избираме поради локација. А постојат и такви што успеваат да го спојат најважното од современото живеење: брза поврзаност со градот и чувство на мир кога ќе ја затворите вратата зад себе. Во Скопје, каде секојдневието сè повеќе се мери во минути, добрата адреса веќе не значи само „да се биде блиску“. Таа значи да се живее на место што го скратува патот до работа, до ...
Нецаринските мерки станаа поголем трошок за трговијата од царините Иако царините значително се зголемија во 2025 година, најголемите трошоци за меѓународната трговија денес доаѓаат од нецаринските мерки, покажува најновото издание на Global Trade Update на UNCTAD. Станува збор за технички прописи, здравствени и безбедносни стандарди, процедури за сертификација и други регулаторни барања кои го одредуваат пристапот до странските пазари. ...