Скопје
10ᴼ /
10ᴼ
Според федералните податоци објавени денес, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп брзо ги исцрпува стратешките резерви на нафта со најбрзо темпо досега, објави Си-Ен-Ен. Стратешките резерви на нафта се намалија за 8,6 милиони барели минатата недела, што е најголемиот пад досега што датира од почетокот на 1980-тите, објави американската телевизиска мрежа. Претходниот рекорд беше поставен во септември 2022 година за време ...
Најпознатата криптовалута во светот, биткоин, денеска повторно ја надмина психолошката граница од 81.000 американски долари, покажуваат најновите податоци од берзите. Криптопазарот бележи засилен раст во последните денови, а инвеститорите внимателно ги следат сигналите од глобалната економија и движењата на финансиските пазари. Аналитичарите оценуваат дека стабилизирањето на инфлацијата и очекувањата за намалување на каматните стапки во САД ...
Индија направи голем пресврт во својата економска политика со нагло зголемување на увозните давачки за злато и сребро – од 6% на дури 15%. Одлуката, објавена од владата, има цел да го намали одливот на девизи и да го стабилизира притисокот врз државните резерви. Со ова зголемување, државата практично го поскапува увозот на скапоцени метали, што директно може да ја намали побарувачката во земјата која е втор најголем потрошувач на злато во ...
Добивај вести на Viber Стотици илјади луѓе низ Европа не можат да го третираат викендот како време за одмор. Дури 21,3 проценти од европските работници редовно работат во сабота и недела, според најновите податоци на Евростат. Во некои земји, просекот е значително повисок, особено на Балканот и Медитеранот. Во Грција, дури 41 процент од вработените и самовработените работници се активни за време на викендите, 33 проценти во Босна и ...
Добивај вести на Viber Општо е познато дека, особено во некои сектори како што се градежништвото или туризмот, Хрватска има хроничен недостиг на работна сила, па затоа познавањето на најбрзиот легален начин за вработување странски работници станува исклучително важно за многу компании. На последниот ден од минатиот месец стапија во сила измените на Уредбата за престој на државјани на трети земји во Хрватска, со кои, меѓу другото, се ...
Добивај вести на Viber Забавува растот на европската економија. Економскиот раст во Европа забави на годишна основа во текот на првиот квартал од 2026 година, според податоците на Евростат. Во еврозоната, растот на БДП се намали од 1,3 проценти во четвртиот квартал од 2025 година на 0,8 проценти во првите три месеци од оваа година, додека во целата Европска унија забави од 1,4 на еден процент. На квартално ниво, ЕУ одржа раст од 0,2 ...
Генералниот директор на ТАВ Македонија, Неџат Курт, денеска по повод реконструцијата и модернизацијата на ГОБ „8 Септември“, изјави дека како финансиски инвеститор на овој проект, ТАВ Македонија остава траен белег за подобро утре за пациентите на Градската општа болница „8 Септември“. Зборувајќи пред присутните тој рече дека пред многу години, бил пациент токму во оваа болница и добил исклучителна грижа од персоналот и докторите. „Иако ...
Како дијаспората може да и помогне на Македонија и кои предизвици се појавуваат во обидите да се направи тоа беа прашањата во фокусот на панелот „Дијаспората како стратешки капитал: Враќање дома“ (Diaspora as Strategic Capital: Giving Back Home) на дводневниот Самит Македонија2026, што завршува попладнево во Скопје. -На дијаспората не и треба мотивација, љубовта е присутна. Она што недостасува е структура, основа, платформи, долготрајни ...
Добивај вести на Viber Купувачите во Јапонија забележале дека нивните омилени чипсови од Calbee се во сиво пакување. Сепак, ова не е грешка при печатење. Јапонскиот производител на грицки соопшти дека привремено ќе го промени пакувањето во сиво и постепено ќе ги укине своите типично светли и впечатливи бои во продавниците низ целата земја поради прекини во синџирот на снабдување предизвикани од војната во Иран. „Овој потег доаѓа како одговор ...
Добивај вести на Viber Минатата недела на глобалните финансиски пазари преовладуваше оптимизам, најмногу поттикнат од одличните деловни резултати на компаниите во завршницата на сезоната на објавување на резултати, како и од солидните податоци од пазарот на трудот. И покрај тоа, геополитичката неизвесност и понатаму остана присутна. Цените на нафтата на почетокот на неделата повторно забележаа раст поради новите судири во Ормутскиот теснец, ...
Германија го откри вирусот на хепатитис А во замрзната мешавина од бобинки од Србија, објави Европскиот систем за брзо предупредување и известување за храна (РАСФФ). Овој вирус предизвикува вирусен хепатитис тип А, односно заразен хепатитис тип А. За време на официјалната контрола на пазарот, во примерок земен на 20 април, Германија пронајде патогени микроорганизми – вирусот на хепатитис А во замрзната мешавина од бобинки од Србија. ...
Завршена е изградбата на крак 1 од секундарната фекална канализација во општина Арачиново, со што се решава едно од клучните комунални прашања за жителите и се подобрува инфраструктурата вo општината, информира Владата. -Со реализацијата на проектот се обезбедува правилно и ефикасно одведување на отпадните води што директно придонесува за подобрување на хигиенско-санитарните услови, заштита на животната средина и поквалитетен живот за ...
Во периодот од јануари до март, најголемиот светски извозник на нафта остварил нето добивка од 32,5 милијарди долари, соопшти компанијата. Вкупните приходи на Арамко пораснале за речиси седум проценти во однос на истиот период лани, достигнувајќи 115,49 милијарди долари, благодарение на повисоките цени и поголемиот обем на испораки на нафта, рафинирани производи и хемикалии. Иранската блокада на поморскиот сообраќај низ Ормускиот теснец, во ...
Европската комисија денес предложи нови правила што треба да го олеснат прекуграничното патување низ Европа, особено со воз. Комисијата објави три предлози што го поедноставуваат планирањето и резервацијата на регионални, меѓуградски и прекугранични патувања, особено за железнички патувања што вклучуваат повеќе превозници, и обезбедуваат подобра заштита за патниците во текот на нивното патување. „Европејците ќе можат да планираат, ...
Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е вообичаено во овој период да почне процедурата за ребаланс на Буџетот, а оценува и дека Владата успешно се справува со кризата бидејќи инфлацијата е двојно пониска во однос на периодот на претходната влада. – Вообичаено е во јуни да почнат процедурите за ребаланс на Буџетот и во јули да се донесе. Така беше и во 2024 и 2025, а до крајот на годината ќе имаме уште една конечна распредеделба на ...
Добивај вести на Viber Избран е нов член на Управниот одбор на Алта Банка АД Битола, со што се комплетира одборот на банката. Нов член на УО е Стефан Николиќ, а за новината банката информираше преку Македонска берза. - Согласно Глава 6 од Правилата за котација, известуваме за следниве измени во органите на управување и надзор: АЛТА банка АД Битола ја информира јавноста дека, согласно Одлуката за именување донесена од страна на Надзорниот ...
Халкбанк АД Скопје нуди промотивна понуда за орочено штедење „Пролетен депозит“, со фиксна каматна стапка до 3,30 проценти и можност за избор на исплата на каматата – месечно или на крајот од периодот на орочување. Според понудата, клиентите кои ќе штедат во денари ќе добијат каматна стапка од 3,30 проценти, додека за штедење во евра, американски долари и британски фунти е предвидена камата од 2,50 проценти. Рокот на орочување изнесува 25 ...
Охрид, 13. мај 2026 (ОХРИДПРЕС) – На интернет е веќе активна веб страницата која носи детали за хотелот кој се гради кај „Горица 3“. Ќе се вика „Горица резиденс Охрид“ и треба да биде готов до крајот на годинава. Според истиот извор, резиденцијалниот дел на комплексот ќе има 42 премиум апартмани, од кои два ќе се дуплекс. Се наведува дека гостите ќе имаат директен пристап до приватна плажа и базен наменети за сите сопственици на апартмани, ...
Новиот предлог-закон за заштита од пушењето е насочен кон подобрување на јавното здравје, и кон заштита на младите и непушачите кои сè повеќе ги користат новите никотински производи што денес се лесно достапни. Овие производи се вкусни, модерни и претставени како „помала опасност“ за разлика од цигарата која е стар и докажан здравствен ризик. Пушењето создава чад, остава силен мирис, носи видливи здравствени ризици, не е толку привлечно и ...
Во неколку дневна посета на македонските градови – Скопје, Куманово, Битола, Кавадарци, Охрид почнувајќи од 13.05 доаѓаат , Џеф Смит, близок соработник на Трамп, како главен гостин во придружба со тимот на суверенисти помеѓу кои и Џој Геди, дел од кабинетот на Трамп во првиот мандат и Лук Геди. СУВЕРЕНИСТИТЕ од САД, кои се блиски до новата американска администрација, јавно и целосно ја поддржуваат работата, насоките, стратегиите, решенијата, ...
Добивај вести на Viber Центарот за заштита на потрошувачите во Хамбург го обвини производителот „Mondelez“ дека ја намалил тежината на одредени „Милка“ чоколади без соодветно известување за потрошувачите, што доведе до судски спор поради наводна измамничка деловна практика. Според наводите на организацијата, чоколадните табли на брендот „Милка“, со непроменет дизајн и амбалажа, станале полесни – од околу 100 на 90 грама, додека цената во ...
Германската автомобилска индустрија ќе изгуби 225.000 работни места до 2035 година, околу 35.000 повеќе од претходно предвиденото, предупреди денес шефот на Германското здружение на автомобилска индустрија (VDA). VDA претходно предвиде дека 190.000 работни места ќе бидат изгубени во автомобилскиот сектор помеѓу 2019 и 2035 година. „Врз основа на сегашните пресметки, сега за жал мора да претпоставиме дека 225.000 работни места ќе бидат ...
Лани за 8,34 отсто е зголемена потрошувачката на бензините во споредба со 2024 година – покажуваат податоците од Годишниот извештај за работата на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) за 2025 година. За истиот период, раст на потрошувачката е регистриран и кај дизелот (5,17 отсто), екстра лесното масло (2,23) и кај течниот нафтен гас – ТНГ(3,55 отсто), додека пад во потрошувачката ...
Веројатноста дека Европската централна банка ќе треба да ги зголеми трошоците за задолжување поради војната во Иран се зголемува, според претседателот на Бундесбанк, Јоаким Нагел. „Сè уште се надевам на значително ублажување на тензиите на Блискиот Исток - но не можеме да ги игнорираме високите цени на енергијата“, изјави германскиот централен банкар бо интервју за „Ханделсблат“. „Зголемувањето на каматните стапки станува сè поверојатно ...
Со оглед на фактот дека вчера на седница Владата усвои Предлог закон за игри на среќа, а истовремено политичката партија „Левица“ најави свој предлог за целосна забрана на легалните објекти, јасно е дека економскиот сектор игри на среќа повторно станува дежурна тема на која политичарите се обидуваат да печалат политички поени, тргнувајќи го фокусот на јавноста од вистинските проблеми. Очекуваме политичка партија „Левица“ која прокламира ...
Невработеноста во Франција неочекувано се зголеми на највисоко ниво во последните пет години, што е знак дека втората по големина економија во еврозоната веќе беше во слаба позиција пред војната во Иран. Со раст на невработеноста во сите возрасни категории, стапката достигна 8,1 отсто во првиот квартал, покажуваат податоците од националната статистичка агенција. Економистите анкетирани од „Блумберг“ предвидуваа мало намалување на 7,8 од 7,9 ...
Халкбанк АД Скопје, во партнерство со Европскиот фонд за Југоисточна Европа (ЕФСЕ), нуди кредитна линија за поддршка на одржливо земјоделство и поттикнување на сигурен раст наменета за микро, мали и средни претпријатија, трговци поединци и индивидуални земјоделци. Кредитната линија има за цел да обезбеди финансиска поддршка за работен капитал и инвестиции во одржливи земјоделски активности, со што се поттикнува модернизација на производството ...
Со приклучувањето на Србија во системот СЕПА отсега е овозможено плаќања од и кон Србија во евра во рамки на СЕПА областа. Тоа, како што соопшти Народната банка на РСМ, во пракса значи побрзи и поефикасни прекугранични плаќања во евра со Србија, значително пониски надоместоци во споредба со традиционалните канали за плаќање и поедноставни процедури за плаќања и приливи. – Србија е еден од нашите најзначајни трговски партнери и се наоѓа меѓу ...
Неприфатливото однесување на патниците во авионот повеќе не е спорадичен инцидент, туку растечки глобален проблем што ја загрозува безбедноста на летовите, работата на кабинскиот персонал и искуството на другите патници. Овие податоци ги потврдува и Федералната администрација за воздухопловство на САД, наведувајќи дека во текот на изминатите неколку години имало илјадници пријави за несоодветно однесување на патниците, вклучувајќи вербални ...
Добивај вести на Viber Во период на интензивна дигитализација на финансискиот сектор, Flex Group ја потврди својата стратешка доминација со уште еден клучен деловен успех. Нивната членка, Flex Pay, официјално доби дозвола од Народната банка на Република Северна Македонија за работење како институција за електронски пари. Со оваа одлука, Flex Pay овозможува модерна алтернатива на традиционалните платежни сервиси преку брзи, сигурни и целосно ...