Скопје
8ᴼ /
8ᴼ
Растот на цената на нафтата ги намали акциите и обврзниците поради загриженост дека обновените ирански напади би можеле да ја ескалираат тензијата на Блискиот Исток, задржувајќи ги енергетските трошоци високи и поттикнувајќи ризици од инфлација. Акциите паднаа од рекордните висини додека брент суровата нафта скокна на околу 115 долари, откако Иран ги нападна Обединетите Арапски Емирати за првпат по речиси еден месец, а Техеран предупреди ...
Од утре во Србија ќе бидат овозможени плаќања во рамките на шемата СЕПА (SEPA – Single Euro Payments Area) со што ќе се намали сегашната провизија за парични трансакции кон и од Европската Унија. Членството во СЕПА им овозможува и на испраќачот и на примачот на пари да имаат пониски трошоци и побрзо извршување на трансакциите. Пристапувањето на Србија во СЕПА зоната ќе овозможи парите да се префрлаат во рок од еден работен ден, наместо ...
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави, Никол Варнс, на која беше потврдена заедничката определба за продлабочување на стратешкото партнерство во енергетскиот сектор. Како што информира Божиновска, по потпишувањето на Меморандумот за соработка во рамки на Стратешкиот дијалог со САД, следува фазата на конкретна ...
Во свет полн со стаклени облакодери што личат еден на друг, Absolute World Towers се издвојуваат како нешто сосема поинакво. Двете зданија изгледаат како да се замрзнати во момент на движење. Овие кули, често нарекувани и „Кулите Мерлин Монро“ поради нивната сензуална, извртена форма, се вистински пример за тоа како архитектурата може да биде и функционална и уметничка. Сместени во градот Мисисага, веднаш до Торонто, кулите се дело на ...
Добивај вести на Viber Светската економија би можела да западне во блага рецесија ако цената на нафтата од типот Брент остане околу 125 долари за барел подолго време, предупредува раководителот на одделот за меѓународна економија во агенцијата Мудиз, Гаурав Гангули. Засега, како што изјави Гангули за CNBC, основното сценарио сè уште предвидува дека конфликтот на Блискиот Исток би можел да заврши релативно брзо. Претседателот на САД, Доналд ...
Аларм за долгот. Не е криза, но ризикот расте, предупредуваат експертите. Според нив, треба да бидеме внимателни, бидејќи сме во доменот на ризик. Според универзитетскиот професор Борче Треновски, клучна не е само висината на долгот, туку способноста тој да се сервисира. Тој предупредува дека вкупните годишни финансиски потреби за отплата и рефинансирање веќе влегуваат во зона на зголемен ризик. СДСМ вчера обвини дека Владата за три месеци се ...
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати Моменталните максимални цени на нафтените деривати изнесуваат: Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 82,50 (денари/литар) Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 84,50 (денари/литар) Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 91,50 (денари/литар) Масло за горење Екстра лесно 1 ...
Во теорија, жените се покажуваат како подобри шефови. Во пракса, нивните фирми почесто пропаѓаат. Контрадикција што на прв поглед не држи вода, ама бројките ја повторуваат истата приказна. Во канцеларија, жената раководител почесто слуша, ретко вика, и многу поретко носи одлуки „на сила“. Тимовите под нивно водство знаат да бидат постабилни, со помалку конфликти и помал одлив на вработени. Луѓето остануваат. Атмосферата е помирна. Работата ...
Сосема е веројатно дека Европската централна банка ќе мора да ги зголеми каматните стапки на следниот состанок во јуни поради војната со Иран, изјави членот на Управниот совет Петер Казимир. Иако официјалните лица не се обврзуваат на фиксна патека и потребни се повеќе податоци за да се процени влијанието од конфликтот, „остануваме цврсти во нашиот пристап,“ рече словачкиот функционер. „Врз основа на ова, заострувањето на политиката во јуни ...
Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за 2,5 денари, а цената на дизелот се зголемува за два денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,47 отсто. Новата максимална малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 е 85 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе се продава за ...
Продолжениот викенд уште еднаш ги стави на сериозен тест новите правила и процедури поврзани со системот ЕЕС на Европската Унија. На граничните премини кон Грција, повторно беа забележани огромни гужви, долги колони и повеќечасовни задржувања, како при влез, така и при излез од земјата. Големиот број туристи од регионот, особено од Македонија и Србија, дополнително го зголеми притисокот врз граничните служби во пресрет на летната туристичка ...
ЕСМ лани произвел најмалку струја во последната деценија, пишува во најновиот извештај на Регулаторната комисија за енергетика. Иако, се најавуваше дека ќе се зголеми ископот на јаглен од домашните рудници, со план во 2025 година да се произведат близу 4.000 гигават часови, енергетските капацитети на ЕСМ успеале да испорачаат многу помалку – 3.243 гигават часови електрична енергија. Ова е 9,2 отсто помалку од 2024, а во однос на 2016 година ...
Климатските предиспозиции, конкурентната цена на производите, како и блискоста до европските пазари претставуваат предуслови Северна Македонија да стане дел од успешната група на извозници на органски производи од регионот. Со структурна и континуирана поддршка на органското земјоделство, поткрепена со институционална и финансиска оддржливост, може да се изгради органско производство што ќе одговара на европските стандарди, истовремено ...
Од полноќ ново поскапување на горивата, соопшти Регулаторната комисија. Според новата одлука, бензините и екстра лесното масло поскапуваат за 2,5 денари по литар, дизелот за 2 денари, додека мазутот се зголемува за 3,064 денари по килограм. Од полноќ, максималните цени ќе изнесуваат: ЕУРОСУПЕР БС-95: 85,00 ден/литар ЕУРОСУПЕР БС-98: 87,00 ден/литар ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V): 93,50 ден/литар Екстра лесно масло (ЕЛ-1): 98,50 ден/литар Мазут М-1 НС: ...
Уште на каса сфаќаш дека нешто не е во ред. Си купил помалку од минатиот пат, а сметката е поголема. Гледаш во бројките, па во кесите. Не се совпаѓаат. И токму тука почнува нервозата што полека станува навика. Тоа чувство не останува само во маркет. Те следи и на бензинска, и кога ќе седнеш со калкулатор да пресметаш кирија, и кога ќе треба да закажеш кај стоматолог. Истата мисла. Ова е премногу. И не зборуваме за луксузи. Напротив. Прво, ...
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 3,47% во однос на малопродажните цени на нафтените деривати утврдени согласно одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт на Регулаторна комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Македонија од 27.04.2026 ...
Макпетрол ги објави новите пониски цени на метанот и на природниот гас. „Малопродажната цена на метанот за месец Мај 2026 година ќе изнесува 73,500 ден/кг и истата се намалува за -5,00 ден/кг во однос на малопродажната цена за месец Април која изнесуваше 78,500 ден/кг. Намалување ќе има и за потрошувачите на природен гас во висина од над 13 %“, објавија од „Макпетрол“. Според компнијата, намалувањето се должи на поволниот оперативен договор ...
Во време кога сè повеќе домаќинства и компании се насочуваат кон обновливи извори на енергија, соларните системи стануваат клучен чекор кон енергетска независност. Но, зад секој ефикасен соларен систем стои една клучна компонента – инвертерот. Токму тука nJoy соларните инвертери се издвојуваат како сигурно и модерно решение кое комбинира висока ефикасност, напредна технологија и усогласеност со европските стандарди. Европски стандарди за ...
Цените на куќите растат низ цела Европа. Луксузните недвижности не се исклучок. Цените за вторите растат во европските градови. Во повеќе од половина од приближно 50 градови што ги следи „Knight Frank“, се очекува годишниот раст на цените да надмине 3% до 2025-та година. Премиум недвижностите се најпосакуваните и најскапи недвижности на која било локација. Тие обично се дефинираат како првите 5% од кој било пазар по вредност. Овој сегмент ...
Добивај вести на Viber „Одам во банка само кога морам. Сè ми е некако премногу формално.“ Ова не се изолирани мислења, туку реалност на една цела генерација. За младите денес, банките не се место каде што сакаат да бидат, туку место што го посетуваат само кога мораат. Стерилен простор без емоција, без поврзаност, без чувство на припадност. Во време кога сè околу нив е брзо, дигитално и персонализирано, од начинот на комуникација до начинот ...
Европските индекси денеска се неизедначени, при што суровата нафта Брент повторно се искачи на над 109 долари за барел, и покрај најавата на американскиот претседател Доналд Трамп дека ќе започне операција за спасување на танкерите блокирани од затворањето на Ормускиот теснец. Во објава на платформата Truth Social синоќа, Трамп ја објави операцијата „Проект слобода“, чија цел е цивилните бродови од земјите кои не се вклучени во конфликтот ...
Сeкoj имa прaвo нa живoтeн стaндaрд штo нeму и нa нeгoвoтo сeмejствo ќe им oбeзбeди здрaвje и дoбрoбит, вклучувajќи xрaнa, oблeкa, живeaлиштe… Така барем вели членот 21 од Декларацијата за човекови права на Обединетите нации. Но, кога станува збор за Балканот, односно за Македонија и за Србија, делот за правото на дом на граѓанинот е оставен на волјата на пазарните состојби и галопирачките цени на наемнините и на недвижностите. Во состојби ...
Бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – март 2026 година во однос на периодот јануари – март 2025 се намалил за 3,3 проценти, а во март 2026 во однос на март 2025 година за 2,8 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Бројот на работниците во март 2026 година, во однос на март 2025 година, во секторот Рударство и вадење камен се намалил за 6.9 %, во секторот Преработувачка индустрија за 2.8 %, а се зголемил во ...
Остануваме со убедливо најниска цена на бензините и дизел горивото во регионот, со намалени акцизи за бензините и за дизелот и намалено ДДВ за бензините, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. На новинарско прашање, Мицкоски рече дека не се планира нова мерка за намалување на ДДВ за дизелот истакнувајќи дека според Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) државава е меѓу првите три држави во Европа според аплицирани мерки во однос на БДП. ...
УНИБанка промовира понуда за хипотекарни кредити наменета за граѓаните кои планираат инвестирање во недвижности и им е потребен сигурен финансиски партнер. Според објавените информации, банката нуди фиксна каматна стапка почнувајќи од 4,3 проценти за првите шест години, за клиенти кои имаат редовни месечни приливи. Кредитот овозможува финансирање до 75 проценти од вредноста на имотот, што го прави достапен за поширок круг на корисници. ...
Државниот завод за статистика ги пресмета дефинитивните податоци за 2024 година. Во нив се наведува дека трговската размена на Македонија со странство почнува да тоне. Податоците на статистичарите покажуваат дека вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во 2024 година изнесува 479 464.9 милиони денари и бележи пад од 6.45 % во однос на претходната година. Вредноста на увезената стока во 2024 година изнесува 683 900.3 милиони ...
Во тивкиот урбан пејзаж на Крушево, град кој сам по себе е меморија врежана во камен, се наоѓа куќа што носи посебна културна тежина, поврзана со името на еден од најзначајните македонски уметници на XX век, Никола Мартиноски кој е роден во овој град. Ова не е само објект од дрво и камен, туку галериски простор во кој се вкрстуваат биографијата, уметноста и архитектонската традиција на Крушево, град кој одамна функционира како симбол на ...
Омилената дестинација за квалитетен алат и производи за домаќинството, Combo.mk, ја најавува својата голема годишна акција. Во периодот од 6-ти до 9-ти мај, купувачите ќе имаат ексклузивна можност да набават производи од широкиот асортиман со неверојатни попусти кои се движат од 20% па сè до 50%. Оваа четиридневна кампања е одлична прилика за професионалците, мајсторите, но и за сите оние кои сакаат да го освежат својот дом со нови апарати ...
ЕДС со понуда со уште поголема додадена вредност за компаниите кои ќе изберат сигурен и стабилен снабдувач со електрична енергија. Во рамки на актуелната понуда, сите компании кои ќе склучат договор за снабдување со електрична енергија на 2 години со фиксна цена, може да изберат меѓу два вредни подароци инвертер клима уред или електричен тротинет. Со оваа понуда, ЕДС не само што обезбедува ценовна стабилност и можност за подобро планирање ...
Рударството е во слободен пад. Според последните информации на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот „рударство“ во март 2026 година, во однос на март 2025 година, бележи опаѓање од 6,2%. Дополнително, поранешниот министер од СДСМ Оливер Спасовски, на последната седница посветена на пратенички прашања, откри дека до крајот на месецов е можно да има отпуштања на 800 рудари од Злетово и Тораница. Спасовски во ...