Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Државата, покрај тоа што треба да располага со стратешки резерви на нафта и нафтени деривати, мора да обезбеди и сигурни резерви на храна. Во услови на економски кризи, природни непогоди, воени конфликти или нарушување на светските пазари, домашното производство и стоковните резерви претставуваат клучен фактор за безбедноста и стабилноста на државата. Поради тоа, неопходно е да се изградат и стават во функција повеќе откупно-дистрибутивни ...
Цената на топлинската енергија од 1-ви август се зголемува во просек за 5,96% за домаќинствата што се снабдуваат од најголемиот систем ЕСМ Снабдување, ЕСМ Дистрибуција и ЕСМ производство на топлина. Според одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, цената на топлинската енергија за потрошувачите на поранешна топлана Скопје Север, сегашна „Енерџи Еколинк“, се зголемува во просек за 3,6%, а за ЕСМ Енергетика зголемувањето е за околу 5% ...
Сабота наутро, полн резервоар, празен багажник и список во телефонот. Патики за детето, јакна за зимата, нешто за дома, можеби и ручек патем. Сè повеќе граѓани од Македонија, особено од Скопје, Куманово, Тетово и околните места, не го планираат викендот само за кафе или прошетка, туку за шопинг во Феризај. Некогаш главната рута за поевтино купување беше кон Врање или Ниш. Сега, сè почесто се врти кон Косово. Феризај, кој многумина сè уште го ...
Германскиот автомобилски гигант Ауди најави големо реструктуирање во соработка со матичниот Фолксваген, откако слабата продажба во Кина и САД создаде сериозен притисок врз бизнисот. Финансискиот директор на Ауди, Јирген Ритерсбергер, изјави дека компанијата мора да го промени деловниот модел и да спроведе структурни реформи за да остане конкурентна на глобалниот пазар. Групацијата Ауди, во која се вклучени и брендовите Ламборџини, Бентли и ...
Народната банка спроведе две одделни анкети за мерење на задоволството на корисниците и доставувачите на статистички податоци. Анкетите се дел од постојаните активности за унапредување на процесот на прибирање податоци, подобрување на нивниот квалитет, како и на начинот на презентација и достапност за јавноста. Резултатите покажуваат уште повисоко ниво на задоволство од квалитетот на статистичките податоци, нивната достапност и ...
Добивај вести на Viber Постои една карактеристика што ја имаат речиси сите успешни компании – не ги следат сезоните, туку можностите. Додека за многумина летото е период на забавено темпо, за претприемачите тоа често е време кога се носат најважните одлуки. Туристичката сезона носи нови можности, трговците ги подготвуваат залихите, угостителските објекти инвестираат во подобра услуга, а претприемачите го користат токму овој период за да се ...
Регулаторната комисја за енергетика донесе одлука за корекција на цената на топлинската енергија во Скопје. Најголемото зголемување ги засега домаќинствата приклучени на системот на „ЕСМ Снабдување“, каде што цената на топлинската енергија се зголемува за 5,96 проценти. Покачување ќе има и за корисниците на „ЕСМ Енергетика“ односно т.н. железарско парно каде зголемувањето изнесува 5,18 проценти, додека за корисниците на „Скопје Север“ ...
Во мај 2026 година, вкупната потрошувачка по видови енергенти изнесува: 479 603 МWh електрична енергија, 4.463 мил. нм3 природен гас, 264 997 тон јаглен и 78 468 тони нафтени продукти. Бруто-домашното производство на електрична енергија учествува со 96.5 % во бруто-домашната потрошувачка на електрична енергија, додека 99.9 % од вкупната потрошувачка на јаглен се употребени за производство на електрична енергија, соопшти ДЗС. Во мај 2026 ...
Деновиве доматите на хрватските пазари достигнуваат рекордни цени. Во некои градови килограм се продава за 10 евра, што е поскапо од килограм свинско месо, а на некои места дури и од телешкото месо пишува Н1. На пазарот Долац во Загреб, килограм органски домати чини до седум евра. Одгледувачот на зеленчук Сенад Хујиќ од Доња Желина истакнува дека прво им нудат на клиентите дегустација, а потоа им го покажуваат сертификатот на органскиот ...
ИНТЕРВЈУ СО ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ДЕЛОВНИОТ КЛУБ ЗА ЖЕНИ МЕНАЏЕРИ Жените се сè поприсутни на раководни позиции во македонските компании, но нивното искуство, знаење и влијание сè уште не се доволно поврзани и препознаени како значаен потенцијал на бизнис-заедницата. Токму од потребата за создавање професионален простор во кој жените лидери ќе разменуваат знаење, ќе воспоставуваат соработки и заеднички ќе отвораат важни економски и општествени ...
Интервенциите на Владатакај акцизите и ДДВ за горивата ќе го чинат Буџетот околу 26 милиони евра, откри денеска министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска елаборирајќи го пред пратениците дополнетиот Предлог-ребаланс на Буџетот за 2026 година. Таа рече дека вкупните приходи се ревидираат повисоко за 1,2 отсто од иницијалните проекции, но дека даночните приходи се намалуваат за 0,4 проценти, што е резултат на ревидираните приходи од ...
Одлуката на Централната банка на Русија за намалување на клучната каматна стапка не предизвика големи потреси на девизниот пазар, а експертите очекуваат умерени движења на курсот на рубљата до крајот на месецот. Според проценките на финансиските аналитичари, доларот би можел да се движи во опсег од 77 до 79 рубли, додека еврото се очекува да биде меѓу 87 и 92 рубли. Курсот на кинескиот јуан, пак, би можел да остане стабилен во рамките на ...
Добивај вести на Viber Женското здравје не треба да биде тема за која се зборува само кога постои проблем. Напротив, информираноста, разбирањето на сопственото тело и отворените разговори се клучни за секоја жена да се чувствува сигурно и поддржано во секоја фаза од животот. Токму затоа dm продолжува да иницира и поддржува едукативни содржини кои ги охрабруваат жените подобро да го запознаат своето тело и природните промени низ кои тоа ...
Македонија одамна не е само земја од која луѓето си заминуваат по работа. Сликата полека се менува. На градилишта, во фабрички погони, во кујни, хотели, маркети и магацини сè почесто може да се слушне јазик што не е од регионот. Работници од Турција, Бангладеш, Непал, Индија, Косово, па и од други земји, веќе се дел од домашниот пазар на труд. Не станува збор за случајна појава. Бројките покажуваат дека компаниите сè потешко наоѓаат работници ...
Меѓународниот експерт за финансиски пазари Патрик Јанг ќе биде еден од говорниците на јубилејната 25. Годишна конференција на Македонската берза, која ќе се одржи од 21 до 23 септември 2026 година во „Metropol Lake Resort“. Јанг ќе одржи специјална презентација на тема „Мал пазар, голема можност: Како малите пазари можат да го поттикнат економскиот раст“. Тој е поранешен главен извршен директор на Трансилванската берза SIBEX и автор на ...
Интересот за мотоцикли во Европа продолжува забрзано да расте. Само во првата половина од 2026 година на петте најголеми европски пазари се регистрирани 636.490 нови мотоцикли, што претставува раст од 16,8 проценти во споредба со истиот период лани. Според податоците на Европската асоцијација на производители на мотоцикли (ACEM), резултатите покажуваат дека европскиот пазар не само што закрепнал од последиците на пандемијата, туку и ...
Добивај вести на Viber Од нерамномерно печење до ужасниот ден за чистење, фрустрациите од традиционалната рерна се добро документирани. Вградената рерна на Самсунг („Samsung“) со технологија за „Dual Cook“и самочистење е создадена за да го промени тоа. Помислете на последниот пат кога оброкот е направен точно како што сте планирале; нема нерамномерно зготвени јадења, нема чувство на тонење кога ќе ја отворите вратата од рерната за да ја ...
Рудник што беше затворен повеќе од 40 години наскоро повторно ќе почне со работа во шпанската област Галиција. Проектот „Пенута“ ќе стане единствениот домашен извор на тантал и ниобиум во Европската Унија, откако компанијата „Енерџи транзишн минералс“ ја доби регионалната дозвола за ископ. Покрај стратешкото значење за Европа, инвеститорот најавува дека приоритет ќе имаат локалните жители при новите вработувања. Компанијата планира да задржи ...
Добивај вести на Viber Во последниот период приносите на задолжителните пензиски фондови повторно се во фокусот на јавната дебата. Во такви околности, важно е тие да се толкуваат во поширок контекст, бидејќи сами по себе не ја даваат целосната слика за успешноста на капитално финансираниот пензиски систем. Токму затоа, оценката на вториот столб не може да се темели само на една бројка, туку на целокупниот начин на кој системот создава ...
Добивај вести на Viber НЛБ Банка го заврши првото полугодие од 2026 година, продолжувајќи со силен раст и успешна реализација на своите стратешки приоритети. Според неревидираните финансиски резултати, Банката ја зголеми кредитната активност, оствари раст на депозитната база и дополнително ја зацврсти својата финансиска позиција, потврдувајќи ја довербата на клиентите и својата стратешка улога во поддршката на населението, компаниите и ...
Стартува расправата за предлог ребаласот на буџетот. Пратениците на власта и на опозицијата во следниве две недели ќе ги спротистават своите аргументи како и секогаш за овој битен документ на државата. Власта ќе настојува со своите убедувања дека прекројувањето на државната каса е со цел да се даде приоритет на проектите кои се најбитни за граѓаните и кои се во завршна фаза, а пак опозицијата има свои ставови кои најчесто се негативни и ...
text size Претставниците на Федералните резерви оваа недела ќе ja почнат седницата за монетарна политика соочени со повторното зголемување на инфлациските притисоци, што би можело да ја направи нивната одлука дали да ги задржат или да ги зголемат каматните стапки мошне неизвесна, па дури и спорна. Обновените тензии на Блискиот Исток повторно ги турнаа цените на нафтата нагоре, фрлајќи ги во сенка поумерените од очекуваното податоци за ...
Мајки што се на породилно отсуство се жалат дека им доцнат исплатите на пари за породилно отсуство, а поплаки има и од тие што биле на боледување, Сепак, од Фондот за здравствено осигурување тврдат дека „не станува збор за прекин на исплатите, туку за континуиран процес на обработка и исплата на предметите во согласност со законски утврдената постапка и динамиката на нивното комплетирање“. Според една наша читателка, парите за боледувањето ...
Добивај вести на Viber Јавното претпријатие „Државни патишта“ од добростоечко, преминува во рангот на оние државни друштва како АД Пошта, Водостопанство и Македонски железници - Транспорт кои загубите во работењето ги надополнуваат со позајмици од други места. За да го доплати автопатот Кичево - Охрид, на седница на Владата на 14 јули биле донесени одобрувања „Државни патишта“ да добие позајмици од „Македонски навигации“, АД Државна лотарија ...
Добивај вести на Viber Авиокомпанијата со седиште во Дубаи нарача вкупно 270 нови авиони „Боинг 777X“, секој вреден околу 440 милиони долари, објави „Блиц“. Првиот авион беше произведен во 2019 година, но поради повеќекратни одложувања предизвикани од измени во дизајнот, „Емирати“ не ги доби своите авиони ниту седум години подоцна. Претседателот на компанијата, Сер Тим Кларк, изјави дека првите 10 авиони барале толку многу реконструкции за ...
Добивај вести на Viber Владата на Црна Гора подготвува нов систем за издавање дозволи за престој и работа на странци, кој треба да ја зајакне контролата врз работодавачите, наплатата на даноците и придонесите, како и усогласувањето на домашните прописи со правилата на Европската Унија. Според информациите објавени на веб-страницата на Владата, се планира воведување единствена дозвола за привремен престој и работа, која ќе ја издава ...
text size Минатата недела на берзите ја одбележа продлабочувањето на сомнежите за оправданоста на огромните инвестиции во инфраструктурата за вештачката интелигенција (ВИ), иако технолошките компании објавија охрабрувачки деловни резултати. Паниката на западните пазари уште пред повеќе од една недела ја предизвика прогресот на кинеските модели на ВИ-компаниите „Муншот“ (Moonshot AI) и „Алибаба“ (Alibaba), бидејќи нивните импресивни ...
„Европа веројатно нема да ја постигне целта за полнење на складиштата за природен гас до 80 проценти капацитет пред почетокот на зимската грејна сезона поради сè посилната глобална конкуренција за снабдување со течен природен гас (LNG)“, изјави извршниот директор на „Еквинор“, Андерс Опедал. Како што објави „Ројтерс“ и цитирано од „Киев пост“, шефот на најголемиот европски снабдувач со природен гас изјави дека моменталните залихи на гас во ...
Енрон во 2001 година ги искористи сметководствените правила на САД за да ги скрие од инвеститорите и од кредиторите стотиците милиони долари долг што ги имаше спакувано во вонбилансни ентитети - скриени обврски кои придонесоа за еден од најголемите корпоративни колапси во историјата на САД. „Злосторството на Енрон не беше тоа што немаше средства за посебна намена. Злосторството на Енрон беше тоа што ги криеше“. Користејќи го истиот ...
Полска беше издвоена како економско чудо на Европа и со неверојатен пораст на стандардот од 316% за 30 години е на пат да ја стаса Јапонија. Но, според најновите податоци на Евростат, Полска сега е меѓу членките на ЕУ на кои најбрзо им расте долгот. Тоа само по себе не е причина за тревога, но ќе ѝ направи проблеми на Варшава во наредните години за да го задржи растот. Полска меѓу европските лидери по раст на долгот Варшава објави дека ...