Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Песната со која Ај Кју победија на Скопскиот фестивал во 2015та година е една од ретките во нивниот репертоар што досега немаше официјален запис. Со текот на годините, „Убава“ на сосема природен и ненаметлив начин си го пронајде патот до публиката, станувајќи синоним за прв свадбен танц на многу вљубени парови. Токму затоа, дуото одлучи оваа безвременска љубовна песна да ја круниса со видео запис составен од најубавите моменти од нивната ...
Летото не мора секогаш да значи само едно патување и еден избор. Понекогаш најубавите одмори се токму оние во кои во текот на неколку дена се спојуваат различни доживувања – утро меѓу планински пејзажи, попладне во бања, вечера со локални вкусови или зајдисонце на брегот на голема река. Токму такво лето ве очекува во Србија. Од свежината на планинските предели и релаксацијата во бањските центри, до пејзажите на моќниот Дунав и трагите од ...
Во 89-та година од животот почина почина Јован Павловски – поет, раскажувач, романсиер, публицист, енциклопедист; член на Друштвото на писателите на Македонија од 1962 г. и негов претседател од 1992 до 1996 и од 2006 до 2008 година, информираат од Друштвото на писатели на Македонија (ДПМ). Роден на 10 септември 1937 година во Тетово, тој е автор на повеќе од дузина збирки песни: „Август“ (1962), „Медеја“ (1969), „Идентитет“ (1974), ...
Претставата „Анна“, по текст на Драгана Лукан Николоски и во режија на Нина Николиќ, реализирана како копродукција помеѓу Театар Комедија Скопје и Перипетија продукција, ќе биде изведена на 26 јуни 2026 година во рамките на 27. издание на Меѓународниот фестивал на камерен театар „Златен лав“ во Умаг, Хрватска. Претставата е избрана во официјалната натпреварувачка програма и ќе конкурира за фестивалската награда Гран при. По успешниот прием ...
Кога одржливата архитектура сè почесто бара решенија во природата, индиското студио Kaushal Tatiya Architects претстави проект кој покажува дека најдобрите иновации понекогаш веќе постојат околу нас. „The Anthill House“, лоцирана во Ахилијанагар, во индиската држава Махараштра, е извонреден пример за биоклиматска архитектура инспирирана од една од најсовршените природни структури – мравјалникот. На површина од околу 650 квадратни метри, ...
Харизматичата Јелена Јованова ќе се појави како блузичката Лефти во анимираниот краток филм “Лефти и Рајти си најдоа дом”. Таа во моментов има природна возбуда кон анимираниот филм за деца, бидејќи и самата е мајка на две дечиња со кои постојано читаат сликовници и гледаат интересни цртани филмови. “Анимиран македонски филм за деца е реткост, а да се биде дел од такво дело е секогаш благородно и служи на многу генериции, изјави Јованова. ...
Официјалното отворање на манифестацијата ќе биде вечер со палење на фестивалскиот оган и читање на Константиновата Т’га за југ во Домот на поезијата, а ќе продолжи со Меѓународното поетско читање „Меридијани“. Годинашното мото на Фестивалот, кој ќе трае до 29 јуни е „Каде што живее поeзијата“, е под покровителство на претседателката на Република Македонија Гордана Сиљаноска Давкова, финансиран од Министерството за култура и туризам. Во рамки ...
Македонско студентско етнолошко друштво, чии коавторки се антропологот Душица Брачиќ и холандско-македонската уметница Дафина Несторовски, во Битола го промовира проектот„Манифестација: водата спие, душманот не спие“ во кој учествуваа студенти по етнологија и антропологија, кои интердисциплинарно пристапија кон водата како природно, културно и општествено наследство. Проектот содржи изложба, работилници, интерпретативна прошетка и проекција ...
Уметници од Македонија, Србија, Романија, Полска и Украина ќе бидат дел од Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања 2026“ што од 27 јуни до 6 јули ќе се одржува во ресторанот „Виа игнација“ во Вевчани. Колонијата, како што информира организаторот, ќе биде отворена со концерт на групата „Љубојна“ и музичкото дуо Мицевски и Пејчиноски. – Вевчани повторно ќе биде место на уметничко творештво, средби, културна размена и инспирација. Оваа ...
Тронот што го користеше Ози Озборн за време на неговиот последен настап ќе биде јавно изложен во Бирмингем, додека обожавателите се подготвуваат да ја одбележат првата годишнина од смртта на рок-легендата. Црниот трон во готски стил, што беше на бината на прошталниот концерт на „Блек Сабат“ во „Вила парк“ во јули 2025, ќе стане дел од изложбата „Ози Озборн: Херој на работничката класа“ во Музејот и уметничка галерија во Бирмингем од 1 јули. ...
Во четврток (25 јуни 2026), во 19 часот, е закажано посебно издание на МСУ Водич – “Зајдисонце во МСУ” со кустоската Бојана Јанева. Во оваа прилика, особено сме благодарни на кураторот Владимир Јанчевски и уметниците Лучезар Бојаџиев (Бугарија) и Дритон Селмани (Косово) кои со своето присуство ќе го збогатат ова издание на МСУ Водич и ќе не водат низ изложбата „ПОЧЕТОК ПОСЛЕ КРАЈОТ: Визуелната култура на немирот – Вчерашниот свет денес ...
Филмот „8 Март – Меѓународен ден на жената“ на српскиот режисер Срѓан Драгојевиќ по расказ на македонската псиателка Румена Бужаровска, во кој Македонија е малцински копродуцент, доби 316.000 евра од Еуримаж. Овој проект е меѓу 33 долгометражни филмови чија копродукција ја поддржа паневропскиот филмски фонд во вториот рок годинава, во вкупен износ од 10.212.000 евра . Меѓу поддржaните проекти се и 3 документарни и 4 анимирани филмови. „Веда ...
Тим археолози од прилепскиот Завод за заштита на спомениците на културата и музеј ги заврши заштитните археолошки истражувања на локалитетот Долиште кај селото Прилепец, каде што со претходните кампањи во 2022 и 2025 година беше истражувана просторија во која доаѓале луѓето и се релаксирале во топли базени, при што годинава се откриени уште три дела од оваа луксузна римска бања. – Оваа просторија наречена лакониум, имала двоен под, односно ...
Премиерната изведба ќе се одржи на 25 јуни НУ Народен театар Битола ја најавува премиерата на претставата „Госпоѓа Бовари“, според романот на Гистав Флобер, во режија на Дејан Пројковски. Премиерната изведба ќе се одржи на 25 јуни 2026 година (четврток), со почеток во 20:00 часот, на Големата сцена на Народен театар Битола. „Госпоѓа Бовари“ е драмска приказна за желбите, илузиите и разочарувањата на Ема Бовари, жена која во потрагата по ...
„Ехо од Хераклеја“ е насловен концертот на Миле Кузмановски и Камерниот оркестар на Битола, кој ќе се одржи на 15 јули во Хереклеја во Битола од 20:30 часот. „Публиката ќе има можност да ги слушне безвременските хитови во едно поинакво издание, а Миле Кузмановски ќе биде придружуван од камерен оркестар. Тој и оркестарот заедно ќе направат битолска приказна што ќе се памети“, велат организаторите. „Особено се радувам што ќе пеам во еден таков ...
Во современата архитектура, границата меѓу уметност, урбан дизајн и функционалност сè почесто се брише. Еден од највпечатливите примери на оваа нова естетика доаѓа од Кина, каде што влезот во станбен комплекс е трансформиран во монументална скулптура инспирирана од природата, 60-тонски кит. Проектот, наречен „Whale Gate“, е дело на архитектонското студио Wutopia Lab и претставува влезна капија за станбениот комплекс Golden Island во градот ...
Во современата урбана матрица на Скопје, комплексот „Футура“ на ELENA LUKA HOME се позиционира како еден од најамбициозните станбено-деловни концепти, кој ја редефинира идејата за висококвалитетно домување. Лоциран на булевар „Борис Трајковски“ во општина Кисела Вода, комплексот претставува архитектонска целина што го спојува современиот дизајн, функционалноста и долгорочната инвестициона вредност. Она што го издвојува „Футура“ од класичните ...
Директорот на Националната установа „Охридско лето“, Ѓорѓи Цуцковски, учествуваше како говорник на панел-дискусијата посветена на културната дипломатија, која се одржа во Палата Србија во Белград. На настанот присуствуваше и премиерот на Република Србија, Ѓуро Мацут, заедно со бројни претставници на дипломатскиот, културниот и академскиот сектор. Културниот дијалог, уметноста, музиката и меѓучовечките врски беа во фокусот на настанот ...
Македонската публика ќе има можност да присуствува на концерт на Бурхан Шабан, истакнат уметник, хафиз и еден од најпрепознатливите изведувачи на илахии, касиди и суфиска музика на Балканот. Роден во Скопје во 1970 година, Бурхан Шабан уште на 14-годишна возраст станува хафиз на Чесниот Куран. Неговиот музички и духовен пат продолжува во Сараево, каде што како млад изведувач стекнува широка препознатливост и го добива прекарот „Малиот ...
СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА Кристијан Ристески / Македонија / Кипар / 2022 / 106 мин Седум луѓе живеат во време и простор кои се во конфликт со нивните вредности. Откако ќе ѝ вети на својата најдобра другарка, која е на смртна постела, дека ќе се грижи за нејзиниот син, Снежана станува „мајка“на Боби, 20-годишен наркоман. Маја е „волк самотник“, не комуницира „очи в очи“ со луѓе, а Игор е „риба надвор од вода“, има Аспергер синдром. Иако Боби и ...
Книжарниците на ТРИ го започна традиционалниот Летен фестивал на книгата под мотото „Читам, значи патувам!“, нудејќи им на љубителите на литературата можност летово да ги спојат читањето и авантурата преку интерактивен читателски предизвик. Во рамки на фестивалот, посетителите ќе можат да добијат специјален читателски пасош со првата сметка од најмалку 500 денари во книжарниците на ТРИ. Пасошот функционира како игра во која секоја прочитана ...
Скопско лето во соработка со Зрно фестивал и со поддршка на Министерството за култура и туризам, во КИЦ – Скопје ќе биде отворена изложбата „Малите нешта“ на данската фотографка и визуелна уметница Анне-Мет С. Сомер, авторка зад Kelter Photography. По пресвртниот момент во 2017 година, кога во The Photographers’ Gallery во Лондон ја посетила полароид изложбата In an Instant на Вим Вендерс, Анне-Мет целосно се посветува на експерименталните ...
Пишува: Зоја Бузалковска Ви го споделуваме есејот на режисерката Зоја Бузалковска, со кој таа се претстави на научната трибина „Помеѓу отворениот дијалог и удобниот молк: театарот и општеството“, во рамките на 60. МТФ „Војдан Черднодрински“, што се одржа од 5 до 12 јуни во Прилеп. Ова што ќе го зборувам/читам/отворам пред вас денес е длабоко лично и се темели на моето сопствено искуство, и како режисер, и како гледач. Не ви е непознато дека ...
Каде или со кои книги ќе патуваме летово? Што ако годинава не мораш да бираш меѓу место и книги? Сo Летниот фестивал на книгата во ТРИ: да читаш значи да патуваш. Затоа, покрај нови наслови, свежи неделни препораки и понуди, ти издава и читателски пасош! Пополнувањето на пасошот е твојот нов читателски предизвик и е многу едноставно: колку повеќе читаш, толку повеќе печати добиваш. Тоа значи патешествие полно со изненадувања, па освен ...
По повеќе од една деценија помината покрај микрофоните, камерите и сцените на Струшките вечери на поезијата, годинава со особена радост, фестивалски, ќе се промовира најновата книга на Диме Ратајкоски „Венценосци: разговори на брегот“, книга создадена од средбите, разговорите и пријателствата со големите поетски гласови кои низ годините беа дел од Струга. Токму на 65-тото издание на фестивалот овие разговори повторно се враќаат дома, на ...
Македонскиот кантавтор, мултиинструменталист и продуцент Иван Кукиќ го објави новиот албум „Začarani krug“, издание кое носи единаесет авторски песни и го продолжува неговиот препознатлив музички пат на кој спојува различни жанровски влијанија и врвно музичко мајсторство. По албумот „Sunday vibes“, објавен во 2023 година за Croatia Records, Кукиќ, и овој пат под закрилата на најголемата дискографска куќа во регионот, се претставува со ново ...
На прес-конференција во битолскиот Офицерски дом, директорот на КИЦ Битола, Димитар Михајловски истакна дека 18-то издание на БитФест содржи 70 културни проекти. „На јавниот повик се пријавија 140 апликанти, а стручна комисија избра 70 културни проекти со кои достојно ќе се презентира културата во нашиот град. Основната цел е да понудиме програма што ќе им се допадне на граѓаните. Во периодот од 19 јуни до 29 август ќе се реализираат 20 ...
КОГА ЌЕ ПОРАСНЕШ, ШТО САКАШ ДА БИДЕШ? НОВОТО ИЗДАНИЕ НА „СВЕСНОСТ LIVE SESSIONS“ ГО ОТВОРИ ПРАШАЊЕТО КОЕ НÈ СЛЕДИ ЦЕЛ ЖИВОТ Дали навистина знаеме што сакаме да бидеме кога ќе пораснеме? Ова навидум едноставно прашање беше во фокусот на најновото издание на „Свесност Live Sessions“, кое се одржа во Училница и отвори разговор за изборот на професија, личниот идентитет, влијанието на семејството и општеството, како и за храброста човек да го ...
Вокалите Веда Мавровска и Ана Анѓелевска со Теодор Прчков на гитара, Лука Куновски на бас гитара и Карло Чеваповиќ на тапани речиси една година свират во составот наречен „5 без 5“. Тие во август ќе одбележат и една година од своето настапување под ова име. Тие синоќа настапуваа на 26. издание на фестивалот „Празник на музиката – Солстис“. А нивната изведба на „Не сум твој тип“ беше препознаена и од самите „Дупер“. Целиот состав потекна од ...
На 23 јуни во трговскиот центар „Рамстор Мол“ ќе се отвори изложбата „Инклузивна уметност“, најголемата групна уметничка изложба на уметници со попреченост во Македонија. Оваа единствена изложба со повеќе од 80 уметнички дела ги обединува делата на шест исклучителни уметници со попреченост. Секој од нив споделува моќна приказна преку уметност и предизвикувачки перцепции за попреченоста, талентот и инклузијата. Меѓу претставените уметници се: ...