Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Емин АЗЕМИ Кога во 1931 година, комедијата „Госпоѓа Министерка“ (Gospođa ministarka) на Бранислав Нушиќ беше прикажана за првпат на сцената на Народниот театар во Белград, елитната театарска критика од тоа време побрза да ја нарече „едноставен хумор“ или „претерана карикатура“. Сепак, извонредниот ентузијазам на публиката и речиси едновековната долговечност на ова дело го докажаа спротивното. Нушиќ не напишал само комедија на ситации, чиј ...
Словачката премиера на дебитантскиот игран филм „17“ на Косара Митиќ е закажана за 23 јуни, вторник, во рамките на 32 издание на најстариот и еден од најзначајните интернационални филмски фестивали во Словачка – АРТ ФИЛМ во Кошице (19 – 25 јуни 2026 година). Филмот учествува во програмата насловена „Во светлоста на сенките“ (In the Light of Shadows), што Фестивалот ја посветува на дела коишто поттикнуваат размислување и дискусија, ...
Повеќе 50 настани од областа на музиката, театарот, ликовната уметност, ќе се одржат во наредните 40 денови на 47. издание на „Скопско лето“ кое почнува на 21 јуни и ќе трае до 30 јули, соопштија од Дирекцијата за култура и уметност на Град Скопје на денешната прес-конфренција. Годинешното издание на фестивалот ќе се отвори со изложба „75 години Државен архив на Република Македонија“, со почеток во 20:30 часот во Музејот на македонската борба ...
Дирекцијата за култура и уметност на Скопје го претставува дигиталното издание на каталогот на фестивалот „Скопско лето 2026“. На следниот линк можете да го прелистате официјалниот каталог на фестивалот и да се запознаете со богатата програма што нè очекува во наредните 40 фестивалски денови. https://heyzine.com/flip-book/3c83731511.html Каталогот и визуелниот идентитет на „Скопско лето 2026“ се изработени од графичкиот дизајнер Климент ...
Вечерва, на 19 јуни 2026 од 18.30 ч. во Ликовната галерија на Центарот за култура „Марко Цепенков“ во Прилеп ќе биде отворена изложбата „Фузија“ од Христијан Томан. На изложбата, поддржана од Министерството за култура и труизам, авторот ќе се претстави со триесетина дела – дигитални илустрации како и цртежи во помал формат, сите дела во а4 и а3 формат. Во мојот визуелен израз се стремам кон дигитална синтеза на книжевните класици, ...
Титаниумот долго време беше материјал резервиран за екстремни услови — ракети, вселенски летала, воена авијација и медицински импланти. Но денес, истиот тој материјал тивко, но сигурно влегува во сосема различен свет: луксузната архитектура и high-end дизајнот. Она што некогаш беше инженерска технологија за „надвор од Земјата“, сега станува естетски и структурен јазик на современата архитектура. Титаниумот: од вселената до фасадите на ...
Во Градскиот парк во Скопје, непосредно пред градскиот стадион, финишира поставувањето на сцената за регионалниот спектакл: Скопје, Солун, Софија и Кармина Бурана на Карл Орф. Како што е веќе најавено, оод диригентската палка на Најден Тодоров, речиси 240 музичари и уметници од Грција, Северна Македонија и Бугарија ќе изведат на сцената едно од најпрепознатливите дела на 20 век. Заеднички ќе ја изведат „Кармина Бурана“ од Карл Орф, во ...
Aко некој ви каже дека нема трема кога му доделуваат награда, бидете сигурни дека не е искрен. Стојам пред луѓе од различни професии кои оставиле белег во оваа уметност. Не ја очекував наградата. Што значи оваа рамка-награда? Сиот свој живот избегнував и не сакав никој да ме стави во никава рамка, ни во театар, ни во филм, ни во животот. Но, ова е филмска рамка како сатисфакција за минат труд, многу излачен адреналин, помината километража, ...
Станува збор за Red Sol Resort, комплекс кој веќе е во изградба, а ја носи потписната филозофија на легендарниот шпански архитект Рикардо Бофил и неговото студио Ricardo Bofill Taller de Arquitectura, препознатливи по архитектура која е истовремено рационална, скулптурална и длабоко инспирирана од медитеранската традиција. Проектот е замислен како геометриски систем поставен врз теренот, ретикулум, односно фина мрежа што ја „организира“ ...
„Светот во мене“ е насловот на изложбата од уметничката Гордана Јаневска што ќе биде отворена вечерва 20 часот во уметничката галерија „Безистен“ во Штип. Таа ќе се претстави со дела работени во последниот период. За изложбата, авторката вели: – Ако не го обоев светот во мене, ќе останеше невидлив. Изложбата ја организира Заводот за заштита на спомениците на културата и музеј од Штип. Сподели „Светот во мене“ е насловот на изложбата од ...
Доделена е наградата „Ванѓа Чашуле“ за најдобар превод од шпански или од португалски јазик за годините 2024 и 2025 година. Оваа година, наградата за книжевен превод „Ванѓа Чашуле“ се доделува третпат по нејзиното возобновување во 2023 година, на иницијатива на семејството, по повод 40- годишнината од смртта на Ванѓа Чашуле (1923–1986), една од првите преведувачки од шпански и првата од португалски на македонски јазик, во чиј опус се дела од ...
На 19 јуни (петок) со почеток во 20:00 часот, во Отворено графичко студио ќе се одржи настан што ги обединува визуелната уметност, независното издаваштво и музиката. Публиката ќе има можност да ја посети изложбата „Морфологија на градот“ на Јелена Белиќ, која преку графики ги истражува урбаните структури и трансформации на Скопје. За изложбата пишува Максим Наумовски. Во рамки на програмата ќе биде промовиран и фанзинот „Нештата што ...
Во сабота (20.06.2026) во Битола - Промоција на книгата „Приказните од Широк Сокак 2“ од Зоран Ѓоргиев! Книгата „Приказните од Широк Сокак 2“, е најновото дело на авторот Зоран Ѓоргиев, посветено на историјата, луѓето и духот на најпознатата битолска улица. По успешното прво издание, втората книга носи нови сведоштва, документирани приказни, интересни личности и помалку познати детали од богатото минато на Широк Сокак и стара Битола. Низ ...
Во рамки на програмата „Македонски филм. На големо платно“ публиката ќе има можност да проследи бесплатна кино проекција на ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ на Горан Столевски. 22 јуни | 19:00 часот Cineplexx Влезот е бесплатен. ДОМАЌИНСТВО ЗА ПОЧЕТНИЦИ – Горан Столевски Дина е принудена да ги одгледува двете ќерки на својата партнерка, иако никогаш не тежнеела да биде мајка. Како што се судираат нивните индивидуални волји, се појавува трогателна ...
Легендарниот Roger Sanchez објави видео со пофални зборови за македонскиот DJ и продуцент Деан Мицкоски од Кичево, по повод неговата нова трака „La Trompeta“, која официјално излегува на 1 мај под издавачката куќа „Stealth Records“, во сопственост на Roger Sanchez. Кратка верзија од оваа мега трака можете да слушнете на „BeatPort“ – ТУКА – „Ова не е прв пат Roger официјално да објавува позитивни коментари за мене,“ изјави Мицкоски. „Досега ...
Со македонскиот мјузикл „Као, какао“ инспириран од музиката на Влатко Стефановски, љубовна приказна напишана од Венко Андоновски, а во режија на Дејан Пројковски, вечер во Битола почнува најновото издание на Битолско културно лето „БитФест“. Во периодот од 19 јуни до 29 август ќе се реализираат 20 проекти од драмска дејност, 6 изложби, 40 манифестации од музичко-сценска дејност, две фолклорни манифестации, а составен дел на „БитФест“ ќе бидат ...
Во Културно-информативниот центар во Скопје, во Салонот 19.19, вечерва ќе се одржи настанот „Work Party Video“, со почеток во 19.30 часот. Влезот е слободен за публиката. Настанот претставува социјална проекција и дискусија наменета за уметници и пошироката јавност, со цел поттикнување размена на идеи, запознавање и поврзување меѓу автори од областа на видео-уметноста. Преку заедничко гледање и разговор, учесниците ќе имаат можност да ги ...
На концертот ќе учествуваат и вокалисти и жичан квинтет, членови од македонска опера и балет и македонска филхармонија. Песните се авторски и напишани на повеќе јазици: англиски, македонски, шпански, португалски и турски. Музиката има примеси на самба, фадо, џент (метал), и фолк, аранжирана за жичан квинтет. Првиот сингл од албумот ќе излезе на 15 јуни. Една од гостинките е и Андријана Јаневска. На концертот ќе учествуваат и вокалисти и ...
Во Москва излезе од печат романот „Три Марии“ на Оливера Ќорвезироска, како осмо дело во проектот „Македонскиот роман на 21 век“ коj Олга Панкина, познат популаризатор на македонските културни вредности во Русија, го конципира и почна да го реализира во 2014 година во соработка со реномираниот руски издавач Центар за книга „Рудомино“ кој обезбедува натамошна дистрибуција на книгите на големото руско јазично подрачје. Во рамките на тој значаен ...
На 22 јуни (недела) во 19 часот, во Галерија Рудиќ ќе биде отворена изложбата „Моменти против времето“ на 8 фотографи од Хрватска. Изложбата ја сочинуваат 32 црно-бели фотографии создадени од осум автори под раководство на уметничкиот фотограф Станко Абаџиќ. Изложбата го евоцира носталгичниот дух на фотографската уметност пред дигиталната ера, нагласувајќи ги дотераните класични стилови, играта на светло и сенка, и уметничкото проширување ...
Вечерва (петок, 19 јуни) во 20:30 часот во Кинотеката ќе има проекција на филмот „Самоуништување“ на Ербил Алтанај, во чест на 30-годишнината од премиерата. Филмот е снимен по сценарио на Сашко Насев, со Јовица Михајловски во главната улога. Михајловски беше и продуцент на филмот. „Самоуништување“ е црна комедија и сатира за општеството во транзицискиот период во Македонија, чија премиера беше во мај пред 30 години. Покрај Михајловски играат ...
Во издание на Културниот центар во Марибор излезе словенечкото издание на двојазичната словенечко-македонска стихозбирка „Venec za Iskro – Венец за Искра“ на проф. д-р Милан Јазбец, словенечки дипломат и поранешен словенечки амбасадор во Македонија (2016 – 2020), универзитетски професор, писател и поет, автор и уредник на повеќе од сто книги од разни области. „Стихозбирката, којашто, всушност, е своевиден автохтон сонетен венец, во себе го ...
Во Драмскиот театар Скопје денеска почна проба на дипломската претстава „Алиса се враќа дома“ на Моника Ставревска, студентка на режија на Факултетот за драмски уметности, која се работи по текст на авторката Ивана Смилевска. Претставата е шеста продукција на Драмски што се реализира во согласност со Годишната програма за работа на театарот. Премиерата се планира за првата половина на октомври. -Моника Ставревска на денешната прва проба го ...
Битолското културно лето годинава ќе биде исполнето со 70 културни настани кои ќе бидат изведени на различни локации во градот, почнува утревечер со македонскиот мјузикл „Као, какао“ и ќе заврши со јубилеен концерт на групата „Фолтин“. На прес-конференција во битолскиот Офицерски дом, директорот на КИЦ Битола, Димитар Михајловски истакна дека 18-то издание на „БитФест“ содржи 70 културни проекти. – На јавниот повик се пријавија 140 апликанти, ...
Влатко Миладиноски ја претставува својата најнова песна и видеоспот со наслов „Михаела“, емотивна балада создадена во соработка со неговиот брат Златко Миладиноски. Станува збор за песна која носи посебна симболика, бидејќи за првпат во македонската музика е опејувано името Михаела. Песната е инспирирана од вистинска приказна и претставува музичка посвета за една млада Македонка која живее во Италија. Автор на музиката и аранжманот е Златко ...
65. издание на СВП, годинава стартува во нов термин, наместо во август, од 24-29 јуни, заради привлекување на нова публика, и заштеди. И годинава ќе ги има стандардните – поетски читања за отворањето и затворањето на фестивалот („Меридијани“ и „Мостови“), книжевниот портрет на венценосецот – холандската поетеса Анекe Брасинга, во црквата „Света Софија“ во Охрид… „Целта на фестивалот е да се врати публиката на настаните што се организираат ...
Во рамките на програмата за одбележување на шеесетгодишниот јубилеј на Факултетот за музичка уметност при УКИМ ќе се одржи четвртото издание на фестивалот „Credence Dance – Вечери на класичен и современ танц“. Фестивалот опфаќа четири вечери и дополнителна програма, со настапи на студенти, алумни и гости од реномирани меѓународни институции. Свеченото отворање е закажано за 20 јуни на големата сцена на Националната опера, со сегменти од ...
Пејачот Драган Величковски-Тајзи ја промовираше новата песна насловена „Мама/Аба“, за која вели дека е посветена на семејните вредности и почитта кон родителите. Музиката и текстот се на негови, а аранжманот, миксот и мастерингот ги направи продуцентот Иван Јованов-Ивајо. За оваа песна, Тајзи сними и спот со негово сценарио, кој го режираше Даниел Јовески. Снимен е на неколку значајни културно-историски локалитети во околината на Охрид и ...
70 од 140 апликации се прифатени на првиот конкурс кој го објави Културниот и информативен центар – Битола за првиот Битфест во нивна организација. 18. издание на познатиот летен фестивал започнува утре (19 јуни) со мјузиклот „Као Какао“ а се завршува на 29 август со јубилеен концерт на „Фолтин“. „Концертот ќе биде колаж од овие десет албуми кои се издадени. Концертот ќе биде целовечерен и ќе трае околу два и пол часа. А ќе гостуваат и ...
Од 24 до 27 јуни, Битола ќе го слави јубилејното, 25-то издание на фестивалот Битола Отворен Град, една од најдолговечните и најпрепознатливи платформи за современа музика, младинска култура, уметност и граѓански активизам во Македонија. Во текот на изминатите 25 години, фестивалот прерасна од локална иницијатива во важен културен простор низ кој поминаа генерации музичари, уметници, активисти, волонтери и млади луѓе. Неговото значење одамна ...