Скопје
1ᴼ /
1ᴼ
Како што соопшти Детскиот културен центар „Карпош“, концертите ќе се одржат на плоштадот „Филип Втори – Карпошово востание“ и Музејот на македонската борба. Од 19 часот вечер со македонска изворна музика ќе настапи ансамблот Стефче Стојковски, а утревечер од 19 часот концерт ќе одржи Коста Давчевски, млад талентиран класичен гитарист од Србија. „Старата скопска чаршија е најголема на Балканот и е заштитен национален симбол и една од ...
Александра Пријовиќ со новиот албум „Бол и алкохол“ повторно привлече големо внимание кај публиката. Меѓу деветте песни што се најдоа на албумот, особено се издвои нумерата со необичен наслов – „Кабаба“. По објавувањето на песната, на социјалните мрежи брзо започна дискусија за тоа што би можел да значи зборот „кабаба“. Корисниците почнаа да бараат можни преводи, споредби и потекло на зборот во различни јазици, говори и култури. Токму таа ...
Древниот локалитет Кокино, стар околу четири милениуми, веќе 25 години откако е откриен ги фасцинира посетителите. Тој привлекува голем број вљубеници во природата да го следат реткиот астрономски феномен на летната долгодневица, кога може да се набљудува изгрејсонцето од точно определена точка на локалитетот. Така беше и вчераутро, кога голем број посетители беа на ова култно место во раните утрински часови за да ги проследат изгревањето на ...
Претставата „Медеја МК“ е создадена според Medeamaterial на Хајнер Милер, поезија на Ана Бунтевска и песни на Марјан Неќак, ќе ја има својата премиера вечерва во 20 часот на големата сцена на Центарот за култура во Битола. Проектот претставува современо сценско читање на митот за Медеја, низ спој на театар, музика, поезија и аудио-визуелни елементи. Игра актерката Валентина Грамосли. Преводот е на Наташа Аврамовска и Елена Китановска – ...
Македонскиот Амбасадор во Франција, проф. д-р Игор Николов, се обрати на отворањето на Фестивалот на француски филм во Скопје, кој оваа година беше посветен на Корзика и нејзината современа кинематографија. Настанот беше организиран во партнерство со Амбасадата на Франција во Скопје, Францускиот институт во Скопје и македонската Амбасада во Париз, со цел унапредување на културната соработка и зајакнување на врските меѓу двете пријателски ...
Во рамките на тој значаен за двете земји проект досега беа објавени романите: „Храпешко” на Ермис Лафазановски, „Водена пирамида (Патот на јагулите)” на Луан Старова, „Дваесет и првиот” на Томислав Османли, „Азбука за непослушните” на Венко Андоновски, „Маџун” на Влада Урошевиќ, „Фантомско стапало” на Блаже Миневски и „Папокот на светлината” на Венко Андоновски. За романот „Папокот на светлината” во 2023 година Венко Андоновски како автор и ...
Утре (22 јуни) од 20 часот, во Социјалниот центар „Дуња“ во Скопје ќе се одржи 33. издание на серијалот „Џез за чудаци“, на кое ќе настапат групата „Светлост“ (фото) и дуото Филип Букршлиев (електрична гитара) и Никола Ивановски (труба). Настанот е во коорганизација на „Аксиома“, „Светлост“, „Џез за чудаци“ и СЦ „Дуња“. Вечерта ќе ја отвори дуото Букршлиев–Ивановски, кое вели дека преку слободна импровизација и истражувачки пристап создава ...
Скопје денеска влегува во својата летна културна приказна: вечерва, со концертот „Аманет во свила – Звуците на Македонија од Византија до денес“, свечено почнува годинешното издание на „Скопско лето“, фестивалот што секоја година го претвора градот во отворена сцена за музика, уметност и средби под летното небо. Отворањето е закажано за 20:30 часот во НУ Музеј на македонската борба за самостојност, со проект што не е замислен како обичен ...
Во рамки на 15. фестивал „Балкански музички плоштад“ (Balkan Music Square) викендов во Охрид ќе се одржат две концертни вечери во Центарот за култура „Григор Прличев“ со почеток во 20 часот, за кои влезот за посетители е слободен. Како што соопшти организаторот на фестивалот, продуцентската куќа „Трето уво“, вечер ќе настапи Елена Христова од „Баклава“, а потоа групата „ВИС Билјана“ од Охрид. Фестивалот утре ќе биде затворен со концерт на ...
Од изложби и работилници до концерти, јавни дискусии и регионални DJ настапи – од 24 до 27 јуни Битола повторно станува град отворен за културата. Битола повторно ќе живее во ритамот на фестивалот „Битола Отворен Град“, манифестација која низ годините прерасна во препознатлив простор за современа култура, музика, младински иницијативи и граѓанско учество. Под мотото дека многу градови имаат фестивали, а овој фестивал има свој град, ...
Ротинско Езеро, планинските падини на Пелистер, електронска музика, велосипедски патеки и стотици посетители кои одлучија да бидат надвор од градот. Така изгледаше третото издание на Project 7000, годинава реализирано под името „Протокол Мираж“, кое го претвори Ротинско Езеро во место каде што се сретнаа природата, авантурата и современата музичка култура. Настанот започна уште во текот на денот со организирани hiking и biking активности. Дел ...
„Ни ден ни ноќ“ е новата поетска книга на Ивица Челиковиќ, објавена во издание на „Феникс“. Книгата е негово најново поетско остварување и десетта поетска книга во неговиот богат творечки опус. „Ни ден ни ноќ“ е поетско дело што тивко, но длабоко навлегува во просторот меѓу стравот, сеќавањето и човечката надеж. Овие песни не се обидуваат да дадат одговори, туку го осветлуваат немирот што останува во човекот кога зборовите ќе замолкнат. Со ...
Денес, на првиот дел од манифестацијата „Празник на липите“, во Друштвото на писателите на Македонија, на академик Ристо Василевски (Македонија) и на Роза Бојанова (Бугарија) им беа врачени јубилејните, триесетти по ред награди „Книжевен жезол“ на Друштвото на писателите на Македонија. Плакетите и статуетките ги врачи претседателката на ДПМ Гордана Јовиќ-Стојковска, беседи за творештвата на лауреатите одржаа Сузана Мицева и Драгана ...
КУЛТУРЕН ПЕЧАТ број 336, во печатеното издание на весникот „Слободен печат“ (20-21.6.2026), во својот стандарден формат на осум страници меѓу содржините од областа на уметноста и културните настани има: – интервју со Василија Чали, директорка на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје: „Скопско лето“ е простор за средба на различни култури, идеи и уметнички изрази – разговор со Никола Кукунеш, директор на НУМ „Струшки вечери на ...
Министерот за култура и туризам ќе присуствува на настанот „Летна долгодневица 2026 на Кокино“, кој ќе се одржи на 21 јуни(утре), во 05 часот, на Архео-астрономската опсерваторија Кокино. Настанот се организира по повод летната долгодневица – денот кога Сонцето го достигнува својот највисок годишен пат и го означува најдолгиот ден во годината. Посетителите ќе имаат можност да го проследат изгрејсонцето на едно од најзначајните археолошки и ...
Во Галеријата „Рудиќ“ во Скопје утревечер во 19 часот ќе биде отворена изложбата „Моменти против времето“ на фотографи од Хрватска. Изложбата ја сочинуваат 32 црно-бели фотографии создадени од осум автори под раководство на уметничкиот фотограф Станко Абаџиќ. „Моменти против времето“ го евоцира носталгичниот дух на фотографската уметност пред дигиталната ера, нагласувајќи ги дотераните класични стилови, играта на светло и сенка, и уметничкото ...
Од 18 до 21 јуни во Загреб и во Врбовец се одржува 15-тото издание на престижниот меѓународен поетски фестивал „Стихот во региот“ на кој ќе се претстават 50-на учесници од десет земји од Европа и светот. Меѓу нив се и македонските поети Славе Ѓорѓо Димоски и Зоран Јакимоски што гостуваат во рамки на книжевната размена склучена меѓу издавачката куќа ПНВ Публикации и фестивалите Скопски поетски фестивал и Поетска ноќ во Велестово со Хрватското ...
Операта беше изведена под диригентската палка на гостинот од Аргентина, Јерухам Шаровски, во режија на Ренато Бонајуто (Италија). Сценографијата и костимографијата беа на Флавио Арбети и Артемио Кабаси (Италија), кореограф – Маја Митровска-Богојевска, концерт-мајстор – Климент Тодороски, а хор-мајстор – Јасмина Ѓорѓеска. Во главните улоги настапија италијанските оперски ѕвезди Алберто Газале како Набуко и Сузана Бранкини како Абигаиле. ...
Величествената музика на Орф, вечерва, во 21 часот, во Градски парк, ќе биде Балкан во мало на музички план. Не очекува голем музички спектакл, на која ќе биде изведена грандиозната музичко-сценска кантата ‘Кармина бурана’ од Карл Орф, под отворено ѕвездено небо со Македонската, Софиската и Солунската филхармонија, како традиционален завршен концерт на Филхармонија. По нејзината изведба во Софија и Солун, во Градскиот парк ќе оддекне и пред ...
Под мотото „Зора за планина. Ноќ за музика. Галичник за сите“, денеска (20 јуни) во Галичник ќе се одржи петтото издание на фестивалот на електронска музика „Галицко“. Фестивалот се организира во чест на Рист Мелоски, познат како диџеј Ицко од „Антена 5“ радио, чија голема желба била токму во Галичник да се одржува фестивал на електронска музика. Петта година по ред, неговата сопруга и пријателите го организираат на настанот, продолжувајќи го ...
Прочуениот американски телевизиски режисер Џејмс Џими Бароус почина на 85 години. Тој е коавтор на хит-серијата „Кафулето ‘На здравје’“ (каде режираше 243 епизоди), а ги потпиша и сите 246 епизоди на „Вил и Грејс“. Тој работеше и на сериите „Пријатели“ , „Фрејзер“, како и пилот-епизоди за „Два и пол мажи“ и „Теоријата на Големиот тресок“. Бароус помина речиси педесет години зад камерите, специјализирајќи се за ситкоми. Во својата ...
Оркестарот на Филхармонија, вечерва, во 21 часот во Градскиот парк во Скопје ќе ја изведе музичко-сценската кантата „Кармина Бурана“ од Карл Орф, која ќе биде моќна завршница на концертната сезона „Без Филтер“. Во реализација на овој проект, покрај оркестарот на Филхармонија на РСМ, учествуваат музичари од Софиската филхармонија, Државниот симфониски оркестар од Солун, хорот на МОБ, детскиот хор „Пиколо“ и хорот од Музичкото училиште од ...
Анимираниот краток филм „Лефти и Рајти”, во режија на Илија Тодоровски, доби поддршка за малцинската копродукција од Хрватскиот аудиовизуелен центар (HAVC). Малцински копродуцент е „Minya Film i Animacija“, а е во продукција на „зАнимација“. -„Лефти и Рајти” е анимиран филм за деца во кој една бела блуза и маслинести панталони со платка се главните ликови. Концептот е граден врз основа на сликовниците на Наташа Дукоска, која се потпишува ...
За првпат по околу 220 години, западната фасада на Партенон во Грција може да се види во нејзината најцелосна можна форма. Надворешните скелиња се трајно отстранети од споменикот, што претставува клучен чекор во неговата долга реставрација. Дваесет и пет века старото обележје со поглед на грчката престолнина минатата година привлече околу 4,6 милиони посетители. Долгорочните проекти за реставрација се однесуваат на штетите предизвикани од ...
На 16 јуни, денот кога се одбележуваше 33-годишнината од смртта на еден од најеминентните македонски уметници, Борко Лазески, се потсетивме на неговиот неверојатен творечки опус. Во целото неверојатно уметничко творештво на големиот уметник е и витражот „Подем“ од 1971 година. Два дена потоа, профилот „Мелеем“ го актуализира прашањето каде се наоѓа сега витражот: „Витражот на Борко Лазески е едно маестрално уметничко дело, кое беше поставено ...
Во продажба е ново издание од едицијата „25 најголеми хитови“ – Љупка и Ивица, двоен винил кој ги обединува најубавите песни на еден од најпрепознатливите музички тандеми на овие простори. Ова луксузно издание носи 25 песни кои ги одбележаа богатите кариери на Љупка Димитровска и Ивица Шерфези, како преку нивните заеднички настапи, така и преку нивните успешни соло музички патеки. Љупка Димитровска и Ивица Шерфези се паметат како едно од ...
Младиот македонски кантавтор, мултиинструменталист и продуцент Иван Кукиќ издаде нов албум, „Зачарани круг“, издание кое носи единаесет авторски песни и го продолжува својот препознатлив музички пат, комбинирајќи различни жанровски влијанија и врвна музичка вештина. По албумот „Sunday vibes“, објавен во 2023 година за „Кроација рекордс“, Кукиќ се претставува со ново студиско издание, каде што повторно го потврдува својот талент како ...
о задоволство ви го претставува дигиталното издание на каталогот на фестивалот „Скопско лето 2026“. На следниот линк можете да го прелистате официјалниот каталог на фестивалот и да се запознаете со богатата програма што нè очекува во наредните 40 фестивалски денови. https://heyzine.com/flip-book/3c83731511.html Каталогот и визуелниот идентитет на „Скопско лето 2026“ се изработени од графичкиот дизајнер Климент Коробар, чиј креативен пристап ...
На 15 јуни 2026 година во Галерија „КО-РА“ – Мал салон во Скопје беше отворена самостојната изложба „Ритам на фигурата“ на Дона Да Видра (Славица Купенкова), која воедно го одбележа нејзиниот јубилеј – 10. самостојна изложба. Меѓународно наградуваната уметница, која има изложувано во земјата и странство, по тој повод му подари оригинална слика на десеттиот посетител на изложбата. Купенкова е и илустратор на повеќе од 20 изданија, а минатата ...
Од 10 до 12 јули на Китино Кале ќе се одржи првото издание на Кичево Филм Фестивал 2026, настан што ќе обедини филм, музика и уметност под отворено небо. Фестивалската програма опфаќа проекции на домашни, балкански и европски филмови, средби со режисери, актери и филмски професионалци, мастер-клас сесии, работилници, изложба, DJ настапи и аудиовизуелни перформанси. Пред почетокот ќе се одржи Pre Party, а по завршувањето и After Festival ...